ивент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Mar 2021 12:24:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ивент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИВАП со писмо до Заев: Цела година не работиме, решете го нашиот проблем или ќе превземеме радикални мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-so-pismo-do-zaev-cela-godina-ne-rabotime-reshete-go-nashiot-problem-ili-kje-prevzememe-radikalni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-so-pismo-do-zaev-cela-godina-ne-rabotime-reshete-go-nashiot-problem-ili-kje-prevzememe-radikalni-merki/#respond Wed, 24 Mar 2021 12:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=487114

Секторот за организација на настани континуирано не работи повеќе од една година. Велат, се обидовме на секаков начин да најдеме разбирање и да обезбедиме помош за оваа индустрија, но за жал не наидовме на конструктивност од другата страна.

Затоа се приморани да се обратат до Владата со отворено писмо со кое јасно и недвосмислено бараат средба и решение најдоцна до 29 март оваа година.

Нивното писмо до премиерот, го пренесуваме во продолжение: По неколку неуспешни обиди да стапиме во контакт со вас или некој од членовите на Владата задолжени за прашањето кое не засега, приморани сме на ваков чин, т.е. јавно да ви се обратиме. Ние, членовите на Асоцијацијата ИВАП како и целата заедница на компании која се занимава и работи во секторот организација на настани сме доведени во крајно незавидна и тешка состојба. Веќе една година секторот не работи или работи делумно, со крајно ограничувачки фактори и економски неисплатливи проекти. Тоа значи дека компаниите и вработените се оставени без основна можност за приход или заработка за живот. Се обидовме да бидеме конструктивни, да не придонесуваме за ширење на заразата, не вршевме притисок врз вас и имавме разбирање за ситуацијата во која сите се наоѓаме. За жал, не го добивме истиот пристап и од Ваша страна. Ни го ограничивте основното човечко право да работиме и да заработуваме, а притоа на ниту еден начин не се обидовте да ни помогнете! Донесовте пакет мерки кој го наменивте за нас. Тој пакет мерки ниту е ставен во функција ниту ќе придонесе за олеснување на нашата тешка состојба. Почитуван Премиере, нашето трпение е пред крај. Немаме друг избор освен да се бориме за нашите компании, за нашата егзистенција и за нашите колеги. Бараме средба со вас или со некој од Вашите министри задолжени за овие прашања, како би можеле итно да изнајдеме решение. Очекуваме средба најдоцна до 29 март оваа година. Доколку не бидеме повикани и доколку итно не се најде решение, ќе бидеме приморани да го искористиме нашето право решенијата да ги бараме на поинаков, за жал, радикален начин. Искрено ве замолуваме да не нé терате нашата едногодишна тишина да ја претвориме во голема врева, која нема да престане се додека не се исполнат нашите барања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-so-pismo-do-zaev-cela-godina-ne-rabotime-reshete-go-nashiot-problem-ili-kje-prevzememe-radikalni-merki/feed/ 0
ИВАП: Дали угостителскиот сектор, кој владата го декларираше како најзагрозен станува најзагрозувачки? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-dali-ugostitelskiot-sektor-koj-vladata-go-deklarirashe-kako-najzagrozen-stanuva-najzagrozuvachki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-dali-ugostitelskiot-sektor-koj-vladata-go-deklarirashe-kako-najzagrozen-stanuva-najzagrozuvachki/#respond Sat, 03 Oct 2020 16:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=411984

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП најостро реагира на последните случувања во дел од угостителските објекти каде очигледно и бескрупулозно се кршат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19. Нивната реакција ја пренесуваме воцелост: Прашуваме, како е возможно да се дозволат овие музички настани, зошто не се спречени за да се намали евентуално ширење на вирусот туку отпосле се пишуваат казни и се поднесуваат кривични пријави за кои никој од нас не знае дали имаат завршница. Дали Владата е свесна дека со премолчувањето и несанкционирањето на ваквите појави директно влијае на уништување на цела една индустрија во државава, а тоа се организаторите на настани, промоторите, културните работници. Зошто Владата и надлежните доволуваат за некого да се мајка, а за некого маќеа? По кој член од протоколот за организација на настани работат угостителските објекти? Зошто на културните настани е дозволено само седење и со 30% исполнетост на капацитетот а во угостителските објекти овие правила не важат? Имаме право, како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок? Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%? Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18% Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за времен на овие настани? Дали угостителскиот сектор, кој Владата го декларираше како најзагрозен станува најзагрозувачки? Уште од почетокот на кризата нашиот сектор беше конструктивен партнер во изнаоѓање на решенија за излез од кризата и иако најголем дел од компаниите се на чекор пред затворање, ние сепак ги вложуваме последните сили да преживееме и тоа со минимална помош од државата а притоа почитувајќи ги протоколите за работа. За жал ниту едно од нашите барања во пресрет на 4 пакет перки не ни беше усвоен ниту пак беа земени пред вид нашите предлози за ублажување на последиците од кризата во овој сектор. Бараме веднаш да се стави ред во работењето на угостителскиот сектор, да се сакнционираат прекршителите на протоколите а идните вакви или слични настани да не се превенираат пред да се случат. Уште еднаш јасно напоменуваме – угостителските објекти не се место за концерти, не се безбедно место ниту за персоналот ниту за гостите. Угостителите не с е организатори на настани ниту промотори. Тие имаат своја дејност и начин за заработка, ние ги имаме само настаните! И на крајот, бараме од Владата, медиумите и целата јавност да не се стигматизира индустријата за организација на настани. Доколку во наредниот период не се санкционираат и уште поважно не се спречат ваквите појави ќе бидеме приморани да превземеме радикални чекори во заштита на нашата професија и дејност! https://www.facebook.com/eventindustryassociation/posts/175091484240401  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivap-dali-ugostitelskiot-sektor-koj-vladata-go-deklarirashe-kako-najzagrozen-stanuva-najzagrozuvachki/feed/ 0
Ивент индустрија ИВАП: Владата да го слушне нашиот глас, да почнеме со работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivent-industrija-ivap-vladata-da-go-slushne-nashiot-glas-da-pochneme-so-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivent-industrija-ivap-vladata-da-go-slushne-nashiot-glas-da-pochneme-so-rabota/#respond Wed, 10 Jun 2020 14:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=356232

Асоцијацијата Ивент индустрија ИВАП денеска преку соопштение испрати апел до Владата да се слушне нивниот глас и веднаш да се отпочнат разговори за релаксација на овој сектор со оглед на тоа што, како што наведува, компанијата веќе 100 дена има забрана и неможност за работа. -Речиси 100 дена забранети се јавните собирања, настаните, концертите, семинарите и конгресите. 100 дена забрана и неможност за работа на компаниите од оваа индустрија. И додека во околните земји мерките целосно се релаксираат а настаните се одвиваат без ограничувања, кај нас буквално никој и не размислува за оваа стопанска гранка, соопшти Асоцијацијата. Од Асоцијацијата ИВАП велат дека оствариле средба со министерката за финансии на која ги разгледале можностите за рестартирање и помош за секторот, но како што посочуваат, уште немаат конкретни резултати од средбата. -Уште на почетокот на кризата предупредивме дека сме првите кои не затворија, на крајот на февруари и дека ќе бидеме последни што ќе не пуштат. Сега гледаме дека за жал сме биле во право. Иако станува збор за сектор забава, нашите компании се сериозни и зад нас стојат најголемите и најзначајни оранизирани настан и во Македонија. Нам и најдолго време ќе ни треба за да отпочнеме со работа, бидејќи подготовката на еден настан не се случува преку коќ, соопшти ИВАП Асоцијацијата. Додаваат дека доколку не им  биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нивните барања ќе бидат приморани да ги отпуштат вработените и да ги затворат компаниите. -Освен редовно вработените, засегнати се и голем број на други сектори, индустриии физички лица од различни профили – актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери,костимог рафи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери,техничари, енергетичари,превозници, бравари, столари, посочува компанијата. Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП ја сочинуваат фирми кои се занимаваат со организација на настани од секаков вид, компании за изнајмување на техника, видео и аудио продукции и техничка поддршка на настаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivent-industrija-ivap-vladata-da-go-slushne-nashiot-glas-da-pochneme-so-rabota/feed/ 0