Ивана Ололовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jul 2021 11:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ивана Ололовска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 MOZZART преку акцијата „Милион причини за гол“ донираше два милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/#respond Fri, 23 Jul 2021 11:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=540894

Македонската фудбалска репрезентација ова лето имаше историски настап на Европското првенство. Погодоците на Пандев и Алиоски донесоа голема радост на целата нација, но и одличен износ во хуманитарни цели. Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ каде за секој погодок на нашите репрезентативци донира милион денари во хуманитарни цели. Промотер на кампањата беше македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).
„Ми претставува огромна чест што бев дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart. Сите навивавме со цело срце за нашите репрезентативци, но со кампањата „Милион причини за гол“ имавме дополнителна причина да навиваме за што повеќе голови. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви акции преку кои ќе се помага онаму каде што е потребно.“ – изјави Дарко Панчев.
Донацијата од еден милион денари за „Борка“ ја прими Биба Додева, претседател на здружението.
„Навистина сме пријатно изненадени, му благодариме на Дарко Панчев за предлогот и на Mozzart за оваа донација. На болните од рак им е потребна нашата поддршка, сега повеќе од било кога. Малигнитетот за жал е се уште причина број еден за смртност во светот.  Донираните средства ќе ни помогнат да продолжиме со нашите активности и да помагаме и влијаеме за суштински промени во нашиот здравствен систем. Квалитетни лекови, навремени прегледи и здравство достапно за сите е тоа кон што целиме. Среќни сме што ја препознавте нашата работа, општествени и одговорни компании и личности се клучни за нашата борба. Уште еднаш големо благодарам од името на сите Борки!“ – изјави Биба Додева, претседател на здружението.
На свеченото предавање на донацијата за „Дајте ни крилја“ присуствуваа Ребека Јанковска Ристески – почесен претседател на здружението и Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Во името на Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ – Скопје, би сакала да ја изразам нашата огромна благодарност до компанијата Mozzart. Уште еднаш се убедивме дека се уште постојат општествено одговорни компании како Mozzart, кои знаат да ја препознаат оваа маргинализирана група на граѓани која ја застапуваме ние и да го дадат својот придонес во подобрување на нивниот секојдневен живот. Се надеваме дека овој позитивен и хуман  гест  ќе биде пример и поттик и за останатите  компании да го дадат својот придонес за овозможување на достоинствен живот на оваа група на граѓани.“ – изјави Катарина Ивановиќ, претседател на здружението Дајте ни крилја.
„Навистина сме среќни кога успеваме да ги поврземе спортот и желбата да помогнеме некому. Би сакала да се заблагодарам на нашата фудбалска легенда Дарко Панчев што ја поддржа акцијата „Милион причини за гол“ каде преку донации во одбраните здруженија барем малку ќе создадеме насмевка на лицата и ќе го олесниме животот на поединците.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-preku-akcijata-milion-prichini-za-gol-donirashe-dva-milioni-denari/feed/ 0
Mozzart со донација во Специјалниот завод Демир Капија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-so-donacija-vo-specijalniot-zavod-demir-kapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-so-donacija-vo-specijalniot-zavod-demir-kapija/#respond Tue, 13 Jul 2021 11:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=536052

„Секоја помош за нас е од огромно значење и секогаш добредојдена, особено кога се работи за ваква донација од предмети кои се неопходни за функционирањето на домовите во подобри услови.“ – изјави директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска. 
Компанија Mozzart реализираше голема донација во Специјалниот завод Демир Капија и со тоа ги продолжи општествено одговорните активности кои континуирано ги реализира онаму каде што е најпотребно. Донацијата во материјални добра беше испорачана на адреса на Специјалниот завод, која потоа ќе биде подеднакво распределена во четирите станбени единици дисперзирани во Скопје, Неготино и Тимјаник, а во чии домови се сместени малолетни штитеници на домот со пречки во развојот. Донацијата е составена од техника и потрошни добра за секоја од станбените единици за кои истакнаа дека имаат најмногу потреба, меѓу кои се вклучени: лаптоп компјутери, печатачи, правосмукалки, блендери, пасатори, музички системи, голема количина на средства за лична хигиена, заштитни маски, хигиенски ракавици, средства за дезинфекција, како и разни едукативни материјали, сетови за цртање, забава и разонода на малите штитеници на домот.
„Огромна благодарност до компанијата Mozzart за оваа голема донација која ја насочи кон станбените единици од Специјалниот завод Демир Капија, каде се згрижени малолетните штитеници на домот. Секоја помош за нас е од огромно значење и секогаш добредојдена, особено кога се работи за ваква донација од материјални добра кои се неопходни за функционирањето на домовите во подобри услови. Лаптоп компјутерите и музичките системи ќе се искористат за едукација и разонода на дечињата, како и големата количина на едукативни материјали и прибори за цртање и забава. Останатиот дел од техниката се употребува на дневно ниво и обновувањето на сите овие елементи е од огромно значење за нас.“ – изјави директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска.
Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, изминатиот период реализираше голем број на донации во разни установи и организации во различни региони во државата.
 „Се надеваме дека оваа донација насочена во ЈУ Специјален завод Демир Капија ќе биде од голема помош и ќе придонесе во создавање на подобри услови за живот на штитениците во дисперзираните станбени единици. Континуираната грижа за општеството во кое делува Mozzart е една од главните вредности кои оваа компанија ги негува. Како општествено одговорна компанија помагаме и ќе продолжиме да помагаме секаде каде што тоа е потребно.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во компанијата Mozzart.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-so-donacija-vo-specijalniot-zavod-demir-kapija/feed/ 0