изборен закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 May 2022 15:06:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборен закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Три хрватски партии во БиХ го поддржаа Милановиќ во напорите за промена на изборниот закон во таа земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-hrvatski-partii-vo-bih-go-poddrzaa-milanovikj-vo-naporite-za-promena-na-izborniot-zakon-vo-taa-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-hrvatski-partii-vo-bih-go-poddrzaa-milanovikj-vo-naporite-za-promena-na-izborniot-zakon-vo-taa-zemja/#respond Mon, 16 May 2022 15:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=677458

Три хрватски партии во БиХ денеска ја поддржаа посветеноста на претседателот Зоран Милановиќ за тамошните Хрвати, вклучително и идејата за блокирање на влезот на Финска и Шведска во НАТО доколку не се промени изборниот закон на БиХ, јави Хина. Претходно денеска Милановиќ побара од претставниците на босанските Хрвати да изјаснат дали се согласуваат со неговата политика за да може да продолжи да ја спроведува. – Ја поддржувам политиката на претседателот Милановиќ и ги повикувам институциите на Република Хрватска да помогнат во решавањето на хрватското прашање во БиХ и да ги преземат сите неопходни чекори, колку и да се тешки, изјави за Билд.ба претседателот на ХДЗ 1990 година, Илија Цвитановиќ. Тој додаде дека за Хрватите во БиХ ова е „историски момент“ што мора да се искористи. Претседателот на Хрватската селанска партија БиХ Марио Караматиќ, на Фејсбук напиша дека Хрватите гледаат „значење, интерес и корист“ во она што го прави Милановиќ и го повика да продолжи. „Претседателе, ве молиме, не се откажувајте од нас како што сите други се откажаа од една или друга причина“, напиша Караматиќ. Претседателот на Хрватската републиканска партија, Славен Рагуз изјави дека „Зоран Милановиќ во последните 15 дена направи повеќе за да го интернационализира хрватското прашање во БиХ отколку ХДЗ во последните 20 години“. Милановиќ со денови инсистира на тоа дека Хрватска треба да ги блокира Финска и Шведска за влез во НАТО доколку изборниот закон на БиХ не се промени за да се спречи побројните Бошњаци да ги надгласаат Хрватите на изборите во октомври. Сепак, хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ го обвинува декÐ ° со ваквата реторика им штети на обидите да се постигне договор за изборните реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-hrvatski-partii-vo-bih-go-poddrzaa-milanovikj-vo-naporite-za-promena-na-izborniot-zakon-vo-taa-zemja/feed/ 0
Турскиот Парламент одобри измени во изборниот закон, опозицијата негодува https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskiot-parlament-odobri-izmeni-vo-izborniot-zakon-opozicijata-negoduva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskiot-parlament-odobri-izmeni-vo-izborniot-zakon-opozicijata-negoduva/#respond Fri, 01 Apr 2022 07:32:55 +0000 https://kurir.mk/?p=656728

Турскиот Парламент синоќа одобри амандмани на Изборниот закон за кој опозицијата смета дека е потег кон изборна измама и измени што имаат за цел да се намалат шансите на опозицијата да ја преземе контролата во Законодавниот дом на наредните избори. После тридневна дебата реформите беа усвоени со поддршка на пратениците од владејачката партија на претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговите националистички сојузници што заедно имаат мнозинство во Парламентот. Со реформите се снижува прагот за влез во Парламентот од десет на седум отсто од освоените гласови, се менува начинот на распределување на пратеничките места меѓу коалициите, а одлуките по забелешки за изборни резултати ќе ги носат судии избрани преку жребување. Промените би требало да стапат на сила наредната година. Опозициските партии ги критикуваа измените како обид на владејачката Партија на правдата и развој да остане на власт независно падот на нејзиниот рејтинг во анкетите. Законот „претставува изборен инжинеринг да се остане на власт, а не заради демократизирање на изборите или правично застапување на граѓаните“, рече Филис Керестечиоглу, пратеничка на прокурдската опозициска Народна демократска партија. Хајати Јазичи, претставник на партијата на Ердоган кој и ги изработи нацрт-реформите, застана во одбрана на измените на законот тврдејќи дека обезбедуваат посилно пресликување на „волјата на народот“. Главната опозициска Републиканска народна партија вети дека некои од реформите ќе ги оспори пред највисоките судски инстанци во државата. Измените во начинот на распределба на пратеничките места во секој изборен округ веројатно ќе ги стави помалите партии во неповолна позиција и ќе ги обесмисли нивните интенциите да се придружат кон некоја опозициска коалиција. Додека порано пратеничките места се распоредуваа според вкупниот број гласови што ги добила одредена коалиција, со измените на изборната леигислатива местата ќе се додеуваат според бројот гласови што ќе ги добие секоја од партиите-членки на коалицијата. Критичарите велат дека измените се осмислени наменски за да одвратат две помали конзервативни партии што ја напуштија коалицијата со партијата на Ердоган од придружување кон некоја опозициска коалиција. Согласно новите мерки, евентуални забелешки на резултатите од изборите или пребројувањето на гласовите би ги разгледувале судии избрани по пат на жребување наместо прворангираниот судија во округот. Критичарите тврдат дека тоа ќе ги зголеми шансите по жалбите да одлучуваат судии што изминатите години ги именувала владејачката партија, односно за кои се очекува да лојални кон власта што ги назначила. Опозицијата го поздрави намалувањето на прагот за влез во Парламентот, но сепак забележува дека тој потег има за цел спасување на Партијата на националистичкото движење која е во коалиција со партијата на Ердоган, а чиј рејтинг постојано опаѓа. Инаку, цензусот за влез во Парламентот во Турција и со измените останува меѓу највисоките во Европа. Опозицијата исто така тврди дека некои од техничките особености на реформите му даваат простор на Ердоган како претседател да биде изземен од некои ограничувања за време на предизбирната кампања, забелешка што владејачката партија ја отфрла. Изборните реформи се спроведуваат месец дена откако шест опозициски партии се обединија и најавија враќање кон парламентарен систем на владеење во државата доколку победат на изборите. Тие ветија укинување на претседателскиот систем на владеење што го воведе Ердоган, за кој критичарите велат дека се сведува на владеење на еден човек. Анкетите покажуваат дека алијансата предводена од владејачката партија ја губи поддршката, што е смета дека е последица на економската стагнација во земјата и растечката инфлација. Измените во изборниот закон би стапиле на сила за време на претседателските и парламентарните избори закажани за јуни наредната година, но доколку бидат распишани вонредни избори тие ќе се спроведуваат според претходниот изборен закон односно според легислативата каква што беше пред донесените измени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turskiot-parlament-odobri-izmeni-vo-izborniot-zakon-opozicijata-negoduva/feed/ 0
АВМУ: Манчевски да си го прочита Изборниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-manchevski-da-si-go-prochita-izborniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-manchevski-da-si-go-prochita-izborniot-zakonik/#respond Fri, 17 Jul 2020 10:45:59 +0000 https://kurir.mk/?p=377627

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги непријатно е изненадена од вчерашниот фејсбук-статус на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски дека Агенцијата е политизирана затоа што поднела прекршочни постапки против Телма и Алсат - М за прекршување на изборниот молк. Од АВМУ велат дека министерот, или не го познава Изборниот законик или вообичаено, кога е Агенцијата во прашање со сите сили се обидува да ја дискредитира нејзината работа како би ја остварил зацртаната партиска агенда. -Во спротивно, би знаел дека Агенцијата не е цензор туку согласно законските надлежности кои и се дадени го следи изборното медиумско претставување и доколку констатира прекршувања, покренува прекршочни постапки. За време на изборниот молк, медиумите, меѓу другото, не смеат да емитуваат изјави од носители на функции во органите на власта и тоа е изричито наведено во Изборниот законик. Изјава дадена во својство на министер е изјава на носител на функција во органите на власта. Воопшто не е спорно дека можат да се даваат информации во врска со состојбата со корона вирусот и активностите на здравствените власти и во време на изборен молк, но не од самиот министер. Симптоматично е и што министерот Манчевски не смета дека Агенцијата е цензор и за Првиот програмски сервис на Македонското радио против кого исто така беше поднесена прекршочна постапка за прекршување на изборниот молк. Можеби затоа што прекршокот беше сторен со емитување изјави на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев?, прашуваат од Агенцијата за медиуми. Како и досега, Агенцијата не направи разлика меѓу партиите и прекршочни постапки беа поднесени поради изјавите и на Венко Филипче и на Наќе Чулев. Во овој контест, го повикуваме Манчевски да го прочита Изборниот законик пред јавно да изнесува или да споделува мислења. Истовремено, може да ги прочита досегашните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР, во кои редовно позитивно е оценета работата на Агенцијата или Изјавата за прелиминарни наоди и заклучоци на Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ, во која, исто така, се нотирани повреди на изборниот молк на традиционалните медиуми]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-manchevski-da-si-go-prochita-izborniot-zakonik/feed/ 0
Избори во БиХ на трите нивоа на власт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-vo-bih-na-trite-nivoa-na-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-vo-bih-na-trite-nivoa-na-vlast/#respond Sun, 07 Oct 2018 07:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=111743

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат избори, осми по ред на сите нивоа на власта од прогласувањето независност на таа држава во 1992 година. Изборите се спроведуваат без претходна промена на Изборниот закон што е прогласен за неуставен. Медиумите во државата како проблем го наведуваат и избирачкиот список што не е прочистен. Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда. На изборите учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати. На изборните листи се имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта. Тие се натпреваруваат за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ. Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 3,3 милиони гласачи. Тој податок предизвикува полемика бидејќи на пописот од 2013 година во БиХ е утврдено дека има околу 3,5 милиони жители. Според локални медиуми факт е дека бројот на избирачи расте во секој изборен циклус во БиХ. На иборите во 2000-та година право на гласи имале 2.5 милиони регистрирани гласачи и таа цифра денес е зголемена за речиси милион. Во изборите во 1996 година имаше одѕив од 83 отсто додека на последните локални избори пред две години учествуваа околу 55 отсто од избирачкото тело. На изборите 2014 година во трката за бошњачки член на Претседателството на БиХ победи Бакир Изетбеговиќ кој доби поддршка од 247 илјади избирачи воглавно Бошњаци иако во државата живеат речиси 1,8 милиони луѓе со бошњачка националност. Нешто подобро помина Младен Иваниќ кој доби поддршка од околу 317 илјади гласачи воглавно Срби. Според пописот во БиХ има нешто повеќе од милион Срби. Во БиХ има нешто повеќе од 500 илјади Хрвати а членот на Претседателството на БиХ од хрватскиот народ пред четири години стана Драган Човиќ за кого тогаш гласаа 128 илјади избирачи. На сегашните избори  ќе бидат и Иваниќ и Човиќ додека Изедбеговиќ нама да биде во изборната трка бидејќи законски не е можно да се биде член на Државниот врв во повеќе од два последователни мандата. Иваниќ ќе има тешка трка со агресивниот Милорад Додиќ кој веќе не може да биде претседател на РС и сега се обидува да освои место во државниот врв. Актуелната власт во БиХ ќе биде испратена без напредок кон членство во Европската унија и НАТО поради изборната кампања блокирана е постапката за одговори од прашалникот на ЕУ и со тоа евентуалниот кандидатски статус за членство во Унијата во Сараево не може да се очекува пред крајот на 2019 година. Сепак, тоа е под услов преговорите за новите власти на сите нивоа да бидат брзи и да не траат со месеци па дури и 1,5 година како што беше претходно случај. Во постоечките околности е реално БиХ да добие нова власт до пролет идната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-vo-bih-na-trite-nivoa-na-vlast/feed/ 0