итни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 08:08:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png итни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Екстремни жештини во Пекинг: Кинеската влада воведе итни мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/#respond Thu, 06 Jul 2023 08:08:01 +0000 https://kurir.mk/?p=853451

Кинеската Влада денеска им наложи на работодавачите во Пекинг да ја прекинат работата на отворено, откако метеоролозите најавија дека температурата во главниот град ќе достигне 40 степени Целзиусови. На владините одделенија им е наредено да се погрижат постарите и болните да можат да престојуваат во разладени простории. Во градот во кој живеат 22 милиони луѓе објавен е „црвен аларм“, највисоко ниво на системот за предупредување за екстремни температури. Владата на Кина во понеделникот објави дека во Пекинг 10 дена се регистрирани температури над 35 степени Целзиусови, што е најдолга таква низа од 1961 година. Во исто време, поплавите принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во јужна Кина. Кинеската Влада издаде предупредување за можни поплави во Внатрешна Монголија на север, Хеилонгџианг на североисток и Тибет и Сечуан на југозапад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ekstremni-zheshtini-vo-peking-kineskata-vlada-vovede-itni-merki/feed/ 0
Шпанија воведува итни мерки: Ладење на 27, греење на 19 степени – се препорачува работа од дома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-voveduva-itni-merki-ladenje-na-27-greenje-na-19-stepeni-se-preporachuva-rabota-od-doma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-voveduva-itni-merki-ladenje-na-27-greenje-na-19-stepeni-se-preporachuva-rabota-od-doma/#respond Tue, 02 Aug 2022 18:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=713150

Шпанската владата прифати да воведе итни мерки за штедење енергија поради енергетската криза која е над Европа. Сите згради во јавниот сектор, шопинг центрите, кината, канцелариите, хотелите, аеродромите не сметат да ја спуштаат температурата под 27 степени летно време, додека зимно време температурата не смее да биде повисока од 19 степени. Оваа одлука била усвоена на седница на Владата, а доцна синоќа ја соопшти министерката за еколошка транзиција Тереза Рибера. Споменетата мерка мора да биде воведена по еднонеделен преоден рок откако ќе биде објавена во медиумите. Ќе важи до 1 јануари 2023 година. Според министерката ова е почетен пакет кој е неопходен во критична ситуација. -На Европа и треба помошта од Шпанија. Време е за солидарност, нагласи таа. Мерките вклучуваат и правила за трговите и компаниите. Тие своите врати мора да ги држат затворени со помош за автоматски системи кои мора да ги инсталираат до 30 септември. Целта на ова, тврди владата, е спречување на одливот на топол или студен воздух од загреаниот или изладен простор. Осветлувањето на канцеларии кои не се користат, излози и споменици ќе мора да се изгасне по 22 часот, а во некои згради ќе се проверува и енергетската ефикасност. Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома. Како што е најавено, Шпанија ќе се обиде да ја намали и потрошувачката на гас за седум проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-voveduva-itni-merki-ladenje-na-27-greenje-na-19-stepeni-se-preporachuva-rabota-od-doma/feed/ 0
Мета бара итни мерки за спречување катастрофа со Ковид -19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-itni-merki-za-sprechuvanje-katastrofa-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-itni-merki-za-sprechuvanje-katastrofa-so-kovid-19/#respond Wed, 28 Oct 2020 11:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=421599

Албанскиот претседател Илир Мета, во писмото до премиерот Еди Рама, министерката за здравство Огерта Манастирлиу и првиот параментарец Грамоз Ручи оценува дека „ситуацијата оди кон катастрофа која треба навремено да се спречи“. Со влошувањето на така тешката политичка и институционална криза, особено по бруталното и еднострано кршење на Договорот за изборниот законик од 5 јуни, постигнат со консензус, се очекува состојба со пандемијата да се влоши до катастрофа што мора да се спречи навреме,наведува Мета. Тој исто така нагласува дека во овој момент е потребно целосно преиспитување на состојбата и преземените мерки. Со оглед на значителното влошување на состојбата со пандемијата Ковид-19, со зголемувањето на бројот на заразени лица и за жал со зголемувањето на бројот на граѓани кои ги загубија своите животи, неопходна е целосна проценка на состојбата и преземените мерки во врска со тоа, имајќи го предвид и зимскиот период, како и други отежнувачки фактори, додаде Мета. Покрај предупредувањето, Мета поставува 11 прашања до премиерот, Собранието и Министерството за здравство за состојбата и мерките што се превземаат против Ковид-19. Во Албанија вчера како последица од Ковид-19 починаа седум лица што е највисока бројка до сега, додека бројот на новодијагностицирани дневно е во просек околу 300 или 22 отсто од тестираните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-itni-merki-za-sprechuvanje-katastrofa-so-kovid-19/feed/ 0
Стотина италијански научници упатија апел за итни мерки против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-italijanski-nauchnici-upatija-apel-za-itni-merki-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-italijanski-nauchnici-upatija-apel-za-itni-merki-protiv-koronavirusot/#respond Fri, 23 Oct 2020 14:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=419848

Повеќе од сто италијански научници од различни професионални сфери упатија апел до претседателот и премиерот на Италија, изразувајќи загриженост во врска со секојдневното зголемување на бројот на лица заразени со Ковид-19. Тие во писмото наведуваат дека е потребно, паралелно со мерките за зачувување на економијата и работните места, да се зачува и правото на индивидуално и колективно здравје на граѓаните, во согласност со Уставот. „Неопходно е да се преземат итни и ефективни мерки, во следните два или три дена, со цел да се запре загрижувачкото ширење на коронавирусот, за да не ги броиме жртвите на Ковид-19 во стотици на ден во наредните денови“, напишаа научниците во пораката до највисоките политички власти на Италија. Како што пренесуваат италијанските медиуми, меѓу поддржувачите се најистакнатите италијански научници, меѓу кои и претседателот на Академијата на науките „Линчеи“, професорот Џорџо Париси. Поддржувачите се научници, универзитетски професори и членови на истражувачки институти, кои не се директно вклучени во донесувањето мерки против ширењето на Ковид-19, но, во услови на загрижувачки раст на инфекцијата, решија да апелираат до властите да преземат итни и одлучни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotina-italijanski-nauchnici-upatija-apel-za-itni-merki-protiv-koronavirusot/feed/ 0