итен состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 16:11:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png итен состанок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свикан итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/svikan-iten-sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/svikan-iten-sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje/#respond Tue, 30 Aug 2022 16:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=726134

По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје, информираат од градската самоуправа. Инаку, поплднево невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе. УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/svikan-iten-sostanok-na-krizniot-shtab-na-grad-skopje/feed/ 0
Русија побара итен состанок на СБ на ОН за Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sb-na-on-za-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sb-na-on-za-zaporozje/#respond Tue, 23 Aug 2022 06:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=722409

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации за нуклеарната централа Запорожје, изјави рускиот заменик постојан претставник во ОН, Дмитриј Пољански. – Во врска со актуелните украински провокации со нуклеарната централа, побаравме итен состанок на СБ со дневен ред „Закани по меѓународниот мир и безбедност“, напиша Пољански на Телеграм. Според него, средбата е планирана за денеска во 21 часот. Пољански истакна дека руската мисија побарала од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да одржи говор на средбата. Западните земји побараа на 24 август да се одржи уште една средба за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Гутереш вчера предупреди дека нуклеарниот ризик во моментов е на највисоката точка во последните децении.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sb-na-on-za-zaporozje/feed/ 0
СЗО свика итен состанок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svika-iten-sostanok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svika-iten-sostanok/#respond Fri, 26 Nov 2021 08:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=600035

СЗО денеска одржува итен состанок за новиот сој на коронавирусот откриен во Африка, што може да има зголемен број мутации, јави британски „Фајненшл тајмс“. Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост во врска со новиот сој на коронавирус Б.1.1.529, за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот. -СЗО потоа одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за „Фајненшл Тајмс“. Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира како нешто што предизвикува „загрижување“ или како варијанта „од интерес“. За време на вчерашната прес-конференција, Тулио де Оливеира изјави дека новиот сој има многу голем број мутации, што носи ризик од брзо ширење на болеста. Според последните податоци, оваа нова варијанта на коронавирусот во Јужноафриканската Република е дијагностицирана кај вкупно 77 лица. Исто така, новиот сој бил дијагностициран кај четири лица во Боцвана и едно во Хонг Конг (лице кое дошло од Јужна Африка). Некои светски лидери веднаш реагираа на веста за појавата на новиот сој, најавувајќи нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување, додека берзите ширум светот забележаа пад предизвикан од неизвесноста. Д-р Марија Ван Керкове, техничкиот лидер на СЗО за Ковид-19, на вчерашната прес-конференција кажа дека се уште не се знае многу за оваа варијанта. -Тоа што го знаеме е дека оваа варијанта има голем број мутации. А загриженоста е дека кога имате толку многу мутации, тоа може да влијае на тоа како се однесува вирусот, рече Ван Керков. Таа додаде дека истражувачите ќе се состанат за да „сфатат каде се наоѓаат овие мутации и што тие потенцијално би можеле да значат“ во однос на тоа дали се попреносливи или дали имаат потенцијал да го избегнат имунитетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svika-iten-sostanok/feed/ 0
Итен состанок во ЕУ поради кризата во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-eu-poradi-krizata-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-eu-poradi-krizata-vo-belorusija/#respond Mon, 17 Aug 2020 10:16:03 +0000 https://kurir.mk/?p=391569

Лидерите на Европската унија ќе одржат итен видео состанок денеска на кој ќе се разговара за состојбата околу кризата во Белорусија, каде протестите се интензивираат против спорниот реизбор на претседателот Александар Лукашенко. „Луѓето на Белорусија имаат право да одлучуваат за својата иднина и слободно да го изберат својот лидер. Насилството врз демонстрантите е неприфатливо и не може да биде дозволено“, објави на Твитер претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Состанокот треба да почне напладне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-eu-poradi-krizata-vo-belorusija/feed/ 0
СЗО свика итен состанок поради вирусот убиец од Кина, можно прогласување на меѓународна вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svika-iten-sostanok-poradi-virusot-ubiec-od-kina-mozno-proglasuvanje-na-megjunarodna-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svika-iten-sostanok-poradi-virusot-ubiec-od-kina-mozno-proglasuvanje-na-megjunarodna-vonredna-sostojba/#respond Tue, 21 Jan 2020 06:25:34 +0000 https://kurir.mk/?p=292430

Светската здравствена организација (СЗО) за в среда свика вонреден состанок за да процени дали треба да прогласи меѓународна вонредна состојба поради појавата на новиот вирус во Кина. Агенцијата на ОН го најави состанокот откако експертите потврдија дека корона вирусот може да се пренесе од човек на човек. Комитетот за вонредни состојби на СЗО може да издаде препораки за здравствена политика в среда и да повика на меѓународни мерки за објавување глобална вонредна состојба, соработка и финансирање во борба против вирусот. Стручниот тим на Националната здравствена комисија на Кина потврди дека е регистриран пренос на новиот корона вирус од човек на човек и дека е заразен медицински персонал, јави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Болеста има симптоми што наликуваат на воспаление на белите дробови, вклучително и зголемена температура и проблеми со дишењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-svika-iten-sostanok-poradi-virusot-ubiec-od-kina-mozno-proglasuvanje-na-megjunarodna-vonredna-sostojba/feed/ 0
Итен состанок во ОН за Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-on-za-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-on-za-sirija/#respond Fri, 13 Apr 2018 08:25:05 +0000 https://kurir.mk/?p=40003

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија. Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија. Состанокот, што е закажан за 16 часот по средноевропско врема, ќе биде отворен за јавност. Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја вчера апелираше до САД и нивните сојузници да се воздржат од воени акции против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје, истакнувајќи оти „итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“. Тој одговарајќи на прашање дали мисли на војна помеѓу САД и Русија, наведе дека „за жал, Русија не може да исклучи ниту една можност“. - Ги видовме пораките кои доаѓаат од Вашингтон. Многу се воинствени, потенцира Небензја. Тој додаде дека САД знаат дека руски сили се распоредени во Сирија. - Опасноста од ескалација е многу поголема кога станува збор за самата Сирија, бидејќи нашата војска е таму... Затоа ситуацијата е многу опасна, истакна рускиот амбасадор во ОН. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iten-sostanok-vo-on-za-sirija/feed/ 0