иванов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 07:27:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иванов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судот во Стразбур ќе се изјасни за поништената аболиција на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/#respond Thu, 16 Feb 2023 07:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=801095

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска треба да ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Судот во Стразбур треба да се изјасни по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија. Станува збор за аболицијата на Иванов од април 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Од днешената одлука на Европскиот суд ќе зависи дали предметите на СЈО и судењата кои произлегоа од нив ќе продолжат или ќе запрат, а обвинетите и осудените ќе бидат аболирани. Доколку обвинетите и осудените лица бидат прогласени за жртви, државата можеби ќе треба да им плати и обесштетување. Поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, вели дека се ќе зависи што ќе биде наведено во самата одлука и што ќе биде понатаму обврска на државата или како тоа ќе се реперкуира на целокупната политичка ситуација во земјата. -Стразбур носи пресуда во која што се утврдува дека има повреда или нема повреда. Доколку утврди дека има повреда, тогаш треба да се види во што е таа повреда дали е процедурална или е суштинска повреда во мерит. Ако е процедурална тогаш странките имаат можност да бараат повторување на постапката, но повторно зависи што е процедурална повреда. Ако е повредата во мерит, треба да се види што е самата повреда и во зависност од тоа треба да се испитува дали треба да дојде до промена на законодавство или носење на нови закони, изјави за „Локално“ судијката Николовска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/feed/ 0
Момировски до Иванов: Зошто луѓе од СДСМ и владата наеднаш во пресрет на изборите на социјалните мрежи почнаа да користат само Република Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momirovski-do-ivanov-zoshto-lugje-od-sdsm-i-vladata-naednash-vo-presret-na-izborite-na-socijalnite-mrezi-pochnaa-da-koristat-samo-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momirovski-do-ivanov-zoshto-lugje-od-sdsm-i-vladata-naednash-vo-presret-na-izborite-na-socijalnite-mrezi-pochnaa-da-koristat-samo-republika-makedonija/#respond Wed, 12 Feb 2020 20:28:37 +0000 https://kurir.mk/?p=303114

На прашање на новинарот Зоран Иванов до неговиот колега Момировски зошто министерката Мизрахи не го почитува Преспанскиот договор, а е на висока државна функција Момировски му одговори: -Гледам дека не сте многу по социјалните мрежи колега Иванов. И не следите што се случува последниве денови. Одеднаш луѓе влијателни и луѓе од влада запреа да го користат името Северна Македонија на кое инсистираа, и во пресрет на изборите почнаа да користат само Македонија. Тогаш кажете ми каква порака праќаат тие министри и незнам кои луѓе од СДСМ и владата, праша Момировски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/momirovski-do-ivanov-zoshto-lugje-od-sdsm-i-vladata-naednash-vo-presret-na-izborite-na-socijalnite-mrezi-pochnaa-da-koristat-samo-republika-makedonija/feed/ 0
Иванов од Детроит: Секој има право да го бојкотира референдумот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-od-detroit-sekoj-ima-pravo-da-go-bojkotira-referendumot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-od-detroit-sekoj-ima-pravo-da-go-bojkotira-referendumot/#respond Sun, 23 Sep 2018 11:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=104717

Два пати ја добив довербата на граѓаните за да не дозволам промена на Уставот со цел промена на уставното име, да не прифаќам идеи и предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Не отстапувам од тоа мое ветување. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам, порачал претседателот Ѓорге Иванов пред Обединетата Македонска Дијаспора во Детроит, соопшти Кабинетот на Претседателот. Претседателот Иванов навел дека согласно член 7, став 3 од Законот за референдум, никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум. Секој граѓанин, рекол Иванов, има право да одлучи како ќе постапува во однос на овој референдум, да излезе и да гласа, или, пак да не излезе и да бојкотира. -Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од оние кои го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Не отстапувам од таа моја одлука. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам. Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, положив свечена изјава дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не отстапувам од таа моја заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам, потенцирал македонскиот претседател. Иванов порачал дека во согласност со Уставот на Република Македонија, сувереноста извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. - Немојте да дозволите некој тоа право да ви го одземе, немојте да дозволите некој да ве десуверенизира. Не дозволувајте некој друг да ви ја контролира вашата свест и вашата национална гордост, истакнал македонскиот претседател. Како што стои во соопштението, Иванов потнцирал дека прашањето за името и идентитетот е постаро и поскапо од секој Устав, од секоја Влада, од секоја партија, од секој претседател, од секој поединечен интерес. - Имајќи го сево ова предвид, навел, јас ја донесов мојата одлука. Верувам и убеден сум дека и граѓаните на Република Македонија на 30 септември ќе донесат исправна и мудра одлука. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-od-detroit-sekoj-ima-pravo-da-go-bojkotira-referendumot/feed/ 0
Иванов одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во Детроит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-odrza-predavanje-na-drzavniot-univerzitet-vejn-vo-detroit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-odrza-predavanje-na-drzavniot-univerzitet-vejn-vo-detroit/#respond Sat, 22 Sep 2018 09:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=104466

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на престижниот Државен универзитет Вејн во Детроит. Македонскиот претседател, кој беше најавен како поддржувач на принципите на пазарната економија и политичкиот плурализам, говореше на тема „Раѓањето на нов свет: Предизвици и можности за генерациите Y, Z и Алфа“, соопшти прес-службата на Кабинетот на Иванов. Зборувајќи за предизвиците и можностите на новите генерации низ призмата на познатите филозофи, Иванов ги објаснуваше промените во светот, предизвикани од брзиот напредок на технологијата, миграцијата, демогафијата, климатските промени. - Настапува период на пост-демократија. Тоа не е недемократија, туку демократијата ќе влезе во поинаква фаза кога ќе се види дека на неа не делуваат толку тие што ги избираат политичарите, туку спин докторите. Спин доктори се креатори на политиките, програмите и активностите на политичарите, рече претседателот Иванов. Говорејќи за големата криза од 2008 година и за причините поради која се случија промени, и во реалноста и во размислувањата, тој посочи дека се загубила етиката и ги охрабри младите да го искористат својот потенцијал, во ова време на хиперповрзаност во дигитално трансформиран свет. Според македонскиот претседател таквиот нов свет на sharing philosophy, block-chain технологии и старт ап бизниси, го создаваат младите дигитални генерации, преку социјалните мрежи. - Знаењето нема смисла ако не се користи, тоа треба да има апликативна функција, да го примените тоа знаење, да ви користи во животот. Се претпоставува дека едно од тие најтајни учења е дека се што е човекова креација, се што е создадено од човек, без разлика дали е политика, спорт, војна, медицина, култура, сè подлежи на исти четири правила. Ако ги почитувате, секој пат ќе најдете решение за сè. Тие четири златни правила се состојат од четири мудрости: бидете трпелив, учете од другиот, искористете го моментот и четврто, ако сакате да успеете бидете подготвени за жртва“, изјави Иванов. Пред студентите, македонскиот претседател истакна дека е восхитен од нивната самодоверба, храброст и подготвеност, да бидат социјално активни за бројни прашања, но истовремено им порача да го канализираат уникатниот потенцијал на нивната генерација за достигнување на трајни вредности. Државниот универзитет Вејн, основан во 1868 година, е меѓу топ 50-те американски државни универзитети за истражувачка дејност. Во рамките на овој универзитет е Мајк Илич Бизнис Школата, која го носи името во чест американскиот бизнисмен со македонско потекло Мајк Илич. За време на престојот во Детроит, на претседателот Иванов ќе му биде врачена наградата Глобален државник, највисоко признание што го доделува Обединетата македонска дијаспора. Посетата на македонскиот претседател на САД е по повод учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде е предвидено да се обрати на 27 септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-odrza-predavanje-na-drzavniot-univerzitet-vejn-vo-detroit/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува неуставниот закон е единствено исправна одлука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odlukata-na-pretsedatelot-ivanov-da-ne-go-potpishuva-neustavniot-zakon-e-edinstveno-ispravna-odluka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odlukata-na-pretsedatelot-ivanov-da-ne-go-potpishuva-neustavniot-zakon-e-edinstveno-ispravna-odluka/#respond Sat, 24 Mar 2018 08:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=32703

Зоран Заев и СДСМ ја киднапираа државата и го деградираа правниот систем. Не ги интересира ниту Устав, ниту закон. Нив ги интересираат само функциите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата повторува дека Законот за јазици е неуставен, неприменлив и на штета на граѓаните и државата. Одлуката на претседателот Иванов да не го потпишува е единствено исправна одлука. -ВМРО-ДПМНЕ апелира дека секој обид за негово објавување во службен весник и стапување на сила без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси одговорност. Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава, се вели во соопштението. Зоран Заев, нагласуваат од опозициската партија, ги излажа граѓаните на 17-ти мај кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот. -Зоран Заев го доби мандатот благодарение на неговата гаранција дека нема да работи во спротивност со Уставниот поредок на државата и нема да го менува Уставот. Зоран Заев и СДСМ го погазија  Уставот и законите, само за да ја одржат својата коалиција со ДУИ. Се што ветија, се излажаа. Само за да ја покријат оваа антидржавна политика, Заев и СДСМ монтираат политички обвиненија за тероризам, обидувајќи се да ги заплашат сите кои размислуваат поинаку и гласно се спротиставуваат на распродавањето на државните и национални интереси. Патриотите кои се во притвор за случувањата од 27 април не се терористи. Судовите не смее повеќе да бидат слуги на Зоран Заев. Мора да ја согледаат фактичката состојба и доказите и да ги ослободат политички прогонетите, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-odlukata-na-pretsedatelot-ivanov-da-ne-go-potpishuva-neustavniot-zakon-e-edinstveno-ispravna-odluka/feed/ 0