ивап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Aug 2021 12:31:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ивап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИВАП реагира на новите мерки, бара нивно прецизирање и да се дозволи влез на настани со негативен ПЦР тест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-reagira-na-novite-merki-bara-nivno-preciziranje-i-da-se-dozvoli-vlez-na-nastani-so-negativen-pcr-test/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-reagira-na-novite-merki-bara-nivno-preciziranje-i-da-se-dozvoli-vlez-na-nastani-so-negativen-pcr-test/#respond Thu, 19 Aug 2021 12:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=552624

Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) остро реагира на недореченостите во новите мерки против КОВИД и бара нивно допрецизирање. Воедно забележува дека се донесени без никакви консултации со секторот. Според ИВАП, Владата треба да има предвид дека активностите во дејноста организирање настани се планираат со недели однапред и не е едноставно да се менуваат правилата од денес за утре. Дали само посетителите на настан треба да поседуваат потврда за прележан КОВИД или вакцинација или се бара за сите вклучени во настанот (технички тим и учесници), како ќе се третираат настаните што се без влезници, во парк или на плоштад, дали од секој што ќе помине на настанот ќе треба да бараме потврда, дали имаме право да легитимираме на влез на настан за проверка на совпаѓање на потврдата и доколку не, кој ќе одговара ако некој прикажал лажна потврда, дали доколку на настанот учествува странец кој до први септември може без проблем да влезе во земјата, смее да посети угостителско објект и дали по први септември, кога за влез во земјава меѓу другото ќе биде дозволен ПЦР тест, ќе може да се влезе на настан или ресторан со истата потврда или тие гости нема да имаат право на влез, се само некои од прашањата на кои ИВАП бара децидни одговори. По примерот на другите земји, Асоцијацијата бара и да се дозволи влез на настани со потврда за негативен ПЦР тест, брзи тестови на влез, вклучително со останатите потврди кои се во сила. -Владата треба да има предвид дека со ваквиот начин на носење мерки само дополнително ја усложнува и онака тешката ситуација која трае 17 месеци. Замислете, планирате настан со странски гости, сте направиле уплати и сега одеднаш преку ноќ се носат мерки кои никому не му се јасни .Нашата работа е сериозно погодена од пандемијата, а мерките дополнително ја усложнуваат и онака тешката состојба. Доказ за тоа се низа откажани настани во последен момент, бидејќи дел од колегите сметале дека нема да можат да ги спроведат мерките. Како ќе се покријат трошоците направени за реклама, исплатени хонорари, продадени билети, закупени простори?, реагираат од ИВАП. Организаторите на настани бараат да бидат консултирани и однапред известувани за носењето нови мерки и за нивното спроведување. -Никој подобро од нас не може да знае дали мерките можат да бидат спроведени и како тоа ќе се одрази на нашата работа. Уште еднаш потенцираме дека ги поддржуваме напорите за спречување на вирусот и дека сме во постојан контакт со колегите од целиот свет каде правилата се јасни и прецизни за влез на настани, наведува ИВАП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-reagira-na-novite-merki-bara-nivno-preciziranje-i-da-se-dozvoli-vlez-na-nastani-so-negativen-pcr-test/feed/ 0
Ивент индустријата реагира: Исплатени 0 денари помош, институциите се сеќаваат на нас само кога треба да ни блокираат сметки за неисплатени плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-reagira-isplateni-0-denari-pomosh-instituciite-se-sekjavaat-na-nas-samo-koga-treba-da-ni-blokiraat-smetki-za-neisplateni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-reagira-isplateni-0-denari-pomosh-instituciite-se-sekjavaat-na-nas-samo-koga-treba-da-ni-blokiraat-smetki-za-neisplateni-plati/#respond Wed, 02 Jun 2021 10:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=518065

Ивент индустријата вели дека нивниот сектор се уште е оневозможен да работи и по речиси 15 месеци од пандемијата. -Пред речиси два месеца Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но фактите и реалната ситуација го говорат следното: На 12 април Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата, досега се исплатени 0 денари. На 21 април беше објавен Јавен повик за организирање на настани, за жал резултати нема, а помош 0 денари. Рокот кој ние како компании го добивме за подготовка на проектите беше пократок од оној кој Владата си го додели за евалуација на истите. На 12 мај Владата објави Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивент индустријата, но резултати нема, а исплатена е помош од 0 денари, велат од ИВАП Оттаму додаваат дека се уште немаат информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош. -Единствена помош што ја добивме беше онаа наменета за целото стопанство. Дел од нас можеа да искористат помош за исплата на плати (8 плати за вкупно 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Од каде плати за останатите 7 месеци без помош? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење? Ги прашуваме претставниците на Владата дали мислат дека сме алхемичари? Дали некогаш се запрашаа како преживуваат нашите компании? И покрај тоа што од првиот ден на пандемијата укажувавме дека ќе дојдеме до оваа состојба, никој не сакаше да не слушне. За целиот овој период покажавме конструктивност и кооперативност, предлагавме мерки и модели, но за жал резултатот е дека нема помош, велат од ИВАП. За разлика од останатите дејности во стопанството, вклучувајќи го и угостителството кое од првиот ден на релаксирање на мерките работи, јавноста е сведок дека нема настани, нема концерти, а со тоа нема ниту работа за нас. -Вистина е дека институциите навремено и ажурно се сеќаваат на нас, но само кога ќе треба да ни пратат опомена за плаќање на даноци, да ни блокираат сметки за неисплатени плати,  за подмирување на сите останати обврски. Бараме до Владата итна и без одлагање реализација на мерките кои ни беа понудени како помош, децидни се од ИВАП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-reagira-isplateni-0-denari-pomosh-instituciite-se-sekjavaat-na-nas-samo-koga-treba-da-ni-blokiraat-smetki-za-neisplateni-plati/feed/ 0
ИВАП пак на протест пред Влада: Никој не покажа подготвеност за надминување на проблемите, може им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivap-pak-na-protest-pred-vlada-nikoj-ne-pokaza-podgotvenost-za-nadminuvanje-na-problemite-moze-im-se-dopagja-muzikata-koja-ja-pushtame-pa-sakaat-da-prodolzime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivap-pak-na-protest-pred-vlada-nikoj-ne-pokaza-podgotvenost-za-nadminuvanje-na-problemite-moze-im-se-dopagja-muzikata-koja-ja-pushtame-pa-sakaat-da-prodolzime/#respond Wed, 14 Apr 2021 10:25:49 +0000 https://kurir.mk/?p=497017

Претставниците на секторот за организација на настани и денес ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот. -Досега никој не нé контактираше ниту пак некој покажа подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата. Можеби им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме. Инаку, ИВАП е членка на Паневропската Алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и ќе биде известена за третманот кон оваа значајна општествена гранка. Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел каде ивент индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната, велат од ИВАП. Тие протестираат веќе трет ден пред Владата. Истакнаа дека нивните компании се пред колапс со над 62 проценти пад на прометот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivap-pak-na-protest-pred-vlada-nikoj-ne-pokaza-podgotvenost-za-nadminuvanje-na-problemite-moze-im-se-dopagja-muzikata-koja-ja-pushtame-pa-sakaat-da-prodolzime/feed/ 0
ПРОТЕСТ НА ИВЕНТ ИНДУСТРИЈАТА: Компаниите пред колапс, бараат помош од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ivent-industrijata-kompaniite-pred-kolaps-baraat-pomosh-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ivent-industrijata-kompaniite-pred-kolaps-baraat-pomosh-od-vladata/#respond Mon, 12 Apr 2021 11:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=495952

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска протестираат пред Владата со барање да се најде решение за состојбата на овој сектор којшто поради пандемијата и ограничувањата за работа бележи пад од 62 проценти. Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани ИВАП велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. – Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, нагласија од Асоцијацијата ИВАП. Оттаму најавија дека протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12:00 до 15:00 часот, сé до постигнување, како што велат, взаемно прифатливо и одржливо решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ivent-industrijata-kompaniite-pred-kolaps-baraat-pomosh-od-vladata/feed/ 0
ИВАП: Од понеделник излегуваме на улица и ќе останеме се додека не ја добиеме помошта што ја бараме и која ја заслужуваме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-od-ponedelnik-izleguvame-na-ulica-i-kje-ostaneme-se-dodeka-ne-ja-dobieme-pomoshta-shto-ja-barame-i-koja-ja-zasluzuvame/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-od-ponedelnik-izleguvame-na-ulica-i-kje-ostaneme-se-dodeka-ne-ja-dobieme-pomoshta-shto-ja-barame-i-koja-ja-zasluzuvame/#respond Thu, 08 Apr 2021 15:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=494394

Од понеделник излегуваме на улица. До сега бевме тивки, но не натераа да станеме гласни! Ќе останеме на улица се додека не ја добиеме помошта што ја бараме и која ја заслужуваме, најавуваат од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП. -Ги повикуваме сите колеги кои работат во овој сектор како и сите други придружни дејности без кои нашата индустрија не може да постои да ни се приклучат. Не сме многу, но нема да дозволиме да останеме невидливи! Компаниите што работат во секторот организација на настани (организатори, изнајмување на опрема за озвучување, осветлување и сценска опрема, видео и аудио продукции како и техничка поддршка на настаните) се доведени до тотален колапс. Јавноста знае дека оваа дејност е затворена повеќе од 1 година и сите сме сведоци дека нема јавни настани, концерти, и други случувања каде има масовно собирање. Ниту пак, со оглед на состојбата со пандемијата, имаме надеж дека наскоро ќе можеме да работиме. Но, исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува а ние невидливи во сопствената држава. Од друга страна, сведоци сме дека некои други сектори повеќепати беа помогнати со грантови и друга помош. Но, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Цела година трпеливо чекавме Владата да го препознае нашиот сектор и да ги согледа загубите, не правевме скриени и тајни настани, не го загрозувавме јавното здравје, но заради нашата конструктивност, на крајот го загрозивме опстанокот на нашите фирми. Веќе немаме што да изгубиме, приморани сме нашите права да ги бараме на поинаков начин! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-od-ponedelnik-izleguvame-na-ulica-i-kje-ostaneme-se-dodeka-ne-ja-dobieme-pomoshta-shto-ja-barame-i-koja-ja-zasluzuvame/feed/ 0
Индустријата за организирање настани бара неповратна финансиска помош, од неработењето бележи над 60 отсто пад на приходите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-za-organiziranje-nastani-bara-nepovratna-finansiska-pomosh-od-nerabotenjeto-belezi-nad-60-otsto-pad-na-prihodite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-za-organiziranje-nastani-bara-nepovratna-finansiska-pomosh-od-nerabotenjeto-belezi-nad-60-otsto-pad-na-prihodite/#respond Mon, 01 Mar 2021 11:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=475397

Со кутии во кои е спакувана опремата, наредени долж булеварот „Илинден“ пред Владата, компаниите од ивент индустријата денеска симболично го одбележаа „поменот“ – една година откако се воведе забраната за одржување јавни настани. Во тој контекст е и мотото „ПОМЕН – една година тишина!“ под кое тие се собраа тука точно напладне, во 12:00 часот, за да искажат револт од ситуацијата во која се наоѓаат. Дојдоа со порака дека без поддршка од државата, не ќе можат да опстанат. Бројките на КОВИД заболени, како што посочија, се зголемува, а тоа значи дополнителна неизвесност дали воопшто наскоро повторно ќе почнат со работа. Како што изјави за МИА Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат неповратна помош, грант, како што добија сопствениците на ноќните клубови. Проценките се дека падот на приходите во ивент индустријата се повеќе од 60 отсто, што според Бабиќ, во догледно време ќе значи ставање клуч на врата. -Баравме да бидеме третирани исто или слично како што беа третирани ноќните клубови. Тие добија грантови од по 10.000 евра. Бараме грант зашто сме една година затворени, но и за да можеме летово нешто да работиме. Буквално сме исцицани. Никаква помош немавме цела година од државата. И предложивме на Владата да има механизми со кои ќе може да се определи вид помош, а тоа значи дека компаниите треба навистина да докажат дека работат во ивент индустријата, дека имаат повеќе од 60 отсто пад на приходот, вели Бабиќ. Претставници на ИВАП во јануари разговарале со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Понудиле решение за нивната индустрија, но, иако добиле ветување дека тоа ќе биде земено предвид и разгледано, Владата воопшто не ги послушала и донела, како што нагласи Бабиќ, свои, неразбирливи мерки. -Откако беше објавен петтиот економски пакет за кој слушнавме преку медиумите, реагиравме веднаш. Упативме писмо со забелешка дека мерките се несоодветни, дека ивент индустријата е незадоволна, како и дека бара уште еднаш да седне на маса со надлежните и да разговара. Но, нема никаков фидбек од сето тоа. Остануваме на ставот дека мерките не се добри или, кога веќе ги донеле, барем да ги објаснат. Објавија дека ќе дадат помош за секторов, но никој ништо не знае. Само велат, ќе ги организира настаните на државата и толку. Тоа не е помош, туку ангажирање, објасни Бабиќ. Со овој собир, дополни, Асоцијацијата сака да го сврти вниманието на Владата, но и на јавноста, за состојбата во која се наоѓа ивент индустријата. – Како сектор, воопшто не сме препознаени и разбрани, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме по цела година неработење. Деновиве е зголемен бројот на КОВИД заболени што значи дека оваа индустрија уште долго не ќе може да почне со работа. Како одговорни граѓани и компании сметаме дека е неумесно да бараме одржување јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор, освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор, истакна претседателката на Асоцијацијата. Според неа, во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот -организирање настани, но моделот кој го предложи, ниту некому му е јасен, ниту има најава кога би се реализирал зашто рокови не се дефинирани. – Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен предвид. Понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена. За жа, изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од КОВИД пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио-транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади, рече Бабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/industrijata-za-organiziranje-nastani-bara-nepovratna-finansiska-pomosh-od-nerabotenjeto-belezi-nad-60-otsto-pad-na-prihodite/feed/ 0
Членките на ИВАП крајно разочарани и револтирани од објавените мерки на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chlenkite-na-ivap-krajno-razocharani-i-revoltirani-od-objavenite-merki-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chlenkite-na-ivap-krajno-razocharani-i-revoltirani-od-objavenite-merki-na-vladata/#respond Wed, 17 Feb 2021 10:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=469925

Членките на Асоцијацијата ИВАП кои се директно вклучени во индустријата за организација на настани се крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош објавени од Владата. -Имено, во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани и за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат? Дополнително што Владата покажа целосно непознавање на нашата индустрија и измеша компании за настани, маркетинг агенции, продукции, едукатори, културни работници, велат од ИВАП. Тие потсетуваат дека настаните беа први забранети и тоа на 28 февруари 2020 година, како ПРВА мерка за спечување на ширење на пандемијата. -Точно цела година се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми. Јавните настани не се дозволени, но очигледно тоа не доволна причина Владата да не гледа како загрозена индустрија. Ние сме можеби единствените кои се уште не можеме да работиме. Изминатиов период имавме средби со владини претставници на кои разгледувавме повеќе модели за помош, дававме конструктивни предлози како да ја надминеме кризата и добивме впечаток дека бевме разбрани. Сега гледаме дека не само што не сме разбрани, туку ќе бидеме употребени и втурнати во една нејасна ситуација, во која веројатно заради недефинирани критериуми ќе има место само за одбраните. Навистина не ни е јасно зошто не се обидоа да изнајдат квалитетно решение и да ги дискутираат предлозите со нас, пред да ги објават, особено што ИВАП е единствената Асоцијација на компании за организација на настани која се понуди како конструктивен партнер во целиот процес, велат тие. Прашуваат: За какви настани зборуваме кога не се знае до кога ќе важи забраната за јавни собирања? -Дали Владата знае нешто што не ни го соопштува? Објавениот пакет мерки не претставува воопшто помош за индустријата за организација на настани, туку фрлање трошки. Најмалку што очекувавме е да ни помогнат да го рестартираме истоштениот сектор, да ни овозможат да се вратиме на пазарот и да продолжиме да работиме а со тоа и да придонесуваме во буџетот како и пред пандемијата. Задоволни сме што по речиси една година од забраната за работа конечно секторот е препознаен но сакаме јавноста да знае дека мерката 11 предложена од Владата не е воопшто помош за нашата индустрија ниту може да помогне во надминување на сегашната состојба. За жал Владата се однесува по принципот на мајка-маќеа и ни покажува дека воопшто не ја засега иднината на нашите компании. Во периодот што следи ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно, сé со цел да ја спасиме нашата индустрија, порачуваат од ИВАП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chlenkite-na-ivap-krajno-razocharani-i-revoltirani-od-objavenite-merki-na-vladata/feed/ 0