ивент индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Jun 2021 10:21:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ивент индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ивент индустријата реагира: Исплатени 0 денари помош, институциите се сеќаваат на нас само кога треба да ни блокираат сметки за неисплатени плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-reagira-isplateni-0-denari-pomosh-instituciite-se-sekjavaat-na-nas-samo-koga-treba-da-ni-blokiraat-smetki-za-neisplateni-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-reagira-isplateni-0-denari-pomosh-instituciite-se-sekjavaat-na-nas-samo-koga-treba-da-ni-blokiraat-smetki-za-neisplateni-plati/#respond Wed, 02 Jun 2021 10:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=518065

Ивент индустријата вели дека нивниот сектор се уште е оневозможен да работи и по речиси 15 месеци од пандемијата. -Пред речиси два месеца Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но фактите и реалната ситуација го говорат следното: На 12 април Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата, досега се исплатени 0 денари. На 21 април беше објавен Јавен повик за организирање на настани, за жал резултати нема, а помош 0 денари. Рокот кој ние како компании го добивме за подготовка на проектите беше пократок од оној кој Владата си го додели за евалуација на истите. На 12 мај Владата објави Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивент индустријата, но резултати нема, а исплатена е помош од 0 денари, велат од ИВАП Оттаму додаваат дека се уште немаат информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош. -Единствена помош што ја добивме беше онаа наменета за целото стопанство. Дел од нас можеа да искористат помош за исплата на плати (8 плати за вкупно 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Од каде плати за останатите 7 месеци без помош? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење? Ги прашуваме претставниците на Владата дали мислат дека сме алхемичари? Дали некогаш се запрашаа како преживуваат нашите компании? И покрај тоа што од првиот ден на пандемијата укажувавме дека ќе дојдеме до оваа состојба, никој не сакаше да не слушне. За целиот овој период покажавме конструктивност и кооперативност, предлагавме мерки и модели, но за жал резултатот е дека нема помош, велат од ИВАП. За разлика од останатите дејности во стопанството, вклучувајќи го и угостителството кое од првиот ден на релаксирање на мерките работи, јавноста е сведок дека нема настани, нема концерти, а со тоа нема ниту работа за нас. -Вистина е дека институциите навремено и ажурно се сеќаваат на нас, но само кога ќе треба да ни пратат опомена за плаќање на даноци, да ни блокираат сметки за неисплатени плати,  за подмирување на сите останати обврски. Бараме до Владата итна и без одлагање реализација на мерките кои ни беа понудени како помош, децидни се од ИВАП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-reagira-isplateni-0-denari-pomosh-instituciite-se-sekjavaat-na-nas-samo-koga-treba-da-ni-blokiraat-smetki-za-neisplateni-plati/feed/ 0
ИВАП и порача на Владата: Не сме државен непријател, туку компании кои се најмалку поддржани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-i-poracha-na-vladata-ne-sme-drzaven-neprijatel-tuku-kompanii-koi-se-najmalku-poddrzani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-i-poracha-na-vladata-ne-sme-drzaven-neprijatel-tuku-kompanii-koi-se-najmalku-poddrzani/#respond Tue, 13 Apr 2021 09:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=496382

Компаниите за организирање настани и денеска од 12 часот излегуваат на протест пред Владата. Од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП велат дека најмалку што очекувале од Владата биле медиумски оркестрирани напади кон нив и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија. -Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани. Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé! А не работиме веќе 14 месеци. Наместо да најдеме заедничко прифатливо решение, ни порачавте да ги тргнеме црните наочари. Дали треба да ги замениме со розови и останеме „таканаречена„ дејност? Иако владата го наметнува милионот како дефокус на нашите проблеми, пакетот мерки и еден милион евра (или два) за нашата индустрија, ниту е донесен, ниту e објавен. Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите? На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје, велат од ИВАП. За потезите на Владата велат дека кога ќе го објават конкурсот, ќе можат да коментираат, сугерираат, секако и да аплицираат. Сé останато, велат, се само ПР алатки за купување на време, но никако помош за зачувување на нашите компании. -Како и секогаш, ние сме подготвени за разговор. Ќе бидеме гласни за да не поканите, но прашањето е дали сакате да нé слушнетe! П.С. Што би рекол Винстон Черчил, ако не ја браниме културата, тогаш што ќе браниме?, велат од ИВАП]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-i-poracha-na-vladata-ne-sme-drzaven-neprijatel-tuku-kompanii-koi-se-najmalku-poddrzani/feed/ 0
ПРОТЕСТ НА ИВЕНТ ИНДУСТРИЈАТА: Компаниите пред колапс, бараат помош од Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ivent-industrijata-kompaniite-pred-kolaps-baraat-pomosh-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ivent-industrijata-kompaniite-pred-kolaps-baraat-pomosh-od-vladata/#respond Mon, 12 Apr 2021 11:03:52 +0000 https://kurir.mk/?p=495952

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска протестираат пред Владата со барање да се најде решение за состојбата на овој сектор којшто поради пандемијата и ограничувањата за работа бележи пад од 62 проценти. Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани ИВАП велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. – Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, нагласија од Асоцијацијата ИВАП. Оттаму најавија дека протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12:00 до 15:00 часот, сé до постигнување, како што велат, взаемно прифатливо и одржливо решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-ivent-industrijata-kompaniite-pred-kolaps-baraat-pomosh-od-vladata/feed/ 0
Ивент индустријата на протест пред Влада: Нашите компании се пред колапс, секторот има пад на промет од 62% https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-na-protest-pred-vlada-nashite-kompanii-se-pred-kolaps-sektorot-ima-pad-na-promet-od-62/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-na-protest-pred-vlada-nashite-kompanii-se-pred-kolaps-sektorot-ima-pad-na-promet-od-62/#respond Mon, 12 Apr 2021 07:16:09 +0000 https://kurir.mk/?p=495866

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска во 12 часот ќе протестираат пред Владата. Истакнуваат дека уште еднаш ќе ги образложат барањата. - Ќе елаборираме зошто тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, велат од оваа индустрија. Најавуваат дека протестот ќе се случува во континуитет, секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение со Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ivent-industrijata-na-protest-pred-vlada-nashite-kompanii-se-pred-kolaps-sektorot-ima-pad-na-promet-od-62/feed/ 0
Илјадници луѓе без приходи: 365 дена без работа, нула помош од државата! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iljadnici-lugje-bez-prihodi-365-dena-bez-rabota-nula-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iljadnici-lugje-bez-prihodi-365-dena-bez-rabota-nula-pomosh-od-drzavata/#respond Mon, 01 Mar 2021 14:56:33 +0000 https://kurir.mk/?p=475590

Со кутии во кои е спакувана опремата, и со запалени свеќи, компаниите кои oрганизираат настани го кренаа гласот, против како што велат неодговорноста од власта. Компаниите од „ивент“ индустријата кои дојдоа на протест пред Владата, бараат неповратна помош – грант, односно за нив да важи истата поддршка со која се опфатени и ноќните клубови. Тие симболично го одбележаа „поменот“ – една година по воведувањето забрана за одржување јавни настани. Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) рече дека компаниите од оваа дејност бараат неповратна помош, грант, како што добија сопствениците на ноќните клубови, бидејќи проценките се дека падот на приходите во ивент индустријата е повеќе од 60%. -Баравме да бидеме третирани исто или слично како што беа третирани ноќните клубови. Тие добија грантови од по 10.000 евра. Бараме грант зашто сме една година затворени, но и за да можеме летово нешто да работиме. Буквално сме исцицани. Никаква помош немавме цела година од државата. И предложивме на Владата да има механизми со кои ќе може да се определи вид помош, а тоа значи дека компаниите треба навистина да докажат дека работат во ивент индустријата, дека имаат повеќе од 60 отсто пад на приходот, вели Бабиќ. Бабиќ вели дека пред еден месец разговарале со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, но не добиле ниту еден конкретен одговор. Она што им било сервирано е само неразбирливи мерки, кои тешко дека ќе го ублажеле ударот. -Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен предвид. Понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена. За жал, изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од КОВИД пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио-транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади, рече Бабиќ. Со овој собир, вели таа, Асоцијацијата сака да го сврти вниманието на Владата, но и на јавноста, за состојбата во која се наоѓа „ивент“ индустријата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/iljadnici-lugje-bez-prihodi-365-dena-bez-rabota-nula-pomosh-od-drzavata/feed/ 0
„ПОМЕН – една година тишина!“ – Компаниите за организирање настани во 12 часот излегуваат на протест пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomen-edna-godina-tishina-kompaniite-za-organiziranje-nastani-vo-12-chasot-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomen-edna-godina-tishina-kompaniite-za-organiziranje-nastani-vo-12-chasot-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/#respond Mon, 01 Mar 2021 08:07:06 +0000 https://kurir.mk/?p=475254

Компаниите од секторот за организација на настани денеска во 12 часот ќе одржи протест пред Владата под мотото „ПОМЕН – една година тишина!“ а по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради ковид пандемијата. Од Асоцијацијата истакнуваат дека нивната дејност навистина е голем губитник од пандемијата. -За жал, ние како дејност немаме никаква помош од страна на нашата држава. Ниту сме препознаени и разбрани како сектор, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме после цела година неработење. Деновиве сме сведоци на зголемен број на заболени, што сериозно не загрижува бидејќи тоа значи дека уште долго нема да можеме да отпочнеме со работа. Како одговорни граѓани и компании, сметаме дека е неумесно да бараме да одржуваме јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор. Во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот за организација на настани, но моделот кој го предложи ниту некому му е јасен ниту пак има најава кога би можеле да се надеваме на реализација. Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен пред вид и понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена, се наведува во соопштението. Тие посочуваат дека за жал изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од Ковид пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pomen-edna-godina-tishina-kompaniite-za-organiziranje-nastani-vo-12-chasot-izleguvaat-na-protest-pred-vlada/feed/ 0