итна постапка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Feb 2020 14:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png итна постапка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР со стручна комисија ќе одлучува кој ќе добие ИТНА патна исправа- еве што треба да ви содржи апликацијата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-struchna-komisija-kje-odluchuva-koj-kje-dobie-itna-patna-isprava-eve-shto-treba-da-vi-sodrzi-aplikacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-struchna-komisija-kje-odluchuva-koj-kje-dobie-itna-patna-isprava-eve-shto-treba-da-vi-sodrzi-aplikacijata/#respond Thu, 20 Feb 2020 14:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=306593

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи. Имајќи го во предвид наведеново, ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител. Воедно ја информираме јавноста дека на 19.02.2020 година, Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-so-struchna-komisija-kje-odluchuva-koj-kje-dobie-itna-patna-isprava-eve-shto-treba-da-vi-sodrzi-aplikacijata/feed/ 0
Законот за спречување на корупцијата по итна постапка на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica-2/#respond Thu, 17 Jan 2019 06:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=153148

Пратениците денеска во рамки на 80. седница, што ќе почне во 16 часот ќе расправаат по Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси во скратена постапка, со европско знаменце. За дискусија се пријавени неколкумина пратеници. Вчера беше постигната согласност меѓу владеачкото мнозинство и опозицијата околу Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси. СДСМ прифати 20 од 40 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката од СДСМ и коалицијата, Снежана Калеска – Ванчева истакна дека останале доследни во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата. – Од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најдовме согласност за 20 амандмани коишто се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и истите заеднички ги поднесовме. СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме. Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено. ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци. Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет, рече Калеска – Ванчева. Пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочи дека прифаќањето на амандманите е показател дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да блокира вакви битни процеси, туку дека има сериозен пристап да дејствува за подобрување на сите процеси кои се одвиваат во општеството. – Драго ни е што владејачкото мнозинство го послуша нашиот апел и беа земени во предвид нашите амандмани се со цел да се донесе што е можно поквалитетен закон за формирање на Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси. Задоволни сме што владејачкото мнозинство конечно сфати дека на Република Македонија и е потребна квалитетна и пред се професионална антикорупциска комисија што ќе работи сериозно и без било какви политички влијанија, потенцира Лашкоска. Владата на Република Македонија на завчерашната 115. редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата. Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а инкорпорирани се и препораките на ГРЕКО, на експертските извештаи и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica-2/feed/ 0
Законот за спречување на корупцијата по итна постапка на собраниска седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica/#respond Wed, 16 Jan 2019 06:44:39 +0000 https://kurir.mk/?p=152718

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 80. седница на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по скратена постапка и со европско знаменце. Владата на Република Македонија на вчерашната 115-та редовна седница донесе одлука на Собранието на РМ да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце со цел законот да се донесе што е можно побргу со цел зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка за поефикасна превенција и борба против корупцијата. Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а инкорпорирани се и препораките на ГРЕКО, на експертските извешати и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година. За да се донесе законот потребно е двотретинско мнозинство. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да го поддржат законот во ваква форма изразувајќи сомневања дека се подготвува „нов чадор што подоцна би служел за притисок врз политичките неистомисленици“. Поднесоа и амандмани. Министерката за правда Рената Дескоска, минатата недела на брифинг со новинарите за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, посочи дека дел од амандманите може да бидат прифатени, но оти најголемиот дел се неприфатливи како оние со кои се бара да се тргне надлежноста на идните членови на ДКСК да вршат увид во банкарските сметки на функционерите и барањето за бришење на условот за забрана за политизација на членовите. – Апелирам до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат свесни за значењето на Законот за спречување на корупција и да се откажат од одредени барања што ги имаат, кои треба да придонесат за намалување на значењето, улогата и надлежностите на ДКСК. Сметам дека тоа се барања што не може да бидат удоволени. Ако бидат удоволени тоа ќе значи носење на закон што нема да биде согласно препораките на Европската комисија, што е неприфатливо за нас како Влада, рече Дескоска. Министерката за правда посочи дека за нив е неприфатливо и барањето да се формира Национален совет за борба против корупцијата, бидејќи тоа би значело паралелизам во делувањето и работата на Антикорупциската комисија. ДКСК е нефункционална откако оставки поднесоа пет членови на Комисијата поради наводите за ненаменско трошење на буџетски средства од нивна страна. На 19-ти март 2018 година Собранието на Република Македонија донесе одлука со која од функцијата се разрешени пет членови на ДКС, а порано, на 1-ви март 2018 година, по објавувањето на наводите за ненаменско трошење на буџетски средства во ДКСК, забелешки и препораки од внатрешен ревизиорски извештај, Јавното обвинителство на Република Македонија објави дека скопското Основното јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-sprechuvanje-na-korupcijata-po-itna-postapka-na-sobraniska-sednica/feed/ 0