изборен модел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Dec 2019 07:24:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборен модел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавна расправа за иницијативата за промена на изборниот модел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-inicijativata-za-promena-na-izborniot-model/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-inicijativata-za-promena-na-izborniot-model/#respond Wed, 25 Dec 2019 07:24:09 +0000 https://kurir.mk/?p=281933

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Иницијативата за една изборна единица денеска ќе одржи отворена дебата по Предлог законот за изменување на Изборниот законик и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Тие се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеост на листите за пратеници и советници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-rasprava-za-inicijativata-za-promena-na-izborniot-model/feed/ 0
На неколку месеци пред избори, се уште се држи отворено прашањето за изборниот модел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-nekolku-meseci-pred-izbori-se-ushte-se-drzi-otvoreno-prashanjeto-za-izborniot-model/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-nekolku-meseci-pred-izbori-se-ushte-se-drzi-otvoreno-prashanjeto-za-izborniot-model/#respond Fri, 29 Nov 2019 07:12:35 +0000 https://kurir.mk/?p=270820

На неколку месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април и натаму останува отворено прашањето за промена на Изборниот законик и изборниот модел. СДСМ се на став дека има време за да се донесат овие промени, и изборите да се одржат по новиот модел, но нивниот коалициски парнер ДУИ вели дека за промена на изборниот модел досега не дискутирале со владиниот коалициски. Од ДУИ сметаат дека за тоа прашање е потребен поширок меѓупартиски концензус, но и ити тоа не треба да се отвора на само неколку месеци пред изборите. -Очекувам државотворен капацитет. Партиските интереси да ги ставиме на страна кога се работи за интересот на граѓаните на државата и да го смениме моделот во една изборна единица и да донесеме законска обврска 50/50, изјави вчера премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека со тоа најмногу добива демократијата во државата и се отстранува можноста од идно поставување на автократии. Апсолутно сакам, потцрта Заев, доколку е можно сите да застанат зад тоа, но во парламентарната демократија се знае ако 61 глас кажат „за“ тоа е закон. Коалицискиот партнер ДУИ не се согласува, но јас сметам, рече Заев, дека треба малку повнимателно да се пресмета и да видат дека треба да се согласат. ВМРО-ДПМНЕ ако повнимателно се пресмета, смета премиерот, треба да се согласи. СДСМ и Коалицијата, подвлече, е за една изборна единица и апелира ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се приклучат на ваквите иницијативи и модели. – Претседателот на Собранието не е овде и нема да зборувам на различноста на коментарите дали има време или нема време. Јас тврдам дека има време, затоа што треба само да се смени гласачкото ливче и сето тоа што е поврзано со гласањето како процес. Огласна табла, како се огласува, како стои на гласањето и сето што е поврзано. Друго нема техника и технологија што ДИК треба да се подготвува и избирачките одбори нешто да се менуваат, изјави Заев. Посочи дека СДСМ се и за отворени листи, но нагласи дека една изборна единица за пратенички листи и отворени листи заедно не треба да одат. – Можеме да направиме отворени листи на следните локални избори и сега да го вградиме во законот, а една изборна единица да одиме сега, објасни Заев. Лидерот на ДУИ , пак, вчера изјави дека за промена на изборниот модел не дискутирале со владиниот коалициски партнер СДСМ. – Сметаме дека прашањето за изборниот модел е тема за која потребен е поширок меѓупартиски консензус, затоа сметаме дека се почитуваат сите директиви и препораки на ОБСЕ/ОДИХР и од меѓународната заедница, рече Ахмети. Прашан зошто ДУИ е против да има само една изборна единица, Ахмети одговори дека тие заклучиле оти нема доволно време за дисикусија и за изработка на нови изборни правила. Претседателот на Собранието Талат Џафери го дели ставот на Ахмети дека во вакви измени на изборното законодавство не треба да се влегува во последните месеци од работата на Парламентот и без постигнат политички консензус. Тој појасни дека од група пратеници како овластени предлагачи до Собранието се поднесени два предлога за измени на Изборниот законик, еден по однос на моделот и еден за отворени листи и по процедура тие би можеле да се најдат на дневен ред на некоја од наредните седници. Но, мислам дека без општ консензус не би требало да се влезе во таков проект. Вообичаено такви проекти не се реализираат во последните месеци на работа на Собранието затоа што промената изискува и соодветни промени во моделот и во активности на други институции. Во тој контекст, мислам дека не би требало да се влезе во измени, рече Џафери. Доколку се влезе во такви измени, додаде претседателот на Собранието, тоа треба да биде на почетокот на мандатот на собранискиот состав, со цел, како што рече, да може да се остави простор и можност за другите институции да може да ги спроведат одредбите од тие измени. ВМРО-ДПМНЕ, пак, е на став дека не е време за промена на изборниот модел, но и оти доколку се влезе во ваков процес тие како партија ќе се залагаат за 120 изборни единици. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-nekolku-meseci-pred-izbori-se-ushte-se-drzi-otvoreno-prashanjeto-za-izborniot-model/feed/ 0
Мицкоски: СДСМ во јавноста кажуваат дека се за промена на изборниот модел, а во суштина не сакаат тоа се случи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sdsm-vo-javnosta-kazuvaat-deka-se-za-promena-na-izborniot-model-a-vo-sushtina-ne-sakaat-toa-se-sluchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sdsm-vo-javnosta-kazuvaat-deka-se-za-promena-na-izborniot-model-a-vo-sushtina-ne-sakaat-toa-se-sluchi/#respond Tue, 19 Nov 2019 18:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=266216

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сонце„ на прашањето поврзано дали во ВМРО-ДПМНЕ веќе се знаат имињата на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ одговори дека ВМРО-ДПМНЕ во моментот се занимава со процесите , а не се занимава со имињата. -Ги дефинираме профилите на луѓе кои ќе бидат дел од пратеничките листи, кои што ќе бидат носители на тие листи и така натаму. Генерално сме фокусирани на тој процес, не на персоналните кадри коишто ќе бидат таму. Втората половина на декември месец јавноста ќе ги дознае имињата коишто ќе бидат кандидирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ за иден технички министер во министерството за внатрешни работи, во труд и социјална политика, замениците во земјоделие, во информатичко општество и администрација и во финансии, истакна Мицкоски во своето интервју. Во своето интервју тој зборуваше и изборниот модел при што го рече следното: -Власта предводена од СДСМ во јавноста кажуваат дека се за промена на изборниот модел, а во суштина не сакаат тоа се случи. Кога ќе ги прашате зошто едно зборите во јавноста, а едно на состаноците велат дека тоа го ветиле во програмата и мора да го кажуваат. Јасно им е дека тоа не е вистинската методологија врз основа на која ќе се зголеми демократијата. Мицкоски во врска со прашањето за промена на изборниот модел потсети на негово интервју каде преку бројки и параметри практично докажува дека со промената на изборниот модел не значи дека ќе има поголем број на политички партии во парламентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sdsm-vo-javnosta-kazuvaat-deka-se-za-promena-na-izborniot-model-a-vo-sushtina-ne-sakaat-toa-se-sluchi/feed/ 0
Ковчегарски: Изборен модел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovchegarski-izboren-model/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovchegarski-izboren-model/#respond Tue, 29 Oct 2019 09:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=257275

Деновиве сме сведоци на кампања која ја водат ,,малите,, партии за итна промена на изборниот модел кој во моментов се применува во Република Македонија. Оваа тивка кампања, срамежливо и прикриено, но на еден начин и многу гласно е поддржана и од владејачката СДС(на С.М). Што се крие зад оваа поддршка со сигурност ќе дознаеме на наредните вонредни парламентарни избори на кои според анкетите кои се исто така многу актуелни деновиве, владејачката партија ќе доживее заслужен дебакл, кој според мене, преку посакувана промена на изборниот модел (срамежливо најавена како можност од Заев) ќе се обиде да го ублажи, секако силно потпомогната од нејзините ,,сателит-шетач,, партии. Мојот став е дека во овој момент не смее да се прави промена на изборниот модел, особено не во онаков, каков што посакуваат овие ,,шетачи,, (кои најчесто имаат помалку поддржувачи отколку што имаат членови во раководството на сателит партијата). Со една изборна единица и пропорционален изборен модел ќе им се овозможи на овие партии со освоени 3000 (три илјади) гласови на државно ниво да добијат пратенички места кои може да бидат клучни при составувањето на новата Влада на РМ. Дали е праведно 3000 да ги изедначиме со 300.000 илјади гласови? Еден пратеник да има тежина колку 50 и повеќе. Еден пратеник кој присобрал грст гласови од кои голем дел и по грешка и поради индиферентност на гласачите (сетете се на партијата за еднократна употреба ВМРО-ДОМ во 1998 година која тогаш беше бр.1 на гласачкото ливче!). Тогаш на површина ќе излезе нивното вистинско лице и ќе видиме што е пазарење, што се уцени, поткупи и сл. Иако овие навидум ,,невини,, личности кои се обидуваат да ни ја продадат нивната приказна околу оправданоста за промената на изборниот модел, поради наводно пропаднатите гласови  на секои избори, за нивните чесни намери, одличната идеологија и програма, јас лично, ама воопшто не им верувам, а од праксата во изминатите години се докажало и дека голем дел од нив (со чесни исклучоци) се најголемиот канцер во општеството без чија сесрдна помош поради лични и туѓи интереси ќе беа невозможни многу важни историски процеси кои ни се случуваа, а на штета на граѓаните и за понижувањње на државата. Затоа, не за овој предлог! Наместо со сите сили да се трудат да го сменат изборниот модел за лесно да дојдат до функции, попаметно би им било да се потрудат својата идеологија и углед малку подобро да ги ,,продадат,, помеѓу народот, па на изборите да освојат релевантен број на гласови согласно реално приложеното. Ако беа чесни во намерите ќе предложеа изборен праг  на пример 4 % или 5 % од оние што ќе гласаат, како што е во повеќето земји каде се применува ваков изборен модел. Или зошто да не се прифати мнозински систем со 80 до 120 изборни единици во кој извонредна можност да дојдат до израз ќе имаат овие (само)замислени силни идивидуи со голем углед меѓу граѓаните. Ама ,,шетачиве,, многу добро знаат дека во вакви изборни системи со изборен праг или пак во мнозински, ќе треба нешто повеќе од кока кола со сламка за да се стане пратеник. Нема да може да се кандидираат и да станат пратеници личности кои ниту во своето село од неколку куќи не можат да освојат мнозинство гласови и кои наместо да уживаат во пензијата да бидат клучни во распродавањето на нашите национални интереси. Нема да имаме пратеници кои не смеат ниту да дојдат во родното место, а не пак да се кандидираат во истото или како досега да се кријат на изборните листи зад други угледни личности преку кандидатура во изборни единици што немаат никаква врска со нивното потекло, местото на живеење, ниту пак со нивното битисување Предлогот за отворени листи е делумно во ред, но не треба да се избрзува со неговата имплементација поради кадровските и техничките проблеми кои неминовно ќе се јават при гласањето и сумирањето на резултатите. Како заменик на овластен-претставник на мојата партија и на кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во ДИК, на последните избори се уверив дека нашите избирачки одбори не се доволно подготвени да спроведат регуларни избори ниту со досегашниот модел (повеќето прифатени приговори беа од техничка природа поради непознавање на процесот од страна на ИО), а не пак со сложен систем на отворени листи. Што се однесува до малцинствата (оние помалите) кои сега модерно милуваат да се наречат етнички заедници (за мене многу навредливо, затоа што ако малку подобро се размисли и се погледне светската пракса, малцинство е многу, многу подостоинствен збор), може како во многу други земји да се предвидат загарантирани неколку пратенички места со што истите нема да мора да склучуваат пред и после изборни непринципиелни коалиции. Како член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција, сметам дека мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, особено сега кога изборите се веќе извесни, нема потреба да се впушта во разговори за промена на изборниот модел и да им се додворува на “сателит” партиите. Таква промена поддржана од било која партија, сега би било свесно втурнувањње на државата во пост изборна криза, само заради задоволување на интересите на минорни партии формирани исклучиво заради остварување на матни интереси (нејчесто лични, но неретко и туѓи). Немаме ама баш никаква потреба како партија да им исполнуваме желби на суетни поединци без основна смисла за хиерархиската поставеност во партиите, кои неможеле да се вклопат во оние партии во кои некогаш членувале и не сакаат да се помират со начинот на кој тие функционираат секаде во светот, па затоа си формирале свои приватни партии. Таквите досега ни правеа само штета, а на нас активистите ни беа најголем проблем да им објасниме на членовите и поддржувачите зошто истите се повторно во нашето друштво. Време е со овие појави и личности за кои пишував, конечно да се расчисти, а на политичката сцена да останат само оние кои навистина имаат релеванта поддршка од граѓаните на Република Македонија. Сегашниот изборен модел и следните парламентарни избори се одлична прилика за тоа. Пишува: Кирил Ковчегарски, адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ извор: bregalnicki.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovchegarski-izboren-model/feed/ 0
Партиите го договараат изборниот модел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-go-dogovaraat-izborniot-model/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-go-dogovaraat-izborniot-model/#respond Wed, 06 Jun 2018 05:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=62743

Најголемите парламентарни политички партии работат на усогласување на ставовите за измените на изборните закони со кои е опфатен и изборниот модел. Од владејачката СДСМ се изјаснија дека се за една изборна единица со отворени листи и очекуваат  сите ревелантни политички партии да се согласат со нивниот предлог. - За цензусот како што сум информиран уште не е разговарано, првин е потребно да се постигне согласност дали сите имаат волја да преминат кон трансформација на изборниот модел, укажа координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев и дополни дека има несогласувања кај одредени политички партии околу потребата од измени на изборниот модел. Новини од исходот на разговорите на партиските комисии не кажа ниту координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, но потенцираше дека очекува квалитетен изборен законик. Реџаил Исмаили, координатор на пратеничката група на ДУИ, пак, вели  дека нивен предлог е изборен модел со три изборни единици. - ДУИ беше за тоа да имаме три изборни единици за да имаме застапеност во Собранието од сите региони. Ако не помине тоа остануваме на старото решение со шест, бидејќи сметаме дека изборниот модел со една изборна единица не одговара на сите граѓани, односно на сите региони во државата, рече Исмаили, дополнувајќи  дека со една изборна единица многу региони би им останале непокриени со пратеници. Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели, рече дека тие сметаат оти шест изборни единици се многу за Македонија како мала држава по територија и оти се залагаат за помал број изборни единици и отворени листи. Според досегашното функцинирање на овој систем, сметаме дека треба да има помалку изборни единици. Дали ќе има една,  две, три, тоа е прашање кое може да го договорат политичките партии, експертите и сите заинтерсирани кои може да придонесат за ова прашање. Како политички субјект сме за пропорционален систем со отворени листи. На овој начин можеме повеќе да придонесеме кон демократизација на општеството и за поквалитетни кадри во Собранието на наредните избори, рече Зендели. Во меѓувреме, на повикот за избор на нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) кој Собранието го распиша во понеделникот, партиите очекуваат да се пријават квалитени кандидати, изборот да биде навреме, а со консензусот што го постигнаа за преодно решение на ДИК да се овозможи функционалност на ова тело, кое покрај за избори е надлежно и за организирање реферндум и верификација на мандати. Со објавениот повик, ДИК треба да добие нов состав со мандат од шест месеци до моментот додека се регулираат измените и дополнувањата на пакетот закони од изборното законодавство. Според сегашното законско решение, четворица членови ќе бидат од власта, тројца од опозицијата, од каде ќе биде и претседателот на ДИК. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека во моментнот не се знае кој ќе биде прв човек на Државната изборната комисија. На конференција посветена на слободни избори вчера беше констатирана потреба од професионализација на ДИК и нов изборен систем за фер и демократски избори. Во фокусот на партиските работни комисии кои преговараат за пакетот изборни закони, освен составот и начинот на бирање на ДИК и дефинирање на изборниот модел, се и финансирањето на политичките партии, како и управните постапки кои се јавуваат како резултат на жалбите од изборниот процес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-go-dogovaraat-izborniot-model/feed/ 0