изборен законик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 11:41:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборен законик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лога: Ги повикувам сите политички партии со консензус да донесеме нов Изборен законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-gi-povikuvam-site-politichki-partii-so-konsenzus-da-doneseme-nov-izboren-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-gi-povikuvam-site-politichki-partii-so-konsenzus-da-doneseme-nov-izboren-zakonik/#respond Tue, 14 Mar 2023 11:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=811771

Министерот за правда Кренар Лога ги повика сите политички партии со консензус да го донесат новиот Изборен Законик. Во своето обраќање на конференцијата ,,Изборните реформи во Северна Македонија” што ја организираше Националниот демократски институт, Лога рече дека негова иницијатива е политичките партии да седнат на иста маса со цел да се најде модел по кој ќе се пристапи кон изготвување на нов Изборен законик и да се постигне консензус за одредени прашања кои имаат политичка конотација затоа што тоа е и препорака дадена од Венецијанската комисија. -Дали ни е неопходна оваа реформа? -Одговорот е да. Изборниот законик треба да стапи на сила најмалку шест месеци пред изборите, за да можат институциите да се подготват непречено да ги спроведуваат промените. Во последниот извештај за предвремените парламентарни избори, Специјалната мисија за проценка на изборите на ОДИХР јасно стави до знаење дека сè уште има голем број прашања во законската рамка за изборите што треба да се решат. Изборниот законик треба да се ревидира сеопфатно со цел да се усогласи во рамки и со другите релевантни закони, да биде во согласност со целите на ОБСЕ, меѓународните обврски и добрите практики”, рече Лога. Министерот за правда информираше дека Министерството е во процес на формирање работна група со цел изнаоѓање на најдоброто можно решение. - Мојата јасно зацртана цел е Изборниот законик да биде изготвен пред следните избори, а преку инклузивен процес да се гарантира правната сигурност со тоа што ќе се слушнат мислењата на сите политички партии.Затоа, ги повикувам сите политички партии со консензус да го донесеме Изборниот законик и ги утврдиме изборните правила. Упатувам апел до ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициска партија да даде свој придонес и да номинира свој член во работната група. Согласен сум, претседателот на работната група да биде нивен предлог, потенцираше Лога. Им се заблагодари на НДИ и на сите граѓански организации кои активно учествувале во реформските процеси за нашата земја и кои придонесуваат кон нејзино придвижување кон Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loga-gi-povikuvam-site-politichki-partii-so-konsenzus-da-doneseme-nov-izboren-zakonik/feed/ 0
Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-i-bez-vmro-dpmne-kje-pochneme-da-rabotime-na-izmenite-na-izborniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-i-bez-vmro-dpmne-kje-pochneme-da-rabotime-na-izmenite-na-izborniot-zakonik/#respond Thu, 30 Jun 2022 09:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=697753

Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик и дека е оптимист во однос на нивното донесување. – Не секогаш се лесни начините со коишто се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме се и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик, рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”. Тој истакна дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик. – Пративме уште еден допис до нив. Доколку не се произнесат, ние и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на Изборниот законик. Секогаш е отворена поканата да се придружат да дадат свој предлог, своја номинација итн. Идејата е да постапиме по препораките на ОДИХР/ОБЕСЕ, меѓутоа и во однос на дефектите коишто беа констатирани при последните избори, рече Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до опозицијата за да и се приклучи на Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupancheski-i-bez-vmro-dpmne-kje-pochneme-da-rabotime-na-izmenite-na-izborniot-zakonik/feed/ 0
Предлог-измените на Изборниот законик пред членовите на собраниската Комисија за политички систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-izborniot-zakonik-pred-chlenovite-na-sobraniskata-komisija-za-politichki-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-izborniot-zakonik-pred-chlenovite-na-sobraniskata-komisija-za-politichki-sistem/#respond Tue, 22 Mar 2022 06:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=651073

Предлог-измените на Изборниот законик пред членовите на собраниската Комисија за политички систем Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја одржи 39-та седница на чиј дневен ред е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик. Подносители на Предлог-законот се пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од ВМРО-НП, Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица, Панчо Минов од СДСМ и сега веќе поранешниот пратеник на ДОМ, Мирослав Богдановски. Со предложените измени се бара пратениците на Собранието да се избираат со пропорционален модел без изборен праг, при што државата би била една изборна единица, со што според предлагачите, ќе им се овозможи на помалите политички партии „да го остварат своето право на претставување“. Покрај ова, со поднесениот Предлог-закон се предвидува на етничките заедници кои се застапени со помалку од 20 проценти од населението да им се гарантира пратеничко место, доколку „освоиле најмалку ист број на гласови со бројот на гласови потребни за пратеничко место“. Овој Предлог првично беше ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 18 мај минатата година година како 58 точка, но расправата по него не започна. Пратеникот Павле Трајанов смета дека процесот на усогласување траел долго, речиси една година, и очекува Предлог законот да помине на Комисијата, бидејќи текстот е целосно поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ даде начелна согласност. Сепак, тој не исклучува и блокада на предложените измени. – Гледано според јавните изјави повеќе од 90 пратеници ги поддржуваат промените, Македонија да биде една изборна единица, пропорционален модел и пресметката за пратеници да се одвива преку Д’Онтовиот модел. Така што, можно е да се донесе, не викам не, но можно е некој да го блокира законот. Дали ќе се одлучат да го блокираат законот некои од партиите, ДУИ или некоја друга партија, но тоа што бараа меѓупартиска соработка, разговори, сето тоа може да се одвива во Парламентот, да ги видиме аргументите кои се за и против. Очекувам повеќето пратеници да бидат за донесување на измените на овој Изборен законик, вели Трајанов. Според Арбер Адеми од ДУИ, за измени на вакви значајни важни законски решенија, потребен е поширок меѓуетнички и меѓупартиски консензус. Тој вели и дека ДУИ не е за промена на постојниот изборен модел со шест изборни единици. – Кога се работи за изборниот модел и Изборниот законик треба да потврдам дека не постои усогласеност околу овој Предлог-закон. Пак ќе повториме дека треба сите политички партии да седнат, да разговараат за сите прашања за кои постои интерес помеѓу различните политички партии. Настојуваме дека изборниот модел треба да ја рефлектира хетерогеноста на нашето општество и мислиме дека постоечкиот модел со шест изборни единици тоа најдобро го отсликува, вели Адеми, посочувајќи дека ќе настојуваат да продолжат со преговори, а одлуките за Изборниот законик да се носат врз основа на аргументите. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе го поддржат Предлог законот, со цел одржување предвремени избори. – Ние како најголема опозициска партија излеговме во пресрет на малите партии во врска со нивните барања. Измените на Изборниот законик треба да имаат една цел, а тоа е да го засилат плурализмот, демократскиот процес во Република Македонија и на тој начин да се изгради и да се изнајде систем за најдобро да се изрази волјата на граѓаните. Во таа насока сме отворени да разговараме, изјави пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, сосема е легитимно партиите да водат сметка за своите сопствени интереси, да ги искажуваат во бројки изразени во мандати, но доаѓаат моменти кога треба да се грижат пред се, за државните интереси. По расправата во собраниската Комисија, Предлог-законот потоа треба да оди на пленарна седница на која се очекува да се донесе одлука за одржување на јавна дискусија за предложените измените на Изборниот закон, во која може да се вклучат сите засегнати субјекти – парламентарните и вонпарламентарните партии, невладиниот сектор, експерти, медиумите… Телото што ќе ја следи јавната дискусија ќе подготви извештај до Парламентот и можно е преку оваа јавна расправа да се иницираат амандмански промени. Во рамки на Министерството за правда кон крајот на декември 2020 година беше формирана интередисциплинарна Работна група, со мандат за изработка на целосно нов Изборен законик. Владата во своето мислење за Предлог-законот, дадено на 13 април минатата година, наведе дека процесот на усвојувањето на Изборниот законик „неминовно ја наметнува потребата од консензус на сите политички партии“, па затоа е потребна поширока дебата интередисциплинарната Работна група со сите парламентарни партии. Владата оцени дека е упатно Работната група да го разгледа доставениот Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот закон, со цел тој „да биде предмет на поширока дискусија меѓу струката и политиката, а конечниот предлог за измени на Изборниот законик да биде резултат на сеопфатен, инклузивен и консултативен процес, со цел гарантирање на правната сигурност“. Покрај Предлогот на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, на дневниот ред на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како втора точка е и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција. И двата предлог-закона се во прво читање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-izmenite-na-izborniot-zakonik-pred-chlenovite-na-sobraniskata-komisija-za-politichki-sistem/feed/ 0
Измените на Изборниот закон утре во собраниска процедура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakon-utre-vo-sobraniska-procedura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakon-utre-vo-sobraniska-procedura/#respond Mon, 21 Mar 2022 15:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=650782

Измените и дополнувањата на Изборниот законик со кој се предвидува воведување на една изборна единица, поднесени од пратеници од помалите парламентарни партии утре се на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во прво читање, но засега нема консензус за нивното усвојување. Иницијатори на Предлог законот се Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски. Пратеникот Павле Трајанов од Демократски сојуз смета дека процесот на услогласување долго траел речиси една година и очекува Предлог законот да помине на Комисијата, бидејќи текстот е целосно поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ даде начелна согласност, но тој сепак не исклучува и блокада. Законот потоа треба да оди на пленарна седница на која се очекува да се донесе одлука за одржување на јавна дискусија по повод измените на Изборниот закон, во која може да се вклучат сите засегнати субјекти – парламентарните партии, вонпарламентарните, НВО, експерти, медиумите… Телото што ќе ја следи јавната дискусија ќе подготви извештај до Парламентот и можно е преку оваа јавна расправа да се иницираат амандмански промени. – Гледано според јавните изјави повеќе од 90 пратеници ги поддржуват промените, Македонија да биде една изборна единица, пропорционален модел и пресметката за пратеници да се одвива преку Д’Онтовиот модел. Така што можно е да се донесе, не викам не, но можно е некој да го блокира законот. Дали ќе се одлучат да го блокираат законот некои од партиите, ДУИ или некоја друга партија, но тоа што бараа меѓупартиска соработка, разговори, сето тоа може да се одвива во Парламентот, да ги видиме аргументите кои се за и против. Очекувам повеќето пратеници да бидат за донесување на измените на овој Изборен законик, вели Трајанов. Според него, ДУИ и други партии од албанскиот блок веќе го прекршиле принципот на соодветна етничка застапеност или за некои прашања да се гради консензус, посочувајќи на последниот избор на Влада. – Ако може да помине Влада на овој начин мислам дека изборниот закон уште полесно може да помине со мнозинство над две третини од пратениците. Инаку ние никогаш нема да имаме консензус сите партии, затоа што досега праксата покажа дека постојано се договараат поголемите партии, вели Трајанов, оценувајќи дека ако било која партија го блокира носењето на овој закон, можно е другите партии да блокираат носење на други закони, а тоа ќе значи блокада на Парламентот и предизвикување услови за вонредни парламентарни услови. Арбер Адеми од ДУИ во изјава за медиумите во Собранието го повтори партискиот став дека за измени на вакви значајни, важни законски решенија, потребен е поширок меѓуетнички и меѓупартиски консензус, и оти не се за промена на постојниот изборен модел со шест изборни единици. – Кога се работи за изборниот модел и Изборниот законик треба да потврдам дека не постои усогласеност околу овој предлог закон. Пак ќе повториме дека треба сите политички партии да седнат, да разговараат за сите прашања за кои постои интерес помеѓу различните политички партии. Настојуваме дека изборниот модел треба да ја рефлектира хетерогеноста на нашето општество и мислиме дека постоечкиот модел со шест изборни едници тоа најдобро го отсликува, вели Адеми, посочувајќи дека ќе настојуваат да продолжат со преговори, а одлуките за Изборниот законик да се носат врз основа на аргументите. Запрашан што доколку СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и помалите парламентарни партии постигнат двотретинско мнозинство за усвојување на измените за една изборна единица, Адеми посочи дека тие инсистираат на негово носење со поширок меѓуетнички и меѓупартиски консензус. – Ние имавме можност лани, во август месец, каде што една политичка партија, односно еден пратеник го блокраше донесувањето на Изборниот законик пред Локалните избори, иако постоеше договор помеѓу најголемите политички партии. Не сакаме да ја доведеме ситуацијата на ова ниво, но секако сме подготвени да дискутираме за сите прашања за кои постои интерес и врз основа на аргументи да одлучиме како политички партии. Мислиме дека овој изборен модел резултираше после конфликтот од 2001 година. За првпат се имплементираше во 2002 година и врз основа на аргументите се донесе вакво законско решение. Така што настојуваме уште еднаш да постои поширок меѓуетнички и меѓупартиски консензус за каква било измена поврзана со изборниот законик, рече Адеми. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека ќе го поддржат предлог законот, а со цел одржување предвремени избори. – Ние како најголема опозициска партија излеговме во пресрет на малите партии во врска со нивните барања. Измените на Изборниот законик треба да имаат една цел, а тоа е да го засилат плурализмот, демократскиот процес во Република Македонија и на тој начин да се изгради и да се изнајде систем за најдобро да се изрази волјата на граѓаните. Во таа насока сме отворени да разговараме. Добро е што стигна овде во Собрание. Потребен е навистина консензус да се случат оние измени кои се потребни за конечно во Македонија да добиеме она што ни е најпотребно за да се спасиме од кризата, а тоа е брзи предвремени избори. Во таа насока спремни сме да разговараме како на најдобар начин да се одрази и да се прелее народната волја овде во Собрание за конечно да добиеме една легитимна и народна власт која што ќе се грижи онака како што треба и за здравството, и за економијата и за сите аспекти на општествениот живот, рече пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Запрашан дали е можно без албанските партии да се изгласа овој закон, Лефков вели, сосема е легитимно партиите да водат сметка за своите сопствени интереси, да ги искажуваат во бројки изразени во мандати, но доаѓаат моменти кога треба да се грижат пред се, за државните интереси. – Ако ја земеме предвид ситуацијата во која се наоѓа Македонија, потребно е да застанеме за момент, да покажеме една резерва за партиските интереси и пред се да ги ставиме државните интереси. Затоа од овде доаѓа поддршката за малите партии, рече Лефков. С огласно постојниот изборен систем на парламентарните избори се избираат 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што, територијата на државата е поделена на шест изборни единици (во секоја од нив се избираат по 20 пратеници), а тројца пратеници (од редовите на дијаспората) се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија. Со измените на Изборниот законик, како што се наведува во образложението на текстот на законот, целата државна територија би се обликувала во една изборна единица со отсуство на изборен праг, овозможувајќи им и на помалите политички партии, како и на партиите на помалите етнички заедници, да го остварат своето право на претставување. Во актуелната поставеност на системот, нивните гласови се поделени во шест изборни единици и во ниту една од нив, тие не успеваат да соберат доволно за да добијат пратеник. Предлог измените се поднесени пред една година. ДУИ и Алијанса на Албанците се изјаснија против ваквото решение, а СДСМ даде начелна согласност за предлог законот, но се заложи за негово усвојување со консензус. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakon-utre-vo-sobraniska-procedura/feed/ 0
Локалните избори на 17 октомври, измените на Изборниот законик неизвесни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnite-izbori-na-17-oktomvri-izmenite-na-izborniot-zakonik-neizvesni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnite-izbori-na-17-oktomvri-izmenite-na-izborniot-zakonik-neizvesni/#respond Sat, 31 Jul 2021 07:20:01 +0000 https://kurir.mk/?p=544217

Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, а претседателот на Собранието ќе ги распише на 6 август. Но, останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати, кои веќе се влезени во собраниска процедура. Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати. Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите. Шефот на државата смета и дека е непримерно за толку кусо време пред изборите да се менува Изборниот законик, што не е согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР, тоа да не се прави шест месеци пред избори. Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници веќе влегоа во собраниска процедура и тие освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори. Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но реакциите особено беа во однос на два отсто изборен праг за оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи. Покрај дел од помалите политички партии, забелешки на предложените измени на изборните правила искажаа и Антикорупциската комисија, Транспаренси интернешенел Македонија и повеќе граѓански здруженија. Тие сметаат дека носењето на измените во Изборниот законик непосредно пред започнување на изборниот процес се спротивни на препораките дадени во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и на добрите практики со кои се препорачува стабилна изборна рамка. Собранискиот спикер Талат Џафери во однос на измените на Изборниот законик вчера на средба со новинарите не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците што започнува на 1 август. Напомена дека матичната Комисија за политички систем треба да ги заврши амандманите. Голем дел од поднесените амандамни кои се околу над 700, се формално уредни, додаде Џафери. Министерот за правда Бојан Маричиќ, пак, очекува да има промени и подобрувања во текстот на Изборниот законик. Вели дека начелно е постигната согласнот меѓу големите четири партии во која насока да се оди, и очекува веднаш по одморите, на средина на август, измените да бидат изгласани во Собранието. -Изборниот законик е комплициран за донесување и секогаш сме го носеле со консензус. Во овој момент се уште се работи на тој текст. Постои предлог во Собранието, потпишан од неколку пратеници координаторите на четирите најголеми партии, но тоа не значи дека во таа форма конечно ќе биде донесен. Има уште време, иако не премногу, но верувам дека по одморите ќе биде донесен, рече вчера Маричиќ во гостување на Канал 5. Министерот подвлече дека во однос на Изборниот законик и ОБСЕ и претседателот го кажале своето мислење, но како што рече, подобро е да се почека за да се увиди во која форма ќе биде донесен законот и со кои решенија, за да може потоа да се коментираат наредните постапки. Тој напомена дека консултациите траат постојано, односно темата е отворена веќе неколку месеци. -Во оној момент кога ќе имаме законски текст кој ќе биде усогласен, и за кој ќе сметаме дека ќе биде подобар од овој кој што е во моментов во Собранието, ќе биде повторно предложен и тој ќе биде изгласан. Меѓутоа во секој случај добро е да има измени на Изборниот законик, во смисла на препораките на ОБСЕ/ОДИХР пред се, но и некои други решенија кои се битни за изборниот процес пред да одиме на избори во октомври, рече министерот за правда Бојан Маричиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnite-izbori-na-17-oktomvri-izmenite-na-izborniot-zakonik-neizvesni/feed/ 0
Измените на Изборниот законик во собраниска процедура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakonik-vo-sobraniska-procedura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakonik-vo-sobraniska-procedura/#respond Thu, 29 Jul 2021 05:35:09 +0000 https://kurir.mk/?p=543300

Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници влегоа во собраниска процедура. Тие, освен препораките на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за начинот на спроведување на престојните локални избори, кои според најавите и на власта и на опозицијата, треба да се одржат на 17 октомври. Отворените листи се дел од компромисниот предлог, како и прагот од три отсто за преференцијалните кандидати за советници, за кој имаше забелешки, особено од помалите партии, но и реакции од оние кои на изборите сакаат да учествуваат со независни листи. Предлог измените вчера се најдоа и на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, но не беше утврден ниту дневниот ред поради тоа што пристигнале над 500 амандмани и материјалите требало да се средат. Претседателката на Комисијата Соња Мираковска за МИА изјави дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна причина да се прекине работата на Комисијата, како што рече, биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки. Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува тие да бидат донесени до крајот на месецот, пред летната пауза на Собранието Тој смета дека предлогот кој влезе во Собранието е добар, но како што истакна, може да претрпи измени во собраниската процедура. Според министерот Маричиќ, долго се работело на текстот на измените на Изборниот законик, се преговарало на повеќе нивоа, по што се дошло до овој компромисен предлог, во кој се содржани отворените листи. Се разговарало во работна групи во Министерството за правда со сите засегнати страни, подоцна бил дискутиран на ниво на четирите најголеми политички партии, коишто имаат претставници во ДИК, а во наредната фаза се разговарало и со партиите коишто немаат членови во ДИК, а имаат пратеници во Собранието. Моделот е компромисен и тоа, како што рече Маричиќ, не значи дека сите до еден се согласиле. Некои партии сакале да ги врзат отворените листи со изборниот модел за парламентарните избори, но тоа не наишло на согласност и расположение кај останатите. Предлогот во текот на процедурата може да претрпи измени преку амандмански интервенции или пак може и да не биде усвоен, бидејќи како што нагласи Маричиќ, тоа зависи од волјата на мнозинството пратеници. – Очекувам дијалог, очекувам дебата и очекувам да се изгласа законот или во оваа форма што би било најдобро или во изменета форма согласно волјата на пратениците, нагласи Маричиќ. За предложениот изборен модел појасни дека она што како компромисен предлог било утврдено е да има отворени листи со една преференција на еден советник покрај заокружување на партијата, коалицијата или листата, односно граѓанинот да има можност да заокружи и еден број пред името на советникот којшто го преферира. – Оние советници коишто ќе добијат повеќе од три проценти од запишаните гласачи во таа конкретна општина би влегле преференцијално први, а останатите советници, останатите освоени места на партијата, коалицијата или листата ќе бидат пополнети според редоследот на предложените кандидатски листи како и досега. Доколку граѓаните немаат желба да гласаат преференцијално за еден советник, нивниот глас ќе се смета само за партијата, коалицијата или листата и на тој начин и ќе се распределуваат потоа мандатите. Исто така, ако некој граѓанин заокружи повеќе од една преференција гласот ќе се смета само за партијата. Тоа е суштината на моделот. Суштината е да се овозможи покрај за партија или коалиција од партии да можат граѓаните да гласат и за личности и би било идеално доколку го направиме тоа, рече Маричиќ. Во однос на прагот од два отсто за независните кандидати, истакна дека врз основа на разговорите со политичките партии се дошло до овој процент и тој смета дека тоа е компромисен предлог којшто треба да помине така во Собранието. Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека поддржуват измени и дополнувања на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР со кои ќе се овозможи поголема транспарентност на изборниот процес и поголема ефикасност на изборните органи, но, пред се, поголема можност за избор на граѓаните со непосредно гласање за посебно по една личност –кандидат од секоја предложена листа на партиите и независните листи на кандидати. Ваквата опција за отворени листи, според ВМРО-ДПМНЕ, овозможува поголема демократија во која личноста на кандидатот, а не само партијата, ќе бидат избирани од страна на граѓаните да одлучуваат за нивната општина. -Измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ-ОДИХР се пракса пред секои избори во консензус со партиите да се подобри изборниот процес со крајна цел фер и демократски изборен процес, пред се, во интерес на опозициските партии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со реакција на предложените исмени излезе и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој, пак, очекува да се почитува препораката на ОБСЕ/ОДИХР непосредно пред избори да нема менување на изборните правила. -Доколку сепак во овој период се оди со измени, став на претседателот е, тоа да биде со поширок политички и општествен консензус постигнат, не само меѓу власта и опозицијата, туку и со релевантните организации од граѓанскиот сектор. Во врска со најавениот Предлог за измена и дополнување на Изборниот законик, во делот кој би пропишал независните советнички групи да треба да соберат потписи од два проценти од вкупниот број избирачи запишани во една општина, претседателот Пендаровски смета дека треба да се предвиди понизок праг со цел да се овозможи поголемо учество на граѓаните во изборниот процес, наведоа од Кабинетот на Пендаровски. Реакција имаа од ЛДП и ДОМ, за кои, како што нагласуваат, неприфатлив предложениот праг од 2 проценти за независни кандидати на локалните избори. Ниниот предлог е прагот да изнесува 0.5 проценти, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се овозможи олеснато вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа. – Во однос на останатите поднесени амандмани ние за отворените листи бараме наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на избирачкиот список да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови на листата или пак воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на изборниот законик ги фаворизира големите партии со што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата, за нас е тоа некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба 4-те големи партии од власта и опозицијата, истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ. сст/лв/]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izborniot-zakonik-vo-sobraniska-procedura/feed/ 0
Поднесени 500 амандмани на Предлог измените на Изборниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-500-amandmani-na-predlog-izmenite-na-izborniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-500-amandmani-na-predlog-izmenite-na-izborniot-zakonik/#respond Wed, 28 Jul 2021 17:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=543197

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците попладнево не го утврди дневниот ред на седницата на која требаше да расправа за Предлог измените и дополнувањата на Изборниот законик, откако тие претходно влегоа во собраниска процедура по скратена постапка, како дел од дневниот ред на 49 седница на Собранието. Претседателката на Комисијата Соња Мираковска за МИА изјави дека за измените се поднесени 500 амандмани. Главна причина да се прекине работата на Комисијата, како што рече, биле поднесените амандмани и потребата да се средат материјалите, но и да се остави повеќе простор за изјаснување на пратениците по упатените забелешки. Според Мираковска, се очекува седницата да продолжи утре, откако ќе се подготват материјалите. Измените и дополнувањата на Изборниот законик се предложени од пратениците Јован Митрески, Александар Николоски, Никола Мицевски, Арбер Адеми, Скендер Реџепи. Како што образложи Митревски, предложените измени на Изборниот законик произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР поврзан со предвремените избори во 2020 година и оти дошле по повеќемесечна сеопфатна дебата меѓу партиите и работната група на Министерството за правда. – Со измените се опфатени сите делови на извештајот на ОБСЕ-ОДХИР и со истите се овозможува поголема ефикасност на изборните органи, се зголемува и подобрува ефикасноста и транспарентноста во изборниот процес, се прецизираат, појаснуваат и поедноставуваат одредени делови од процесот, надлежноста на изборните органи и другите институции и се подобруваат и се воведуваат нови изборни дејствија и рокови пред сè кои се поврзани од досегашното искуство и пракса при спроведувањето на изборите од страна на Државната изборна комисија, но и кои произлегуваат од воведувањето на нов начин на идентификација на гласачите и делумно нов начин на гласање за советници во општините преку отворени-преференцијални листи на кандидати, рече Митревски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/podneseni-500-amandmani-na-predlog-izmenite-na-izborniot-zakonik/feed/ 0
Нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sostanok-na-rabotnata-grupa-za-izmeni-na-izborniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sostanok-na-rabotnata-grupa-za-izmeni-na-izborniot-zakonik/#respond Wed, 26 May 2021 19:43:16 +0000 https://kurir.mk/?p=515453

Во организација на министерот за правда Бојан Маричиќ, попладнево се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, Демократски Сојуз, парламентарни партии на помалкубројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ и Алтернатива. На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, кој помина во конструктивна атмосфера повторно се разговараше за политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени, а претставници на партиите ги изнесоа политички ставови, предлози и размислувања во однос на измените. Договорено е овие разговори во ваков формат да продолжат следната недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sostanok-na-rabotnata-grupa-za-izmeni-na-izborniot-zakonik/feed/ 0
Џафери закажа седница за пописот и Изборниот законик во 13 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-zakaza-sednica-za-popisot-i-izborniot-zakonik-vo-13-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-zakaza-sednica-za-popisot-i-izborniot-zakonik-vo-13-chasot/#respond Thu, 01 Apr 2021 09:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=490726

Собранието информира дека претседателот Талат Џафери ја свика 38. пленарна седница во 13.00 часот со две точки на дневниот ред. Првата точка на дневе ред е  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година по скратена постапка. Втората точна на дневен ред е Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-zakaza-sednica-za-popisot-i-izborniot-zakonik-vo-13-chasot/feed/ 0
Измените на Избориот законик поднесени до Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izboriot-zakonik-podneseni-do-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izboriot-zakonik-podneseni-do-sobranieto/#respond Tue, 30 Mar 2021 12:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=489692

Измените на Изборниот законик во којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори со поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и БЕСА, попладнево се поднесени до Собранието.   Засега нема информација од кабинетот на претседателот на Парламентот, Талат Џафери кога ќе биде закажана седница за тие да бидат изгласани.   Измените на Изборниот законик во Собранието беа поднесени откако вчера лидерите на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ЗоранЗаев и Христијан Мицковски постигнаа финален договор во однос на употребата на фингер принтот на Локалните избори. Тие вчера се договорија исто така за одложување на пописот, кои, како што кажаа, би требало да се одржи во периодот од 5 до 30 септември и поради тоа ги пролонгираа и локалните избори за втората половина на октомври.   Според информациите од пратеничките групи, во измените на Изборниот законик доставени до Собранието се содржани условите за гласање со терминалите за отчитување на отисок од прст, процедурите и постапките како да постапат изборните органи доколку терминалот и резервниот терминал не работат.   Измените содржат и предлог за промена на терминот на локалните избори. Тие најверојатно би се одржале на 24 или 31 октомври.   Договорот за употреба на фингер принтер на локалните избори претходно беше постигант на ниво на работни групи на пратеничките групи.   -Денес сакам да ве известам дека поднесен е Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, потпишан од сите пратенички групи. Во овој предлог закон измените предвидуваат две клучни работи, изјави денеска пратеникот Антонијо Милишоски на прес-конференција во Собранието. Првата, како што рече е поместување на терминот за локалните избори за втората половина на октомври, што значи дека локалните избори би се одржале на 24 или на 31 октомври оваа година. Втората измена, додаде тој е што се овозможува ефикасна употреба и реализација на законската обврска за употреба на уреди за отисок на прст при гласање, што и овозможува на ДИК да биде на ефикасен начин поврзана со дата базата на МВР. -Сметаме дека овие предложени измени ќе ја зголемат довербата во изборниот процес особено во едно за жал, поларизирано општество како што е нашето, додаде Милошоски. ДИК, како што изјави нејзиниот претседател, Александар Даштевски, го очекува изгласувањето на овие измени на Изборниот законик за што поскоро да ја почне постапката за набавка на терминалите и за создавање услови за спроведување на ваков тип избори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-na-izboriot-zakonik-podneseni-do-sobranieto/feed/ 0