Иван Демерџиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Feb 2023 13:38:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Иван Демерџиев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демерџиев: Ние го почитуваме македонскиот народ и држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-nie-go-pochituvame-makedonskiot-narod-i-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-nie-go-pochituvame-makedonskiot-narod-i-drzhava/#respond Sat, 04 Feb 2023 13:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=796103

Иван Демерџиев, министерот за внатрешни работи на Бугарија и вицепремиер беше на чело на бугарската делегација која положи цвеќе пред гроб от на Гоце Делчев во црквата Св. Спас на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер. Под полициска придружба во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани. „Денеска овие мерки за сигурност се неопходни, а сигурност значи, сите што сакаат да искажат почит за Гоце Делче тоа слободно да можат да го сторат“, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев откако положи цвеќе на гробот на великанот заедно со претставници на бугарската влада. Тој кажа дека имало бугарски граѓани кои биле спречени на границата да влезат во Македонија и рече дека треба да се даде можност на сите да дадат почит. „Нема причина за провокации. Ние треба да одиме напред, а тоа е обединета Европа, тоа налага стабилност. Ние сме должни да изградиме сигурност и стабилност меѓу народите на двете држави. Ние не дојдовме овде да правиме провокации, туку да покажеме почит. Ние сме соседи и добрососедството треба да продолжи“, рече Демерџиев. Тој додаде дека очекува секој бугарски граѓанин да стаса овде, да положи цвеќе и притоа да биде безбеден. Прашан за тоа, дали изјавите дека Македонија е бугарска држава се во насока на добрососедски односи, министерот одговори дека Република Бугарија била првата која ја признала Република Северна Македонија. „Ние го почитуваме македонскиот народ и држава“, потенцира Демерџиев. На граничните премини со Бугарија од утрово неколку часа не работеше компјутерскиот систем. Бугарските државјани неколку часа чекаа на граничните премини, а по неколку часа системот профункционира по што им беше дозволен влезот во Македонија. Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин Деве Баир. извор: mkd.mk
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-nie-go-pochituvame-makedonskiot-narod-i-drzhava/feed/ 0
Демерџиев: Околу 100 до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје за одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-okolu-100-do-150-bugarski-drzhavjani-se-ochekuva-da-pristignat-vo-skopje-za-odbelezhuvaneto-na-raganeto-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-okolu-100-do-150-bugarski-drzhavjani-se-ochekuva-da-pristignat-vo-skopje-za-odbelezhuvaneto-na-raganeto-na-gotse-delchev/#respond Sat, 04 Feb 2023 09:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=796028

Околу сто до 150 бугарски државјани се очекува да пристигнат во Скопје на одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, Како што јави БТА, тој очекува дека ќе бидат исполнат ветувањата на властите во земјава дека без никакви проблеми ќе бидат пуштени бугарските државјани, кои сакаат да дојдат во Скопје. Во бугарската делегација, која ќе положи цвеќе на гробот на Делчев денеска на одбележувањерто во црквата „Свети Спас“ се и министерот за здравство на Бугарија, Асен Меџидиев и заменик-министерот за внатрешни работи Венцислав Катинов. – Има податоци дека се запрени бугарски граѓани, не знам колку се точно. На крајот на денот ќе имам информација и колку се оправдани мотивите за тоа, изјави Демерџиев. Тој додаде дека има листа со бугарски државјани, на кои нема да им биде дозволен влез, но како што посочи таа листа не е голема. – Целосна информација во однос на пропуштањето на бугарските државјани на границата и во каков степен тоа одговара на преземените ангажмани од страна на властите во Северна Македонија ќе има кон крајот на денот, рече Демерџиев. Тој планира да ги почека оние Бугари, кои сакаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, за да можат заедно со нив да ја одбележи годишнината од раѓањето на Делчев. – Гоце Делчев е личност, која и припаѓа на историјата и не може почитта кон таква личност да се изразува со насилство. Почитта се изразува со уважување. Насилството ги урива мостовите и ако сакаме да бидеме дел од Европа, треба да градиме, а не да уриваме, нагласи Демерџиев и ги повика политичарите да не подлежат на никакви провокации.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-okolu-100-do-150-bugarski-drzhavjani-se-ochekuva-da-pristignat-vo-skopje-za-odbelezhuvaneto-na-raganeto-na-gotse-delchev/feed/ 0
Бугарскиот министер Демерџиев утре ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-minister-demerdhiev-utre-ke-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-minister-demerdhiev-utre-ke-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev/#respond Fri, 03 Feb 2023 18:44:12 +0000 https://kurir.mk/?p=795903

Бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев утре во Скопје ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Како што јави БТА, Демерџиев, кој ќе биде придружуван од неговиот заменик Венцислав Катинов, ќе му оддаде почит на Делчев по повод 151-годишнината од неговото раѓање. Според најавите, почит пред гробот на Гоце Делчев со положување цвеќе ќе оддадат и претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, делегација на Собранието, предводена од собранискиот потпретседател Горан Мисовски, придружуван од пратениците Снежана Калеска-Ванчева и Љупчо Пренџов, како и делегации на институции, партии и граѓански здруженија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-minister-demerdhiev-utre-ke-polozhi-tsveke-na-grobot-na-gotse-delchev/feed/ 0
Спасовски и Демерџиев порачаа чествувањето на Гоце Делчев да биде мирно и достоинствено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-i-demerdhiev-porachaa-chestvuvaneto-na-gotse-delchev-da-bide-mirno-i-dostoinstveno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-i-demerdhiev-porachaa-chestvuvaneto-na-gotse-delchev-da-bide-mirno-i-dostoinstveno/#respond Tue, 31 Jan 2023 06:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=793954

Откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, вчера во посета на земјава беше бугарскиот министер за надворешни работи Иван Демерџиев кој со својот македонски колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето што треба да се одржи в сабота и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки. Во меѓувреме, САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови. Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје. – Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата, се вели во изјавата од Стејт департментот. Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид. Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во Северна Македонија. Од македонското МНР, пак, синоќа за МИА потврдија дека бугарскиот амбасадор, сепак, се враќа на своите дипломатски должности во Скопје во полн капацитет. Во моментов, како што вели премиерот Ковачевски, нема најава за официјална посета на делегација од Бугарија за чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев, но, посочува оти се уште има време до сабота. Според него провокации на поединци, кои имаат име и презиме и кои се санкционирани согласно законите во нашата држава не можат да бидат основа и не можат да претставуваат основ да се смета дека цела наша држава или нашите институции имаат таков однос. – Ние сме држава која на највисоко ниво го има издигнато остварувањето на правата на граѓани коишто се самоопределуваат на друг начин од Македонците, кои сме најбројни во државата. За тоа имаме институции, за тоа имаме уставно уредување, за тоа имаме низа на закони какви што закони нема ниту една земја во Европа. Тоа е нешто на што можеме да бидеме горди, изјави вчера Ковачевски по завршувањето на првиот панел од конференцијата „Година на нови можности“. Од друга страна, како што посочи тој, постојат политичари во Бугарија кои со национализам и со популизам сакаат да добијат глас повеќе за наредните избори во Бугарија, а, според него тоа слично се случува и кај нас кога сме во избори. Но, тие, како што потенцира, не може да бидат основата за градење на односи меѓу двете држави. – На ниво на односи меѓу две страни потребна е деескалација од двете страни и добро е што изјавата која што доаѓа од официјална Софија е дека тие сакаат деескалација, рече Ковачевски, додавајќи дека ние како држава ќе направиме се за 4 февруари да биде одбележан на достоинствен начин без можност за провокации. Тој порача дека граѓаните можат да бидат мирни, достоинствено да го чествуваат роденденот на херојот и великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Во однос на тензиите, Ковачевски рече дека се предизвикани од поединци и од групи кои се против европскиот пат на Северна Македонија и против интеграција на регионот во ЕУ. Министрите за внатрешни работи на Северна Македонија и Бугарија Оливер Спасовски и Иван Демерџиев вчера од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки. – Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев. Дека ќе се работи на обезбедувањето мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев по средбата потврди и Демерџиев. – Ги добив сите информации од колегата Спасовски дека се ќе биде обезбедено, дека ќе бидат преземени апсолутно сите мерки за безбедно одвивање на настанот. И јас исто така го уверив дека луѓето кои ќе дојдат на чествувањето во никој случај нема да дозволам да предизвикаат какви било провокации или да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека се ќе биде во најголем ред за одвивање на овој настан и да не дозволиме некои луѓе да се обидат да го распалат огинот, каде што го нема. Целта е да се одржи чествување на еден великан Гоце Делчев, а не да биде центар и место каде што ќе настанат радикални појави, изјави Демерџиев по средбата со неговиот македонски колега во Скопје. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски синоќа изјави дека партијата е за достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. – Очекувам на 4 февруари да има една достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече Николоски. За претстојното чествување на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а со цел одбележувањето да помине во мирна и пријателска атмосфера, задолжено е Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност во координација со соодветните служби во Република Бугарија да ги обезбедат сите услови за достоинствено чествување на овој голем ден.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-i-demerdhiev-porachaa-chestvuvaneto-na-gotse-delchev-da-bide-mirno-i-dostoinstveno/feed/ 0
Демерџиев му предаде на Спасовски документирани закани против Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-mu-predade-na-spasovski-dokumentirani-zakani-protiv-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-mu-predade-na-spasovski-dokumentirani-zakani-protiv-pendikov/#respond Mon, 30 Jan 2023 13:25:22 +0000 https://kurir.mk/?p=793763

Иван Демерџиев, министерот за внатрешни работи на Бугарија, на денешната средба со неговиот македонски колега Оливер Спасовски му предал, како што рече, документирани закани од македонски државјани упатени до Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид додека овој лежел претепан и хоспитализиран во Софија. „Предадов документи и изјави од Пендиков за закани ги добивал додека бил во болница и добив убедување дека таквите лица ќе бидат исправени пред органите на правдата“, рече Демерџиев на денешната прес-конференција во Скопје. Спасовски рече дека истрагата за претепувањето на Пендиков се проширува и во тек е потрага по други инволвирани лица. „Имаме едно лице за кое е определена мерка притвор и се постапува по ширење на истрагата по овој случај. МВР за сите случаи постапува подеднакво за виновниците да бидат изведени пред лицето на правдата и да бидат санкционирани. Нашата крајна цел е да се обезбеди сигурност за сите граѓани и лица на територијата на Северна Макеоднија“, порача Спасовски. Двајцата министри пред медиумите рекоа дека превземени се сите мерки за луѓето кои ќе дојдат од Бугарија нема да предизвикаат провокации и несакани настани.на 4 февруари на чествувањето на рагањето на Гоце Делчев. Демерџиев рече дека ќе дојдат посетители од Бугарија, но само да му оддадат почит на Гоце Делечев без да се однесуваат непристојно, додека Спасовски изјави дека македонската полиција ги превзема сите неопходни мерки и ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demerdhiev-mu-predade-na-spasovski-dokumentirani-zakani-protiv-pendikov/feed/ 0
Бугарскиот министер Демерџиев денеска во Скопје, на средба со Спасовски ќе разговара за одбележувањето на 4 февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-minister-demerdhiev-deneska-vo-skopje-na-sredba-so-spasovski-ke-razgovara-za-odbelezhuvaneto-na-4-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-minister-demerdhiev-deneska-vo-skopje-na-sredba-so-spasovski-ke-razgovara-za-odbelezhuvaneto-na-4-fevruari/#respond Mon, 30 Jan 2023 06:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=793486

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев со придружна делегација, денеска, ќе престојува во работна посета на Северна Македонија во рамки на која ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се очекува да се разговара за активностите што треба да се преземат по повод претстојното чествување на 4 февруари – денот на роденденот на Гоце Делчев. И бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера во интервју за Бугарската национална телевизија потврди дека денеска во Скопје ќе допатуваат министерот Демерџиев и директорот на ДАНС Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Како што соопшти МВР, изјави не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите. Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено. По седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, минатата недела, шефот на државата Стево Пендаровски на прес – конференција изјави дека според сите проценки одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари, ќе биде настан од висок безбедносен ризик. Најави дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки за да има мирно и достоинствено одбележување на 151-годишнината од раѓањето на Делчев. И премиерот Димитар Ковачевски, минатата недела од собранската говорница изјави дека Министерството за внатрешни работи е задолжено да организира мирно чествување и дека за таа цел МВР веќе ги презема потребните активности.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-minister-demerdhiev-deneska-vo-skopje-na-sredba-so-spasovski-ke-razgovara-za-odbelezhuvaneto-na-4-fevruari/feed/ 0
Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-spasovski-i-demerdhiev-utre-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-spasovski-i-demerdhiev-utre-vo-skopje/#respond Sun, 29 Jan 2023 18:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=793443

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот колега, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите. Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Северна Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено. Во таа насока, за утре, беше најавена посетата на вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев, кои ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-spasovski-i-demerdhiev-utre-vo-skopje/feed/ 0