иван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 05:59:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иван – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН: Среќен именден Иван, Ивана, Јане, Јана https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-ivanden-sreken-imenden-ivan-ivana-jane-jana/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-ivanden-sreken-imenden-ivan-ivana-jane-jana/#respond Fri, 07 Jul 2023 06:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=853889

Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана… На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја. Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет. Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет. За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-ivanden-sreken-imenden-ivan-ivana-jane-jana/feed/ 0
(ВИДЕО) „Тоа беше најлошиот роденденски подарок“, сведоштво на скопјанецот кој беше спасен на Халкидики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-toa-beshe-najloshiot-rodendenski-podarok-svedoshtvo-na-skopjanecot-koj-beshe-spasen-na-halkidiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-toa-beshe-najloshiot-rodendenski-podarok-svedoshtvo-na-skopjanecot-koj-beshe-spasen-na-halkidiki/#respond Mon, 08 Aug 2022 09:39:33 +0000 https://kurir.mk/?p=715541

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето. „Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат“, вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови. „Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час“. Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишува за грчката телевизија СКАИ. Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра. Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување. „Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок. Најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издишана. Беше разочарувачки“, вели Иван. „Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога“, изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал. Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија. Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-toa-beshe-najloshiot-rodendenski-podarok-svedoshtvo-na-skopjanecot-koj-beshe-spasen-na-halkidiki/feed/ 0
ВИДЕО: Иван по излез од болница: Бев повеќе од 20 часа во вода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ivan-po-izlez-od-bolnica-bev-povekje-od-20-chasa-vo-voda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ivan-po-izlez-od-bolnica-bev-povekje-od-20-chasa-vo-voda/#respond Tue, 12 Jul 2022 14:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=703982

30-годишниот Иван кој држејќи се за топка беше спасен од Егејското Море на Халкидики е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema. Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство. Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација. „Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау. Тој нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-ivan-po-izlez-od-bolnica-bev-povekje-od-20-chasa-vo-voda/feed/ 0
Еве чива е топката која му го спаси животот на Иван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-chiva-e-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-chiva-e-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/#respond Mon, 11 Jul 2022 16:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=703484

Кога 6 годишниот Танос и 11 годишниот Трифон заедно со своите родители ја изгубиле малата кожна топка на плажата Евгати на островот Лемнос, не можеле ни да претпостават дека таа 10 дена подоцна ќе му го спаси животот на Иван повеќе од 130 километри подалеку од нив. Според информациите на грчкиот портал Вориа.гр, на 30 јуни децата си играле со нивната омилена топка сè додека во одреден момент таа не им излегла од контрола и ја одвлекле морските струи. Всушност, еден пливач кој во тој момент случајно се нашол на местото на настанот се обидел да ја фати, но безуспешно. Девет дена подоцна, на 9 јули, 30 годишниот Иван, заедно со неговите двајца другари, Васил (25 г.) и Мартин (28 г.) го проиславувал својот роденден на плажата Митис, на првиот крак на Халкидики, Касандра. Васил и Мартин решиле да влезат во морето да се искапат, но додека да забележат дека морските струи се исклучително силни веќе било предоцна да се вратат. Иван сфатил дека нешто не е во ред. Гледајќи дека неговите пријатели се во опасност, 30-годишникот донел одлука да влезе во водата за да им помогне. Но, силните морски струи – кои ги спречуваат дури и мештаните да пливаат таму – го однеле и него. Васил успеа да го спаси грчката крајбрежна полиција уште истиот ден благодарејќи на една сурферка која го забележала во водата, а Иван и Мартин ги повлекле струите. Иван беше пронајден на 10 јули, по 18 часа поминати во водата држејќи ја истата кожна топка која Танос и Трифон ја загубиле 10 дена претходно на островот Лемнос оддалечен повеќе од 130 километри. Држејќи се за топката, Иван успева да остане на површината на водата многу часови, таа му помогнала да се одмори и да земе здив за да не попушти од исцрпувачкото, долгочасовно пливање. Во изјава за Вериа, Иван рекол дека топката, иако била полунадувана, му помогнала да остане жив. Фокусот на потрагата сега е третиот од групата, 28-годишниот Мартин по кој сè уште се трага. Според Вориа.гр тој е неискусен пливач, а веќе е во морето околу 40 часа. Сепак, како што покажа приказната со Иван и топката на Танос и Трифон, надежта последна умира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-chiva-e-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/feed/ 0
Топката која го спаси Иван – две деца ја изгубиле пред 10 дена во морските води https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/topkata-koja-go-spasi-ivan-dve-deca-ja-izgubile-pred-10-dena-vo-morskite-vodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/topkata-koja-go-spasi-ivan-dve-deca-ja-izgubile-pred-10-dena-vo-morskite-vodi/#respond Mon, 11 Jul 2022 15:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=703474

Топката што го спаси 30-годишниот Иван од водите на Егејското Море каде помина 18 часа како исчезнат кај Халкидики, стигнала во неговите раце од островот Лемнос, од каде што патувала по водата 10 дена, објавија медиумите од Солун. Според неверојатната приказна, топката била изгубена на плажата Евгати на Лемнос на 30 јуни од две деца, 6-годишниот Танос и 11-годишниот Трифон од Солун. Тие со родителите биле на плажата за време на летниот одмор и си играле со топката додека во еден момент не ја изгубиле контролата врз неа и морската струја ја оддалечила од нив. Дури и пливач кој бил во близина се обидел да им ја врати, но без успех. Нивната мајка вчера ја видела фотографија од топката што го спаси Иван и препознала дека е истата топка со таа на Танос и Трифон. Малата кожна топка, која била полуиздишана, му помогнала на Иван да остане на површината додека траеше потрагата по него на грчките служби. Таткото на 30-годишниот Иван, заедно со градоначалничката на Касандра, Анастасија Халкија, се фотографираа со среќната топка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/topkata-koja-go-spasi-ivan-dve-deca-ja-izgubile-pred-10-dena-vo-morskite-vodi/feed/ 0
Исповед на 30 годишниот Иван – во вода влегол да ги спаси другарите, а до детаљ ги раскажа и поминатите 20 часа на отворено море https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-do-detalj-gi-raskaza-i-pominatite-20-chasa-na-otvoreno-more/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-do-detalj-gi-raskaza-i-pominatite-20-chasa-na-otvoreno-more/#respond Mon, 11 Jul 2022 07:55:58 +0000 https://kurir.mk/?p=703104

Тоа што го доживеа на Халкидики потсетува на филм. 30-годишниот Иван пливал цели 20 часа и се држел за топка која случајно ја нашол во морето. 24 часа по спасувањето, тој опишува моменти кои ќе ги памети цел живот… Она што го доживеа на Халкидики додека не заврши неговото драматично спасување од морето ќе го памети засекогаш. 30-годишниот Иван, кој се нурнал за да ги спаси своите двајца пријатели, струите го однеле и се упатил кон Пелион. За негова среќа пронашол топка која, како што вели за newsit.gr, не била добро надуена. Но, таа беше спас за него, бидејќи можеше да го задржи и да земе здив. Без неа работите би биле уште потешки. Авантурата на тројцата млади момчиња од Северна Македонија на Халкидики ја шокираше цела Грција. Крајбрежната стража и волонтерски спасувачки тимови дадоа се од себе и двајцата беа пронајдени живи. Потрагата продолжува за пронаоѓање на третото лице. Спасувањето на 30-годишниот Иван вчера, недела 10.07.2022 година, на Халкидики, ги исполни со радост и неговото семејство кое беше во областа да учествува во потрагата, но и спасувачите кои му пријдоа и го извлекоа жив од морето. Добрата физичка кондиција и топката која ја нашол пред себе во морето биле она што го одржало во живот. По спасувањето, 30-годишникот е пренесен за прва помош во Здравствениот дом Касандра на Халкидики, а оттаму во болницата Папаниколау во Солун, каде што е и денеска. 30-годишниот Иван, кој е крајно загрижен за судбината на својот трет пријател, зборува за newsit.gr и ги опишува тешките моменти кои ги поминал сите тие часови во морето: – Мојата авантура буквално никогаш не заврши. Мачењето од брановите сè уште се гледа на моето тело, кое само полека пропаѓа од макотрпниот напор што го вложив со мускулите да се задржам. Бескрајното количество солена вода што го испив во морето и дехидрацијата што ја претрпев многу ми отежнуваат. Но, тука е и психолошкиот фактор во целото ова, што всушност е полошо, затоа и не размислувам толку за болката и сето тоа. Првиот повик за помош беше во 16:13 кога влегов во вода и се обидував да му помогнам на мојот пријател да се смири. – Ме најдоа следниот ден веднаш по 12.00 часот. Во морето бев околу 20 часа. Толку часови вознемиреност за мене и моите пријатели. И во исто време се обидувам да се спасам. Топката што ја најдов беше полунадуена и едвај се држев за неа со рака и останав на површината. – Сигурно ми помогна тоа што ја најдов топката, но она што навистина ми го спаси животот беа спасувачките тимови и од се срце им благодарам, заклучува 30-годишникот во сведоштво за newsit.gr. Потрагата за спасување на 28-годишникот продолжува и денеска на море и на копно и ѝ помагаат два брода на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили од воздух, како и спасувачи доброволци од OFKATH и Грчкиот спасувачки тим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ispoved-na-30-godishniot-ivan-vo-voda-vlegol-da-gi-spasi-drugarite-a-do-detalj-gi-raskaza-i-pominatite-20-chasa-na-otvoreno-more/feed/ 0
ФОТО: Топката која му го спаси животот на Иван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/#respond Sun, 10 Jul 2022 19:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=703001

Топката што случајно ја нашол во морето на Халкидики го одржала во живот цели 20 часа. Новите слики ги доловуваат кошмарните моменти доживеани од тројцата Македонци, во време кога потрагата по третото 28-годишно лице се уште трае. Животот на 30-годишниот Иван му го спасил чудо или подобро кажано топката која ја нашол во морето додека се борел за својот живот на Халкидики. Топка на надувување која ја држел сите тие кошмарни часови за да се одмори и да добие сила. – Топката која ќе ја памети вечно, по она што го помина. Младиот човек е во болница, како и неговиот 25-годишен пријател, кој прв беше спасен. Двајцата размислуваат за 28-годишниот кој останува исчезнат на Халкидики. Третиот од групата, кој според информациите без да знае да плива се нурнал на опасно место, по роденденската забава, пишуваат медиумите. Напладне се случи второто чудо. 30-годишниот Иван беше лоциран и спасен. Како што кажа, сиве овие часови ја држеше топката што ја гледате на следните фотографии и добиваше сила. Тој пиел вода од морето, но неговата здравствена состојба не предизвикува загриженост. Останува во болница на Халкидики и се обидува да се смири. Прашува за 28-годишникот кој е исчезнат, но засега нема добри вести. Со секој изминат час надежта сè повеќе се намалува. „30-годишниот Иван пристигна во болницата видно дехидриран, но неговата многу добра физичка кондиција и фактот дека беше искусен пливач му го спасија животот. Секако, голема улога имаше и топката што ја најде, која го одржуваше на површина. И тој одлично се снајде со ситуацијата, односно воопшто не се замори и не дозволи морските струи да го „поведат“ со себе, беше прилично мирен“, вели градоначалничката на Касандра на Халкидики, Анастасија Чалкија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-topkata-koja-mu-go-spasi-zivotot-na-ivan/feed/ 0
ОВОЈ ПРЕДМЕТ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ – 30 годишниот Иван успеал да преживее во водата само со помош на ова! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/#respond Sun, 10 Jul 2022 14:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=702868

30-годишниот Иван, еден од тројцата Македонци кои исчезнаа во Егејското море беше пречекан со аплауз штом стапна на копното. Како што пишува грчкиот весник „Прототема“, Иван бил пронајден жив и здрав околу 12.30 часот, и покрај тоа што околу 19 часа се борел со брановите во морската област во Посеиди на Халкидики. Младиот човек беше пречекан со овации од спасувачите и луѓето кои чекаа во брзата помош, додека во неколкуте зборови што ги кажа 30-годишникот напомена дека неговото спасување е најголемиот подарок за неговиот роденден. Неговиот татко и брат се нурнаа во неговите прегратки видно олеснети што сагата е завршена, а нивниот најдраг е здрав и здраав, пишува весникот. Како што 30-годишникот и’ рекол на градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкиа, која од првиот момент бeше на местото на настанот и’ го придружувaше до Здравствениот дом, тој успеал да преживее бидејќи пронашол топка која ветерот ја донел во морето, ја фатил и се држел за неа додека бродот не го забележал. „Многу сме среќни поради среќниот крај. Момчето е во добра здравствена состојба, прилично дехидрирано, но е добро“, изјави Чалкиа за protothema.gr. „Пред малку ми кажа дека успеал да преживее благодарение на топката што ја нашол во морето. Успеал да ја држи топката цели 19 часа. Тој е многу силно дете и е во добра форма, паметен и одлично се справуваше со себе“, нагласи таа. Младиот човек е многу среќен што успеал повторно да стапне на копно и се чини дека е во добра здравствена состојба и покрај неговата долга авантура. Тој, всушност, побарал од градоначалникот на Касандра да направат заедничка фотографија. Во исто време продолжува потрагата по третото момче од Македонија кое од вчера попладне се води како исчезнато во морската област во Посеиди, Халкидики. Од раните утрински часови на местото повторно се обиде да го лоцира хеликоптер на воздухопловните сили кој пред кратко време ја заврши истрагата, а упорно во моментов го бараат два брода на крајбрежната стража и пет приватни. Се започнало кога тројцата Македонци за време на роденденска забава на плажа вчера доцна попладне решиле да се нурнат во морето. Но, силниот ветер како и морските струи ги повлекле тројцата млади луѓе, така што тие не можеле да излезат на брегот и биле изгубени од видик од копно. Еден од тројцата членови на групата, на возраст од 25 години, уште вчера беше пронајден од брод и е безбеден, додека вториот беше лоциран денес, а по третиот се уште се трага. Некои од капачите на плажата сфатиле што се случило, но сето тоа се одвивало во неколку секунди и немале време да реагираат.Веднаш ги известиле надлежните и алармот бил вклучен за лоцирање на тројцата млади момчиња, пишува „Прототема“. Под координација на Единствениот координативен центар за пребарување и спасување, на местото на настанот пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и доброволци на грчкиот спасувачки тим и започнале со потрага по лицата. Претходно, вчера 25-годишникот бил пронајден жив со помош на сурфер кој нурнал во водата и го држел додека не пристигнал бродот на крајбрежната стража. Според информациите, здравјето на младиот човек кој бил спасен и пренесен во болница не е во опасност. „Местото е премногу опасно за тоа и локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно. Бранот ги зафати. Еден од групата беше пронајден со помош на сурфер кој влегол во морето да го бара и го држел додека бродот на крајбрежната стража не го одвел“, рече градоначалничката, нагласувајќи дека штом ќе падне темнината ќе биде многу тешко да се продолжи со потрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoj-predmet-mu-go-spasil-zivotot-30-godishniot-ivan-uspeal-da-prezivee-vo-vodata-samo-so-pomosh-na-ova-video/feed/ 0