Ивон Величковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 19:41:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ивон Величковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ивон Величковски со жесток напад кон Жерновски: Оставка е решението https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivon-velichkovski-so-zestok-napad-kon-zernovski-ostavka-e-reshenieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivon-velichkovski-so-zestok-napad-kon-zernovski-ostavka-e-reshenieto/#respond Wed, 16 Nov 2022 19:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=761998

Екс лидерот на Либералната партија во објава на социјалните мрежи упати жестока реакција кон Андреј Жерновски по разоткривањето на скандалот дека 18 месеци земал по 60.000 денари за работа што не ја вршел во рамките на аферата на ВМРО-ДПМНЕ "паразити". Според него, Влада доколку е посветена на борба со корупција би издала две можни соопштенија: 1. "Поради неоткажување од надомест за работа што не ја извршувал по именувањето на новата должност, Премиерот очекува Жерновски да поднесе оставка до крајот на седмицата." 2. "По сознанијата за ова прекршување на етиката и праксата на доброто владеење, покрај истрага за случајот од МЗ, Премиерот побара и МНР да отпочне постапка за отповикување на Амбасадорот Жерновски". Според Величковски овој скандал ќе определи дали Ковачевски решил да води Влада/партија или се помирил со епизодна улога во нив. Ковачевски да не купува време, порачува поранешниот лидер на ЛП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivon-velichkovski-so-zestok-napad-kon-zernovski-ostavka-e-reshenieto/feed/ 0
Величковски: Објавувањето непостоечки анкети е нов врв. На З.Заев и Р.Поповски. https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/velichkovski-objavuvanjeto-nepostoechki-anketi-e-nov-vrv-na-z-zaev-i-r-popovski/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/velichkovski-objavuvanjeto-nepostoechki-anketi-e-nov-vrv-na-z-zaev-i-r-popovski/#respond Tue, 07 Jul 2020 11:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=370828

"Штелувањето" анкети за Н.Груевски постоело и нивното толкување било различно, пишува Ивон Величковски на Твитер. Но објавувањето непостоечки анкети е нов врв. На З.Заев и Р.Поповски. И на нивните "акредитирани" портали и медиуми. Санкции? @znmsobranie? Етички суд на медиуми ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/velichkovski-objavuvanjeto-nepostoechki-anketi-e-nov-vrv-na-z-zaev-i-r-popovski/feed/ 0
Величковски: Либералната партијата прејде во движење затоа што не ги прифати непристојните предлози од Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-liberalnata-partijata-prejde-vo-dvizenje-zatoa-shto-ne-gi-prifati-nepristojnite-predlozi-od-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-liberalnata-partijata-prejde-vo-dvizenje-zatoa-shto-ne-gi-prifati-nepristojnite-predlozi-od-zaev/#respond Sun, 28 Jun 2020 07:06:35 +0000 https://kurir.mk/?p=364328

Во вечерашната емисија "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија последниот македонски либерал Ивон Величковски дипломиран политиколог, изјави дека партијата прејде во движење затоа што не ги прифати непристојните предлози од власта или Зоран Заев. -Во одреден период дадовме поддршка на одредени кандидати на претседателските избори, но јас во меѓувреме дадов оставка затоа што мојот услов беше дека јас неможам да дадам поддршка на политиките на Зоран Заев. И сега партијата нека си бира кандидати. Инаку, влеговме во кампања и има многу бомби, но сега во услови на корона криза која што нели е измениџирана од владата како што е измениџирана, сега се сели од реалниот во виртуелниот свет, и сега луѓето ќе слушаат м,ногу работи но, некој ќе се сепне и ќе каже упс, чекај малку да не претераме. Бидејќи сигурно дека и вие и ја и во амбасадите знаат дека има и други бомби кои што сум убеден дека нема да ги чуеме. Бидејќи доаѓаме до нелогичности, рече Величковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-liberalnata-partijata-prejde-vo-dvizenje-zatoa-shto-ne-gi-prifati-nepristojnite-predlozi-od-zaev/feed/ 0
Избори 2020: Повеќе од обично партиско соочување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-2020-povekje-od-obichno-partisko-soochuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-2020-povekje-od-obichno-partisko-soochuvanje/#respond Thu, 21 May 2020 17:20:52 +0000 https://kurir.mk/?p=348832

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата. За сите кои ја следат домашната политика, рецептот и не е баш иновативен. За разлика од 1994, кога при ранет регион и кризна Македонија тоа беше „сигурна карта“ за одржување на власт (на СДСМ), денес овие состојби се само навидум слични, но суштински – многу поразлични. За почеток, првиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Георгиевски, кон кого ваквите обвинувања исто така беа упатувани - сега е коалициски партнер на Заев. Потоа, бидејќи Мицкоски, како нејзин лидер денес, ниту со изјава ниту со постапка не заговара промена на курсот на земјата: независна држава интегрирана во ЕУ и НАТО. Затоа, коректно е натегањето на Заев за изборниот датум да се илустрира адекватно: со истата „непопустливост“ на Груевски од пролетта 2016, кога ултимативно „распиша“ избори кои опозицијата не ги прифати, а потоа, како ги распиша – така ги „одраспиша“. Особено ако се има предвид дека антагонизацијата во 1994 беше партиска (меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), а политичката подготвеност за гласање беше висока, додека денес случајот не е ист. За почеток од аспект на излезноста, која колку е пониска – толку е попосакувана за (интриги и манипулации на изборниот процес од) власта. Уште повеќе што по сите скандали и афери, атентатот врз надежта од 2015/16 за средување на државата дополнително влијае врз општото нерасположение за гласање, при срушена доверба во политичарите и дипломатите во Скопје. Со корона-вирусот што денес коси еднакво како и на почетокот на епидемијата во Македонија, уште повеќе. Оттука, не е изненадувачки што „аll in” влогот на Заев е ист со четирите години пракса на неговата „ќе Влада“: милозвучна понуда за секој што ќе прифати да биде клиент за буџетска помош од свои пари, што „ќе се случи“ – ама после избори – и ако се случи. Оти по сѐ што (не) направи четири години, „Бихаќка“ сфаќа дека состојбата е сменета: ако во 2016 беше „со Заев нема социјал-демократија, без него нема СДСМ“, сега е обратно - „без мерките на Заев нема социјал-демократија, со него нема СДСМ“. Затоа, откако од шоуто Боки 13-Катица за расчистување остана само движењето на парите и улогата на „1ТВ“ во случајот, дополнето со разни грабежи на државни пари и „Муртиногејти“, продолжената епидемија агресивно го напаѓа владиното ткиво и ги разобличува и последните пи-ар ослонци на СДСМ проектирани во министрите за здравство и финансии. И, соочени со непријатната реалност, неговите поддржувачи, од НВО-и до медиа-мегафони одат во две крајности: видлива воздржаност или голо пропагандерство што ги дотрошува проектните фондови од 2016. Иако, за волја на вистината, повлекувањето на провладината медиумска камарила, концентрирана во производите и антените на „Фабриката“ на Бучковски уште од 2005 беше поттикнато од тоа што Мицкоски не влезе во стапицата на бранење на неодбранливото За почеток, бидејќи оддаде впечаток дека не се потпира безрезервно на наследените кадри и политика. А и бидејќи со последните „разговори“ кои му беа пласирани се слушна отклон од политиката на користење подземни средства и структури за политички цели. Опкружувањето и потезите во следниот период ќе го тестираат ваквиот впечаток и од тоа ќе зависи неговиот (партиски) изборен успех. Охрабрува и тоа што на почетокот можеби поимпулсивно од потребното, но сега многу попрецизно, Мицкоски внимава при градењето на своите политики да ги разграничи емоциите од возможното. На две нивоа. Веќе во текот на корона-кризата започна да исцртува претпазлив план и приоритети за санирање и корегирање на внатрешно-државните економски, политички и општествени слабости различно од „ќе Владата“ на Заев, која дома конфузно ветува и слабо испорачува. Во услови на кризата која е здравствена, економска, но и психолошка - многу значајно за граѓанинот да има чувство дека во сопствената држава и влада има потпора за отскок, а не тег што го влече назад. Економски, тоа е во инвестирање на ограничените ресурси во промислени приоритети, затоа што тие во следниот период ќе бидат објективно поограничени. А општествено-политички во држење до правилото дека партискиот успех ќе го заснова на свесна одлука на гласачот, а не на еднократна употреба на електорат низ флоскули и на слабеење на секој потенцијален коалициски партнер (како кај Македонците, така и кај Албанците). И со тоа – ја поништи тезата за „отсуство на коалициски капацитет“. Но, ова не е памфлет за Мицкоски, па тука е потребно да се исцртаат и очекувањата од него и неговиот тим по изборите. Мора да се каже дека по три децении малтретирање со безбедносни тензии, намерно промашени приватизации, длабока (политичка и системска) корупција и дисфункционалност, Македонија уште од 2016 има потреба од Влада за консолидирање дома, но и правилно поставување на државата надвор Особениот предизвик е во надворешно-политичка смисла да проектира запирање на доминацијата на емотивното над реалното и на сервилното над објективното. Засега, во услови на атмосфера за „идентитетски атак“ што на различни точки го засега и секој Македонец и секој граѓанин на Македонија – покажува дека е подготвен да води не само партиска, туку и владина политика. Но со тоа ќе треба да биде соочен во подолг временски период, прекинувајќи ја временски анахроната инерција на играчите и потомците на групировката The Belgrade Boys во Скопје. Имено, членството во НАТО е остварена државна цел. ЕУ засега е оддалечена, но трасирана државна цел. Но тие се цели, а не смисла на постоењето на државата. Површната надворешна политика на Заев и Димитров придонесе некои од прашањата да бидат третирани со болни решенија без гаранции, а некои од решенијата да отворат гарантирано болни прашања. Справувањето и со нејзините последици различни од административно замисленото ќе го дефинира неговиот личен и тимски успех. Фактот што Пендаровски минатата недела правилно ретерираше од непотребното влетување во опсегот на работата на Мешовитата комисија со Бугарија сам по себе не би бил значаен доколку Мицкоски не ги потврдеше овие позиции на претседателот на Републиката со тоа што не ги проблематизираше. Ова, заедно со осаменоста на Заев во „бркањето јунски датум за избори“ во вилата Водно ги алармираше орбитерите на трите сокачиња на „Бихаќка“ дали кохабитацијата веќе не е започната и на чие политичко сојузништво Заев воопшто и може да смета? Со сето ова во вид, станува разбирливо и зошто Мицкоски не влетува брзоплето ниту во бранење на сомневањата за криминал на кој било претходен или сегашен негов кадар, но навремено бара национална стратегија за надворешно-политичките предизвици. Лично сметам дека таа ќе наиде на домашна поддршка и надворешно и соседско разбирање доколку во основа ја позиционира Македонија како: раскрсница на два коридори, без излез на море; една од помладите балкански нации во која односите меѓу Македонците и Албанците се функционални кога си ги штитат, а не кога си ги предизвикуваат идентитетите; НАТО сојузник со ЕУ перспектива, што треба да го поддржи решението на преостанатите регионални спорови, но не и да биде дел од нивните равенки; држава со функционални институции, а не само земја или територија; и последно, но еднакво значајно – држава, а не инерциски талог на југословенската федерација. Од тоа зависи и дали оваа (политичка) генерација ќе успее да се соочи со сопствените предизвици или само ќе продолжи да плива во зачмаената бара на „старите крокодили“. Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за Нова Република]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbori-2020-povekje-od-obichno-partisko-soochuvanje/feed/ 0
Величковски: Економските мерки на СДСМ се по принципот „ти нудам помош бога молам да не ја земеш“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-ekonomskite-merki-na-sdsm-se-po-principot-ti-nudam-pomosh-boga-molam-da-ne-ja-zemesh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-ekonomskite-merki-na-sdsm-se-po-principot-ti-nudam-pomosh-boga-molam-da-ne-ja-zemesh/#respond Fri, 08 May 2020 14:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=343593

Случувањата во врска со корона вирусот покажаа само колку ни се слаби државните капацитети, рече Ивон Величковски, иницијатор на движењето Нова република на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија Канал 5. Според него македонија само следела само што се случува во соседството и спроведувала исти или слични мерки. -Сите случувања, поточно последиците покажаа колку државата не била подготвена. Јас уште на почетокот кажував дека треба да се затворат границите по препорака на министертвото за здравство. Но, тогаш кога во февруари зборував за тоа се смееа. Откако го спроведоа по неколку месеци или по околу месец дена многу беше јасна ситуацијата. Тоа само покажа дека имаме слаб административен и државнички капацитет, рече Величковски. Тој укажа дека тоа што се правело е воведување на мерки кои се воведувале во соседството. -Не ја следевме ситуацијата внатре, туку воведуваме мерки по некој ред како што го правеше тоа соседството, посочи Величковски. Тој укажа дека и мерките во делот на економијата не биле соодветни. -Мерките не беа достапни како што треба. На пример ако бараат пет документи за да аплицирате и да добиете помош е во ред ако може и тие пет да ги добието по електронски пат. Но, ако треба да одите по институции за да ги добиете тие документи, па потоа да аплицирате тешко дека и ќе аплицирате. Мерките беа на принцип ти нудам помош бога молам да не ја земеш, рече Величковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-ekonomskite-merki-na-sdsm-se-po-principot-ti-nudam-pomosh-boga-molam-da-ne-ja-zemesh/feed/ 0
Величковски: Избори треба да има кога ќе се создадат услови, а не кога на СДСМ му одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-izbori-treba-da-ima-koga-kje-se-sozdadat-uslovi-a-ne-koga-na-sdsm-mu-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-izbori-treba-da-ima-koga-kje-se-sozdadat-uslovi-a-ne-koga-na-sdsm-mu-odgovara/#respond Fri, 08 May 2020 14:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=343584

Избори треба да има кога ќе се создадат услови, а не кога на СДСМ му одговара, рече Ивон Величковски, иницијатор на движењето Нова република на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија Канал 5. Во контекст на актуелната ситуација тој се осврна и на економските мерки. -Мерките во делот на економските последици од корона вирусот се крајно недоволни и несоодветни, рече Величковски Според него тоа се гледа од малата бројка на правни лица кои побарале помош. -Владата да понуди и уште неколку сета мерки, ефекти ќе нема затоа се брза за избори. Изборите треба да бидат онолку брзо колку што овозможува состојбата, а не онолку брзо колку што им треба на СДСМ. Дополнително ќе следи и разгледување каде и за што се трошени парите во овој период. Поради ова дополнително не им одговара да се чека вистинскиот момент за избори и затоа им се брза, рече Величковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-izbori-treba-da-ima-koga-kje-se-sozdadat-uslovi-a-ne-koga-na-sdsm-mu-odgovara/feed/ 0
Величковски: Свиркачите и новинарите што истражуваат се позитивци, а не негативци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-svirkachite-i-novinarite-shto-istrazuvaat-se-pozitivci-a-ne-negativci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-svirkachite-i-novinarite-shto-istrazuvaat-se-pozitivci-a-ne-negativci/#respond Sat, 24 Aug 2019 17:46:28 +0000 https://kurir.mk/?p=233072

Влегувањето во последната фаза на Владата пред заминување започна. „Новитетите“ на СДСМ не дадоа имиџ на освежување, туку на победа на внатре-владиното бизнис-лоби контра реал-програмските приоритети од 2016. Ова на свој ФБ профил го пишува Ивон Величковски, иницијатор на Движењето за Нова република. Обидот на Заев падот да се ублажи со закани кон новинарите ќе доживее ист дебакл како и обидите на Груевски пред да добие „технички“ наследник. Едноставно е-посочените дека знаеле за „Рекет“-молчат. И со тоа заклучокот е јасен. Барањето на американската амбасада е само следствена порака од писмото на Бејли од 18 декември 2018 и ставот на Палмер од 2 август. „Ако не можеш по магарето, удри по самарот“ веќе не минува. Свиркачите и новинарите што истражуваат и информираат без искривување на реалноста се позитивци, а не негативци. Тоа што важеше во 2015, важи и денес и ќе важи и во 2025. На жалење на Заев, СДСМ и нивните медиумски мегафони и пи-арџии. И на секој што ќе сака да продолжи со таква „политика“, пишува Величковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/velichkovski-svirkachite-i-novinarite-shto-istrazuvaat-se-pozitivci-a-ne-negativci/feed/ 0
Ивон Величковски: Одлуката за повлекување на книгата на Андов е погрешна- и политички и легалистички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivon-velichkovski-odlukata-za-povlekuvanje-na-knigata-na-andov-e-pogreshna-i-politichki-i-legalistichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivon-velichkovski-odlukata-za-povlekuvanje-na-knigata-na-andov-e-pogreshna-i-politichki-i-legalistichki/#respond Thu, 21 Mar 2019 13:09:26 +0000 https://kurir.mk/?p=177190

Основниот суд Скопје 2 донесе решение за привремена мерка со кое забрани продажба и располагање на книгата на Стојан Андов со наслов „До атентатот и по него“ во која тој имплицира вмешаност во атентатот на Глигоров на Фрчкоски поради повреда на личните права на тужителот, Љубомир Фрчкоски. Ивон Величковски од Либералната партија, со свој став за оваа тема: -Без да навлегувам во конечната пресуда по тужбата: Легалистички? До завршување на судскиот спор - погрешно. Политички? Сосем погрешно. Сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада. Можеби ќе им стане јасно и на оние што се надеваат дека "наведната глава сабјата не ја сече", оценува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivon-velichkovski-odlukata-za-povlekuvanje-na-knigata-na-andov-e-pogreshna-i-politichki-i-legalistichki/feed/ 0