Итна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 06:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Итна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Итна седница на Советот за безбедност на ОН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/#respond Thu, 17 Mar 2022 06:52:51 +0000 https://kurir.mk/?p=648554

За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина. САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Албанија побараа итен состанок, соопштија дипломатски извори, поттикнати од интензивното гранатирање кое го вршат руските сили во станбените области на украинските градови во последните денови. САД, Велика Британија и Франција се постојани членки на Советот, заедно со Русија и Кина. Најавено е дека се водат разговори за да му се овозможи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред Генералното собрание на Обединетите нации, во кое свои претставници имаат сите земји-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/feed/ 0
САД побараа итна седница на СБ на ОН за Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-itna-sednica-na-sb-na-on-za-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-itna-sednica-na-sb-na-on-za-severna-koreja/#respond Wed, 02 Feb 2022 06:43:09 +0000 https://kurir.mk/?p=625659

САД побараа во четврток да се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја, земјата која во неделата ја тестираше најмоќната своја ракета од 2017 година, соопштија денеска дипломатски извори. Средбата треба да се одржи зад затворени врати. -Се надеваме дека Советот за безбедност ќе постигне единство и ќе ја објави резолуцијата, рече дипломатот, кој сакаше да остане анонимен. „Треба да инсистираме Советот за безбедност барем да ја охрабри Северна Кореја да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на ОН, а ако тоа не е способен, тогаш имаме проблем”, додаде тој. Северна Кореја „постојано напредува во балистиката, го подобрува дострелот, прецизноста и смртоносноста на своите ракети”, продолжи дипломатот, истакнувајќи дека Северна Кореја „има повеќе нуклеарни проектили” и „извршила повеќе од 60 тестови во лабораторија”. -Доколку ги комбинираат двете технологии: нуклеарната и балистичката, во што, се чини, сè уште не успеале, ќе се постигне ниво на закана што не може да се толерира, рече тој. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американскиот претставник за Северна Кореја Сунг Ким деновиве разговарал со јапонски и јужнокорејски претставници. -Ким го осуди севернокорејското истрелување балистички ракети, со што се прекршуваат резолуциите на Советот за безбедност и се дестабилизира регионот, изјави портпаролот на американското Министерство за надворешни работи Нед Прајс. Потсетувајќи дека САД остануваат подготвени за дипломатски разговори со Северна Кореја, Ким им го потврдил на соговорниците американскиот ангажман во одбраната на Јужна Кореја и Јапонија, се додава во соопштението. Пјонгјанг вчера потврди дека еден ден претходно ја истрелал својата најмоќна ракета од 2017 година, балистичката ракета со среден и долг дострел Хвасонг-12. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска го осуди лансирањето на балистичката ракета, истакнувајќи дека тоа „го прекрши мораториумот објавен во 2018 година за овој тип проектили”. -Ова е очигледно кршење на резолуциите на Советот за безбедност, додаде Гутереш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-pobaraa-itna-sednica-na-sb-na-on-za-severna-koreja/feed/ 0
Итна седница на ПССЕ по извештајот за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-psse-po-izveshtajot-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-psse-po-izveshtajot-za-korupcija/#respond Mon, 23 Apr 2018 17:54:42 +0000 https://kurir.mk/?p=45061

Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи денеска да одржи итна седница за извештајот на независни експерти за наводна корупција во тоа тело. Истрагата на независните експерти открила дека некои сегашни и поранешени членови на ПССЕ го прекршиле кодексот на однесување и примале мито од Азербејџан. Во извештајот на 219 страници, три од три лица, независни експерти, заклучуваат дека голем број поранешни и сегашни членови на ПССЕ „работеле спротивно на кодексот на однесување“ и биле вклучени во „активности од коруптивна природа“. Според „Гардијан“, тие својата истрага ја ограничиле на Азербејџан, но тоа не е единствена држава против која се упатени обввинувања за постоење лобирање за пари, бидејќи обвинувања се упатени и до Турција, Украина и Русија. Извештајот содржи податоци од истрага што траела 10 месеци и се занимавала со обвинувања за подмитување во замена за лобирање, а нејзин фокус бил Азербејџан. Според наводи од извештајот, од влегувањето во СЕ во 2001 година таа пранешна советка република направила мрежа од симпатизери, благодарение на големи подароци. Станува збор за кавијар, скапи часовници и теписи, но и престој во луксузни хотели. На тој начин автократскиот Азербејџан успеал да спречи критички извештаи за избори или состојба со човекови права, се вели во извештајот претставен во Стразбур. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/itna-sednica-na-psse-po-izveshtajot-za-korupcija/feed/ 0