ИВЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 13:03:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИВЗ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/#respond Thu, 29 Jun 2023 13:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=850877

Исламската верска заедница соопшти дека е против донесување на законите за родова еднаквост и за матична евиденција и оти нејзиниот став во однос на спорните закони за кои се отвори дебата во јавноста, е „пред се заштита на традиционалните семејни вредности, и по структура и по морал“. ИВЗ, како што се наведува, и порано излезе со став дека ја поддржува одлуката на сите поглавари на верските заедници во земјава, која дојде како резултат на заедничката средба од 7 мај годинава, при што беше истакнато дека законите за кои станува збор се спротивни на религиозните принципи и тие нема да бидат поддржани. – Заштитата на семејството и човечкиот ген е основен принцип од кој не можеме да се оградиме, бидејќи тоа е сржта на здравото општество. Историски гледано, во минатото, во моментов и во иднина, ИВЗ секогаш ќе застане во одбрана на националните, верски, морални и духовни вредности, бидејќи заштитата на овие вредности е верска обврска за заштита на човечкото општество. Секоја иницијатива, која било идеја или правен принцип што е во спротивност со човековата природа е неприфатлива за ИВЗ. Според информациите со кои располагаме, спорните закони во Собранието се повлечени од понатамошни процедури и за ова и честитаме на Владата за преземањето на таквиот чекор, се наведува во соопштението од ИВЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivz-e-protiv-zakonite-za-rodova-ednakvost-i-za-matichna-evidentsija/feed/ 0
Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-ivz-fetai-upati-chestitka-na-po-povod-ramazan-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-ivz-fetai-upati-chestitka-na-po-povod-ramazan-bajram/#respond Thu, 20 Apr 2023 12:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=825954

По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати со Неговата милост сите наши молитви, нашиот пост, сите наши дела направени во свет месец“. - Во овие среќни денови Рамазанската школа нè научи да не ги заборавиме нашите луѓе кои имаат потреба: сиромашните, сираците, инвалидите но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, давањето на Садакатул Фитр ни стана обврска, како што Божјиот Пратеник ни покажа дека со давање на Садакатул Фитр го прочистуваме нашиот пост од прекумерни зборови. Со еден збор, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското. Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела, вели во честитката Фетаи. Со еден збор, се посочува во честитката на поглаварот Фетаи, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското. - Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела. Во овие денови на радоста на Фитр Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Алах, да ни даде сила на верување, можност да се одвратиме од гревовите, храброст да простиме и да се помириме, да се насмееме со другите, да негуваме сегашна и уште посветла иднина, да создадеме подобри можности и услови во нашето општество за да го запреме трендот на економски миграции. Го молиме Семоќниот Аллах да им даде радост и надеж на срцата на сиромашните, луѓето со физички и духовни проблеми, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè - благодарни на Големиот Бог за неговите добринии што ни ги дал, се истакнува во честитката на Фетаи. Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-na-ivz-fetai-upati-chestitka-na-po-povod-ramazan-bajram/feed/ 0
Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bekteshi-bara-poddrshka-od-ivz-i-mpc-za-shtedenje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bekteshi-bara-poddrshka-od-ivz-i-mpc-za-shtedenje-struja/#respond Mon, 19 Sep 2022 13:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=734865

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници. Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата. -Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било да се тоа Албанци, Турци… Тоа е многу важно заради тоа што секое штедење го помага семејниот буџет, воедно ги помага и институциите во делот да се намалат трошоците, а и потребите во делот на потрошувачката заради тоа што имаме одредена потрошувачка која е на регулиран, а другата на слободниот пазар, за да се ослободат количества со кои може да се помогне на индустријата која креира работни места и на таков начин приходите во нашите семејства да не се скратат, рече Бектеши. Фетаху од своја страна апелираше до сите граѓани во овие тешки моменти да бидат свесни за улогата и придонесот што може да го имаат. Тој најави дека веднаш ќе преземат мерки како да ја рационализираат потрошувачката на струја, иако, како што нагласи, внимаваат во тој дел. -Имаме над 700 објекти, 13 муфтивства , со сите ќе разговараме како да се придонесе во ова, а и јас како поглавар на ИВЗ секој петок ќе бидеме заедно со моите соработници и верниците ќе зборуваме на оваа тема и за излез од кризата, изјави Фетаху. Како што информираше Бектеши, неговиот тим денеска разговара со МПЦ за да е одреди термин за средба на оваа тема, а очекува таа да се реализира неделава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bekteshi-bara-poddrshka-od-ivz-i-mpc-za-shtedenje-struja/feed/ 0
МПЦ, ИВЗ и Католичката црква утре ќе одржат молитва за мир во Украина и светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-svetot/#respond Sat, 30 Apr 2022 12:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=670135

По предлог на Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“  утре Македонската православна црква, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе одржат молитви за мир во Украина и воопшто во светот. – Во војната во Украина веќе загинаа илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет, се наведува во соопштението. Секоја верска заедница ќе организира молитва во својот храм и со своите верници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-ivz-i-katolichkata-crkva-utre-kje-odrzat-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-svetot/feed/ 0
Порака на поглаварот на ИВЗ Фетаху по повод почетокот на Рамазанскиот пост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/#respond Fri, 01 Apr 2022 08:47:19 +0000 https://kurir.mk/?p=656787

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг. Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество. – Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака. Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах. – Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraka-na-poglavarot-na-ivz-fetahu-po-povod-pochetokot-na-ramazanskiot-post/feed/ 0
За Владата се уште поглавар на ИВЗ бил Реисот кој ја прогласи короната за умрено, но набрзо се корегираа! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-se-ushte-poglavar-na-ivz-bil-reisot-koj-ja-proglasi-koronata-za-umreno-no-nabrzo-se-koregiraa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-se-ushte-poglavar-na-ivz-bil-reisot-koj-ja-proglasi-koronata-za-umreno-no-nabrzo-se-koregiraa/#respond Mon, 26 Apr 2021 21:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=502497

Во соопштението кое што првично беше испратено до медиумите од страна на Владата за поглавар на ИВЗ се уште бил реисот Сулејман Реџепи, но само за кратко, откако истите се корегираа и во соопштението го наведоа актуелниот поглавар, односно реисот Шаќир Фетаи. -Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава - на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи. На состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам. Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час. Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот. Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Шаќир Фетаи за придонесот во справувањето со пандемијата. Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството, стои во корегираното соопштение од Владата. Претходно во истото соопштение беше наведено името на поранешниот поглавар на ИВЗ, односно на реисот Сулејман Реџепи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-se-ushte-poglavar-na-ivz-bil-reisot-koj-ja-proglasi-koronata-za-umreno-no-nabrzo-se-koregiraa/feed/ 0
Средба на властите и верските лидери: Упатија заеднички апел во пресрет на празниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-vlastite-i-verskite-lideri-upatija-zaednichki-apel-vo-presret-na-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-vlastite-i-verskite-lideri-upatija-zaednichki-apel-vo-presret-na-praznicite/#respond Mon, 26 Apr 2021 18:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=502440

Премиерот Зоран Заев, заедно со првиот-заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава - на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи. На состанокот е констатирано дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам. Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час. Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот.
Премиерот Заев и претставниците на Владата се заблагодарија на поглаварот Стефан и на реисот Шаќир Фетаи за придонесот во справувањето со пандемијата.
Договорено е дека и Владата и МПЦ-ОА и ИВЗ ќе продолжат да се заложуваат за заштитата на јавното здравје, со што ќе се овозможи спокој и благодет во семејствата и во општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-vlastite-i-verskite-lideri-upatija-zaednichki-apel-vo-presret-na-praznicite/feed/ 0
Што договорија на средба Филипче и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-dogovorija-na-sredba-filipche-i-poglavarite-na-mpc-oa-i-na-ivz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-dogovorija-na-sredba-filipche-i-poglavarite-na-mpc-oa-i-na-ivz/#respond Mon, 19 Apr 2021 15:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=499361

Министерот за здравство Венко Филипче и поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, денеска разговарале за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава и за можните ризици од групирање за време на претстојните верски празници. Филипче на Фејсбук објави дека на средбата се согласите оти сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и се договориле да ја интензивираат комуникацијата во следниот период. -На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници. Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, наведува Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-dogovorija-na-sredba-filipche-i-poglavarite-na-mpc-oa-i-na-ivz/feed/ 0
Шаќир Фетаху избран за поглавар на Исламската верска заедница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjir-fetahu-izbran-za-poglavar-na-islamskata-verska-zaednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjir-fetahu-izbran-za-poglavar-na-islamskata-verska-zaednica/#respond Wed, 18 Nov 2020 12:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=431242

Со 18 гласа „за“ и три „против“, Шаќир Фетаху, е избран за поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), откако беше разрешен претходниот поглавар Сулејман Реџепи. „Денес е одличен ден за сите муслимани во Република Македонија, денес победи ИВЗ, денес победивме сите, човечкото и конструктивното. Од денес, имаме голема доверба и одговорност да го претставиме исламот во неговиот оригинален и традиционален дух“, рече Фетаху по изборот. извор: АлсатМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shakjir-fetahu-izbran-za-poglavar-na-islamskata-verska-zaednica/feed/ 0
Новиот поглавар на ИВЗ позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-poglavar-na-ivz-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-poglavar-na-ivz-pozitiven-na-koronavirus/#respond Thu, 30 Jul 2020 09:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=383572

Новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир Фетаху е позитивен на коронавирус. Тој преку Фејсбук ја информираше јавноста дека е позитивен на новиот вирус Ковид-19. Имајќи ја одговорноста кон моето семејство, моите соработници, како и кон сите граѓани и верници, одлучив да направам тест за Ковид-19, кој што излезе позитивен. Моментално, се е нортмално без никаков проблематичен симптом. Ги почитувам медицинските препораки и сум во домашна самоизолација, пишува во својата објава Фетаху, а пренесуват албанските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-poglavar-na-ivz-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0