ивица јанев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 17:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ивица јанев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прием за европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев во кабинетот на градоначалникот на Неготино https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/priem-za-evropskiot-balkanski-i-drzhaven-prvak-vo-bodibilding-ivitsa-janev-vo-kabinetot-na-gradonachalnikot-na-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/priem-za-evropskiot-balkanski-i-drzhaven-prvak-vo-bodibilding-ivitsa-janev-vo-kabinetot-na-gradonachalnikot-na-negotino/#respond Mon, 26 Jun 2023 17:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=849828

Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов попладнево го прими во својот кабинет европскиот, балкански и државен првак во бодибилдинг Ивица Јанев. - На приемот, од страна на мојот соговорник бев информиран за неговите извонредни постигнувања на домашни и меѓународни натпреварувања во бодибилдинг, што придонесе да го заземе првото место на светската ранг листа на официјалната федерација ИФББ. Јанев ме запозна дека на Дијамантскиот куп во Чачак во боди билдинг и фитнес од интернационален карактер, со учество на над 200 натпреварувачи, го освоил првото место во класик фитнес и прво место до 90 килиграми, а станал и апсолутен победник на Дијамантскиот куп и добитник на про-карта, т.е. квалификување за натпреварување на професионално ниво. На Интернационалниот куп на Србија е освојувач на првото место во катергорија до 90 килограми и е апсолутен победник, на државното првенство на Македонија Јанев го освојува првото место во класик фитнес и станува државен првак, додека на Балканскиот шампионат со учество на над 150 натпреварувачи Херкулес гран при, го освојува првото место, станува апсолутен победник и добива про-карта, појасни Стојанов. Градоначалникот додаде и дека особено значаен е успехот на Јанев на Европското првенство во класик фитнес, каде што во конкуренција на над 3.000 натпреварувачи до 180 сантиметри, го освојува првото место и станува европски првак, додека на истото Европско првенство во бодибилдинг класик до 180 сантиметри, го освојува второто место. - Од мое лично име како градоначалник и од име на општината Неготино, на Ивица Јанев му честитав на извонредните постигнувања на домашен и меѓународен план, со што, покрај за негова лична, придонесува и за афирмација на општината Неготино, а воедно ја искажав мојата и подготвеноста на општината Неготино, за негова поддршка за идните натпреварувања, нагласи градоначалникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/priem-za-evropskiot-balkanski-i-drzhaven-prvak-vo-bodibilding-ivitsa-janev-vo-kabinetot-na-gradonachalnikot-na-negotino/feed/ 0
Македонскиот бодибилдер Ивица Јанев балкански шампион на ИФББ шампионатот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-bodibilder-ivitsa-janev-balkanski-shampion-na-ifbb-shampionatot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-bodibilder-ivitsa-janev-balkanski-shampion-na-ifbb-shampionatot/#respond Sun, 23 Apr 2023 09:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=826573

Бодибилдерот Ивица Јанев е крунисан за балкански шампион на „IFBB“ шампионатот за бодибилдинг и фитнес кој се одржува викендов во Скопје. Тој уште еднаш го докажа својот натпреварувачки дух со победата на Балканското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржува викендов во Скопје. Ивица беше прогласен за Балкански шампион во бодибилдинг Класик Физик, од страна на Меѓународната федерација за бодибилдинг и фитнес (IFBB), потврдувајќи ја својата позиција за еден од најдобрите бодибилдери на Балканот. - Навистина сум среќен што после четири години повторно сум шампион на Балканот. Конкуренцијата е голема на Балканот, така што горд сум на оваа титула, која е Шампион во бодибилдинг „Classic Physique“. Ова е само еден поттик како за сите идни натпревари така и во моето работно достигнување во бодибилдинг кариерата, изјави Јанев. Тој неодамна го освои Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен апсолутен шампион. Има освоено шест злата и две титули апсолутен победник и една Про карта од два меѓународни натпревари одржани во Србија. Следен предизвик за Јанев е Европското првенство кое ќе се одржи во Санта Сузана, Шпанија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonskiot-bodibilder-ivitsa-janev-balkanski-shampion-na-ifbb-shampionatot/feed/ 0
Апсолутен победник: Македонски бодибилдер освои 6 злата и 2 титули – ја имаше најслатката поддршка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/apsoluten-pobednik-makedonski-bodibilder-osvoi-6-zlata-i-2-tituli-ja-imashe-najslatkata-poddrshka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/apsoluten-pobednik-makedonski-bodibilder-osvoi-6-zlata-i-2-tituli-ja-imashe-najslatkata-poddrshka-foto/#respond Mon, 03 Apr 2023 14:39:58 +0000 https://kurir.mk/?p=819590

Фитнес тренерот и бодибилдерот од Македонија, Ивица Јанев ги освои Diamond cup во Србија а потоа и Трофеј во Чачак. Викендов тој освои 6 злата и 2 титули Апсолутен победник и Про карта од 2 натпревари од интернационален карактер што се одржаа во Србија. Ивица во Србија, Чачак учествуваше на интернационалниот бодибилдинг натпревар Diamond cup, каде беше прогласен за апсолутен шампион на натпреварот, во организација на највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Свет IFBB. На овој прв интернационален натпревар од ваков восок карактер учествуваа над 200 преставници од повеке земји од регионот и пошироко. Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Австрија, Бугарија, Турција, Молодавиа, Романија, Унгарија, Украина и нашиот Ивица како единствен преставник од Македонија. Јанев целосно издоминира на овој натпревар освојувајки 3 златни медали и Титула Апсолутен шампион добивајќи и  ПРО карта од Диамантскиот куп во Чачак и Професионална Карта, тешко престижно достигнување и признание за кое се бори секој од областа на фитнесот. Додека нареднипт ден беше првиот Бодибилдинг натпревар во Србија од отворен карактер, познатиот Трофеј на Чачак кој воедно е втор натпревар тој викенд а претставува квалификации за Балканско и Европско во Србија. Ивица ги повтори своите достигнувања од претходниот ден освојувајки 3 злата и станувајќи Апсолутен победник на Трофеј на Чачак! Тој во 2018 беше шампион на Златниот куп во Белград додека 2019 беше државен шампион во Бодибилдинг до 90кг во Македонија и воедно и апсолутен државен шампион за 2019. Истата 2019 година Ивица стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, Златна ера на Бодибилдинг. Тој споделува повеќе фотографии од натпреварот, а се гледа дека по освоените трофеи први што му честитале биле сопругата и синчето ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/apsoluten-pobednik-makedonski-bodibilder-osvoi-6-zlata-i-2-tituli-ja-imashe-najslatkata-poddrshka-foto/feed/ 0
Јанев: Седењето дома со полн фрижидер ќе ви предизвика здравствени проблеми, итно на вежбање и здрава храна-вклучете ги и децата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janev-sedenjeto-doma-so-poln-frizider-kje-vi-predizvika-zdravstveni-problemi-itno-na-vezbanje-i-zdrava-hrana-vkluchete-gi-i-decata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janev-sedenjeto-doma-so-poln-frizider-kje-vi-predizvika-zdravstveni-problemi-itno-na-vezbanje-i-zdrava-hrana-vkluchete-gi-i-decata/#respond Mon, 20 Apr 2020 12:59:30 +0000 https://kurir.mk/?p=334613

Во време на пандемија и седење дома, со полн фрижидер и без соодветна физичка активност, дефинитивно го оптеретувате организмот. Процентот на покачени килограми генерално кај населението и тоа како ќе се зголеми.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува персоналниот тренер и бодибилдер Ивица Јанев. Од него побаравме совети како да внимаваме на своето здравје додека сме дома поради епидемијата на коронавирус. Вели дека таложењето на мастите и прекумерните килограми, покачен крвен притисок, покачен холестерол, појава на скриен шеќер, нерамномерно работење на срцето, отежнато дишење, ќе се дел од последиците доколку не сте активни и ги занемарите овие факти.

Јанев акцентира дека ова најмногу ги засега лицата над 50 години и лицата кај кои веќе има присуство на овие погоре споменати појави.

-Сега немаме простор за изговори како на пример немам време, премногу сум зафатен. Секој ден сме дома по 16 часот и имаме доволно простор за еден убав и квалитетен тренинг во домашни услови. Од една страна ние сами ќе имаме бенифиции а од друга страна ќе преставуваме пример за останатите членови од семејството. Воедно и може да вежбаме заедно со своето дете, партнерот или сами, вели Јанев.

Тој вели дека кога сте цел ден дома ви се јавува намалена желба за активност и станувате мрзеливи.

Тој предлага 5 совети за како да се мотивирате:

-Одредете временски термин кој ќе ви биде за тренинг. -Подгответе детален план за вежби со сетови и повторувања кој ќе го пратите до последна вежба, бидејки секако на половина ќе се јави желба за откажување. -Облечете се во опрема за вежбање. -Спремете си вода за тренингот, пуштете си ја вашата омилена музика и почнете. -Како екстра мотивација ставете си слика од вас кога сте биле во најдобра форма.

Вежбите во домашни услови можат да бидат доста интересни и многу ефективни, вели тој.

-Можете да ги изведувате сами, а уште поинтересно со членовите од вашето семејство. Поддржувајте се и градете навики заедно, на помалите бидете им пример и научете ги на активност и забавувајте се, порача тој.

Како Ивица вежба во домашни услови погледнете во видеото:

Доколку овој тренинг не ви беше доволно, тој до читателите на КУРИР дава уште неколку примери за тренинг во домашни услови. Можете да ги вклучите и вашите дечиња.

-Планк со детенце на грб, нека седи на раменици за полесно, на половина за потешка изведба. -Позиција на plank, најизменично носиме колено кон гради. Повторуваме 20 пати. -Склек со детенце, на раменици за потешко. -Чучневи со седење на раменици. -Исчекор со детенцето на раменици. -Мост за задник со детенцето на пелвис. -Заеднички sit ups. -Заедничко подигнување на нозете за долен ден на стомачни. -Подигање за рамо, детенцето во раце и играјте си подигнување од горен дел на гради под врат до над глава, детенцето ова ке го сака најмногу. -Во позиција на склек спротивно поставени и двајцата со плускање наизменично на раце, вашата десна рака со десната рака на партнерот. -Заеднички jumping jacks. -Трчање во место.

Порачува сите татковци и мајки да им дозволат на своите дечиња да вежбаат со нив.

-Со вежбањето освен што градиме здраво тело, туку делуваме и на дисциплина и карактер кој ќе ни биде потребен за успех во секое поле од животот. Откога ќе го потрошите горивото, засукајте ги ракавите и гответе, вели тој.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janev-sedenjeto-doma-so-poln-frizider-kje-vi-predizvika-zdravstveni-problemi-itno-na-vezbanje-i-zdrava-hrana-vkluchete-gi-i-decata/feed/ 0