итни случаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Feb 2022 14:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png итни случаи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕМА ВЕЌЕ РАЗЛИЧНИ БРОЕВИ: Македонија наскоро добива единствен број за итни случаи -112 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vekje-razlichni-broevi-makedonija-naskoro-dobiva-edinstven-broj-za-itni-sluchai-112/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vekje-razlichni-broevi-makedonija-naskoro-dobiva-edinstven-broj-za-itni-sluchai-112/#respond Wed, 09 Feb 2022 14:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=629229

Владата ја донесе Уредбата за организацијата и функционирањето на единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици, опасности и други несреќи на целата територија на државата – Е-112. Е-112 има за цел да обезбеди континуитет на управувањето со итни повици, како унапредување на мерките и апликациите за навремено определување на локацијата со цел брза и навремена реакција на сите служби опфатени во системот за справување со кризи. Е-112 исто така обезбедува брзина и ефикасност во постапувањето при итни повици за итни случаи за помош и се овозможува достапност до системот на сите лица на територијата на Република Македонија, без надоместок од сите телефонски мобилни или фиксни оператори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-vekje-razlichni-broevi-makedonija-naskoro-dobiva-edinstven-broj-za-itni-sluchai-112/feed/ 0
Мицотакис: Со помош на бројот 112 за итни случаи спасивме десетици илјади луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-so-pomosh-na-brojot-112-za-itni-sluchai-spasivme-desetici-iljadi-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-so-pomosh-na-brojot-112-za-itni-sluchai-spasivme-desetici-iljadi-lugje/#respond Mon, 16 Aug 2021 10:34:40 +0000 https://kurir.mk/?p=551149

Бројот 112 за итни случаи, работеше исклучително добро и ни овозможи на соодветен начин да евакуираме области со десетици илјади луѓе, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за Си Ен Ен, во кое говореше за неодамнешните пожари што ја зафатија Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека по катастрофалниот пожар во Мати во 2018 година, кога над 100 лица го загубија животот, една од неговите лични заложби било и воспоставување систем што ќе го користи меѓународниот број 112 за итни случаи за предупредување на граѓаните и давање јасни упатства за евакуација. Грчкиот премиер во интервјуто повтори дека Грција, десет дена се соочуваше со екстремно високи температури и требаше да се справи со речиси 600 пожари, од кои неколку беа особено големи. -Во еден момент се најдовме соочени со четири „мегапожари“ („megafires“) во исто време. Сторивме сè што можевме, евакуиравме области со десетици илјади луѓе. За среќа успеавме да заштитиме човечки животи, имавме само една загуба. Па така, цивилната заштита во овој поглед направи одлична работа. Но, секако соочени сме со голема еколошка катастрофа, значителен број шуми се уништени. А се плашам дека ова ќе биде реалноста со која отсега ќе се соочуваат регионите како што е Медитеранот. Не станува збор само грчки проблем, рече Мицотакис. Во интервјуто говореше и за климатските промени и владината политика за прекинување на употребата на јаглен и затворање на електраните со лигнит, истакнувајќи дека Грција е во првите редови за справување со климатската криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-so-pomosh-na-brojot-112-za-itni-sluchai-spasivme-desetici-iljadi-lugje/feed/ 0
Починале 4 лица меѓу кои и бебе: Францускиот оператор имал дефект со броевите за итни случаи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinale-4-lica-megju-koi-i-bebe-francuskiot-operator-imal-defekt-so-broevite-za-itni-sluchai/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinale-4-lica-megju-koi-i-bebe-francuskiot-operator-imal-defekt-so-broevite-za-itni-sluchai/#respond Fri, 04 Jun 2021 07:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=518835

Околу седум часа во средата навечер, броевите за итни случаи 15 (брза помош), 17 (полиција), 18 (пожарна и спасување) и 112(единствен европски број) беа недостапни или многу тешко да се добијат во голем дел на Франција, принудувајќи ги луѓето да се јавуваат повеќе пати или да користат 10-цифрени телефонски линии итно поставени од властите. Според првичните информации, четири лица, од кои едно бебе, починале од предизвиканиот хаос, јави дописникот на МИА. Ова беше досега невидено сериозен дефект, речиси општа парализа на сите телефони за ургентни повици ја погодија цела Франција со драматични последици. Телефонскиот оператор „Оранж“ денеска соопшти дека отворил „длабинска“ внатрешна истрага, доверена на генералниот инспекторат на групата, за да ги идентификува дисфункциите што во средата го спречуваа пристапот до броевите за итни случаи низ цела Франција. „Истрагата ќе мора да ги спроведе потребните постапки за да ги идентификува прецизните причини за овој инцидент и да даде препораки за да ги извлече сите потребни поуки“, се наведува во соопштението од операторот. Заклучоците од оваа внатрешна истрага се очекуваат во рок од седум дена. „Во врска со меѓуминистерската кризна ќелија, ние создадаовме посебна ќелија за да ги решиме сите евентуални локални дефекти што можатда се појават“, додаде телефонскиот оператор. Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, ги осуди „сериозните и неприфатливи дисфункции“ на овој невиден настан, што може да се поврзе со смртта на најмалку четири лица, вклучително и мало дете. Извршниот директор на „Оранж“, Стефан Ришар, им изрази „извинувања“ на погодените. Запрашан за потеклото на овој неуспех, Ришар ја отфрли хипотезата за кибер напад, објаснувајќи дека овој инцидент е „поверојатен“ поради „дефект на софтверот во (критичната) опрема на мрежата“, односно на платформите одговорни за рутирање на повиците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinale-4-lica-megju-koi-i-bebe-francuskiot-operator-imal-defekt-so-broevite-za-itni-sluchai/feed/ 0