изборна кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Sep 2022 10:40:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборна кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од полноќ во Бугарија започнува предизборната кампања за вонредните парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-polnokj-vo-bugarija-zapochnuva-predizbornata-kampanja-za-vonrednite-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-polnokj-vo-bugarija-zapochnuva-predizbornata-kampanja-za-vonrednite-parlamentarni-izbori/#respond Fri, 02 Sep 2022 10:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=727701

Од полноќ во Бугарија почна изборната кампања за вонредните парламентарни избори на 2 октомври, а треба да заврши на 30 септември на полноќ, јави дописникот на МИА од Софија. На предвремените парламентарни избори во Бугарија на 2 октомври ќе учествуваат 28 политички формации, од кои 22 се политички партии, а шест се коалиции. Граѓаните на Бугарија ќе можат да гласаат со 11.100 избирачки машини, од кои 9.363 ќе се гласаат во земјава, а останатите ќе бидат распределени во странство. Во помалите населени места со помалку од 300 жители ќе се гласа со хартиено ливче. Ова ќе бидат трети избори во Бугарија на кои се гласа машински, по двете парламентарни гласања минатата година и претседателските избори. Одржувањето на гласачките машини, софтверот и другите елементи за успешно гласање во Бугарија ќе чини, според јавната нарачка објавена од ЦИК, околу 3.500.000 евра. Вкупните трошоци за овие предвремени парламентарни избори во Бугарија ќе бидат околу 35 милиони евра. Бугарските граѓани и државјани ќе можат да гласаат за новите членови на 48. Национално собрание во над 50 земји ширум светот. Според првичните сознанија на социолозите Светлин Тачев од „Галуп интернешнл“ и Геновева Петрова – од „Алфа рисрч“ искажани за БНТ, битката ќе се води меѓу Истокот и Западот поради војната во Украина, како и прашањето за снабдувањето со гас. Светлин Танчев предвидува дека оваа ќе биде жестока изборна кампања. Геновева Петрова смета и дека геополитиката ќе биде фактор во изборната кампања, но додаде дека луѓето се загрижени за економската криза во земјава. Според неа, реформите во правосудството веројатно нема да бидат водечка тема на кампањата. Според Танчев, ако по 2 октомври во Бугарија не се формира влада и се оди кон спирала на предвремени избори, тогаш може да се зборува за многу силно радикално гласање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-polnokj-vo-bugarija-zapochnuva-predizbornata-kampanja-za-vonrednite-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Уште четири дена кампања, се засилуваат изборните активности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-chetiri-dena-kampanja-se-zasiluvaat-izbornite-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-chetiri-dena-kampanja-se-zasiluvaat-izbornite-aktivnosti/#respond Tue, 26 Oct 2021 05:49:48 +0000 https://kurir.mk/?p=585410

На четири дена до завршувањето на кампањата пред вториот круг на локалните избори, учесниците во изборниот процес ги продолжуваат активностите, презентирајќи ја својата програма пред граѓаните. Дел од партиите веќе и јавно се изјаснија на кого ќе ја дадат поддршката во вториот круг, а не стивнуваат ниту обвинувањата за притисок врз гласачите. Од „Беса“ вчера ги повикаа своите гласачи да ја дадат поддршката за кандидатите на Алијанса на Албанците, а истото го сторија и од Алијанса на Албанците. Ова, како што изјавија од двете партии, го прават за да ја симнат ДУИ од власта. – Политичката сцена во наредните години мора да се промени. Затоа, сакаме заедно да ја водиме и да ја направиме оваа промена, истакна вчера генералниот секретар на „Беса“, Арјанит Хоџа. И потпретседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција ја најави поддршката за кандидатите за градоначалници на Беса во вториот круг и ја поздрави нивната одлука да дадат поддршка на кандидатите на Алијанса-Алтертнатива. – Ние и натаму тврдиме дека ДУИ треба да падне од секоја власт. Се надеваме дека Движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде целосно отстранета од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство, рече Таравари. Ставот на Беса во вториот круг да даде поддршка на кандидатите од Алијанса/Алтернатива, според лидерот на СДСМ Зоран Заев, не значи дека е ставена под знак прашалник владината коалиција. Заев вчера оцени дека владината коалиција е стабилна и дека легитимно право е на секој да се бори за гласови. Не го разочарало ниту тоа што коалиционите пратнери ЛДП и ДОМ јавно не ги повикале своите поддржувачи да дадат поддршка во вториот круг за кандидатите од коалицијата на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја реафирмираше поддршката за кандидатите на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во саботата најави дека во местата каде немаат свои кандидати во вториот круг, ќе ги поддржат кандидатите кои се опозиција на власта. – ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијансата на Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржиме кандидатите кои се опозиција на власта и се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална, рече Николоски. Од друга страна, продолжуваат обвинувањата за поткуп и притисок врз гласачите. ВМРО-ДПМНЕ викендов излезе со обвинување дека имало полициски закани на денот на изборите, а Обвинителството вчера соопшти дека Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите. – До надлежното Основно јавно обвинителство се доставени наводите со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности, информираа вчера од Обвинителството. Од Министерството за внатрешни работи вчера категорично ги отфрлија, како што посочија, невистините кои ги шири ВМРО-ДПМНЕ за надовно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”. Во пресрет на гласањето од вториот круг на локалните избори што ќе се одржи во недела, кандидатите за градоначалници денеска продолжуваат со своите ветувања пред граѓаните за изградба на инфраструктурни објекти, решавање на комуналните проблеми, бесплатен превоз, почист воздух и животна средина… Во однос на известувањето на изборите од страна на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како медиумски регулатор вчера сооошти дека не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик од страна на радиодифузерите. Според Агенцијата, сите комерцијални сервиси на национално ниво вложиле напори да обезбедат медиумско покривање на изборната кампања и речиси сите, освен што информирале во дневно-информативните емисии, за учесниците во изборите резервирале и повеќе посебни информативни програми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-chetiri-dena-kampanja-se-zasiluvaat-izbornite-aktivnosti/feed/ 0
Опозицискиот табор потврди соработка и најави ново парламентарно мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opoziciskiot-tabor-potvrdi-sorabotka-i-najavi-novo-parlamentarno-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opoziciskiot-tabor-potvrdi-sorabotka-i-najavi-novo-parlamentarno-mnozinstvo/#respond Fri, 22 Oct 2021 05:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=583430

Поминаа четири дена од кампањата за вториот круг на Локалните избори 2021, а кандидатите за градоначалници и лидерите на поголемите партии полека ги зголемуваат своите активности. Партиите од владејачката коалиција потврдија дека владиното мнозинство останува стабилно и сплотено и дека ќе ги поддржат нивните кандидатите за градоначалници во вториот круг, а истото го направија и партиите од опозицијата. Вчера официјална средба во Собранието имаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, на која ја потврдија заемната поддршка за нивните кандидати во вториот круг. Ден претходно Мицкоски имаше телефонски разговор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на кој исто така беше потврдена соработката за вториот круг. Од опозицискиот табор велат дека работат на ново парламентарно мнозинство кое го најавуваат по вториот круг на изборите, а од владејачкиот табор порачуваат дека актуелното мнозинство е стабилно и дури најавуваат и негово окрупнување. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Радовиш порача дека новата иднина е на дофат, потребен е само уште еден исчекор, уште еден значаен потег, гласањето на 31 октомври на кое, како што рече, граѓаните ја имаат моќта и силата. Додаде дека новата иднина не е само испишаното во програмата на ВМРО-ДПМНЕ туку е бедем, тврдина на принципи и морал кој сакаат да го внесат во македонската политика. Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Данела Арсовска беше на средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром каде им вети дека ќе има 24 часа достапна општинска канцеларија за сите нивни потреби, со што ќе ја завршуваат работата без губење време и непотребни чекања. Заедно со новоизбраниот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски се сретна и со повеќе граѓани од општината и ги повика да се приклучат кон промените за подобро, модерно и европско Скопје. Уште еднаш истакна дека со отпочнување на нејзиниот градоначалнички мандат ќе биде градоначалник кој во договор и соработка со жителите ќе ги реализира решенијата за сите проекти кои се од суштинско значење за подобрување на функционирањето на главниот град, а фокусот ќе биде квалитетна инфраструктура, решавање на сообраќајот, повеќе зелени површини и брз, безбеден и квалитетен јавен превоз, како нејзини главни приоритети. –Токму овде во Аеродром, заедно со вашиот градоначалник од општината ќе го изградиме Скопје ИНОПАРК со цел искористување на потенцијалите на ИТ-индустријата и за економско јакнење на општината, но и на градот. Со овој проект, ќе бидат искористени потенцијалите на ИТ индустријата во Скопје, но и ќе им се овозможат на младите луѓе услови за професионален раст и можности за економско јакнење, рече Арсовска. Кандидатот на СДСМ и коалицијата и актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов порача дека граѓаните нема да дозволат државата и Град Скопје да се враќаат назад. Нивната порака, нагласи, ја примивме и постапуваме, дополнително имаме окрепнување на гласовите со потврда од сите партии кои се дел од владината коалиција и неспорно е дека мнозинството граѓани ќе го одберат развојот на Град Скопје. Државната изборна комисија (ДИК) вчера на јавна седница со 4 гласа „против“ и 3 „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за нивните забелешки за гласањето во првиот круг на Локалните избори на избирачкото место 543 во Дебар. Претставникот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека Државната изборна комисија ќе формира комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар и откако таа ќе ги добие решенијата ќе се закаже седница за што јавноста ќе биде навремено информирана. ДИК вчера не го прифати ниту приговорот на Движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците. Одбиени беа и сите шест приговори на Левица, од кои четири за Штип и два за Кисела Вода, поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази. Отфрлен е и приговорот на партијата Твоја поради тоа што е поднесен по рокот. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, пак, ги повлекоа своите приговори за првиот круг од гласањето на Локалните избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opoziciskiot-tabor-potvrdi-sorabotka-i-najavi-novo-parlamentarno-mnozinstvo/feed/ 0
Уште девет дена кампања за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ во Дојран, Гевгелија, Богданци – СДСМ во Штип, Радовиш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-devet-dena-kampanja-za-lokalnite-izbori-vmro-dpmne-vo-dojran-gevgelija-bogdanci-sdsm-vo-shtip-radovish/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-devet-dena-kampanja-za-lokalnite-izbori-vmro-dpmne-vo-dojran-gevgelija-bogdanci-sdsm-vo-shtip-radovish/#respond Thu, 07 Oct 2021 06:52:26 +0000 https://kurir.mk/?p=574392

На политичките партии и кандидатите за градоначалници и советници им преостануваат уште девет дена да ја претстават својата програма пред граѓаните. Кампањата за претстојните локални избори завршува на 15 октомври на полноќ. Европската унија, пожарот во тетовската модуларна болница, како и нови инвестициски проекти, покачување на минималната и просечната плата, доминираа во вчерашните излагања на претставниците на политичките партии. Партиите со различни ставови и пораки околу прашањето поврзано со нашата евроинтеграција. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија. СДСМ денеска е во Карбинци, Штип и Радовиш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-devet-dena-kampanja-za-lokalnite-izbori-vmro-dpmne-vo-dojran-gevgelija-bogdanci-sdsm-vo-shtip-radovish/feed/ 0
Николоски: Во тек на кампања не смее да има распишување на тендер како што тоа го прави Шилегов со тендерот за градската куќа, ДКСК да постапи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-tek-na-kampanja-ne-smee-da-ima-raspishuvanje-na-tender-kako-shto-toa-go-pravi-shilegov-so-tenderot-za-gradskata-kukja-dksk-da-postapi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-tek-na-kampanja-ne-smee-da-ima-raspishuvanje-na-tender-kako-shto-toa-go-pravi-shilegov-so-tenderot-za-gradskata-kukja-dksk-da-postapi/#respond Tue, 05 Oct 2021 11:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=573304

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора веднаш да постапи, затоа што со распишување тендер за градска куќа од страна на Град Скопје, под раководство на Петре Шилегов за време на изборна кампања директно се крши Изборниот законик, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски после изјавата од пред Општина Кисела Вода, запрашан за коментар за распишаниот тендер од страна на Град Скопје за изградба на градска куќа во вредност од 11 милиони евра. Тој посочи дека кога веста ја прочита во медиумите, првично помисли дека станува збор за некоја шега или стара вест, имајќи предвид дека се наоѓаме во ек на кампања за локалните избори, каде што општините не смеат да имаат покрупни активности, особено такви тендери со милионски суми евра. „Прво би сакал да ја повикам Антикорупциската комисија да реагира, затоа што согласно законот за избори, во пред изборен период и во период на кампања како што сме сега не смее да има никакви покрупни активности на општините и на Градот Скопје, најмалку распишување на тендер во номинална вредност од 11 милиони евра“, рече Николоски. Тој побара одговори од Град Скопје и Петре Шилегов, што се случи со 12,7 милиони евра кои што градот ги доби од продажбата на веќе изградената градска куќа, при што ги повика надлежните органи да постапат затоа што, како што рече Николоски, тие имаат информација дека наменските средства се потрошени, со што е направено кривично дело. „Втората работа која што е исклучително загрижувачка, е што до денес јавноста не доби одговор на прашањето што се случи со 12,7 милиони евра, кои што Град Скопје ги приходуваше од продажбата на веќе изградената градска куќа која што Град Скопје ја продаде. Истата треба да се на наменска сметка и да се чуваат за таа намена. Но, според нашите сознанија, тие средства се потрошени и ги нема на наменската сметка, што е кривично дело. И ги повикувам надлежните органи да постапат по оваа информација, затоа што потрошувањето на средствата кои што се за една намена а, се трошат за друго е класично кривично дело“, истакна Николоски. Тој заклучи дека, во дел на трошење на овие 12,7 милиони евра, а во делот на распишување на тендер сега за градска куќа, мора Антикорупциската комисија да постапи, затоа што е директно прекршување на Изборниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-tek-na-kampanja-ne-smee-da-ima-raspishuvanje-na-tender-kako-shto-toa-go-pravi-shilegov-so-tenderot-za-gradskata-kukja-dksk-da-postapi/feed/ 0
Продолжува кампањата: ВМРО-ДПМНЕ во Бутел, Чаир и Центар, СДСМ во Петровец и Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-kampanjata-vmro-dpmne-vo-butel-chair-i-centar-sdsm-vo-petrovec-i-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-kampanjata-vmro-dpmne-vo-butel-chair-i-centar-sdsm-vo-petrovec-i-aerodrom/#respond Tue, 05 Oct 2021 07:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=573107

И денеска продолжуваат интензивните активности на партиските и на независните кандидати за градоначалници и советници. Најавени се повеќе митинзи и средби на кои граѓаните во 80-те општини и Градот Скопје ќе можат да ги слушнат понудите на партиските и независните кандидати. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!” во Бутел, Чаир и Центар. Централниот караван на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Петровец и Илинден, а на централниот настан ќе биде во Аеродром. Вториот караван на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Гази Баба. ДУИ изборната кампања ја продолжува во Општина Теарце. Во Кавадарци и Велес изборни активности ќе има Движењето „Одлучно за промени” предводено од Зелената партија ДОМ и ЛДП, а Движењето БЕСА ќе има изборни активности во Студеничани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-kampanjata-vmro-dpmne-vo-butel-chair-i-centar-sdsm-vo-petrovec-i-aerodrom/feed/ 0
Партиите ја продолжуваат кампањата: ВМРО-ДПМНЕ денеска во Тетово и Гостивар, СДСМ во Делчево и Виница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-ja-prodolzuvaat-kampanjata-vmro-dpmne-deneska-vo-tetovo-i-gostivar-sdsm-vo-delchevo-i-vinica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-ja-prodolzuvaat-kampanjata-vmro-dpmne-deneska-vo-tetovo-i-gostivar-sdsm-vo-delchevo-i-vinica/#respond Sat, 02 Oct 2021 08:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=571726

Изминува првата недела од изборната кампања. Партиите продолжуваат и денеска со свои активности насочени кон промоција на програмите и своите кандидати за градоначалници за локалните избори закажани за 17 октомври. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места. Денешната нивна агенда започнува од Маврово-Ростуше каде во центарот на Ростуше во 16:30 ќе започне митингот. Следува Јегуновце пред ОК на ВМРО-ДПМНЕ во 17 часот. На плоштадот во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг со почеток во 18 часот пред Општинската зграда. Во 19:00 продолжуваат пред Општинската зграда во Теарце, а во 20:30 чсот во Гостивар на Градскиот плоштад ќе започне нивниот последен митинг за денеска. Најавено е обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Првиот централен караван на СДСМ денеска е во Македонска Каменица, Пехчево и Берово, а централниот настан каде ќе се обратат претседателот на партијата Зоран Заев и кандидатот за градоначалник ќе се одржи во Делчево на платото пред ДОМ на АСНОМ во 12:30 часот. Заев и кандидатот за градоначалник на Виница ќе се обратат на плоштадот „Ангел Винички“ на митингот кој ќе започне во 20:00 часот. Во Демир Капија е вториот караван на СДСМ кој на плоштадот ќе одржи митинг во 18:30 часот. Изборни активности денеска се најавени и од Алијансата за Албанците. Зијадин Села и кандидатот за градоначалник на Тетово ќе имаат средби во Тетово, а ќе го посетат и селото Порој. Митинг на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на кој ќе се обратат претседателите на коалицијата АА и А, Зијадин Села и Африм Гаши, како и кандидатот за градоначалник на Општина Теарце е закажан во дворот на основното улилиште во Теарце во 19 часот. Од ДУИ најавија дека денеска ќе одржат митинзи во Општина Велес (17 часот) и во Општина Чашка (19 часот). Средби со граѓани, прес-конференции се најавени и од поголемиот број независни кандидати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-ja-prodolzuvaat-kampanjata-vmro-dpmne-deneska-vo-tetovo-i-gostivar-sdsm-vo-delchevo-i-vinica/feed/ 0
Партиите продолжуваат со изборните активности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-izbornite-aktivnosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-izbornite-aktivnosti/#respond Thu, 30 Sep 2021 05:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=570363

Партиите и кандидатите за градоначалници денеска продолжуваат со изборните активности претставувајќи ја пред граѓаните изборната програма за претстојниот четиригодишен мандат. Реконструкции на локални патишта, водоводни и канализациски системи, транспаретност и соработка со граѓаните и реализација на проекти со кои ќе се подобри животот, се дел од ветувањата на кандидатите за градоначалници. Со пораки дека им се дава шанса на младите и дека со победа ќе ја потврдат исправноста на своите политики вчера коалицијата предводена од СДСМ ги претстави своите кандидати за градоначалници и носители на советнички листи во Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Старо Нагоричане, Штип и Куманово. – СДСМ не би била СДСМ ако не предводи во промените. Даваме шанса на младите, на новата енергија во нив, на желбата тие на свој авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Струмица, посочувајќи дека процесот на давање шанса на младите е веќе почнат насекаде низ државата со поставување на млади кадри на раководни позиции. За најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, претстојните избори се важен тест на кој граѓаните ќе одлучат во кој правец сакаат да се движи земјата. Критикувајќи ја власта предводена од СДСМ за лошо менаџирање со ковид кризата и за лошото водење на државата, Мицкоски од митингот во Неготино ги повика граѓаните да се обединат во борбата против криминалот и корупцијата. – Заеднички патриотизам е заеднички да успееме, заеднички да ги вратиме добрите луѓе кои што емигрираат, назад во Македонија. Заеднички патриотизам е да бидеме без предрасуди, да го победиме криминалот, корупцијата, неправдите. Заеднички патриотизам е народот да има повеќе пари во џебот, повеќе можности за развој, да носиме добри вести, да се радуваме на новите работни места, рече Мицкоски. Изборната програма, како што посочи, има повеќе од 14.835 проекти од различни области со кои се решаваат суштинските потреби на граѓаните како што се реконструкции на улици, градинки, училишта, спортски сали…. Во фокусот на Демократската унија за интеграција е зелената агенда за која вчера говореше лидерот на партијата Али Ахмети пред жителите на Пласница. – Никој не веруваше дека во оваа земја ќе се постигне заедниците да се разбираат меѓу себе, има уште многу работа, дали има предрасуди, се разбира дека има. Оваа земја наскоро ќе биде дел од ЕУ и верувам дека оваа земја има капацитет да ги придвижи работите напред. Денес сме со нова агенда, многумина имаа дилеми, но ние излеговме со оваа платформа. Значи, оваа платформа е живот, таа е за свеж воздух, рече Ахмети. И независните кандидати за градоначалници на средбите со граѓаните ветуваат решавње на комуналните проблеми, еднаков пристап и за урбаните и за руралните средини, вложувања во паркови и зелени површини…. Изборите ќе се одржат на 17 октомври. На овие избори за првпат ќе се применат апарати за читање на отисок на прст на гласачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-izbornite-aktivnosti/feed/ 0
Партиите продолжуваат со кампањата за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-kampanjata-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-kampanjata-za-lokalnite-izbori/#respond Wed, 29 Sep 2021 05:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=569773

Кандидатите за градоначалници, политичките партии и коалициите со собири и средби со граѓаните денеска ја продолжуваат кампањата за Локалните избори закажани за 17 октомври. Претседателот на СДСМ Зоран Заев, вчера од Скопје порача дека упорноста, храброста и визијата на Петре Шилегов се причината што Скопје денес има модерен, европски лик, и е на вистинскиот правец напред кон иднината. Според него, Шилегов е фаворит затоа што граѓаните во него препознаваат одговорен, стабилен и посветен градоначалник, кој не калкулира со својот рејтинг кога носи решенија за градот. Како што рече, на овие избори го нудат Шилегов како најдобра понуда. Целосно заокружување на процесот за решавање на сообраќајниот хаос во градот, Скопје да стане град без инфраструктурен проблем во наредните 50 години, како и забавен парк се дел од ветувањата на кандидатот за градоначалник од оваа партија Петре Шилегов, за следниот мандат. – Започнуваме да го пробиваме булеварот „Македонија“ познат како „Јужен булевар“, конечно ја поврзуваме Кисела Вода со Центар и со Карпош. Целосно го завршуваме булеварот Словенија, кој ќе води до Волково и до Ново Село, а ќе биде поврзан и со Општина Карпош со мостот на улица „Љубљанска“. Во центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа од стара Железничка до Бит Пазар, од Собрание до Палома Бјанка, целосно ќе го исчистиме градот заедно со општините затоа што изградивме инфраструктура во возила и потенцијал да можеме во наредниот мандат да понудиме на општините да влеземе пред секоја зграда и пред секој дом, нагласи Шилегов. Потенцира дека тој и неговиот тим имаат реален и проверен план како тоа да биде реализирано. Неговата противкандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, пак, во Градскиот парк имаше средба со млади, со кои разменија размислувања за Скопје, какво е сега, а во каков град тие сакаат да живеат. – Градот ќе биде место каде ќе имате исполнета и среќна младост, со содржини и младински центри што ќе ви овозможат да се развивате, лично и професионално. Ќе има места каде ќе можете да се изразите, да се поврзете, дружите а истовремено и ќе учите и ќе се наградите со знаење. Ќе се овозможи заживување на културната, музичката и воопшто мултимедијалната сцена, наспроти сегашната зачмаеност, забавни содржини со интерактивен концепт, наспроти едноличната културна програма, отвореност на градот за современите и алтернативни културни движена и создавање услови каде и вие самите би можеле да се вклучите и ќе ја создавате оваа сцена во вашиот град. Заедно, со вас и вашите идеи ќе го создаваме современо и модерно Скопје, им порача Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа собири во Струга и Ресен, од каде лидерот на партијата Хистијан Мицкоски, порача дека ова се избори на кои ја имаат последната шанса за промени и подобро утре. Вети дека со тимот што ВМРО-ДПМНЕ го создава изминатите четири години ќе се бори за вистинска и добра иднина за сите. За подобар стандард на граѓаните, подвлече, потребни се нови инвестиции и промени, а тоа нагласи, го нудат во над 14. 835 проекти од различни области. Во партиските програми на локално ниво, истакна дека нудат повеќе од 2.000 улици ширум државата, над 100 градинки, 150 училишта, спортски сали, гасификација, паркови… Одговарајќи си на прашањето што значи за него победа, рече дека победа е да направи спротивно од она што се случувало во изминатите 30 години, да се корегираме се она што не чинело досега, да се создаваат вредности и принципи. Нагласи дека треба да се изгради заеднички, модерен, нов и обединувачки патриотизам. – Да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други, да покажеме дека политичарите од власта ги немаат гласовите в џеб и дека за да ја добијат довербата од граѓаните треба да работат. Заеднички да успееме да ги вратиме луѓето кои се исселија од земјата, да бидеме без предрасуди, да ги победиме, криминалот и корупцијата, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчеравечер во Тетово одржа партиска конвенција на која беа претставени Теута Арифи како кандидатка за градоначалник и кандидати за членови на Советот на општината. Беа промовирани видео спотови преку кои кандидатите ќе се претставуваат пред граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети, нагласи дека партијата за 20 години никогаш не ја изгубила целта. – Не сме пресметале дали ќе победиме или не, ние сме подготвиле проекти. Јас сум оптимист како што станавме членка на НАТО и така ќе се интегрираме во ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе се случи победа во Тетово на 17 октомври, Теута ќе добие трет мандат, Теута има предност, таа е победник, може да има уште повеќе реализирано во мандатот од 17 октомври натаму, истакна Али Ахмети, претседателот на ДУИ на конвенцијата во Тетово. На собир во Виница, движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ вчера ја промовираше кандидатската листа за членови на општинскиот совет. Пред присутните зборуваше претседателот на ЛДП, Горан Милески, кој рече дека за претстојните локални избори на граѓаните им нудат 51 советничка листа, со што се потврдува дека коалицијата со ДОМ е трета политичка сила во државата. – Нашите постулати, како две центристички партии, се да направиме дигитални, отворени општини и да го ставиме акцентот на зелената агенда. Мораме да создадеме општини што ќе знаат да прават добри проекти за да ги искористуваат европските фондови за прекугранична соработка, со што ќе можат побрзо да се развиваат. Успешността на раководството на една локална самоуправа се мери според тоа колку финаниски средства обезбедило надвор од основниот буџет, без разлика од каде надвор од државата доаѓа таа поддршка. Ние ги знаеме проблемите што ги има Виница со загадувањето, посебно од градската депонија, поради што како коалиција се залагаме да се изгради современа регионална депонија за комунален отпад за целиот источен регион, и не само овде, туку и во другите плански региони во државата, истакна Милески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/partiite-prodolzuvaat-so-kampanjata-za-lokalnite-izbori/feed/ 0
Мицкоски: Поделбите мора да запрат, народот да се обедини – Иднината е во промените кои доаѓаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-podelbite-mora-da-zaprat-narodot-da-se-obedini-idninata-e-vo-promenite-koi-doagjaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-podelbite-mora-da-zaprat-narodot-da-se-obedini-idninata-e-vo-promenite-koi-doagjaat/#respond Mon, 27 Sep 2021 06:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=568645

Дали живеете подобро? Дали ова што се случува е нормално? Гледаме апатија и хаос. Луѓето се разочарани. Поделбите мора да запрат. Народот да се обедини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Посочува дека иднината е во промените кои доаѓаат, а истите, им порача на граѓаните, ќе ги донесат тие. -Промени кои создаваат проекти, проекти кои создаваат победи, победи кои носат нова иднина. Подобра, посветла и посреќна. Со ваш печат! Заслужена! Имаме програма и гарантираме дека ќе ја исполниме! Поучени од грешките, со искоренети слабости, свесни за одговорноста која ја преземаме. Излези и избори се! Создади нова иднина, вели Мицкоски. Од денеска започна изборната кампања за Локалните избори 2021 закажани за 17 октомври и ќе трае до 15 октомври на полноќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-podelbite-mora-da-zaprat-narodot-da-se-obedini-idninata-e-vo-promenite-koi-doagjaat/feed/ 0