Изаир Самиу Баци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Jan 2020 09:52:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Изаир Самиу Баци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „ЛА ВЕРИТА“ 3 ДЕЛ: ЗАЕВ КУПУВАЛ АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ – Командант на УЧК на црната листа на САД му донел 5.000 гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-3-del-zaev-kupuval-albanski-glasovi-komandant-na-uchk-na-crnata-lista-na-sad-mu-donel-5-000-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-3-del-zaev-kupuval-albanski-glasovi-komandant-na-uchk-na-crnata-lista-na-sad-mu-donel-5-000-glasovi/#respond Tue, 28 Jan 2020 21:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=295648

Новинарот на италијанска „Ла Верита“, Ларис Гејсер продолжува со објавување на доказите во случајот со изборен поткуп во 2014-та година каде првоосомничен е токму екс премиерот Зоран Заев. Заев заедно со неговит брат Вице и пратеникот на СДСМ од Струмица Марјан Даскаловски се товарат за злосторчничко здружување кое имало за цел преку поткуп да влијае врз волјата на гласачите, а на тој начин и на изборниот резултат во полза на СДСМ. -Осомничените Зоран Заев, роден на 08.10.1974 година во Струмица со место на живеење на ул. „Младинска“ бр... Струмица, Вице Заев роден на ....година во Струмица со место на живеење на ул. „Браќа Миладинови“ бр.... и Марјан Даскаловски, роден на 04.05.1964 година, роден во Василево Струмица живее на ул. Маршал Тито бр... Струмица, создале криминална група со цел преку нудење на поткуп да изврешат влијание врз волјата на гласачите, а со тоа да влијаат и над конечниот резултат од гласањето за време на претседателските и парламентарни избори во 2014 година во корист на политичката партија СДСМ, стои во обвиението кое никогаш официјално не било покренато. Ова обвинение беше затворено под сомнителни околности во 2018та година од страна на Рускоска. Македонската јавност на парламентарните избори во 2016-та година беше вчудоневидена од бројот на гласови кои што Заев ги освои во мнозински албанските средини како Арачиново, Тетово, Гостивар, но очилгедно дека процесот со купување на албаски гласови отпочнал од многу порано уште во 2014-та година.
Купени 5 илјади албански гласови
Од она што може да се види и слушне на доказите кои ги објавува италијанска „Ла Верита“, од поранешен командант на УЧК, Заев купил 5 илјади гласови! Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Чаушот, командантот на паравојската на СДСМ ќе му донесе 5.000 гласови. Чауш имал директна комуникација со шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници . Тој го губи своето влијание откако за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти, но и панцири и оружје. Во документите кои ги поседува обвинителството стои дека Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци. Во операцијата според Ла Верита покрај Чаушот и Заев и учестувал и актуелниот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ попознат под прекарот Српче. Сопругата на Беќири во тоа време работела во ПОЦ, каде директорувал Српче, а Богдановиќ имал и директна комуникација со Беќири. Во разговорите постои и СМС порака во која Зоран Заев на Богдановиќ му го испраќа бројот на Чаушот и добива понатамошни инструкции. Командантот на УЧК, пишува „Ла верита“ учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во National Emergency Act, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења. Првиот дел на скандалот донесува бркање од работа, невидена тортура, како Заеви „победуваа“ во Струмица. Вториот дел од скандалот донесе дека Заеви за глас плаќале по десет евра во турското маало во Струмица, донесе комуникација на братот на Зоран, Вице Заев со луѓе кои одработувале на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-3-del-zaev-kupuval-albanski-glasovi-komandant-na-uchk-na-crnata-lista-na-sad-mu-donel-5-000-glasovi/feed/ 0
„ЛА ВЕРИТА“ СО ТРЕТ ДЕЛ: Командантот на УЧК Баци од американската црна листа преку Чаушот им донел 5.000 гласови на Заев и СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-so-tret-del-komandantot-na-uchk-baci-od-amerikanskata-crna-lista-preku-chaushot-im-donel-5-000-glasovi-na-zaev-i-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-so-tret-del-komandantot-na-uchk-baci-od-amerikanskata-crna-lista-preku-chaushot-im-donel-5-000-glasovi-na-zaev-i-sdsm/#respond Tue, 28 Jan 2020 07:59:05 +0000 https://kurir.mk/?p=295563

Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на експаравојниците од УЧК кои исто стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители започнаа со истраги во 2014 година. Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Чаушот, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста. Неговото влијание почнува да опаѓа кога за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти. Според тоа што стои во документите, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци. Командантот на УЧК, пишува „Ла верита“ учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во National Emergency Act, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења. Евентуалното барање политичка помош на експремиерот од луѓе обвинети за тероризам би требало сега да предизвика продлабочување на истрагата од страна на надлежните институции. Во меѓувреме Зоран Заев реагираше на нашите објавувања подвлекувајќи дека претходната влада на Никола Груевски, доколку истрагите утврделе незаконитости, веднаш ќе го искористела тоа. Со неговата изјава тој сам себе се побива бидејќи дури не се ни обидува да прикаже дека во Македонија има поделба на властите, помеѓу судската и политичката, а токму на заткулисниот паралелен договор помеѓу Груевски и Заев се потпира македонската политичка шаховска табла, со нејзината константна нестабилност, пишува „Ла верита“. Никола Груевски уште во 2014 г. почна да добива бројни сигнали од меѓународната заедница дека не е посакуван како премиер во иднина, додека пак Заев отпочнуваше да се фали поради поддршката од Европската унија, од САД и од Обама. Додека Заев знаеше дека за неговото доаѓање на власт ќе добие се што е доволно од европските сојузници, со цел да ги смени Уставот и името, Груевски за да си го гарантира спасот, почнува со собирање информации со потенцијал да му наштетат на противникот. Видеото од 2015 г. достапно на интернет, од средбата каде што Заев го информира Груевски дека има компромитирачки материјали, докажува дека Груевски многу добро се подготвил за евентуалната уцена. Неговото бегство, непопречено од ниту една институција, со коешто го остави македонскиот народ осамен против уцените и притисоците коишто ги објавивме минатото лето, е само епилог на една типична размена на услуги коишто доколку се сака да се избегнат, државата мора итно да воспостави функционален и независен правен систем. Прв и витален услов за иднината на државата во Европа, завршува Гајсер во третото најавено продолжение на аферата „купопродажба на гласови на изборите во 2014 година“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/la-verita-so-tret-del-komandantot-na-uchk-baci-od-amerikanskata-crna-lista-preku-chaushot-im-donel-5-000-glasovi-na-zaev-i-sdsm/feed/ 0