итни повици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Sep 2022 08:35:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png итни повици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дете (4 години) ја спасило мајка му: Само ден претходно го научила за итни повици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dete-4-godini-ja-spasilo-majka-mu-samo-den-prethodno-go-nauchila-za-itni-povici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dete-4-godini-ja-spasilo-majka-mu-samo-den-prethodno-go-nauchila-za-itni-povici/#respond Wed, 07 Sep 2022 08:35:12 +0000 https://kurir.mk/?p=729768

Дете од Австралија стана херој на четиригодишна возраст, откако ѝ го спаси животот на својата мајка, повикувајќи го телефонскиот број за итни повици. Само еден ден претходно, таа го научила како се прави тоа. Монти Кокер од островот Тасманија на 27 август се јавил на австралискиот број за итни случаи 000 и им рекол на операторите: „Мама падна“. – Кога стигнавме на адресата, тој беше на прозорецот… Ни мавташе, изјави болничарот Марк Смол за „Би-би-си“. Внатре во куќата, Монти смирено ѝ објаснил на екипата за итни случаи дека неговата мајка Венди доживеала напад. Болничарот го пофали четиригодишното момче и рече дека при интервенцијата многу им помогнала неговата смиреност. После сè, тимот за итни случаи се вратил во куќата за да му даде благодарница на Монти. – Потоа дојде баба му и праша: „Каде ми е суперхеројот?“ А пак, тој рече: „О, не, јас не сум суперхерој. Јас сум само херој“, се шегува мајката на Монти. Венди е и медицинска сестра, па им раскажа на медиумите дека Монти знае дека направил добра работа, но се покажал скромен, велејќи им и на другарчињата во градинка дека „тоа е лесно“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dete-4-godini-ja-spasilo-majka-mu-samo-den-prethodno-go-nauchila-za-itni-povici/feed/ 0
Дневно по над 1.400 повици на телефонскиот број 112 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnevno-po-nad-1-400-povici-na-telefonskiot-broj-112/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnevno-po-nad-1-400-povici-na-telefonskiot-broj-112/#respond Mon, 01 Aug 2022 11:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=712571

На телефонскиот број 112 при Центарот за управување со кризи (ЦУК) во периодот од 11.02 до 01.08.2022 година (171 ден функционирање на 112) се примени вкупно 240.253 повици, односно во просек 1.404 повици дневно. Од ЦУК информираат дека во февруари (се примаа повици само од територијата на Скопје) се примени 11.321 повици, а просекот за овој период е по околу 629 повици дневно. Од 01.03.2022 година, во Секторот 112 при ЦУК, се започна со прием на повици на единствениот телефонски број за повици при итни ситуации 112 од цела територија на нашата држава. Во месец март се примени 55.767 повици и просекот за март е 1.799 повици дневно. Во месец април се примени 42.100 повици или во просек 1.403 повици дневно. Во месец мај се примени 44.839 повици или во просек 1.446 повици дневно. Во месец јуни се примени 41.759 повици или во просек 1392 повици дневно. Во месец јули се примени 44.467 повици или во просек повици 1.434 дневно. Последните три денови од 29 до 31.07 се примени 4.635 повици или околу 1.540 повици дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dnevno-po-nad-1-400-povici-na-telefonskiot-broj-112/feed/ 0
ЦУК: Почна имплементацијата на eвропскиот број за итни повици 112 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-pochna-implementacijata-na-evropskiot-broj-za-itni-povici-112/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-pochna-implementacijata-na-evropskiot-broj-za-itni-povici-112/#respond Wed, 18 Dec 2019 17:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=279378

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека имплементацијата на единствениот европски број за итни повици 112 е почната и во најголем процент воведувањето во употреба на овој број треба да заврши кон крајот на 2020 и почетокот на 2021 година. ЦУК информира дека 112 е телефонски број за итни повици за граѓаните на Северна Македонија, како и странции кои се наоѓаат на наша територија, а забележале настан со потенцијална опасност за животот на луѓето или материјалните добра. – Согласно добиените финансиски средства од страна на Европската комисија во рамките на програмата „Миграција и азил, гранчен менаџмент и борба против тероризам и организран криминал“, како и предвидените финансиски средства во буџетот на Центарот за управување со кризи за следните три години, започната е имплеметнацијата на проектот. Паралелно, со набавката на опремата ќе се работи и на обука на лица кои ќе ги примаат повиците и ќе управуваат со нив, соопшти ЦУК. Од ЦУК дополнуваат дека со воведувањето во употреба на единствениот европски број за итни повици ќе биде обезбедено и мултијазична поддршка, достапност до бројот до многу ранливи категории на луѓе, луѓе со различен вид на попреченост, како и достапност до бројот 112 преку социјалните мрежи. Во моментов, како што велат, се работи на градежно, имформациско и комуникациско уредување на просторот наменет за оперативниот центар. Наредната година ЦУК ќе се фокусира на имплементација на Процената на загрозеноста на безбедноста на земјава од сите ризици и опасности на државата, Процени на загрозеноста на подрачјата на општините и Град Скопје и Веб базирана алатка „e-procena“. – Процената претставува документ кој е во функција на планирање и организација на системот за управување со кризи, го помага процесот на одлучувањето на надлежните носители на функции и одговорности, ја поддржува комуникацијата, координацијата и употребата на ресурсите заради превенција, рано предупредување и справување со сите ризици и опасности кои можат да го загрозат животот и здравјето на луѓето, материјалните и природните богатства, како и општата безбедност на државата, информира ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cuk-pochna-implementacijata-na-evropskiot-broj-za-itni-povici-112/feed/ 0