Иван Џолев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 14:04:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Иван Џолев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џолев: Требало да се внимава на тајмингот за измените во КЗ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dholev-trebalo-da-se-vnimava-na-tajmingot-za-izmenite-vo-kz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dholev-trebalo-da-se-vnimava-na-tajmingot-za-izmenite-vo-kz/#respond Thu, 19 Oct 2023 14:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=890850

Она што како фела го анализираме е дека требало да се внимава на тајмингот кога тие измени требало да се одлучат. Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно може да бидат контрапродуктивни, изјави претседателот на Основен кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, во врска со измените на Кривичниот законик. На денешниот брифинг со новинари, Џолев посочи дека имало многу застарени предмети кои беа во финална фаза. - Ако станува збор за усогласување со ЕУ, тогаш многу е битен тајмингот. Во случајов имаше многу застарени предмети кои беа во финална фаза, дали требаше да се почека, не знам, рече тој. Според  Џолев, единствена придобивка од измените на Кривичниот законик, а се во правец на забрзување на постапките, е што ќе се смени стварноста надлежност. - Од пет член совет, сега ќе постапува судија поединец, што прилично ќе ја олесни работата на судот, бидејќи самиот судија ќе може да даде поголема динамика, да закаже повеќе рочишта. Нема да мора дополнително да се организира, да обезбедува судии поротници и други судии, рече тој. Според статистиката извадена од АКМИС за сите активни предмети по став 3 и 5 од членот 353 – „злоупотреба на службената положба и овластување“, која ја соопштија од Кривичен на денешниот брифинг, има 36 предмети за 197 лица, а колку од нив ќе застарат зависи од преквалификацијата што треба да ја направи обвинителот. - За тие предмети, зависно од предлогот на обвинителот ќе одлучува судијата. Во најголем дел од предметите, освен членот 353, има и други членови, соопштија од судот. Од сите предмети на СЈО, како што дополнија, вкупно 21, сите кои започнуваат на буквата Т, плус „Насилство во Општина Центар“, 3 сѐ уште се судат. - Сите други имаат првостепена пресуда, а дел се правосилни, велат од судот. Дополнуваат дека за ниту еден предмет нема мериторна одлука, туку се враќани на повторно судење и апелираат да се престане да се вперува прстот во судството за тоа што некои од предметите се застарени, бидејќи, според нив, причината не е судството. - Се манипулира со јавноста дека судските постапки траат од седум до десет години. Предметите на СЈО започнаа на 1.1.2018 година, сега сме октомври 2023, обична математика ако се направи ќе видите дека не станува збор за постапки кои траат од седум до десет години, математиката е пет години, велат од судот. Според Кривичен, доколку Апелација постапувала мериторно, сега немаше да зборуваме за овие предмети. - Апелираме за мериторни одлучување на Апелациониот суд, велат оттаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dholev-trebalo-da-se-vnimava-na-tajmingot-za-izmenite-vo-kz/feed/ 0
Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-dobi-vtor-mandat-kako-pretsedatel-na-krivichniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-dobi-vtor-mandat-kako-pretsedatel-na-krivichniot-sud/#respond Thu, 29 Dec 2022 10:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=782044

Иван Џолев одново е избран за претседател на Кривичниот суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција. Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Советот на јавните обвинители го избра кога на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови. Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. Според членовите на Судскиот совет, тој има знаење и стручност за оваа функција, а избран е едногласно. Освен во Скопје, на денешната седница треба да се изберат претседатели на основните судови и во Ресен и во Виница. Исто така, треба да се избираат и судии за гостиварска Апелација, како и за кривичните судови во Скопје и Штип.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-dobi-vtor-mandat-kako-pretsedatel-na-krivichniot-sud/feed/ 0
Иван Џолев назначен за в.д претседател на Кривичен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-naznachen-za-v-d-pretsedatel-na-krivichen-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-naznachen-za-v-d-pretsedatel-na-krivichen-sud/#respond Mon, 08 Nov 2021 10:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=592533

Судскиот совет на денешната седница, едногласно го избра досегашниот претседател на Основен Кривичен суд-Скопје, Иван Џолев, за вршител на должноста, Претседател на судот. Претседателката на Судски, Павлина Црвенковска рече дека со оглед на тоа што истекол четиригодишниот мандат на Џолев, согласно законите било неопходно да се избере в.д претседател. Појасни дека изборот се прави од редот на судии кој во изминатата година имал највисока оценка за својата работа. Според Црвенковска, такви имало тројца, но таа го предложи Џолев да ја извршува функцијата в.д претседател на Основен Кривичен суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-naznachen-za-v-d-pretsedatel-na-krivichen-sud/feed/ 0
Арсовски: Бараме народниот правобранител Зибери да се изјасни за непочитувањето на Законот за судови од страна на Иван Џолев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-barame-narodniot-pravobranitel-ziberi-da-se-izjasni-za-nepochituvanjeto-na-zakonot-za-sudovi-od-strana-na-ivan-dzolev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-barame-narodniot-pravobranitel-ziberi-da-se-izjasni-za-nepochituvanjeto-na-zakonot-za-sudovi-od-strana-na-ivan-dzolev/#respond Tue, 15 Jun 2021 10:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=523685

Денеска како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме претставка до господинот Насер Зибери, кој што е народен правобранител. Претставката е за непочитување на Законот за судови од страна на Основниот кривичен суд, конкретно од претседателот на судот Иван Џолев. И бараме итно постапување за да се увиди зошто не се почитуваат Законите од страна на Иван Џолев, истакна денес Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Како што знаете, вчера поднесовме претставка и барање за утврдување судир на интереси до Антикорупциската комисија за судијата поротник Митко Сандев, денеска претставка до Народниот правобранител. Во прилог доставивме и преглед од статутарна комисија каде што членува господинот Митко Сандев во политичка партија. Доставивме и докази, практично дека има навршени 60 години и треба да му биде прекинат мандатот како судија поротник и за тоа денеска сме тука и побаравме и итно постапување од страна на господинот Насер Зибери. И повеќе од јасно е дека се води политичка хајка против ВМРО-ДПМНЕ со непостапувањето од страна на господинот Иван Џолев како претседател на судот. И повеќе од јасно е дека ова се се прави свесно за терор врз ВМРО-ДПМНЕ со ова непочитување на Законите, рече тој. Арсовски потенцира дека законот е јасен, со навршени 60 години судија поротник не може повеќе да ја обавува таа функција, но и судија поротник кој што членува во политичка партија не може да одлучува непристрасно односно може да одлучува пристрасно, и за тоа не треба и не смее да членува во политичка партија. -Уште еднаш бараме итно барање односно пуштање иницијатива од страна на Иван Џолев до Републичкиот судски совет за прекин на мандатот на Митко Сандев, судијата поротник. Доколку не се случи тоа, дадовме рок до утре за поднесување на кривични пријави. Денеска практично е последниот ден кога има рок од нас за да поднесе иницијатива, доколку не ја поднесе ќе бидат поднесени кривични пријави до Јавното обвинителство за непочитување на Законот, вели тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-barame-narodniot-pravobranitel-ziberi-da-se-izjasni-za-nepochituvanjeto-na-zakonot-za-sudovi-od-strana-na-ivan-dzolev/feed/ 0
Арсовски: Џолев има рок до вторник да поднесе иницијатива за разрешување на Сандев – следуваат кривични пријави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-ima-rok-do-vtornik-da-podnese-inicijativa-za-razreshuvanje-na-sandev-sleduvaat-krivichni-prijavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-ima-rok-do-vtornik-da-podnese-inicijativa-za-razreshuvanje-na-sandev-sleduvaat-krivichni-prijavi/#respond Fri, 11 Jun 2021 12:17:07 +0000 https://kurir.mk/?p=522022

Иван Џолев 5-ти ден по ред молчи за противзаконското делување и постапување на поротникот Митко Сандев. Митко Сандев има полни 60 години и согласно одлуката на Уставен Суд од 2007 година, но и Член 80 од Закон за Судови, кој јасно кажува дека судија поротник со навршени 60 години мора да биде заменет со друг судија поротник во Републичкиот судски совет, изјави на денешната прес конференција, Димса Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. - Дополнително, Иван Џолев или Митко Сандев, сокриле дека судијата поротник Митко Сандев на кој треба да му прекине мандатот, е член на партиско тело од Партијата на пензионерите, што е уште една причина да се постапи со менување на нов судија поротник. Согласно законот за кривична постапка, судија поротник не смее да биде член на политичко тело или партија, од едноставна причина затоа што може да одлучува пристрасно. Дотолку што партијата во која членува Митко Сандев е во колиација со СДСМ и со власта. Иван Џолев има време до вторник да постапки согласно законот и да поднесе иницијатива до Републички Судски Совет за прекин на мандатот на судијата поротник Митко Сандев. Бараме да биде заменет со друг, за да може текот на случајот да продолжи непречено и непристрасно, посочи тој. Арсовски вели дека доколку Иван Џолев не постапи по законот и не пушти до вторник иницијатива до Републички судскиот совет ќе биде поднесена кривична пријава и за него, но и за Митко Сандев. - Целиот овој суд на Иван Џолев кој следи наредби од Зоран Заев е крајно пристрасен во постапувањето по овој предмет и не ги почитува законите. Иван Џолев и Митко Сандев имаат избор, или да бидат слуги на Зоран Заев и неговата неселективна правда или да го почитуваат законот. Ако се одлучат за првото, набрзо ќе сносат и кривична одговорност, во вторник, ако се одлучат за второто, ќе покажат дека овој Суд има барем малку капацитет за фер судење и почитување на законите, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-ima-rok-do-vtornik-da-podnese-inicijativa-za-razreshuvanje-na-sandev-sleduvaat-krivichni-prijavi/feed/ 0
Арсовски: Џолев има избор или да биде слуга на Зоран Заев или да го почитува законот што впрочем е и негова обврска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-ima-izbor-ili-da-bide-sluga-na-zoran-zaev-ili-da-go-pochituva-zakonot-shto-vprochem-e-i-negova-obvrska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-ima-izbor-ili-da-bide-sluga-na-zoran-zaev-ili-da-go-pochituva-zakonot-shto-vprochem-e-i-negova-obvrska/#respond Thu, 10 Jun 2021 11:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=521510

Во текот на вчерашниот ден бевме сведоци на еден срамен чин од судот каде што самиот претседател на судот Иван Џолев, го наруши угледот на судот. Најпрвин за да се сруши углед на судот, треба да се стекне угледот а овој партиски назначен претседател на суд не може да стекне углед ако работи против законски што впрочем вчера во вчерашното соопштение го призна истото тоа дека го прави, истакна на денешната прес конференција, Димса Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. - Во вчерашното недоветно соопштение коешто го испрати судот по насока на Иван Џолев којшто е претседател, можеше да се види неизбежна нервоза затоа што е принуден да постапува по наредбите на Заев, а не да постапува како што наложува законот. ВМРО-ДПМНЕ бара судот и претседателот на судот Иван Џолев да постапуваат единствено по законот и никако поинаку. Иван Џолев како прв во судот, како претседател кој треба да биде пример за почитување на законите, срамота е да толкува нејаснотии во закон и уште повеќе да го руши угледот и на правниците и на судот. Во правосудството ниту ни треба толкувачи, ниту пак ни треба партиски извршители како него, туку ни треба сериозен и праведен претседател на суд којшто ќе ги почитува законите на оваа држава. Имено Иван Џолев вчера призна дека судијата поротник имал полни 60 години и пратил известување до републичкиот судски совет со што сака да ја префрли вината за неразрешувањето на Митко Сандев кај републичкиот судски совет, поосочи тој. - Законот е јасен, членот 80 од закон за судови е повеќе од јасен дека со навршување на 60 години кај судија поротник му прекинува мандатот веднаш и нема никаква друга алтернатива, наспроти известувањата Иван Џолев е должен да испрати барање за разрешување на судијата поротник и по него да постапи Републичкиот Судски совет. Да прецизираме се додека не биде разрешен овој судија поротник Митко Сандев рочиштата се незаконски, вклучително и казната изречена вчера кон мене е неоснована. Бараме Иван Џолев да не оди по паметот на Зоран Заев кој знаеме кај ќе го дотера и веднаш да побара прекин на постапувањето на судијата поротник и тој да биде заменет со друг судија поротник, за да може случајот Талир и рочиштата да продолжат да се одвиваат непречено, ние не бегаме од лицето на правдата, да се соочиме со праведноста, но бараме се да се одвива по законите. Апелираме во спротивно законот е уште повеќе од јасен дека доколку продолжат да работат противзаконски Иван Џолев и Митко Сандев ќе бидат поднесени кривични пријави, ниту Иван Џолев ниту Митко Сандев не се поголеми од институцијата суд, за да вршат силување на законите. Џолев има избор или да биде слуга на Зоран Заев или да го почитува законот што впрочем е и негова обврска, додаде Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-ima-izbor-ili-da-bide-sluga-na-zoran-zaev-ili-da-go-pochituva-zakonot-shto-vprochem-e-i-negova-obvrska/feed/ 0
„Иван Џолев со партиското соопштение призна дека го прекршил законот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-so-partiskoto-soopshtenie-prizna-deka-go-prekrshil-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-so-partiskoto-soopshtenie-prizna-deka-go-prekrshil-zakonot/#respond Wed, 09 Jun 2021 16:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=521128

Соопштението на Претседателот на Судот Иван Џолев е исто како да го пишувал Зоран Заев, со политички оценки, а без правни аргументи. Денешното партиско соопштение на Претседателот на Судот Иван Џолев, ги оправдува уште еднаш епитетите за „Сваровски“, „Луј Витон“, „Трас трас” судство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Џолев во суштина признава дека незаконски има судија поротник (Митко Сандев) кој активно постапува во судските случаеви надвор од пропишаниот закон. Иван Џолев признавајќи ја вината за незаконското делување и постапување на судијата поротник, ја префрла целата вина на Судскиот Совет, кој пак имаше седница пред само два дена и разреши судија поротник за токму истата причина. Иван Џолев е виновен за незаконското постапување во врска со овој случај, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат: „Член 80 од Законот за Судови е и повеќе од јасен дека со навршување на 60 години на судија поротник, му прекинува мандатот веднаш и нема ниту една друга алтернатива. Иван Џолев призна дека денешното рочиште за случајот „Талир“ е незаконито, вклучително и казната за ВМРО-ДПМНЕ е неоснована. ВМРО-ДПМНЕ денеска беше казнето парично само затоа што бараше судијата Осман Шабани да го почитува законот. Кога Судот во Република Македонија не ги почитува законите мислејќи дека е неказнив, тогаш самиот го руши правниот систем, а за тоа се носи одговорност. Иван Џолев има две правни опции: Или ќе го почитува Законот или ќе одговара за свесно кршење на Законот со политичка намера“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-dzolev-so-partiskoto-soopshtenie-prizna-deka-go-prekrshil-zakonot/feed/ 0
Арсовски: Џолев ги крши законите, Митко Сандев веднаш да биде заменет со друг судија-поротник инаку следува кривична одговорност (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-gi-krshi-zakonite-mitko-sandev-vednash-da-bide-zamenet-so-drug-sudija-porotnik-inaku-sleduva-krivichna-odgovornost-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-gi-krshi-zakonite-mitko-sandev-vednash-da-bide-zamenet-so-drug-sudija-porotnik-inaku-sleduva-krivichna-odgovornost-video/#respond Wed, 09 Jun 2021 09:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=520884

ВМРО-ДПМНЕ бара престанок на мандатот на судијата поротник Митко Сандев од две причини. Прво, согласно одлуката на Уставниот суд на секој судија поротник кој има навршено 60 години треба да му престане мандатот на делување во постапката. Ова денес го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој на суд беше во улога на овластен претставник на партијата. -Втората работа за која за жал не ми беше дозволено во судницата до крај да ја кажам, а тоа е изземање на овој судија поротник, причината веќе е јасна можевте да видите и на дел од медиумите кои објавија, а тоа дека господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. Тоа во законот за кривична постапка е предвидено во Член 33 практично е причина за изземање, една од причините е судија поротник кој може да биде иземен од вршење на судска должност покрај причините наведени во ставот 1 од овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во негова пристрасност. Ова е повеќе од доволна причина за негова пристрасност, тоа е членувањето во политичката партија која е во коалиција со власта. Она коешто е поважно е ние почитувајќи го овој суд и почитувајќи ги судиите во постапката којашто ја водат бараме почитување на законот, а тоа е да прекине мандатот односно функцијата на господинот Митко Сандев заради навршени 60 години. За жал се уште претседател на судот Иван Џолев кој сметаме дека главниот извршител на Зоран Заев во вој суд нема поднесено иницијатива иако господинот Митко Сандев има навршено 60 години, до Републичкиот судски совет за престанок на мандатот и веќе повеќе од јасно е дека се работи за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Ова се две причини коишто се и повеќе од доволни за да господинот Митко Сандев има прекин на својата функција и да биде земенет со нов поротник за да може и понатаму да продолжи судењето за овој предмет. Ние го почитуваме законот, но истиот вели дека Митко Сандев не може повеќе да биде судија поротник во оваа постапка. Како што реков причините веќе се јасни, порача Арсовски. Но, наспроти законите кои ги цитираше Арсовски, очигледно е дека судот одлучува да продолжи да постапува противзаконски. -Очигледно е дека Иван Џолев ги слуша наредбите на Зоран Заев да се врши сè уште притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку овие судења, а главниот притисок е што во моментов заради овој случај е замрзнат имотот на партијата. Како што знаете, следуваат локални избори, на кои на Заев му е важно ВМРО-ДПМНЕ да биде со врзани раце во однос на ресурсите. Затоа сметаме дека главниот виновник кој што не го почитува законот е Иван Џолев кој е претседател на Основниот суд и тоа е една од причините што најверојатно сака да прикаже некоја колаборација со власта дека за одредено време треба да има нов оглас за реизбор на претседател на судот и претпоставуваме дека тој најверојатно сака да одработи за да биде повторно реизбран. Но, како што рековме ова не се политички игри, ова е многу посериозно и посилно од замислите на Иван Џолев и Зоран Заев и треба да се почитува законот. Ние како политичка партија, јас како нејзин претставник го испочитувавме законот до крај, ги испочитувавме судиите кои што го водат оваа судење, влеговме во салата, присуствувавме и побаравме да биде прекинато рочиштето, но и целата постапка се до моментот додека не се замени судијата поротник Митко Сандев. Но, очигледно не бевме послушани. Така што уште еднаш апелираме до Иван Џолев да ја поведе таа иницијатива за престанок на мандатот до Републичкиот судски совет за Митко Сандев од едноставна причина затоа што може да одговара за непостапување, затоа што тоа е законска обврска која што треба да ја направи, а за жал свесно го втурнува и Митко Сандев во кривично дело со тоа што не го почитува законот, истакна Арсовски. Дополнителен притисок е и високата парична казна која судот ја изрекува за правен субјект, партијата ВМРО-ДПМНЕ, а продолжуваат со незаконито делување што налагаат наместо овластен претставник од партијата како што тоа е случај со Арсовски, сега партијата да ја застапува адвокат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-dzolev-gi-krshi-zakonite-mitko-sandev-vednash-da-bide-zamenet-so-drug-sudija-porotnik-inaku-sleduva-krivichna-odgovornost-video/feed/ 0
Џолев: За домашниот притвор на Мијалков судот одлучуваше во најбрз можен рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzolev-za-domashniot-pritvor-na-mijalkov-sudot-odluchuvashe-vo-najbrz-mozen-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzolev-za-domashniot-pritvor-na-mijalkov-sudot-odluchuvashe-vo-najbrz-mozen-rok/#respond Thu, 25 Feb 2021 11:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=473708

Предлогот за притвор на Сашо Мијалков стигна во Судот во неделата во 15 часот, а одлуката е изготвена во 18:30 часот. Тоа се сè на се три и пол часа, така што Судот постапи апсолутно ажурно, изјави претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев денеска во Штип. Тој појасни дека Кривичниот суд согласно законските одредби има рок да постапува по предлог за 24 часа и дека можел да одлучува и во понеделник до 15 часот. Меѓутоа, како што додаде, сметале дека треба итно да се постапи, веднаш и така е постапено. -Предлогот за притвор во Судот стигна во недела во 15 часот, а одлуката е донесена во 18:30 часот. Сите познавачи на судството во Македонија ќе ви кажат дека Судот одлучувал во најбрз можен временски период. Согласно законските одредби рокот е 24 часа, што значи судот можел да одлучува до понеделник до 15 часот, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено, рече Џолев одговарајќи на новинарско прашање зошто се чекало толку време за Судот да издаде решение за домашен притвор на Мијалков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzolev-za-domashniot-pritvor-na-mijalkov-sudot-odluchuvashe-vo-najbrz-mozen-rok/feed/ 0
Јовица Страшевски: Дали важи законот и препораките на Владата за претседателот на Кривичен суд Иван Џолев? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovica-strashevski-dali-vazi-zakonot-i-preporakite-na-vladata-za-pretsedatelot-na-krivichen-sud-ivan-dzolev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovica-strashevski-dali-vazi-zakonot-i-preporakite-na-vladata-za-pretsedatelot-na-krivichen-sud-ivan-dzolev/#respond Wed, 25 Mar 2020 17:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=322150

Адвокатот Јовица Страшевски упати отворено писмо кое го пренесуваме во целост. Почитувани преставници на Судски совет, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерството за здравство, Обвинителство. Имам едно прашање до Вас: ДАЛИ ВАЖИ ЗАКОНОТ И ПРЕПОРАКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧЕН СУД ИВАН ЏОЛЕВ? Колега Џолев неколку збора и до тебе. Со твоето последно соопштение испратено во името на Кривичниот суд (твое бидејќи не сите судии се согласуваат со твојот став и јавно ги охрабрувам како тоа што го направи еден многу почитуван судија да кажат што мислат) , да се осврнам на денешното твое соопштение до јавноста (твое бидејќи секогаш се задскриваш зад соопштение од Кривичниот суд) и низ бројки да го разјасниме пред јавноста она сто повторно го кажуваш, а кое нешто е невистина. 1. Викаш дека има минимум 10 судења во текот на еден ден. Ајде да пресметаме. Ако има 308 приоритетни судења (како ги утврди и на кој начин тоа е друго прашање) секое е закажано минимум еднаш, а во најголем број по 2 или 3 пати. Во изминативе 30 дена од како е прогласена вондредна состојба, има 21 работен ден и ако се подели 308 со 21 нели е тоа поголемо од 10. А што се случува со барањата за притвор? Слабо математикава или некој манипулира? 2. Како може во една сала во судот каде најголемата е 150м2 да се обезбедат услови за 40 лица и притоа меѓу секој од нив да има разлика од 2м? Односно да се подели на 2 е 75м2 каде треба да се сместат 40 луге, па собери, помножи, подели, одземи, не излегува ништо по препораките на владата. Математика е егзатна наука и нема тука манипулации како што милуваш да кажеш 3. Те повикувам да присуствуваш на на сите наредни рочишта заедно со нас адвокатите, обвинетите, вработените во судот, судиите ,обвинителите, јавноста, преставниците на невладиниот сектор или ако неможеш на сите барем на поголемите рочишта по твој избор да се увериш дали помеѓу судиите и поротниците и другите учесници има 2 метри растојание и тоа да го пренесат медиумите. 4. Молам сите медиуми што беа присутни на денешните рочишта да објават слики или видеа или да потврдат или демантираат ова што го зборува Претседателот на Кривичен суд? 5. Медиумите, а најдобро Џолев да одговори на следниве прашања поврзани со денешните рочишта: • Дали сите судии носеа маска и ракавици? • Дали поротниците носеа маска и ракавици? • Дали растојанието помеѓу судиите и поротниците беше 2м? • Дали растојанието помеѓу обвинетите беше 2м? • Дали растојанието помеѓу адвокатите беше 2м? • И дали обвинетите кои се носат од притвор имаа заштитни мерки? Еве еден пример за илустрација јас денес имав притворски предмет во основниот кривичен суд Скопје. Обвинетиот, мој клиент беше донесен без заштитна маска и ракавици, а и сами знаете во какви услови се во притворското оделение во Шутка. Ова лесно можат да го проверат и медиумите, но и јавно ги повикувам и МВР, Обвинителството и Судскиот совет да проверат на камерите во кривичниот суд дека ова што го пишувам е чиста вистина, секоја ваква грешка може скапо да чини човечки животи, загрозување на сите во судот, загрозување на цели семејства. Денес поднесов и поднесок во архивата и таму вработените во судот, иако преку шалтер го земаа поднесокот, немаа заштитни ракавици и маски и тоа може да се провери на камерите во судот, а се само да се задоволи желбата на еден човек претседателот на основниот кривичен суд Иван Џолев за кој поважно е да суди во епидемија на вирус прогласена во цел свет од здравјето на луѓето само за задоволување на сопствените хирови. За илустрација сите соседни држави ги затворија судовите, Грција ги затвори сите судови, во Бугарија со одлука на Врховниот суд се одложија сите рочишта за минимум еден месец, Србија судовите судат само итни притворски предмети и прекршителина мерките од корона вирусот, САМО КРИВИЧНИОТ СУД ВО СКОПЈЕ И ИВАН ЏОЛЕВ ДРЖАТ СУДЕЊА. Владата превзема мерки кои јавно ги презентира, но тие не важат само за претседателот на кривичен суд Иван Џолев, Г-дин Џолев во која судница има растојание од 2м помеѓу судии, поротници, обвинители, обвинети, адвокати, медиуми, судски полицајци, затворска полиција, преставниците на невладиниот сектор??? Почитувани преставници на Судски совет, Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Обвинителство, Ве молам стопирајте го самоволието на Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Не дозволувајте судот да биде жариште на Корона вирусот. Апелот на 75 адвокати кои Џолев ги навреди не го фрлајте во корпа, Ве молам добро анализирајте го и прифатете го. ЗДРАВЈЕТО МОЕ НА МОИТЕ КОЛЕГИ, НА СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ОБВИНЕТИТЕ, ОБВИНИТЕЛИТЕ, ПРЕСТАВНИЦИТЕ НА МЕДИУМИТЕ И НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР, СУДСКАТА ПОЛИЦИЈА, ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА Е ПОВАЖНО ОД ЕДЕН МЕСЕЦ ДА НЕМА СУДЕЊА ВО КРИВИЧНИОТ СУД. На крај на ова мое соопштение г-дин Џолев Јавно те повикувам да се извиниш на 75 адвокати меѓу кои сум и јас, кои едногласно се согласија и потврдија дека Кривичниот суд, каде си ти најодговорен, не ги почитува мерките на Владата. Никој од тие мои колеги никого не манипулира, туку сме само сериозно загрижени за нашето здравје, здравјето на нашите семејства, но и за сите присутвни во судниците Меѓу тие 75 адвокати има повозрасни луѓе од Вас, кои можат по годините да бидат и ваши родители, кои не можете како ваши колеги да ги навредувате. Има поранешни претседатели на основниот суд, државни јавни обвинители, адвокати почиувани во фелата и пошироко за да вие едноставно криејќи се зад соопштение од основниот кривичен суд ги навредите дека се МАНИПУЛАТОРИ. Но, тоа е друго прашање на совест, почит и воспитување. Барам и повикувам најитно оваа навреда на 75 адвокати јавно да ја осуди и Адвокатската комора на Македонија. Со почит, Адвокат Јовица Страшевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovica-strashevski-dali-vazi-zakonot-i-preporakite-na-vladata-za-pretsedatelot-na-krivichen-sud-ivan-dzolev/feed/ 0