Иван Федоров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Mar 2022 09:36:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Иван Федоров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Ослободен украински градоначалник, бил разменет за руски војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-osloboden-ukrainski-gradonachalnik-bil-razmenet-za-ruski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-osloboden-ukrainski-gradonachalnik-bil-razmenet-za-ruski-vojnici/#respond Thu, 17 Mar 2022 07:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=648569

Руските сили го ослободија градоначалникот на градот Мелитопол, кого го заробија минатата недела, соопшти денеска шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Според властите тој бил разменет за деветмина руски војници, заробени во Украина. „Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, е ослободен од руско заробеништво“, објави Јермак на социјалните мрежи. Украина соопшти дека руските сили го киднапирале Федоров минатиот петок. Во видео што синоќа на Телеграм го постави заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, украинскиот претседател разговара со Иван Фјодоров, му честита за неговото спасување и го уверува дека Украина не го напушта својот народ. Од спротивната страна, градоначалникот му одговори дека ќе му требаат ден-два да се врати на работа. Како одговор, Зеленски рече дека не може да „вети два дена“, но го охрабри градоначалникот да се одмори. Заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, Кирил Тимошенко, во посебна објава рече дека спасувањето на градоначалникот дошло по „специјална операција“. „Ви благодарам што не ме напуштивте. Ќе ми требаат ден-два да се опоравам, а потоа ќе ви стојам на располагање да придонесам за нашата победа“, рече тој. Даша Заривна, портпаролка на претседателската администрација, доцна синоќа изјави за украинската телевизија дека Фјодоров бил заменет за деветмина заробени руски војници на возраст од 20 и 21 година. – Тоа се главно деца, војници, кои, според руското Министерство за одбрана, не се наоѓаат во Украина, потенцираше Заривна. Градоначалникот на Днипро, друг град во јужна Украина, исто така беше киднапиран во неделата, што предизвика силна осуда од Европската унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-osloboden-ukrainski-gradonachalnik-bil-razmenet-za-ruski-vojnici/feed/ 0
Властите на Запорожје: Киднапираниот градоначалник е приведен во Луганск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-zaporozje-kidnapiraniot-gradonachalnik-e-priveden-vo-lugansk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-zaporozje-kidnapiraniot-gradonachalnik-e-priveden-vo-lugansk/#respond Tue, 15 Mar 2022 08:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=647335

Градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров, за кого украинската страна тврди дека бил киднапиран од руските сили, најверојатно бил однесен во Луганск, каде го држи руската армија, соопшти синоќа регионалната воена управа на Запорожје. „ Според достапните информации, киднапираниот градоначалник на Мелитопол, Иван Федоров, е задржан од рускиот окупатор во Луганск, каде е обвинет за тероризам“, се вели во соопштението, пренесе Укринформ. Кога станува збор за градоначалникот на Днепрорудни, Јевхен Матвијев, за кого украинската страна исто така наведува дека е киднапиран, не е позната неговата судбина, додава Укринформ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlastite-na-zaporozje-kidnapiraniot-gradonachalnik-e-priveden-vo-lugansk/feed/ 0