избор на директор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jun 2018 16:36:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png избор на директор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали министрите Царовска и Тевдовски извршиле упад во системот на социјална заштита? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ministrite-carovska-i-tevdovski-izvrshile-upad-vo-sistemot-na-socijalna-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ministrite-carovska-i-tevdovski-izvrshile-upad-vo-sistemot-na-socijalna-zashtita/#respond Fri, 08 Jun 2018 16:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=63744

Под директен притисок на министерката Мила Царовска, без одлука на Управниот Одбор на ЈУ Центар за социјална работа на Град Скопје бил распишан оглас за избор на директор во оваа институција која е под надлежност на Министерството за труд и социјална политика, потврдуваат извори од Центарот. Имено, согласноста за веќе обезбедени средства за објавување оглас, министерот Тевдовски и ја одобрил на Царовска на 03.05.2018 година и тоа на само месец и половина пред истекот на мандатот на В.Д. директорката на Центарот за социјална работа, иако во Законот за социјална заштита е дефинирано дека оглас се распишува 3 месеци пред истекот на мандат и тоа со веќе обезбедени финасиски средства од Министерството за финасии. Од кабинетот на Царовска, издадената согласност од министерот Тевдовски ја испратиле преку електронска пошта како скениран документ на службената е-маил адреса на установата дури на 23.05.2018 година  со назнака веднаш да се објави оглас, велат вработени во Центарот. Според вработените, по добиениот налог од кабинетот на Царовска, Управниот одбор не одржал седница, а во распишаниот оглас на 28.05.2018 година во дневните весници ,,Слободен печат,, , ,,Нова Македонија,, и ,,Коха,, органот се повикува на донесена наводна одлука. Членовите на Управниот одбор се спротивставиле на незаконитото работење на Царовска и едногласно на одржана седница на 30.05.2018 година донеле одлука веќе распишаниот оглас да биде поништен, а поништената одлука да биде објавена на ден 31.05.2018 година. Објавување на оглас без одлука на Управен одбор во јавна установа за социјална заштита е во спротивност на позитивните законски прописи во државата и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања според Кривичниот Законик. На потег се инспекторите од Државниот управен инспекторат, како и Основното јавно обвинителство да утврдат дали навистина има незаконити дејанија во работењето на министрите Царовска и Тевдовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ministrite-carovska-i-tevdovski-izvrshile-upad-vo-sistemot-na-socijalna-zashtita/feed/ 0