Иван Ѓоргиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Jan 2023 12:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Иван Ѓоргиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иван Ѓоргиевски е среќникот што го извлече крстот од водите на Крива Река https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-gorgievski-e-sreknikot-shto-go-izvleche-krstot-od-vodite-na-kriva-reka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-gorgievski-e-sreknikot-shto-go-izvleche-krstot-od-vodite-na-kriva-reka/#respond Thu, 19 Jan 2023 12:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=789350

Двааесет и двегодишниот Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка е среќникот што годинава меѓу триесетмината верници успеа да го извлече светиот крст од водите на Крива Река. Чествувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во општината започна со света Богојавленска литургија во црквата „Св.Великимаченик Димитриј“, а потоа свечената литија од црквата пристигна до мостот на реката кадешто свештенослужителите од кривопаланечкото архиерејско намесништво ги осветија водите на реката по што верниците, пријавени за чинот, се фрлија во водите на Крива Река каде беше положен светиот крст. Општина Крива Паланка додели подарок – телевизор, за Иван Ѓоргиевски, најсреќниот меѓу нив, што го извлече крстот од водите, а наградата ја врачија градоначалникот Сашко Митовски и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска. Од „Зегин” како покровител му доделија и вредносен ваучер од 200 евра. Централниот градски плоштад беше исполнет со стотици верници кои покрај присуството на водокрстот, ја посетија манифестацијата „Пивтијада 2023″ која понуди богата трпеза традиционални јадења,солени и благи, подготвена од клубот на пензионерки „Достоинствен живот” при Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, како и специјалитетот пивтии, што вообичаено се подготвуваат за овој празник, а за сите Паланчани и посетители ги подготвија ресторан „Парк Гиновци” и Пицерија „Аквариум”, Крива Паланка. Гостинка задолжена за богатата културно- уметничка програма беше позната естрадна уметница, Андријана Алачки. Целокупната програма за Водици во Крива Паланка се реализира од страна на локалната самоуправа и Кумановско-Осоговска епархија, кривопаланечко архиерејско намесништво, со поддршка на културните институции од градот, ЛУ Градски музеј, НУ Центар за култура, ОО Црвен крст Крива Паланка, Фондацијата „Со срце за Крива Паланка”. Во општината водокрст се одржа и во селото Конопница, на Селска Река, кадешто најсреќен меѓу верниците беше Флоријан Стојчевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivan-gorgievski-e-sreknikot-shto-go-izvleche-krstot-od-vodite-na-kriva-reka/feed/ 0