избоден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Aug 2022 08:55:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png избоден – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избоден затвореник во „Идризово“, се бори за живот во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izboden-zatvorenik-vo-idrizovo-se-bori-za-zivot-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izboden-zatvorenik-vo-idrizovo-se-bori-za-zivot-vo-bolnica/#respond Sat, 06 Aug 2022 08:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=714942

Американски државјанин со потекло од Струга бил избоден во затворот „Идризово“ во Скопје, дознава „Скопје1.мк“. Според информациите, станува збор за 36-годишно лице кое издржувало казна поради пресуда за недозволена трговија со дрога. Тој, бил прободен од друг затвореник, а во болница завршил со две рани. Затвореникот се бори за живот во комплексот клиники во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izboden-zatvorenik-vo-idrizovo-se-bori-za-zivot-vo-bolnica/feed/ 0
Ужасни вести: Фудбалер избоден до смрт https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uzasni-vesti-fudbaler-izboden-do-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uzasni-vesti-fudbaler-izboden-do-smrt/#respond Sun, 19 Dec 2021 11:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=610436

Голема фудбалска трагедија се случила на Бермудите. Фудбалерот Осаџи Баском (23) почина откако бил прободен со нож. Тој со приватно возило бил пренесен во болница со повеќе убодни рани на кои набрзо им подлегнал. Истрагата е во тек. Баском настапуваше за помладите категории на Астон Вила, Валенсија, Леванте и на Бристол Сити, а од минатата сезона како напаѓач настапуваше за нисколигашот во Англија, Дарлингтон. Тој го напушти клубот во февруари 2021 година. За националниот тим на Бермуди одигра 18 натпревари и постигна еден гол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uzasni-vesti-fudbaler-izboden-do-smrt/feed/ 0
До смрт избоден со нож 19-годишен мигрант во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-smrt-izboden-so-noz-19-godishen-migrant-vo-begalskiot-kamp-moria-na-grchkiot-ostrov-lezbos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-smrt-izboden-so-noz-19-godishen-migrant-vo-begalskiot-kamp-moria-na-grchkiot-ostrov-lezbos/#respond Mon, 06 Jul 2020 11:37:29 +0000 https://kurir.mk/?p=369883

Во инцидент во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, во текот на ноќта до смрт било избодено со нож 19-годишно момче од Брегот на Слоновата Коска, додека пак уште три лица се хоспитализирани, објави информативниот портал од островот „Стониси”. Според истите информации, инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, кога Авганистанец откако украл мобилен телефон од еден од Африканците, со нож напднал неколку лица, кои биле пренесени во болница. Поради тешките повреди во градите и стомакот, 19-годишното момче починало, двајца од хоспитализираните се со сериозни повреди во стомакот, а еден со повреди од удари во пределот на главата. Порталот објави дека полицијата привела неколку лица, а веројатно меѓу нив е и сторителот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-smrt-izboden-so-noz-19-godishen-migrant-vo-begalskiot-kamp-moria-na-grchkiot-ostrov-lezbos/feed/ 0
Се викам Стефан и недолжен бев во затвор: Откриени мотивите за бруталниот напад на градоначалникот кој се бори за живот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vikam-stefan-i-nedolzen-bev-vo-zatvor-otkrieni-motivite-za-brutalniot-napad-na-gradonachalnikot-koj-se-bori-za-zivot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vikam-stefan-i-nedolzen-bev-vo-zatvor-otkrieni-motivite-za-brutalniot-napad-na-gradonachalnikot-koj-se-bori-za-zivot-video/#respond Mon, 14 Jan 2019 08:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=151921

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ, кој синоќа е избоден со нож во пределот на срцето и стомакот додека стоел на бина, е во критична состојба, а во Гдањск во тек е акција за собирање на крв. Лекарите нападнатиот градоначалник пет часа го оперирале, а еден од хирурзите рече дека Адамович има „критични рани во пределот на срцето, дијафрагмата и внатрешните органи“, пренесе агенцијата АП. На Адамович му е потребно големо количество крв поради што денеска е покрената акција за собирање во Гдањск, а направен е и протест против насилството. Гдањскиот бискуп, кој бил во болницата во текот на операцијата на градоначалникот, рекол дека се моли за „чудо“. Адамович, е избоден вчера на бина, кога втрчал напаѓач со нож, во неделата навечер во текот на добротворен настан, по што градоначалникот само се фатил за стомак и паднал. Осомничениот е уапсен. Повеќе полски медиуми известија дека тој маж, откако го избодел Адамович, извикал дека се вика Стефан и дека бил во затвор, иако бил невин. Адамович (53) е градоначалник на Гдањск, балтичкиот пристанишен град од 1998 година. Тој е член на демократскат опозиција која настана во тој град по водстство на Лех Валенса во текот на 1980 година. Откако ја напушти Граѓанската платформа, избран е повторно за шести мандат како независен кандидат. Како градоначалник беше прогресивен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vikam-stefan-i-nedolzen-bev-vo-zatvor-otkrieni-motivite-za-brutalniot-napad-na-gradonachalnikot-koj-se-bori-za-zivot-video/feed/ 0
Градоначалник во Полска избоден со нож: Адамовиќ се бори за живот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnik-vo-polska-izboden-so-noz-adamovikj-se-bori-za-zivot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnik-vo-polska-izboden-so-noz-adamovikj-se-bori-za-zivot-video/#respond Mon, 14 Jan 2019 07:38:48 +0000 https://kurir.mk/?p=151886

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамовиќ, кој синоќа е избоден додека стоеше на бина за време на хуманитарен собир, е во тешка здравствена состојба. Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека „лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешко повредениот градоначалник Адамович и оти постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка“. Според полската телевизија ТВН, 27-годишниот маж кој е осомничен за нападот  од бината извикал дека невин лежел во затворт  додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович. Адамович (53) е градоначалник на Гдањск од 1998 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnik-vo-polska-izboden-so-noz-adamovikj-se-bori-za-zivot-video/feed/ 0
Избоден малолетник близу Бит Пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izboden-maloletnik-blizu-bit-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izboden-maloletnik-blizu-bit-pazar/#respond Fri, 14 Sep 2018 11:15:27 +0000 https://kurir.mk/?p=100920

На автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера околу 13.00 часот 15-годишно момче од скопското село Арачиново, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“. Додека чекал автобус, соопшти денеска МВР, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината. Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izboden-maloletnik-blizu-bit-pazar/feed/ 0
Тетовчанец избоден на автобуска станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanec-izboden-na-avtobuska-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanec-izboden-na-avtobuska-stanica/#respond Mon, 27 Aug 2018 11:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=92671

Рано изутринава во Тетово на автобуската станица, М.К.(55) од Тетово со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на стомакот на Ф.А.(56), исто така од Тетово. Ф.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Причина е претходна расправија помеѓу двајцата такси возачи. По преземени мерки М.К. е пронајден и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tetovchanec-izboden-na-avtobuska-stanica/feed/ 0