избегано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Feb 2022 12:20:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png избегано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Младо лавче избегало во Будва: Полицијата трага по него заедно со биолози и претставници од агенцијата за заштита на животната средина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/#respond Thu, 10 Feb 2022 12:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=629623

Во тек е вториот ден од интензивната потрага по лавчето кое пред неколку дена избега во месноста Будва. Од утрово на терен се и претставници на Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора, биолози од Центарот за заштита и проучување на птиците, кои во текот на претходната ноќ дежураа на терен со камери, стапици и мамки. Центарот има и експерт за крупен дивеч, а ги поддржува колега од Косово, односно експерт за диви мачки. Александар Драгичевиќ, граѓански и еколошки активист, за Телеграф.рс изјави дека лавот не бил лоциран синоќа и покрај сите напори и пребарувања на теренот. - Не e лоциран, барем не во пределот каде што беше забележан претходната вечер и каде што најчесто доаѓаше да јаде, според сведочењето на мештаните, претходните седум дена - објаснува нашиот соговорник. Тој вели дека добиле неофицијални информации, кои се уште ги проверуваат, дека утрово во близина на истиот терен бил забележан лавот. -Денеска во текот на денот ќе се постават замки на повеќе локации за да се обидеме на тој начин да го фатиме. Мачките се ноќни животни, па нивната најголема активност е кога ќе се стемни, па затоа денеска очекуваме подготовки за она што доаѓа вечерва - ни вели Драгичевиќ. Според него, потрагата се врши на терен кој е многу непристапен. - Теренот е многу стрмен со многу карпи. Имавме проблеми и при пребарувањето со термални камери, бидејќи имаме дабова и зимзелена шума и тешко се пробива камерата, па е исклучително тешко да се забележи во текот на денот, кога обично одмараат големите мачки. Синоќа во неколку наврати лоциравме шакали, лисици, дури и диви свињи, но не и лавови - вели нашиот соговорник. Тој посочува дека лавот што го бараат е одгледан како домашно милениче, па се навикнал на луѓе и други животни како кучиња. - Вчера на терен разговаравме со мештаните и со некои активисти за правата на животните во Будва, а потоа дознавме дека и мештаните и активистите оставиле храна во делот каде тој ќе се појави и ќе јаде. Токму затоа се надеваме, бидејќи тоа му е навика, дека ќе се појави на истото место, поради што сакаме да поставиме замки. Пред две ноќи на тој простор имало голем број ловечки кучиња, па можно е да го исплашиле и да се сокрил некаде. Се надеваме дека ќе си го најде патот назад денеска или во следните неколку дена - оптимист е нашиот соговорник. На прашањето дали граѓаните треба да се плашат од ова животно, Драгичевиќ рече дека сите мора да имаат на ум дека е неопходна претпазливост, бидејќи тоа е диво животно. - Немаме официјални податоци или проценка колку точно килограми тежи тоа животно. Се верува дека помеѓу 30 и 50 килограми. Досега немало никакви проблеми. Мештаните сведочат дека му пришле на неколку метри за да го нахранат. Значи, досега немало инциденти и опасни ситуации, туку се работи за диво животно, кое може да биде опасно, поради што е обезбеден целиот простор каде што е забележан лавот - вели Драгичевиќ. На терен има полиција, биолози кои имаат пиштоли за зашеметување и целиот терен е доста добро покриен. - Се надеваме дека нема да има инциденти и дека лавот ќе биде фатен на начин што ќе биде безбеден за животното, и за луѓето вклучени во целата акција - заклучува соговорникот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mlado-lavche-izbegalo-vo-budva-policijata-traga-po-nego-zaedno-so-biolozi-i-pretstavnici-od-agencijata-za-zashtita-na-zivotnata-sredina/feed/ 0