избирачки места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 May 2023 16:17:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png избирачки места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Затворени избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoreni-izbirachkite-mesta-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoreni-izbirachkite-mesta-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-turtsija/#respond Sun, 28 May 2023 16:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=839784

Гласачките места во Турција се затворени денеска во 17 часот по локално време (16:00 часот по средноевропско време), со што заврши гласањето за вториот круг од претседателските избори во оваа земја, јавува Анадолија. Како што најави Врховната изборна комисија на Турција, гласачите кои се на гласачките места кога ќе се затворат ќе можат да ги остварат своите граѓански права. Повеќе од 64 милиони граѓани на Турција со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган и кандидатот на опозициската коалиција Кемал Киличдароглу. Пред две недели се одржаа парламентарните и првиот круг од претседателските избори во Турција. Народната алијанса на Ердоган освои мнозинство во Парламентот, додека за претседателската трка се одржува втор круг бидејќи ниту еден кандидат не доби просто мнозинство, односно повеќе од 50 отсто од гласовите. Ердоган водеше во првиот круг со освоени 49,52 отсто од гласовите. Гласањето за турската дијаспора заврши и во Анкара веќе пристигнаа околу 1,89 милиони гласови од странство, кои ќе бидат преброени по завршувањето на изборниот ден. Врховната изборна комисија на Турција денеска соопшти дека резултатите од вториот круг веројатно ќе бидат познати порано отколку во првиот круг. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvoreni-izbirachkite-mesta-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-turtsija/feed/ 0
Навреме отворени избирачките места во општините Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/#respond Sat, 20 Aug 2022 08:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=721356

Навреме се отворени гласачките места во Центар Жупа и Маврово-Ростуше каде се избира градоначалник, како и гласачките места во општина Тетово каде се бираат членови за Советот на општината. Во општина Центар Жупа се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник. – Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица, а за да биде избран градоначалник, гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, претседателот на Општинската изборна комисија Неџип Илјаз. На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен од политичка партија. Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западноевропска земја, се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77, додека во април 29,97 отсто. Навреме започна и гласањето за градоначалник на територијата на општина Маврово-Ростуше. Граѓаните ќе гласаат во еден круг, со оглед дека има двајца кандидати. – Сите избирачки места се отворени навреме и гласањето од утрово се одвива без забелешки. Материјалите, потребни за спроведување на изборниот процес се распределени навреме и не очекуваме некаков застој или прекин текот на денот, изјави за МИА претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓевска. Гласањето во Маврово и Ростуше го спроведуваат 33 избирачки одбори. Право на глас во оваа општина имаат 9.948 граѓани. Изборите за градоначалник беа распишани откако во два наврати не беа исполнети условите. Вчера гласот го дадоа 40 болни и немоќни лица. Се гласа и во општина Тетово за избор на членови во Советот на општината. -Избирачките одбори не информираа дека во сите избирачки места е започнато гласањето и се одвива во најдобар ред. Нема поголеми проблеми, информира Назми Даути, секретар на ОИК Тетово. Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 84.071 гласач кои во текот на денот ќе може да го остварат правото на глас на едно од 117 избирачки места во градот Тетово и неколкуте рурални населени места. За 31 едно место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат 403 кандидати од 13 кандидатски листи. Денеска во периодот од 7 до 19 часот отворена ќе биде и подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово, а граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат лично во канцеларија или на телефонскиот број 044 344-082. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/navreme-otvoreni-izbirachkite-mesta-vo-opshtinite-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/feed/ 0
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.824.864 граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-izbirachkite-mesta-pravo-na-glas-imaat-1-824-864-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-izbirachkite-mesta-pravo-na-glas-imaat-1-824-864-gragjani/#respond Sun, 17 Oct 2021 05:05:45 +0000 https://kurir.mk/?p=580364

Во 7 часот почна гласањето на седмите локални избори од осамостојувањето на државата. Се гласа на 3 480 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 824 864 граѓани. Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. Во посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82 461 лице, кои се на привремена работа или престој во странство, во согласност со евиденцијата на надлежниот орган, 1 899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор: 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица. Првпат оваа година гласачите ќе се идентификуваат со уреди за биометриска идентификација преку отпечаток од прст. Овие уреди ќе ги содржат само личните податоци за гласачите од Избирачкиот список во избирачкото место. Исклучок од гласањето со уреди за биометриска идентификација се лицата кои гласаа вчера – болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии барања биле прифатени од општинските изборни комисии. Вчера гласаа и затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-izbirachkite-mesta-pravo-na-glas-imaat-1-824-864-gragjani/feed/ 0
Отворени сите избирачки места во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoreni-site-izbirachki-mesta-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoreni-site-izbirachki-mesta-vo-crna-gora/#respond Sun, 30 Aug 2020 08:05:31 +0000 https://kurir.mk/?p=396750

Избирачките места за парламентарните избори во Црна Гора и локалните избори во Будва, Котор, Тиват, Андријевица и Гусиње беа отворени утрово во 7 часот, а граѓаните ќе гласаат до 20 часот. Право на глас во Црна Гора имаат 540.026 граѓани кои гласаат на 1.217 избирачки места. Денешните парламентарни избори се единаесетти по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора и петти по враќањето на независноста. На парламентарните избори учествуваат шест коалиции и пет политички партии. Парламентарните избори ќе ги следат 2.089 набљудувачи, од кои 265 се странски. Претседателот на црногорската Државна изборна комисија (ДИК) Алекса Ивановиќ на правата прес-конференција соопшти дека гласањето почнало на речиси сите избирачки места во 7 часот, освен на едно место, каде почнало подоцна и таму гласањето, според правилата, ќе биде продолжено. Тој исто така изјави дека на неколку избирачки места се појавил проблем со уредот за електронска идентификација, кои, како што рече, се решаваат во соработка со Министерството за внатрешни работи, а додека не се најде решение се врши визуелна идентификација. Во меѓувреме, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица ги предупреди граѓаните на САД во Црна Гора за можноста за масовни собири. – Црна Гора ќе одржи државни парламентарни избори во недела, 30 август 2020 година. Имајте ја на ум можноста за голем број луѓе и собири и оти мирните демонстрации можат да станат насилни. Глобалната пандемија на Ковид-19 создава дополнителни безбедносни проблеми, соопшти вчера Амбасадата на САД. Од оваа дипломатска мисија им препорачуваат на своите граѓани да избегнуваат демонстрации, да внимаваат ако неочекувано се најдат во близина на собир на голем број луѓе или протести, да ги следат најавите во локалните медиуми, да бидат незабележливи, да носат маски на отворено и да одржуваат растојание за да избегнат зараза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvoreni-site-izbirachki-mesta-vo-crna-gora/feed/ 0
Гласање, броење, резултати, жалби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/glasanje-broenje-rezultati-zalbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/glasanje-broenje-rezultati-zalbi/#respond Wed, 15 Jul 2020 06:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=375856

На 3.480 избирачки места во земјава на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат се одвива три дена. На 13 јули ќе гласаа болните од КОВИД-19 и лицата во самоизолација. На 14 јули гласаа немоќните и хронично болните, како и останатите лица што во согласност со Изборниот законик правото на глас може да го остварат ден пред одржувањето на изборите. На изборниот ден, 15 јули, избирачките места се отворени во седум часот, а гласањето ќе трае до 21 часот, два часа подолго од вообичаеното на претходните избори, кога гласачките места се затвораат во 19:00 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата што во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Кој може да гласа? Право на глас има секое лице што е запишано во изводот од Избирачкиот список и поседува важечка лична карта или пасош. Гласањето се врши лично. Гласањето ќе се одвива во согласност со протоколите на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат мерки на заштита на избирачките места за луѓето што го спроведуваат гласањето, како и за гласачите. Според протоколот за гласање, најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место ќе бара гласачите да стават заштитна маска. По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца. При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете. Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање. По доаѓањето на избирачкото место на граѓанинот му се проверуваат документите за лична идентификација, и тој се потпишува во изводот од Избирачкиот список. Потоа член на избирачкиот одбор му издава гласачко ливче на кое на предната страна мора да му стави печат. Освен важечка лична карта или пасош за гласање не се прифаќаат документи како возачка дозвола, здравствена книшка, ученичка и студентска легитимација и друго. Ако избирачот што се наоѓа во Избирачкиот список е неписмен или има физички недостаток, тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис во изводот од Избирачкиот список. Не смее да гласа избирач што ќе одбие да се потпише во Избирачкиот список Се гласа зад параванот за гласање, со заокружување на редниот број пред подносителот на листата на кандидати, и тоа исклучиво со хемиско пенкало во сина боја. Доколку гласачот погреши, нема да добие друго гласачко ливче. Превитканото гласачко ливче се става во гласачка кутија. Не смее да се дозволи гласачот да го напушти гласачкото место без да го остави ливчето во кутијата. Зад еден гласачки параван е дозволено да има еден гласач, освен во случај кога на гласачот му е потребна помош. Лицата со физички недостаток и неписмените, според Изборниот законик, имаат право со себе да повикаат лице што ќе им помогне при гласањето. Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забрането Нарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело во Република Македонија. Со Уставот на Република Македонија се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг. Членовите на избирачките одбори се должни да ги спречат евентуалните обиди за нарушување на тајноста на гласањето. Семејното и групното гласање и гласањето во име на друг значат кршење на избирачкото право, претставуваат основа за нарушување на тајноста на гласањето и може да доведат до поништување на изборите. Член на изборен орган што работи спротивно на одредбите на Изборниот законик може да заработи прекршочна пријава и глоба во износ од илјада до три илјади евра во денарска противвредност. Глоба во износ од 750 до 2.250 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на физичко лице што гласа за повеќе лица или гласа во име на друг. Гласањето завршува во 21:00 часот Гласачкото место се затвора во 21 часот, а на лицата што се затекнале во објектот ќе им се овозможи да гласаат. Прекин на гласање може да има доколку на гласачкото место се наруши редот сè додека тој не се воспостави, во случај на временски непогоди и други вонредни околности, ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба, и доколку полицијата е повикана и не се одѕвала на повикот. Доколку гласањето биде прекинато пократко од еден час тоа не продолжува по 21 часот, но ако е прекинато подолго од три часа не продолжува истиот ден. Овластените претставници на подносителите на листите, набљудувачите и гласачите на денот на гласањето на гласачките места не смеат да користат мобилен телефон, апарат или други средства за сликање на гласачкото ливче. Избирачкиот одбор може да го отстрани од гласачкото место секое лице што не се придружува кон оваа забрана. На избирачкото место никој не смее да дојде вооружен, освен припадници на полицијата. Полицајците можат да влезат на гласачкото место само во случај кога се повикани од избирачкиот одбор и кога ќе забележат сериозно нарушување на редот и мирот. Броење на гласовите Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори го доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК. ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. ДИК конечните резултати од изборите ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Жалби Секој подносител на листа на кандидати во постапката за гласање, сумирање и утврдување резултати од гласање може да поднесе приговор до ДИК во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно објавување на првичните резултати. ДИК е должна да реши по приговорот во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука. Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик. Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/glasanje-broenje-rezultati-zalbi/feed/ 0
Избирачките места отворени навреме, гласањето без никакви проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbirachkite-mesta-otvoreni-navreme-glasanjeto-bez-nikakvi-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbirachkite-mesta-otvoreni-navreme-glasanjeto-bez-nikakvi-problemi/#respond Wed, 15 Jul 2020 06:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=375851

Избирачките места изутринава се навреме отворени,  гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат за МИА од Државната изборна комисија. Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот. Право на глас имаат 1.814.613 гласачи во шест изборни единици. Се гласа за 15 партии и коалиции со 1578 кандидати. Гласањето е тајно со заокружување на редниот број пред подносителот на листата. Десеттите парламентарни избори во земјава, петти предвремени, се одржуваат под посебни услови поради пандемијата со Ковид-19. Сите вклучени во процесот задолжително мора да ги почитуваат препораките и мерките за заштита носење маска, држење дистанца и дезинфекција на рацете при влез и излез од гласачкото место. Членовите на ДИК на вчерашната седница уште еднаш повторија дека гласањето е безбедно по здравјето на граѓаните и ги повикаа масовно да излезат и во една достоинствена атмосфера да гласаат за избор на пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbirachkite-mesta-otvoreni-navreme-glasanjeto-bez-nikakvi-problemi/feed/ 0
Отворени се сите избирачки места во шест општини од Југоистокот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otvoreni-se-site-izbirachki-mesta-vo-shest-opshtini-od-jugoistokot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otvoreni-se-site-izbirachki-mesta-vo-shest-opshtini-od-jugoistokot/#respond Wed, 15 Jul 2020 05:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=375802

Сите избирачки места во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче се отворени во 07:00 часот и гласањето се одвива без никакви проблеми согласно здравствените протоколи, информираат од општинските изборни комисии. Право на глас во овие шест општини имаат 110.291 граѓани на 198 избирачки места. Во овие општини граѓаните избираат пратеници од кандидатските листи поднесени во четвртата изборна единица, каде довербата од граѓаните ја бараат 12 партии и коалиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/otvoreni-se-site-izbirachki-mesta-vo-shest-opshtini-od-jugoistokot/feed/ 0
Дислоцирани две избирачки места во општина Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislocirani-dve-izbirachki-mesta-vo-opshtina-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislocirani-dve-izbirachki-mesta-vo-opshtina-gevgelija/#respond Fri, 10 Jul 2020 12:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=373324

За предвремените парламентарни избори на 15 јули, во Гевгелија се дислоцирани две избирачки места кои немале доволна квадратура за исполнување на здравствените мерки за безбедно гласање на граѓаните според утврдениот протокол, потврдија денеска од ОИК Гевгелија. -Со решение од Државната изборна комисија извршивме промена на локацијата на избирачките места 0344 и 0345. Првото избирачко место (0344) кое беше сместено во зградата на Водната заедница „Повардарие“ е преместено во новиот објект на СОУ „Јосиф Јосифовски“, а второто избирачко место (0345) од објектот на подрачната единица на Агенцијата за вработување се преместува во просториите на гевгелиското Здружение на пензионери, велат од ОИК Гевгелија. Од ОИК Гевгелија се надеваат дека навремено ги информираат и запознаваат гласачите од наведените избирачки места  со дислокацијата на двете избирачки места и дека на 15 јули, додека трае гласањето, без проблем ќе се упатуваат кон новоодредените локации да го остварат своето право на глас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dislocirani-dve-izbirachki-mesta-vo-opshtina-gevgelija/feed/ 0
Најмалку три лица загинаа во експлозии во близина на избирачки места во Кабул https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-tri-lica-zaginaa-vo-eksplozii-vo-blizina-na-izbirachki-mesta-vo-kabul/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-tri-lica-zaginaa-vo-eksplozii-vo-blizina-na-izbirachki-mesta-vo-kabul/#respond Sat, 20 Oct 2018 10:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=117468

Три лица загинаа, а околу 30 се повредени во неколку експлозии кои се случија денеска во близина на избирачките места во главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти. Министерството за внатрешни работи информира за околу 15 експлозии во земјата во близина на гласачките места. Во Авганистан денеска се одржуваат парламентарни избори, освен во провинцијата Кандахар, каде гласањето е одложено за една седмица по убиството на локален полициски началник. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-tri-lica-zaginaa-vo-eksplozii-vo-blizina-na-izbirachki-mesta-vo-kabul/feed/ 0
Обработени 80 проценти од избирачките места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obraboteni-80-procenti-od-izbirachkite-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obraboteni-80-procenti-od-izbirachkite-mesta/#respond Sun, 30 Sep 2018 20:20:59 +0000 https://kurir.mk/?p=108661

Според обработените 80 проценти од избирачките места што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, „за“ на референдумското прашање се изјасниле 91,2 проценти или 458.053 граѓани, а „против“ биле 5,86 проценти или 29.448 граѓани. Неважечки се 2,94 проценти. Последниот податок за излезеноста што ја објави ДИК е од 18:30 часот кога одѕивот бил 34,09 проценти. Се очекува ДИК на прес-конференција да излезе со првични неофицијални податоци. Граѓаните на Македонија на денешниот референдум се изјаснуваа за прашањето „Дали сте за члество во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obraboteni-80-procenti-od-izbirachkite-mesta/feed/ 0