иван михајлов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 13:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иван михајлов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-imina-na-lichnosti-dade-negativno-mislene-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov-podneseno-od-zdruzhenieto-kulturen-tsentar-ivan-mihajlov-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-imina-na-lichnosti-dade-negativno-mislene-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov-podneseno-od-zdruzhenieto-kulturen-tsentar-ivan-mihajlov-bitola/#respond Thu, 16 Mar 2023 13:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=812776

Комисијата за употреба на имиња на личности на денешната седница даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар ,,Иван Михајлов’-Битола. Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата. Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост,нетолеранција и омраза во македонското општество. Комисијата заседаваше во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.др Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-upotreba-na-imina-na-lichnosti-dade-negativno-mislene-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov-podneseno-od-zdruzhenieto-kulturen-tsentar-ivan-mihajlov-bitola/feed/ 0
Петков се заблагодари на Македонија што го откри сторителот на подметнатиот пожар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-se-zablagodari-na-makedonija-shto-go-otkri-storitelot-na-podmetnatiot-pozar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-se-zablagodari-na-makedonija-shto-go-otkri-storitelot-na-podmetnatiot-pozar/#respond Tue, 07 Jun 2022 18:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=687989

Премиерот на Бугарија Кирил Петков на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, со што во најбрз можен рок го фатиле пироманот. -Дефинитивно нема да подлегнуваме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи, пишува на фб статусот на бугарскиот премиер. Медиумите во Софија ја пренесоа информацијата на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски за приведениот сторител на пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, што се случи во саботата. Медиумите ја цитираат изјавата на Спасовски дека сторителот целосно го признал делото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-se-zablagodari-na-makedonija-shto-go-otkri-storitelot-na-podmetnatiot-pozar/feed/ 0
Димитриевски до Спасовски: Дали ги откри одговорните за пожарот во модуларната болница? Денес скокна Ламбе утре ќе скокне народот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-do-spasovski-dali-gi-otkri-odgovornite-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-denes-skokna-lambe-utre-kje-skokne-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-do-spasovski-dali-gi-otkri-odgovornite-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-denes-skokna-lambe-utre-kje-skokne-narodot/#respond Tue, 07 Jun 2022 16:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=687964

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кажа дека осудува секаков вид на насилство и непочитување на законите, но смета дека тоа е резултат на несредена и неправедна држава. - Најпрво, осудувам секаков вид на насилство, безредие и непочитување на законите. Непочитување на законите е резултат на несредена, неорганизирана и неправедна држава. Но, сепак сакам да кажам неколку реченици што верувам дека секој МАКЕДОНЕЦ интимно ги чувствува: Се отвара здружение на граѓани под име Ванчо Михајлов, квислинг, потврден фашистички соработник и човек кој отворено работел целиот негов живот против македонската самобитност и државност и тоа без никаква дозвола за отварање на здружението од официјални и надлежни институции, а притоа надлежните во државата на чело со МВР молчат и мудро калкулираат. Следува реакција на јавноста која што нормално е бурна, додека поединци од власта по молкот и привременото слепило од немај каде се јавуваат со наводни реакции, но предходно добро избалансирани за да не им биде замерено од официјална Софија. Подоцна, откако Ламбе го сторил тоа што на секој Македонец му е во мислите како резултат на фрустрацијата во сопствената држава да ти ги величаат терористите и фашистите, помпезно и експедитивно се наоѓа сторителот на опожарувањето и тријумфалистички се елаборира професионалноста на службите. Секоја чест на професионалците во МВР и Обвинителството кои што брзо и експедитивно ја завршиле работната задача, секој сторител треба да биде откриен и санкциониран. - Го прашувам Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски: 1. Го откри ли сторителот за Пајакот кој што удри полицајка? 2. Го откри ли сторителот на каубојското пукање во Чаир? 3. Го откри ли сторителот на незаконската градба на споменикот во Слупчане? 4. Ги откри ли одговорните за пожарот во модуларната болница во Тетово? (или таму кабелот ќе остане виновен?) 5. Ги откри ли сторителите кои помогнаа во бегството на Груевски? ... уште многу прашања без одговори. - Има ли еднакво правда за сите во државата? - Не, нема правда, нема мир, денеска скокна Ламбе, утре ќе скокне народот! Вие ќе бидете виновни, вели Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrievski-do-spasovski-dali-gi-otkri-odgovornite-za-pozarot-vo-modularnata-bolnica-denes-skokna-lambe-utre-kje-skokne-narodot/feed/ 0
Запален влезот на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, издадени наредби за откривање на сторителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapalen-vlezot-na-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-izdadeni-naredbi-za-otkrivanje-na-storitelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapalen-vlezot-na-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-izdadeni-naredbi-za-otkrivanje-na-storitelite/#respond Sat, 04 Jun 2022 08:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=686488

Во културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово избил пожар. „Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар “Иван Михайлов” – Битоля. Очекуваме институциите во набрз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата“, објавија од центарот на својата страница на Фејсбук. Клубот беше отворен во средината на април, а на неговото отворање присуствуваше бугарскиот премиер Крил Петков и висока државна делегација. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“. Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење. Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapalen-vlezot-na-klubot-vancho-mihajlov-vo-bitola-izdadeni-naredbi-za-otkrivanje-na-storitelite/feed/ 0
Ковачевски ќе собира информации, следната недела ќе се знаат идните чекори за здружението „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-sobira-informacii-slednata-nedela-kje-se-znaat-idnite-chekori-za-zdruzenieto-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-sobira-informacii-slednata-nedela-kje-se-znaat-idnite-chekori-za-zdruzenieto-vancho-mihajlov/#respond Thu, 21 Apr 2022 10:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=666461

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека идната недела ќе се знаат чекорите што евентуално ќе бидат преземени во врска со регистрацијата на здружението на граѓани „Ванчо Михајлов“ во земјава и отворањето на културниот центар под тоа име во Битола. Претходно, нагласи Ковачевски, сите аспекти на ова прашање ќе бидат разгледани, по што ќе биде донесена одлука за натамошните чекори. – Во однос на самото здружение кое е регистрирано, тоа подлежи на регистрација врз основа на законските прописи во државата. Нормално е дека како Влада ќе ги собереме сите информации кои се потребни во однос на регистрација на здруженија на граѓани. Во однос на користењето на имињата веќе имаше и од правни експерти одредени изјави и кога ќе ги добиеме сите информации идната недела ќе ве информираме за натамошните чекори, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање по извршениот увид во отпочнување на градежните работи на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, поранешна „Партизан“, во Општина Карпош. Според него, настанот на отворање на овој центар во саботата претставува, како што нагласи, ништо повеќе од провокација, бидејќи ги буди духовите од минатото, со оглед на тоа што се работи за личност која била соработник и на Германија на Хитлер и Италија на Мусолини, но и НДХ на Павелиќ. – Со тоа воопшто таа личност не може да биде мост за иднината на пријателство помеѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата. Овој настан преставува единствено провокација, која што не води во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор којшто договор ќе значи брзо отворање на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, истакна македонскиот премиер. Ковачевски смета дека ние со соседните држави треба да градиме мостови на пријателство, треба да гледаме кон иднината. – Доколку се навраќаме на личности од минатото за кои има различно мислење во различните држави, а според она што вие го кажувате има различни мислења, тоа нема да биде во ничија корист и само ќе влијае на лоши односи помеѓу граѓаните и помеѓу двете држави. Ние сме држава која што е определена за членство во ЕУ и која што низ дијалог тоа планира да го направи и се разбира дека сите земји членки на ЕУ треба да ја одобрат преговарачката рамка на Република Северна Македонија што е можно поскоро, истакна Ковачевски. Со Бугарија, потенцира премиерот, решението треба да се бара и да се базира врз основа на европските вредности, на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, на нивна заемна почит, но и почит помеѓу политичарите, така и сите институции и во Република Бугарија и во Република Северна Македонија. – Доколку решението и разговорите не ги водиме на тие принципи тогаш е многу тешко да се дојде до решение. Се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина разговорите, рече премерот Ковачевски. Прашан за коментар за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека македонската историја се темели на лагите на комунизмот, а не на историски факти, премиерот истакна дека не ја видел. – Јас не сум ја видел изјавата, меѓутоа Република Северна Македонија има свој јасно дефиниран државен статус и сите граѓани во неа имаат свој јасно дефиниран идентитет што е определен со јазикот на граѓаните, кои што сите живеат нормално во неа, македонските граѓани со македонскиот јазик и идентитетот на македонските граѓани согласно со сите атрибути на идентитетот на граѓаните, како што се и етнографски и антрополошки итн., и тоа е нешто што не може никој да го коментира, бидејќи тоа е право, чувство на секој граѓанин и тоа е дел од достоинството на секој еден граѓани во светот, вклучително и на нашите македонски граѓани, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-sobira-informacii-slednata-nedela-kje-se-znaat-idnite-chekori-za-zdruzenieto-vancho-mihajlov/feed/ 0