италијански парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jan 2021 11:33:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png италијански парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ренци: Конте не може да обезбеди мнозинство во Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/renci-konte-ne-moze-da-obezbedi-mnozinstvo-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/renci-konte-ne-moze-da-obezbedi-mnozinstvo-vo-parlamentot/#respond Fri, 15 Jan 2021 11:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=455716

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека премиерот Џузепе Конте верува оти нема доволно поддршка од пратениците и оти ќе се изгласа недоверба на Владата. – Не верувам дека Конте го има потребниот број пратеници за победа на гласањето, посочи Ренци. Тој пред два дена предизвика нова политичка криза во Италија откако ги повлече министрите од Владата од неговата партија Италија вива незадоволен како Владата се справува со пандемијата со Ковид-19 и економијата. Со повлекувањето на министрите, владејачката коалиција остана без потребното мнозинство во Парламентот. На 18 јануари ќе се гласа доверба на Владата во Долниот дом на италијанскиот Парламент, а еден ден подоцна ќе се гласа во Горниот дом (Сенатот). За Kонте да остане на премиерската функција треба околу 25 опозициски пратеници во Долниот дом и околу 18 од Сенатот да му дадат поддршка. Ако Конте не ги добие потребните гласови, италијанскиот претседател Серџо Матарела ќе го распушти Парламентот и ќе распише вонредни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/renci-konte-ne-moze-da-obezbedi-mnozinstvo-vo-parlamentot/feed/ 0
Италијански функционери зеле помош поради кризата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-funkcioneri-zele-pomosh-poradi-krizata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-funkcioneri-zele-pomosh-poradi-krizata-so-kovid-19/#respond Mon, 10 Aug 2020 09:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=388729

Пет члена на италијанскиот Парламент и околу 2.000 градоначалници, претседатели на региони, членови на регионални влади земале бонус од 600 евра кои италијанската Влада ги одобри како помош за оние кои поради Ковид-19 и карантинот имале проблеми со работата заради, пишува весникот „Република“. Измамата ја откри Комисијата против корупција и измама на Државниот завод за пензиско осигурување ИНПС. Силни осуди доаѓаат од сите политички партии и институции. „Срамота“, напиша лидерот на Демократската партија, Никола Зингарети, а претседателот на долниот дом на Парламентот, Роберто Фико најавија дека „членовите на Парламентот, како претставници на народот, имаат морални обврски, а не само законски“. Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека „функционерите кои зеле бонус мора да ги вратат парите, да им се извинат на Италијанците и да поднесат оставка“. Шефот на партијата Лига, Матео Салвини, побара „кој и да го направил тоа од парламентарците, мора веднаш да биде сменет“, а првиот човек на парламентарната група на Движењето Пет Ѕвезди, Вито Крими, рече дека овој потег е „одвратен и недозволив“. Имињата на петмина парламентарци не се познати, но според извештаите во медиумите, се знае дека тројца се членови на партијата Лига, еден е член на Движењето Пет Ѕвезди, а еден е член на партијата „Италија вива“ на Матео Ренци. Парламентарците кои покрај своите високи приходи, земале и бонус наменет за оние кои имаа проблеми поради кризата, засега се заштитени со законот за приватност, така што нивните имиња не се познати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanski-funkcioneri-zele-pomosh-poradi-krizata-so-kovid-19/feed/ 0
За време на говорот во собранието пратеник извади прстен и ја запроси својата колешка од истата партија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-vreme-na-govorot-vo-sobranieto-pratenik-izvadi-prsten-i-ja-zaprosi-svojata-koleshka-od-istata-partija-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-vreme-na-govorot-vo-sobranieto-pratenik-izvadi-prsten-i-ja-zaprosi-svojata-koleshka-od-istata-partija-video/#respond Fri, 29 Nov 2019 09:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=270903

Флавио ди Муро, пратеник на Северната лига во Италија, за време на говор на седница на Парламентот, извади прстен и ја запроси својата колешка од истата институција, Елиза де Лео. – Елиза, ќе се омажиш ли за мене?, праша Ди Муро. Девојката, инаку, е од истата партија. Неговите колеги од партијата со симпатии го проследија тој потег и го поздравија со ракоплескање. Претседавачот со седницата, сепак, имаше помалку разбирање за тоа и замоли да се запази редот во собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/za-vreme-na-govorot-vo-sobranieto-pratenik-izvadi-prsten-i-ja-zaprosi-svojata-koleshka-od-istata-partija-video/feed/ 0