Иван Живковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Nov 2021 15:54:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Иван Живковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иван Живковски е претседател на Советот на општина Кисела Вода, ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ivan-zivkovski-e-pretsedatel-na-sovetot-na-opshtina-kisela-voda-vmro-dpmne-go-ima-mnozinstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ivan-zivkovski-e-pretsedatel-na-sovetot-na-opshtina-kisela-voda-vmro-dpmne-go-ima-mnozinstvoto/#respond Wed, 03 Nov 2021 15:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=590422

На свечена седница, денес се конституираше новиот Совет на Општина Кисела Вода. Верификувани беа мандатите на 23-цата нови советници кои во следните четири години, заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе носат решенија во интерес на жителите од овој дел на градот. На функцијата претседател на Советот на Општина Кисела Вода, беше избран Иван Живковски.

Седницата ја отвори Претседателот на поранешниот состав на Советот, Дарио Шимиќ кој им честиташе на новоизбраните советници и им посака успешна работа во периодот што следи. Потоа, до изборот на новиот претседател Живковски, со седницата раководеше Арсена Глигорова, која, согласно Деловникот за работа е советник втор по старост.

За претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски беше избран со 13 гласа за и 3 воздржани. Откако го презеде раководењето со седницата, тој им се обрати на присутните.

-За мене е голема чест и голема одговорност што во следниот мандат од четири години ќе бидам на чело на Советот на Општина Кисела Вода. Сметам дека сите заедно, како советници може многу да придонесеме за реaлизација на квалитетни политики коишто ќе го подобрат животот на нашите жители. Секако, ние можеме да изгласаме, но сето тоа треба и да го изреализираме заедно со новиот градоначалник, г-нот Орце Ѓорѓиевски. Заедно, ќе изреализираме голем број на проекти, за кои, впрочем се обврзавме преку Програмата за овие избори. Јас, како Претседател на Советот, ќе се трудам секогаш да бидам непристрасен и нема да ги делам луѓето ниту по партиска, ниту по идеолошка, ниту по етничка основа, бидејќи сите тука сме заедно само за една цел, а тоа е да направиме Кисела Вода да биде поубаво место за живеење за сите- истакна новиот Претседател на Советот Иван Живковски. Заблагодарувајќи се, тој го покани да се обрати и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најпрво ги поздрави присутните и им ги честиташе верификуваните мандати на советниците, а потоа кажа што очекува од нив и од функционирањето на Советот.

- Јас ќе ве замолам во наредните четири години овде да има што помалку политика, а многу повеќе решенија. Ова е место кај што ќе треба заеднички сите да донесеме одлуки и решенија кои ги очекуваат нашите сограѓани, не само 4 години наназад , туку и 30 години наназад. Јас сум отворен по природа, транспарентно работам, така ќе работам и во наредните четири години, но  неопходна ми е поддршката од секој еден од вас, за да, за 4 години кога сето ова ќе заврши, нашата етапа во која сме сега навлезени, да оставиме нешто позади нас, односно дела по кои народот ќе не препознава години после тоа. Ви посакувам добро здравје и вам и на вашите семејства и се надевам дека ќе имаме транспарентна, заедничка битка во наредните 4 години од која бенефитот во секоја ситуација ќе го имаат нашите сограѓани. Од наредната седница, ќе се потрудиме овие седници да одат јавно, ќе се потрудиме да обезбедиме јавен пренос на седниците на Советот, со што нашиот народ ќе има директен увид во тоа што ние го работиме, а секако, е во нивен интерес-подвлече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку во овој состав на Советот мнозинството го има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 12 советници, СДСМ со коалиционите партнери има седум,  Левица доби три советници, додека добија коалицијата ЛДП/ДОМ доби 1 советник.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ivan-zivkovski-e-pretsedatel-na-sovetot-na-opshtina-kisela-voda-vmro-dpmne-go-ima-mnozinstvoto/feed/ 0
Живковски: Повторната кандидатура на неработникот Темелковски за градоначалник на Кисела Вода е навреда на интелигенцијата на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zivkovski-povtornata-kandidatura-na-nerabotnikot-temelkovski-za-gradonachalnik-na-kisela-voda-e-navreda-na-inteligencijata-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zivkovski-povtornata-kandidatura-na-nerabotnikot-temelkovski-za-gradonachalnik-na-kisela-voda-e-navreda-na-inteligencijata-na-gragjanite/#respond Thu, 15 Jul 2021 19:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=537383

4 години владеење на Филип Темелковски и СДСМ, четири мрачни поминати години за жителите на Кисела Вода, вели Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода. -Лаги и празни зборови, нереализирани ветувања, урбан хаос, мистериозни ДУП-ови, раскопапни улици, исушени тревници. Ова е сликата за владеењето на Филип Темелковски со Кисела Вода. СДСМ се поигрува со граѓаните. Објавата за повторна кандидатура на неработникот Темелковски за кандидат за Градоначалник на Кисела Вода е само уште еден обид за навреда на интелигенцијата на нашите сограѓани. Уште еден обид да се потцени и навреди граѓанинот. Уште еден обид лагите да се претстават како вистина, недомаќинското работење да се претстави како домаќинско, лошото да се претстави како добро, а неработниците да се претстават како херои. Но, народот не заборава, доаѓаат подобри времиња. На престојните локални избори Филип Темелковски и СДСМ ќе бидат убедливо поразени во Кисела Вода. На престојните локални избори ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе издвојуваат убедлива победа во Кисела Вода, а вие Филип Темелковски ќе останете запишан во историјата на општината како најнеуспешен градоначалник, кој не направи апсолутно ништо за жителите на Кисела Вода. За жал ќе останете еден кошмар кој несреќно владееше со општината четири години. Господине Темелковски вашата политичка кариера заврши, за три месеци од сега Кисела Вода ќе биде оттргната од вашите канџи и вратена во рацете на граѓаните. Во иднина Кисела Вода ќе претставува општина која реализира проекти а не празни ветувања, општина партнер на граѓаните, општина која ќе биде вистински сервис и локална поддршка за граѓаните, додава Живковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zivkovski-povtornata-kandidatura-na-nerabotnikot-temelkovski-za-gradonachalnik-na-kisela-voda-e-navreda-na-inteligencijata-na-gragjanite/feed/ 0
Живковски: Улиците во Усје се раскопани со дупки и кал, Темелковски ништо не направи за граѓаните на Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-ulicite-vo-usje-se-raskopani-so-dupki-i-kal-temelkovski-nishto-ne-napravi-za-gragjanite-na-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-ulicite-vo-usje-se-raskopani-so-dupki-i-kal-temelkovski-nishto-ne-napravi-za-gragjanite-na-kisela-voda/#respond Thu, 24 Dec 2020 15:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=447845

„Почитувани жители на Општина Кисела Вода, драги соседи Моментално се наоѓаме на ул.4 во населба Усје, на само 4км од центарот на Скопје. Како што можете да видите позади мене улицата е цела раскопана, со дупки и со кал, и истата претставува сериозен проблем за жителите на оваа улица во нашата општина. За жал Градоначалникот Филип Темелковски и општината предводена токму од него во изминатите три ипол години не направија апсолутно ништо за граѓаните на Кисела Вода. Затоа итно и неодложно го повикуваме да преземе нешто и да им помогне на овие луѓе кои секојдневно се соочуваат со проблеми. Сакаме да го потсетиме дека локалните изборите се за помалку од 8 месеци а на тие избори граѓаните ќе го имаат последниот збор и политиката предводена Филип Темелковски и СДСМ ќе биде поразена.“ Интегрален текст од изјавата за медиуми на Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-ulicite-vo-usje-se-raskopani-so-dupki-i-kal-temelkovski-nishto-ne-napravi-za-gragjanite-na-kisela-voda/feed/ 0
Живковски: Веднаш министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот, да се стави крај на дивеењето на Темелковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-vednash-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-da-gi-odzeme-ingerenciite-na-opshtina-kisela-voda-vo-oblasta-na-urbanizmot-da-se-stavi-kraj-na-diveenjeto-na-temelkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-vednash-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-da-gi-odzeme-ingerenciite-na-opshtina-kisela-voda-vo-oblasta-na-urbanizmot-da-se-stavi-kraj-na-diveenjeto-na-temelkovski/#respond Thu, 17 Dec 2020 14:17:42 +0000 https://kurir.mk/?p=444722

Се наоѓаме во населбата Расадник. Зошто во населбата Расадник?Бидејќи ова место е симбол за неработењето и празните ветувања на градоначалникот Филип Темелковски. Имено непосредно во оваа близина согласно ветувањата предизборни на Темелковски требаше да биде изградена катна гаража со цел да се реши проблемот со паркирањето на жителите на населбата Расадник, изјави денеска за медиумите Иван Живковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода. - Непосредно од оваа локација требаше да биде поставена и мерна станица со која што граѓаните ќе имаат увид во загадувањето на воздухот од околните загадувачи. Во непосредна близина требаше да поминува и ветената гасификација, од која што за жал се уште нема ништо. Меѓутоа тоа не е се од градоначалникот Темелковски. Ова позади мене е Расадникот во Кисела Вода, единствената зелена површина која што е останата во нашата општина. Меѓутоа за жал како што може да видите целата е опколена со ѓубре и со смет, а градоначалникот наместо од нејзе да претвори еден урбан парк во кој што граѓаните ќе можат да се рекреираат истиот предвидува изградба на повеќе од 120 згради. Меѓутоа и тоа не е се од градоначалникот Темелковски. Во изминатиот период на повеќе локации во општина Кисела Вода почнаа да се градат згради за кои што нема издадено никакво одобрение за градење. Урбаниот хаос продолжува да владее и да царува во Кисела Вода, вели тој. - Затоа итно и неодложно го повикуваме министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Кисела Вода во областа на урбанизмот. И на тој начин да спречи натамошно дивеење и уништување на целата општина Кисела Вода. Затоа бараме од надлежниот министер веднаш да пристапи кон ова наше барање и да помогне на граѓаните на Општина Кисела Вода. Во спротивно ние како ВМРО-ДПМНЕ продолжуваме со нашите активности и во наредниот период ќе ги радикализираме нашите барања се со цел да излеземе во пресрет на граѓаните на Општина Кисела Вода, дециден е Живковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-vednash-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-da-gi-odzeme-ingerenciite-na-opshtina-kisela-voda-vo-oblasta-na-urbanizmot-da-se-stavi-kraj-na-diveenjeto-na-temelkovski/feed/ 0
Живковски: Сведоци сме како на секое парче зеленило никнуваат згради заради скандалозните одобренија за градба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-svedoci-sme-kako-na-sekoe-parche-zelenilo-niknuvaat-zgradi-zaradi-skandaloznite-odobrenija-za-gradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-svedoci-sme-kako-na-sekoe-parche-zelenilo-niknuvaat-zgradi-zaradi-skandaloznite-odobrenija-za-gradba/#respond Sat, 05 Dec 2020 16:58:57 +0000 https://kurir.mk/?p=439351

Почитувани жители на општина Кисела Вода, драги соседи,За жал сите ние сме очевидци како во изминативе три ипол години нашата општина е окупирана од урбанистичкиот хаос воведен токму од градоначалникот Темелковски, изјави Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода. - Сведоци сме како на секое парче зеленило никнуваат згради, како поради скандалозни одобренија за градење се уриваат потпорни ѕидови и како животот на граѓаните на Кисела Вода се доведува во опасност. Од предизборните ветувања на Темелковски за ставање на ред во урбанизмот во општината останаа само лагите и празните зборови. Од животот за сите кои го ветуваа видовме само живот за бизнис елитата блиска до локалната власт. По чистиот воздух, гасификацијата, изградбата на паркови, урбаниот ред, изградбата на катните гаражи, училишта и градинки останаа само на хартија. Дополнително пак изминатите три ипол жителите се гушат во ѓубре и смет, вели тој. - Меѓутоа тоа не е се! За жал покрај предлог скандалозните ДУП-ови предложени од градоначалникот тој успеал во неговиот досегашен мандат да издаде спектакуларни 60 одобренија за градење на станбени згради. Повтортувам 60 одобренија за градење. За жал најголемиот дел од овие објекти се изградени или пак се наоѓаат завршна фаза. За жал целата општина е претворена во градилиште а повеќе катници никнуваат на речиси секое ќоше, додека пак зелени површини речиси повеќе и да нема.Како одговорна партија, како ВМРО-ДПМНЕ јавно бараме веднаш да се престане со неконтролираното градење низ општината Кисела Вода, посочи Живковски. - Го повикуваме Филип Темелковски итно и неодложно да престане да се однесува расипнички кон општината и кон жителите на Кисела Вода.Бараме за сите предлог ДИП-ови да се распише референдум, на на кој референдум граѓаните на Кисела Вода ќе го имаат последниот збор за евентуалното усвојување или неусвојување. Доколку не се одговори позитивно на ова наше барање во наредниот период ќе преземе порадикални чекори, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-svedoci-sme-kako-na-sekoe-parche-zelenilo-niknuvaat-zgradi-zaradi-skandaloznite-odobrenija-za-gradba/feed/ 0
Живковски: Во изминативе три години, Кисела Вода е претворена во главно упориште на урбаната мафија во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-vo-izminative-tri-godini-kisela-voda-e-pretvorena-vo-glavno-uporishte-na-urbanata-mafija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-vo-izminative-tri-godini-kisela-voda-e-pretvorena-vo-glavno-uporishte-na-urbanata-mafija-vo-skopje/#respond Sun, 15 Nov 2020 21:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=429976

“Дивеењето на моќниците блиски до градоначалникот Темелковски продолжува. Вечерва се случува обид да се заплаши локалното население во населба Пржино и да се спречи утрешниот протест против урбаниот хаос. За жал во изминативе три години Кисела Вода е претворена во главно упориште на урбаната мафија во Скопје” Фејсбук статус на Иван Медо Живковски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-vo-izminative-tri-godini-kisela-voda-e-pretvorena-vo-glavno-uporishte-na-urbanata-mafija-vo-skopje/feed/ 0
Живковски: Итно да се повлече предлог ДУП-от за Расадник кој предвидува повеќе од 120 згради и ќе го зголеми хаосот во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-itno-da-se-povleche-predlog-dup-ot-za-rasadnik-koj-predviduva-povekje-od-120-zgradi-i-kje-go-zgolemi-haosot-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-itno-da-se-povleche-predlog-dup-ot-za-rasadnik-koj-predviduva-povekje-od-120-zgradi-i-kje-go-zgolemi-haosot-vo-kisela-voda/#respond Sat, 19 Sep 2020 11:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=405535

Најпрво би сакал да ви се заблагодарам за вашето присуство на денешниот настан. Како што знаете ВМРО-ДПМНЕ, односно Општинскиот комитет Кисела Вода, денеска го организира овој протест со цел да го изразиме нашето незадоволство и револт против фамозниот и добро познат во медиумите предлог ДУП за новата населба во Расадник, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна претседателот на ОК Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Живковски. -Зошто протестираме? Предлог ДУП-от за Расадник предвидува повеќе од 120 згради од кои најголемиот дел се тринаесеткатници. Не предвидува никаква зелена површина и сметаме дека со евентуалното усвојување на предлог ДУП-от ќе се закочи во целост функционирањето на овој дел од градот, во кој што и онака владее безредие, владее урбан хаос, а општината буквално не презема ништо за регулирање на овие проблеми на граѓаните. Од евентуалното донесување на овој фамозен предлог ДУП би се населиле во новата населба повеќе од 20.000 граѓани,20.000 граѓани кои треба да гравитираат околу општината, 20.000 граѓани кои што ќе треба да влезат преку овие инфраструктурни патишта кои ги имаме во моментот и на тој начин би се блокирал и онака веќе постоечкиот хаос кој што владее веќе одамна во Кисела Вода. Ние се обидовме повеќе пати да апелираме до градоначалникот и до локалната власт да го повлечат ваквиот ДУП. ВМРО-ДПМНЕ не било и нема да биде против урбанизација, меѓутоа не на ваков начин и не во ваква форма. Најважното е да се каже дека со евентуалното изгласување на ваквиот предлог ДУП ќе придонесе за и онака загадениот воздух во овој дел на градот да биде уште поголем затоа што ќе спречи циркулација на воздухот од околните планински превои, вели Живковски. Тој додава дека ваквиот ДУП каков што е изработен претставува сериозен проблем за градот Скопје, не само за граѓаните на Кисела Вода, така да евентуалното негово донесување ќе биде уште еден дополнителен хаос пред се во општината Кисела Вода. -Ние и во минатиот период апелиравме да се повлече овој ДУП, меѓутоа градоначалникот Темелковски беше и остана нем на барањата на граѓаните, така да со овој протест го изразуваме нашето незадоволство, нашиот револт и доколку во најбрз можен рок не биде повлечен ваквиот предлог ДУП, ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ги радикализираат протестите низ целата општина и низ градот Скопје, потенцира Живковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-itno-da-se-povleche-predlog-dup-ot-za-rasadnik-koj-predviduva-povekje-od-120-zgradi-i-kje-go-zgolemi-haosot-vo-kisela-voda/feed/ 0
Живковски: Темелковски најави целосна санација на патека во Кисела Вода, а еве на прагот на летото како изгледа истата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zivkovski-temelkovski-najavi-celosna-sanacija-na-pateka-vo-kisela-voda-a-eve-na-pragot-na-letoto-kako-izgleda-istata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zivkovski-temelkovski-najavi-celosna-sanacija-na-pateka-vo-kisela-voda-a-eve-na-pragot-na-letoto-kako-izgleda-istata/#respond Sat, 06 Jun 2020 18:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=354565

Уште една лага на Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски!! Имено, во месец декември 2019 година, Темелковски спектакуларно најави целосна санација на трим патеката во Кисела Вода, со обврска дека истата ќе биде завршена оваа пролет, како и дека дополнително ќе бидат поставени реквизити и друга урбана опрема. Иако сме речиси на прагот на почетокот на летото, за жал од градежните зафати нема ни трага ни глас, а фотографиите подолу даваат јасна слика како изгледа деновиве патеката, пишува на својот Фејсбук профил Иван Живковски од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку трим патеката е изградена во 2007 година, истата е во вкупна должина од 2.200м2 и се протега од познатото стадионче "Вембли" а завршува во Урбаната Заедница 11 Октомври (бараки), кај булеварот Србија. Оваа трим патека претставува единствена патека од ваков тип во Општината, а за спорт и рекреација ја користат речиси една третина од граѓаните на Кисела Вода, особено жителите на Урбаните Заедници Цветан Димов, 11 Октомври - згради и 11 Октомври - бараки. Во време на постоење на вирусот Ковид - 19 спортувањето на отворено е единствениот начин за одржувањето на здравиот дух на жителите на Кисела Вода, но за жал поради катастрофалната локална власт и тоа право им е ограничено на граѓаните. Филип Темелковски јавно те повикувам, конечно излези од три годишниот карантин и направи бар нешто добро за граѓаните на Кисела Вода!, вели во својата објава Живковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/zivkovski-temelkovski-najavi-celosna-sanacija-na-pateka-vo-kisela-voda-a-eve-na-pragot-na-letoto-kako-izgleda-istata/feed/ 0
Живковски: Сите обиди за уцени и закани беа залудни, граѓаните на Кисела Вода избраа правда со убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-site-obidi-za-uceni-i-zakani-bea-zaludni-gragjanite-na-kisela-voda-izbraa-pravda-so-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-site-obidi-za-uceni-i-zakani-bea-zaludni-gragjanite-na-kisela-voda-izbraa-pravda-so-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne/#respond Tue, 07 May 2019 10:57:36 +0000 https://kurir.mk/?p=195082

Сите обиди за уцени, поткуп, насилство и закани од нашиот политички противник беа залудни и беа уште поголем поттик за граѓаните на Кисела Вода да се спротистават на тие обиди, порача Иван Живковски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Тој им честита на сограѓаните. -Кисела Вода победи, победивте вие. Избравте правда и избравте иднина. Поклон до земја за вашата одважност и храброст! Кисела Вода на овие избори повторно се роди како Феникс од својата пепел. ВМРО-ДПМНЕ освои 17.234 гласови и победи во Кисела Вода со разлика од 5.564 гласови. Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да живее Македонија, порача Живковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zivkovski-site-obidi-za-uceni-i-zakani-bea-zaludni-gragjanite-na-kisela-voda-izbraa-pravda-so-ubedlivo-vodstvo-na-vmro-dpmne/feed/ 0