Иван Џепароски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Sep 2022 05:12:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Иван Џепароски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pandemija-i-posthumanizam-od-ivan-dzeparoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pandemija-i-posthumanizam-od-ivan-dzeparoski/#respond Wed, 28 Sep 2022 05:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=738273

Во Културно-информативниот центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од Иван Џепароски, издадена од Книгоиздателство Ми-Анна. Како што соопштија од КИЦ, оваа книга претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план. Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите меѓу пандемијата на Ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна. Книгата ќе ја промовираат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски и ќе биде музички збогатена со настап на Билјана Петровска – пијано. Иван (Ивица) Џепароски е филозоф, естетичар, критичар, антологичар и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и магистрирал и докторирал. Автор е на над триесет книги. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) – на албански јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-pandemija-i-posthumanizam-od-ivan-dzeparoski/feed/ 0
Промоција на „Поезијата и возвишеното“ од Иван Џепароски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-poezijata-i-vozvishenoto-od-ivan-dzeparoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-poezijata-i-vozvishenoto-od-ivan-dzeparoski/#respond Thu, 05 Dec 2019 07:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=273556

Книгоиздателството МИ-АН вечер од 19.19 часот во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар ќе ја промовира книгата „Поезијата и возвишеното“ од Иван Џепароски, поет, филозоф, естетичар, критичар и преведувач. Предмет на оваа студија се современите македонски поети и нивната поезија преку ново теориско исчитување засновано врз критичките методи и толкувања. -Џепароски нагласува дека нема намера „да изгради своевидно ‘македонско возвишено’, туку единствено посакува да ги лоцира манифестациите на возвишеното во поодделните поетски опуси“ кои му се блиски по сродност. Особено се интересни и оригинални автореференцијалните согледби на сопствената поезија (и поетика), кои се мошне луцидно инкорпорирани во структурата на целиот текст, а не само во финалниот блок текстови. Оттаму, „Поезијата и возвишеното“ е студија за возвишеното во поезијата, но и студија за сопственото поетско искуство во оваа сфера, соопшти МИ-АН. Иван Џепароски (1958) дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што магистрирал и докторирал. Автор е на 28 книги, од кои  речиси половината се од областа на естетиката и на културната теорија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-poezijata-i-vozvishenoto-od-ivan-dzeparoski/feed/ 0