иво санадер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Jan 2023 12:55:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иво санадер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Санадер за трите корупциски пресуди доби единствена казна од 18,8 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanader-za-trite-koruptsiski-presudi-dobi-edinstvena-kazna-od-18-8-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanader-za-trite-koruptsiski-presudi-dobi-edinstvena-kazna-od-18-8-godini-zatvor/#respond Fri, 20 Jan 2023 12:55:15 +0000 https://kurir.mk/?p=789732

Вонсудскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб одлучи поранешниот премиер и претседател на ХДЗ Иво Санадер да мора да мине во затвор вкупно 18 години и осум месеци. Хина од судот дозна дека одлуката за вкупната казна била донесена на крајот на декември, а деновиве била испратена до Санадер и неговите адвокати. Адвокатот на поранешниот хрватски премиер, Чедо Продановиќ, како апсолутно неоснована ја оцени одлуката на вонсудскиот совет, со кој се определи единствена казна за трите досега правосилни пресуди, и притоа најави жалба. Одбраната смета дека за сите пресуди, со оглед на тоа што се слични кривични дела, Санадер не може да добие здружена казна затвор над 15 години. Поранешниот премиер досега во притвор или поради пресудите зад решетки има минато околу седум и пол години. Предвремено ослободување од затвор во хрватскиот затворски систем може да се бара по отслужување на половина од казната, а тоа обично се доделува по издржување на две третини од неа. Санадер, по неколкуте притвори и ослободувања, континуирано е во затвор од април 2019 година, кога Врховниот суд му ја зголеми казната за корупција во случајот „Планинска“ на шест години затвор. Во тој случај, поранешниот сопственик на месната индустрија и пратеник на ХДЗ, Стјепан Фиолиќ, призна дека на поранешниот премиер му донел десет милиони куни и еден милион евра провизија откако купил деловна зграда од државата под нејзината пазарна цена. Во октомври 2021 година, највисокиот суд делумно ја потврди пресудата од повторената постапка за случајот Фими медиа, според која ХДЗ мора да плати казна од 3,5 милиона куни за извлекување пари од државни институции и фирми, додека за Санадер, заедно со враќањето на противправната корист, казната од осум му се намали на седум години затвор На крајот на октомври 2021 година, Врховниот суд ја потврди првостепената пресуда со која Санадер беше осуден на шест години затвор за примање поткуп од шефот на унгарската МОЛ, Золт Хернади, додека недостапниот Хернади беше осуден на две години затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sanader-za-trite-koruptsiski-presudi-dobi-edinstvena-kazna-od-18-8-godini-zatvor/feed/ 0
На продажба запленетиот имот на Иво Санадер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-prodazhba-zaplenetiot-imot-na-ivo-sanader/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-prodazhba-zaplenetiot-imot-na-ivo-sanader/#respond Wed, 11 Jan 2023 06:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=785765

По изрекувањето на правосилните пресуди во постапката против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, државата покрена постапка за наплата на отштета од околу десет милиони куни (околу 1,3 милиони евра). Конфискуваниот имот на Санадер и неговото семејство, што се состои од недвижен имот, земја и вредни уметнички дела, ќе биде ставен на продажба, јавија хрватските медиуми. Согласно Законот за државен имот, надлежното хрватско министерство го презеде управувањето со трајно одземениот движен и недвижен имот на Иво Санадер.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-prodazhba-zaplenetiot-imot-na-ivo-sanader/feed/ 0
Иво Санадер осуден на осум години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivo-sanader-osuden-na-osum-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivo-sanader-osuden-na-osum-godini-zatvor/#respond Fri, 13 Nov 2020 11:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=428991

Поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, денеска е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор за извлекување пари од маркетинг агенцијата „Фими Медиа“. Во овој случај, неговата партија ХДЗ беше прогласена за одговорна за корупција. Во пресудата, меѓудругото, се наведува дека Санадер, во својство на поранешен премиер и претседател на ХДЗ, со неговите соработници Младен Баришиќ и Бранка Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат злосторства. Наведено е дека во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер за да добие материјална корист и наредил на Бранка Павошевиќ во деловните книги да не ги бележи парите што му се предадени на Баришиќ. Се додава дека дел од тие пари Санадер задржал за себе, а осум милиони куни биле искористени за финансирање на ХДЗ. -Од 24 милиони куни, осум заминале во ХДЗ, дел му биле дадени на Санадер за патување во САД и за одела, прочита судијата. Осумгодишната затворска казна на Санадер го вклучува и времето минато во истражниот затвор. Инаку, ниту Санадер ниту другите обвинети не присуствуваа на судењето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivo-sanader-osuden-na-osum-godini-zatvor/feed/ 0
Уапсен Иво Санадер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-ivo-sanader/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-ivo-sanader/#respond Thu, 04 Apr 2019 16:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=182448

Полицијата влезе во куќата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер на улицата Козарчева во Загреб по околу 16 часа откако од окружниот суд на Загреб доби налог за апсење на екс-претседателот на ХДЗ. Санадер, кој беше осуден од Врховниот суд во случајот Планинска е спроведен во истражен затвор. Од полицијата велат дека спроведувањето е "е во процес на постапување со цел да се изврши судскиот налог". Иво Санадер беше изнесен од неговата куќа во автомобил кој го одведе во притворот Реметинец. Иво Санадер доби решение за притвор откако беше измената првостепената пресуда и беше изречена затворска казна повеќе од пет години, потврди портпаролот на окружниот суд во Загреб, Крешимир Девчиќ. "Ова автоматски е задолжителен притвор", рече Девчиќ. Одлуката за истражен затвор беше донесена до окружниот суд, кој веднаш издаде наредба за спроведување и ја достави до полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-ivo-sanader/feed/ 0
Иво Санадер осуден на две и пол години затвор за воено профитерство https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivo-sanader-osuden-na-dve-i-pol-godini-zatvor-za-voeno-profiterstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivo-sanader-osuden-na-dve-i-pol-godini-zatvor-za-voeno-profiterstvo/#respond Mon, 22 Oct 2018 13:15:30 +0000 https://kurir.mk/?p=118103

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден е денеска на две и пол години затворска казна поради воено профитерство. Судијката Јасна Галешиќ го прогласи Санадер за виновен во аферата за примање мито од австриската банка Хипо во 1995 година. Таа во образложението наведе дека Санадер ја злоупотребил својата положба и направил дела против службената должност и воено профитерство. Пресудата за Иво Санадер за воено профитерство е прва таква во историјата на Хрватска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivo-sanader-osuden-na-dve-i-pol-godini-zatvor-za-voeno-profiterstvo/feed/ 0