ивана ефремовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Sep 2021 08:49:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ивана ефремовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МОРА(л)на! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/mora-l-na/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/mora-l-na/#respond Fri, 10 Sep 2021 11:06:40 +0000 https://kurir.mk/?p=561950

Се сеќавам дека кога Венко Филипче дојде на министерското столче верував дека додека е добар доктор, не може да биде лош министер. Но одамна си дозволив да оценам дека се случи спротивното, па политичарот го погази докторот. Дека Венко Филипче е професионалец кога носи бел мантил, тоа никој не може да му го одземе, освен самиот себе. Но дека Венко Филипче се загуби во политиката додека носи кошула, и тоа е исто така факт. Година и пол дебатираме како министерот за здравство се справи со менаџирање на корона кризата во Македонија. Сите се правевме доктори и експерти додека коментиравме политика. Зошто доцнеа вакцините, зошто условите за лекување беа лоши, зошто мерките беа катастрофални, зошто рестрикциите не го дадоа посакуваниот ефект и зошто истите ги немаше кога беше најпотребно? Си ги поставувавме овие прашања додека читавме загрижувачки извештаи за заразени и починати од коронавирус во Македонија. Сите бевме вознемирени, некои немаа страв, други од страв развија анксиозност и панични напади. Едни се вакцинираа, други се против. И тоа мора да биде ЛИЧЕН избор на поединецот. Живеевме така секој ден, од март 2020-та година. Коментиравме колку се заразиле, колкумина оздравеле. И одеднаш, една кобна ноќ, ни се одзема и разум и срце. Болка која не се опишува и трагедија од невидени размери се случи во Македонија. 14 лица во ковид-центарот ИЗГОРЕА ЖИВИ. Починаа на местото каде дојдоа да се спасат од болест. Таму каде дојдоа да бараат помош, таму од каде што семејствата ги чекаа да излезат живи и здрави. Не треба многу да зборувам за тоа што се случи таа ноќ во Тетово. Сите бевме сведоци на ХОРОР филм во живо. И сите подеднакво го доживеавме тоа. Ни останува да чекаме истрага од институции и поединци. Но изгледа министерот Филипче не се информирал каква истрага следува и што истата треба да покаже и докаже. Па ќе чека, како што самиот вчера соопшти, истрагата да покаже дали тој треба да си поднесе оставка. Народот од Филипче бараше МОРАЛНА одговорност, а институциите и обвинителството можат да му побараат КРИВИЧНА одговорност. Морал или имаш или немаш. Ги видов вчера моите колеги, новинари, како со неверување ги слушаат одговорите кои Филипче ги даваше на нивните прашања. Докторот кој знае како со пациентите кои лежат на стол за операција, мора да знае дека граѓаните не се под анестезија. Дефиницијата на Википедија вели: Морал — збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Моралот разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во филозофијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се однесуваат. Моралот е една од најважните карактеристики на човекот. Друга дефиниција за моралот гласи дека моралот е збирот од постапки со кој се препознава што е добро и така да се однесува, а што е лошо и така да се оценуваат постапките на другите.  Моралот има три извори:
  • првиот извор е општеството(заедницата), што значи дека мнозинството луѓе се сложиле што е добро и така ќе постапуваат.
  • вториот извор е самиот човек(единката) кој го создава моралот според сопствени идеи и постапки, но и овој морал се оценува во заедницата.
  • третиот извор можат да бидат сознанијата од минатотои од целиот свет, се мисли на мудростите и искусувањата од минатото за прашањата на доброто и злото.
Облици на изразување на моралот: моралните судови, правила, вредности, однесување, СОВЕСТ, карактер и должностите. *** Не е потребна некоја посебна интелигенција или образование, по основната дефиниција, да сфати секој дека Филипче ако имаше СОВЕСТ и МОРАЛ вчера требаше да изјави: „Од морални причини, до завршување на истрагата, давам оставка од функцијата министер за здравство на Република Македонија“. Но тој изјави: „Имаше повици за моја оставка. Дозволете да кажеме дека од одговорност не бегам ниту ќе бегам. Но ќе чекам да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на кризата околу кризата во Тетово, сето тоа што значи процес на завршување на обдукционите наоди. По завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина се сочувствувам со сите членови на семејствата на загинатите, но ќе чекам да заврши истрагата“. После ваква трагедија и по, СЕ НАДЕВАМ, независна истрага, нема да има време за одлуки. Јавното обвинителство не може да одлучи дали некој има морална одговорност. Краен рок за поднесување на морална оставка беше вчера, на прес-конференција. Секоја секунда потоа е предоцна. Не е само министерот Филипче на листата функционери кои требаше да покажат доблест и да признаат дали ги прекршиле моралните норми, како што нема да биде Филипче осамен додека чека официјален извештај кој поединец има барем трошка вина за трагедијата од невидени размери, за црниот 8-ми септември. Но се чини, од докторот Филипче, најмногу очекувавме таква одлука. По којзнае кој пат политичарот го потисна здравствениот работник и му го урна кредибилитетот и достоинството. Кога гневот во душата ќе ни помине и емоциите од трагедијата ќе стивнат, сите ние ќе се вратиме на секојдневието. Но тие 14 семејства ќе останат завиени во црно, а горчината ќе ја чувствуваат додека се живи. Никаква одговорност и оставка, никаков епилог од истрагата, нема да ја намали нивната болка. *** Коронавирусот зеде жртви и од моето семејство, како и од мои познаници. Немав можност да се поздравам со никој од нив, ниту па достоинствено да ги испратиме во вечните почивалишта. Почитувавме мерки и рестрикции. Дел од членовите на моето семејство многу тешко поминаа додека се лекуваа и одлично сум информирана во какви услови беа хоспитализирани, како доаѓавме до лекарска помош и до лековите кои не можеа да се најдат. Филипче вчера изјави дека му е тешко да ги опише чувствата кои ги има по трагедијата во Тетово. На сите ни е тешко, министре. Чувствувам тага и лутина, борејќи се и сама со последиците кои коронавирусот ми ги остави. И од прва рака, од лично искуство знам дека кобниот 8-ми септември не е единственото што сите засегнати треба да го имате како тест на сопствениот морал. Од дното на душата изразувам сочувство до семејствата на загинатите. НЕКА ПОЧИВААТ ВО МИР   И. Ефремовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/mora-l-na/feed/ 0
Тие молчат затоа што вие премногу зборувате! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tie-molchat-zatoa-shto-vie-premnogu-zboruvate/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tie-molchat-zatoa-shto-vie-premnogu-zboruvate/#respond Mon, 01 Feb 2021 11:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=462365

Престанете да прашувате зошто молчеле! Престанете да прашувате каде биле, со кого седеле и како биле облечени! Престанете да им кажувате што треба да објавуваат на социјалните мрежи! Престанете да ги обвинувате за што било, престанете да ги повикувате нивните родители и врсници! Престанете да прашувате зошто по долг молк, сега решиле да обелоденат што преживеале! Тие молчат затоа што вие премногу зборувате... Жртвите на насилство од секаков вид (физичко, психичко, сексуално) најчесто молчат од страв. Се плашат од осуда, се плашат дека никој нема да им верува, се плашат од коментарите на околината или од реваншизмот на насилникот. Се плашат дека нема никој да ги заштити, се плашат дека ќе им се поставуваат многу прашања на кои не сакаат да одговорат. И сето ова навистина се случува. Оправдани биле нивните стравови. И затоа имаат право да се плашат. Имаат право и да молчат, имаат право да зборуваат, па дури и да врескаат на цел глас. Имаат право сами да одлучат кога ќе прозборат. Жртвите не сакаат да бидат жртви. И со ништо не заслужиле да бидат жртви. Дали биле блиски или непознати со предаторот, дали носеле мини бикини или плус-сајз тренерки, тоа е нивна работа. Не е ваше да им судите што ќе облечат. Не може нивната облека и нивниот изглед да биде тема за дискусија зошто биле тепани или силувани. Прашувате зошто молчеле, а кога ќе прозборат, со вашиот однос, ги терате да се покајат што не молчеле подолго. Вашите осуди се ново преживување на насилството, нови удари и посилна болка. Молчат затоа што знаат во какво општество живеат. Немаат доверба во институциите и се плашат од реакцијата на околината. Молчат бидејќи не знаат што да кажат. Молчат бидејќи не знаат кому да кажат. Молчат бидејќи не знаат како да кажат. Молчат бидејќи не знаат кога да кажат. Молчат затоа што не се подготвени да зборуваат! И само тие знаат колку е тоа тешко! Жртвите имаат име и презиме, семејство, работа, пријатели, емоции. Имаат и страв, сомнеж, неизвесност, болка, огорченост, немир! Имаат човекови права, имаат законски права. Имаат право да одлучат кога е време да се соочат со хоророт кој го доживеале, со лицето на монструмот, со сите душегрижници кои секогаш имаат што да кажат и што да замерат. Кога тие ќе одлучат да прозборат, ние мора да научиме да молчиме. Врзете го јазикот кој нема што добро или утешно да каже. Затворете ја устата која плука ако плунката е насочена кон некој што и без вас, доволно е понижен. Јавната соба ни го исфрли на виделина трулежот на општеството – начинот на кој изреагиравме за лицата кои бараат фотографии од малолетнички, полнолетните кои станаа мета за напади, оние кои молчеле и оние кои прозбореа, оние кои истрчаа да помогнат и оние кои од монструмите направија жртви, а од жртвите направија виновници. Скандалите од нашето опкружување, кога беа обелоденети силувања многу години подоцна од монструозниот настан, ја исфрлија на виделина сенката на општеството. Излегоа на виделина јавните, темни тајни. Жртвите доживеаја ново насилство, овој пат психичко, од оние кои требаше да им дадат поддршка за храброста или да молчат. Прашувајќи ги зошто молчеле, сами го дадовте одговорот. Тие молчеле затоа што знаат дека вие премногу зборувате. Заштитете ги ќерките, едуцирајте ги синовите, не ги осудувајте родителите, верувајте им на децата, кренете го гласот, спуштете ја раката, отворете ја душата и разбистрете го мозокот. Си даваме совети за поддршка или утеха, совети кои самите не ги слушаме или гледаме. Да направиме нешто денес затоа што утре може да биде доцна. Утре ТАА може да бидеш ТИ, утре ТИЕ можат да бидат НИЕ.   Ивана Ефремовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tie-molchat-zatoa-shto-vie-premnogu-zboruvate/feed/ 0