избори 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 17:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png избори 2022 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nemame-informacii-deka-makedonski-drzavjani-se-borat-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nemame-informacii-deka-makedonski-drzavjani-se-borat-vo-ukraina/#respond Wed, 10 Aug 2022 17:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=716757

Министертво за надворешни работи на Северна Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани. – Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана, велат за МИА од МНР. Властите во Москва објавија табела за, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Северна Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава. Меѓу земјите од има „плтеници“ во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија, Косово…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-nemame-informacii-deka-makedonski-drzavjani-se-borat-vo-ukraina/feed/ 0
Едуар Филип нема да му биде противник на Емануел Макрон во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eduar-filip-nema-da-mu-bide-protivnik-na-emanuel-makron-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eduar-filip-nema-da-mu-bide-protivnik-na-emanuel-makron-vo-2022-godina/#respond Wed, 24 Jun 2020 14:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=362200

Пред реконструкцијата на француската Влада, што се очекува на почетокот на јули, еден од најблиските соработници на премиерот Едуар Филип, тврди дека тој нема да биде кандидат за функцијата претседател во 2022 година, јави дописникот на МИА. Популарноста на премиерот Едуар Филип постојано се зголемува од почетокот на кризата со Ковид-19, но сепак е можно тој да замине од премиерската функција при најавената реконструкција на владата по општинските избори. Ова евентуално заминување, доведе до лавина од гласини за можните планови на Едуар Филип. -Едуар Филип нема да биде кандидат за претседател во 2022 против Емануел Макрон. Јас тоа можам да ви го кажам со извесен степен на сигурност, кој е многу висок, изјави Жил Боаје, поранешниот специјален советник и близок пријател на Едуар Филип. Во очекување на неговото можно заминување од функцијата премиер, Едуар Филип е концентриран и на локалната политичка сцена, поточно општинските избори во Хавр (Нормандија) каде е кандидат за градоначалник. Деновиве тој изјави дека „негова цел е да биде градоначалник на Хавр, набрзо, тоа може да се случи брзо, ако се случи брзо, тоа ќе биде добро“. Покрај Едуар Филип исто и актуелната градоначалничка на Париз и кандидат за нов мандат Ан Идалго потврди дека и таа нема да биде кандидат за претседател на Франција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eduar-filip-nema-da-mu-bide-protivnik-na-emanuel-makron-vo-2022-godina/feed/ 0