Итна медицинска помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 11:38:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Итна медицинска помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меџити: Од Владата побаравме нови 22 возила за Итната медицинска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-od-vladata-pobaravme-novi-22-vozila-za-itnata-meditsinska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-od-vladata-pobaravme-novi-22-vozila-za-itnata-meditsinska-pomosh/#respond Wed, 26 Jul 2023 11:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=860210

Министерството за здравство доставило барање до Владата на РСМ за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, што се планира да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите. Ова го соопшти министерот за здравство Фатмир Меџити при денешната посета на службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, каде беше информиран за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава. -Меџити разговараше со здравствените работици кои се дел од оваа служба и кои се во прва линија кога станува збор за итни случаи на кои им е потребна здравствена заштита, интересирајќи се за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно на терен, се наведува во соопштението од Министерството за здравство. Во текот на средбата Меџити посочи дека службата за Итна медицинска помош игра клучна улога во обезбедувањето на навремена и соодветна здравствена заштита за пациентите и дека токму затоа Министерството за здравство работи на унапредување на нејзините капацитети. Информацијата за набавката на нови возила за потребите на Итната медицинска помош, како што се додава во соопштението, беше поздравена од здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, кои го информираа министерот дека најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење во насока на унапредување на нивната работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-od-vladata-pobaravme-novi-22-vozila-za-itnata-meditsinska-pomosh/feed/ 0
Тедрос: СЗО ја активираше мрежата од екипи на Итна медицинска помош во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-szo-ja-aktivirashe-mrezhata-od-ekipi-na-itna-meditsinska-pomosh-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-szo-ja-aktivirashe-mrezhata-od-ekipi-na-itna-meditsinska-pomosh-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 06 Feb 2023 14:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=796807

Светската здравствена организација ја активираше својата мрежа на екипи за Итна медицинска помош во Турција и Сирија за да им помогне на погодените од земјотресот, соопшти на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. -Тимовите ќе им пружаат основна здравствена заштита на повредените и најзагрозените лица погодени од земјотресот, изјави Тедрос пренесен од Си-Ен-Ен. Рик Бренан, регионален директор на СЗО за итни случаи за Источен Медитеран, за британските меиудми изјави дека Светската здравствена организација очекува значителен скок на бројот на жртви од земјотресот и последователните потреси. -Голем број згради се урнаа и ќе има значително зголемување (на бројот на жртви) околу епицентарот на земјотресот, рече Бренан. Зборувајќи за напорите на спасувачките екипи да стигнат до преживеаните, тој изјави дека спасувачките напори биле отежнати по последователните потреси. -На спасувачките тимови им е потешко да влезат за да ги извлечат луѓето, рече тој. Бренан додаде дека зградите што претрпеле оштетувања, но останале функционални, може да се урнат во последователен потрес. Речиси 1.800 лица загинаа во Турција и Сирија, а илјадници други се повредени во разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција, во близина на границата со Сирија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-szo-ja-aktivirashe-mrezhata-od-ekipi-na-itna-meditsinska-pomosh-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Итната медицинска помош со препораки за претстојните новогодишни празници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-so-preporaki-za-pretstojnite-novogodishni-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-so-preporaki-za-pretstojnite-novogodishni-praznici/#respond Fri, 30 Dec 2022 10:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=782551

Службата за Итна медицинска помош препорачува објави препораки до граѓаните по повод претстојните прослави на Новогодишните празници. Се препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост. Умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, е уште една од препораките. Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-so-preporaki-za-pretstojnite-novogodishni-praznici/feed/ 0
МВР го пронајде одземеното возило на Итната медицинска помош Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-go-pronajde-odzemenoto-vozilo-na-itnata-medicinska-pomosh-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-go-pronajde-odzemenoto-vozilo-na-itnata-medicinska-pomosh-kochani/#respond Sat, 03 Dec 2022 11:54:53 +0000 https://kurir.mk/?p=770545

На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската станица Кочани, од Општа болница Кочани било пријавено дека од кругот на болницата било одземено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани. По преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани возилото било пронајдено во 08.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-go-pronajde-odzemenoto-vozilo-na-itnata-medicinska-pomosh-kochani/feed/ 0
Итната медицинска помош на респиратор, но да се приватизираше денес ќе беше и погребана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-na-respirator-no-da-se-privatizirashe-denes-kje-beshe-i-pogrebana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-na-respirator-no-da-se-privatizirashe-denes-kje-beshe-i-pogrebana/#respond Thu, 05 Nov 2020 12:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=425390

Незадоволни пациенти кои чекаат и по еден час возило или пак со часови патуваат до здравствена установа каде треба да добијат соодветна медицинска помош. Итна медицинска помош има и преморени екипи, кои секој ден се обидуваат да стигнат до сите делови на градовите од каде има повик. Итната медицинска помош во време на КОВИД-19 се соочува со огромни потешкотии, од немање персонал па се до немање на соодветна опрема и возила. Тоа денес се случува, а што ќе се случеше да се приватизираше како што најавуваше министерот за здравство Венко Филипче. Можеби денес итната медицинска помош ќе се соочеше и со уште поголеми проблеми. За приватизацијата на Итната медицинска помош министерот во тоа време посочуваше со оваа одлука единствено сака преку јавно приватно партнерство да ја поправи лошата состојбата во која се наоѓаат овие две служби. ПРОПАДНАТА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА Во 2018-тата година министерот за здравство Венко Филипче најави приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Итната медицинска помош и Домашната посета на Бирото, дури во тоа време на јавни набавки се појави и оглас за изработка на физибилити студија кој беше објавен на почетокот на месец ноември, а прибирањето на понуди беше до 14-ти ноември. Во Министерството за здравство ваквиот потег го објаснуваа со фактот дека јавното здравство во последните години покажало слаби резултати во менаџирањето во делот на Итната медицинска помош. Министерот за здравство Венко Филипче за „Независен весник“ во 2018-тата година велеше дека сакаат да вклучат критериуми за експертиза што ја нема во државата, со што би се добило на квалитет. Очекуваше да се јават лекари од странски здравствени установи. Суштината е за иста цена на чинење на здравствената услуга да се добијат подобри услови. „Суштината е за истата цена на чинење на здравствената услуга да се добијат многу подобри услови. Ние даваме дејност што во моментов или ја немаме или ја имаме, како што е Брзата помош, а не сме задоволни од тоа како функционира. Сакаме да бидеме сигурни дека во моментот кога ќе го дуплираме капацитетот на возила, на пример, во Брзата помош во Скопје, тоа како систем ќе биде доволно. Меѓутоа, ако сметаме дека нема смисла ние да инвестираме во возила, тогаш ќе биде подобро да направиме аутсорсинг. Која е другата поента? Ние ги правиме физибилите-студиите за да покренеме јавна дебата од која треба да излезат заклучоци. Да видиме дали може некој за иста сума пари да ни даде возила, експертиза“, велеше Филипче во изјава за „Независен весник“ во 2018-тата година. ОСУДА ОД ОПОЗИЦИЈАТА „Повторно се покажува дека Владата на СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче имаат планови само за богатење на поединци и само зa уништување на се што е создадено во здравствениот систем. Овој пат тоа се крие под нова терминологија и обландата т.н. физибилити студија. Наместо да седнат да работат и да спроведат вистинска реорганизација и оптимизирање на здравствените служби, тие се фаќаат за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата“, рече доктор Игор Николов на една од своите прес конференции одржана во 2018-тата година. „Нема никаква реализација од најавуваните проекти за подобрувања на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Сведоци сме единствено на зајакнување на приватните здравствени болници. Такви се идеите за давање под концесија на трансплантацијата на органи, префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, физибилити студија за да се приватизира Итната медицинска помош, како и Домашна посета?!”, рече Марија Андоновска на една од своите прес конференции одржани исто така во 2018-тата година. Според ставовите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Филипче докажале дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. И обидот за приватизација на Итната медицинска помош претставуваше уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем. Дури и стручната фела се противеше на оваа одлука, а од Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација предупредуваа дека има многу недоречености во тендерската спецификација, иако министерот за здравство, Венко Филипче убедуваше дека на овој начин ќе се намалат трошоците за државата, како и појавата на болнички инфекции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-na-respirator-no-da-se-privatizirashe-denes-kje-beshe-i-pogrebana/feed/ 0
Итната медицинска помош заборавена од доаѓањето на Филипче за министер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-zaboravena-od-doagjanjeto-na-filipche-za-minister/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-zaboravena-od-doagjanjeto-na-filipche-za-minister/#respond Wed, 04 Nov 2020 13:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=424896

Итната медицинска помош во Македонија се соочува со недостаток на кадар, опрема и возила уште пред КОВИД-19. Со појавување на самиот вирус се усложни уште повеќе постоечкиот проблем со итната медицинска помош. Министерот за здравство, Венко Филипче уште на самиот почеток откако стапи на функција ветува решавање на горливиот проблем поради кој зависат животите на граѓаните. НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ Министерот Филипче од самото свое министерување вети ќе изнајде решение на сите проблеми со кои што се соочува здравството, а особено со Итна медицинска помош. Граѓаните уште од 2018-тата година бараше одговори од министерот Венко зошто толку малку само возила располага овој сектор. Иако се знае дека во 2017-тата службата за Итна помош имала единаесет возила. А, во 2018-тата тој број е преполовен или пак функционираат само 5 до 6 возила. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните кои имаат дома лица на кои им е потребна итна помош во домашни услови. Службата за Итна помош во 2017 на територија на Скопје се користеа 11 возила. И тоа во Карпош имаше три екипи, во Јане Сандански две екипи, Чаир исто работеа две екипи, во Ченто имаше една екипа, во Ѓорче Петров, Драчево, Петровец имаше по една екипа. Во тој период сите беа функционални, но година подоцна повеќето од нив воопшто не се во возна состојба, тоа го потврдуваа и упатените кои додадоа дека по потреба во Карпош имало плус по една до две екипи. Филипче во тој период дури посочуваше дека ќе се примат, односно барало согласност финансиска за прием на доктори и сестри кои што ќе работат во таа Итна медицинска помош. Во службата за брза помош на почеток 40 луѓе, а негде во средина на следната година односно 2019 требаше да достигне до бројката 100. Значи 60 дополнително. Од ова ништо не се случи, па затоа граѓаните го потсетија министерот за здравство, Венко Филипче за да се работи на крупни проекти, најпрвин треба да ги среди проблемите во самиот сектор да обезбеди се што е неопходно и потребно за да функционира секторот според потребите на граѓаните. ВОЗИЛА НИКАКО ДА СТАСААТ 17 ноември 2018 година - Министерството за здравство на својата официјална страна објави соопштение во кое се потврдува обезбедувањето на 12 возила за ИМП по пат на електронска аукција. По тој повод и одржана е и прес конференција на која според тогашните наводи се говори за заштеда на пари. „При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра“– изјава дадена од министерот за здравство Венко Филипче. 9 јуни 2019 година - Министерството за здравство изјавува дека се чека на владина седница да помине прашањето за промовираните возила на брзата помош за да се пуштат во функција. Според министерството до пред две недели (9 мај 2019) се стигнати набавени нови 12 возила оние од ноември 2018 но не може да ги напуштат гаражите поради административни проблеми. 11 февруари 2020 година - Министерот за здравство Венко Филипче дава изјава за медиуми „Во периодот кој следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме, набавени преку Министерството за здравство и со донација од Кина. 70 те,возила ќе бидат соодветно дистрибуирани, пред се да се зајакне службата во Скопје, но и во сите итни служби и патронажните сервиси ширум државата” Од 2018 година до денеска државата треба да поседува над 80 возила на цела територија. Но во континуитет министерот Венко Филипче говори за само 12 набавени возила и некои 7-8 кои се чекаат. А, никаде не се споменуваат ниту донациите од Кина и Чешка. Итна медицинската помош заборавена е од доаѓањето на министерот за здравство Венко Филипче, проблемот постои неколку години ,не е новопостоечки предизвикан само од КОВИД-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itnata-medicinska-pomosh-zaboravena-od-doagjanjeto-na-filipche-za-minister/feed/ 0
МВР со детали за лицето кое лажно се јавуваше во Брза помош- еве каква казна го очекува 25 годишното момче од Јурумлери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-liceto-koe-lazno-se-javuvashe-vo-brza-pomosh-eve-kakva-kazna-go-ochekuva-25-godishnoto-momche-od-jurumleri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-liceto-koe-lazno-se-javuvashe-vo-brza-pomosh-eve-kakva-kazna-go-ochekuva-25-godishnoto-momche-od-jurumleri/#respond Wed, 16 Sep 2020 12:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=404055

Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, скопско, ќе поднесе соодветна пријава. По објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан. На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со лицето бил извршен разговор, при што тој појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-detali-za-liceto-koe-lazno-se-javuvashe-vo-brza-pomosh-eve-kakva-kazna-go-ochekuva-25-godishnoto-momche-od-jurumleri/feed/ 0
Препораки од Итната медицинска помош за празничните прослави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-od-itnata-medicinska-pomosh-za-praznichnite-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-od-itnata-medicinska-pomosh-za-praznichnite-proslavi/#respond Tue, 31 Dec 2019 18:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=284147

Во пресрет на претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош ги дава следните: П Р Е П О Р А К И - Редовно земање на терапија кај хроничните болни, - Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, - Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, - Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, - Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-od-itnata-medicinska-pomosh-za-praznichnite-proslavi/feed/ 0
Овие поликлини во Скопје ќе бидат дежурни за новогодишните празници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-poliklini-vo-skopje-kje-bidat-dezurni-za-novogodishnite-praznici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-poliklini-vo-skopje-kje-bidat-dezurni-za-novogodishnite-praznici/#respond Tue, 31 Dec 2019 08:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=284146

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје, известува дека за време на Новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа. На новогодишната ноќ достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-poliklini-vo-skopje-kje-bidat-dezurni-za-novogodishnite-praznici/feed/ 0
Зголемен бројот на повици во ИМП и на мозочни удари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-vo-imp-i-na-mozochni-udari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-vo-imp-i-na-mozochni-udari/#respond Mon, 16 Dec 2019 12:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=278222

За дваесет отсто е зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош. Во текот на денешниот ден кога беше малку поинтензивна маглата најмногу има мозочни удари, а граѓаните се жалат и на главоболки…, изјави за МИА раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало. – Делумно малку е зголемен бројот на повиците. Во просек имаме околу 100 реализирани покани, а денеска тој број изнесува 120. Повиците се двојно зголемени, значи околу 200 до 300 повици во текот на денот. Во текот на викендот имало многу сообраќајни незгоди, веројатно поради намалената видливост или невнимание на возачите, истакна доктор БУбало. Таа препорача граѓаните да не излегуваат надвор кога е големо загадувањето на воздухот и кога има магла, а болните да ги почитуваат препораките од лекарите, да ја земаат редовно пропишаната терапија, да ги намалат физичките активности надвор и да престојуваат во просторија, каде се прочистува воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-vo-imp-i-na-mozochni-udari/feed/ 0