изборна реформа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jul 2020 09:49:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборна реформа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно несогласувања меѓу Рама и Баша за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/#respond Wed, 22 Jul 2020 09:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=379528

Во Албанија продолжуваат несогласувањата околу изборната реформа,меѓу владејачкото мнознство и вонпарламентарната опозиција, откако социјалистите по постигнатиот договор на петти јуни, побара уставни измени со кои со новиот изборен законик се укинуваат изборни коалиции. Околу овие измени договор синоќа постигнаа пратенците од власта и парламентарната опозиција,на средба со премиерот Еди Рама, што следуваше по неговата средба со американската амбасадорка Јури Ким. Со тоа, како што изјави Рама, обезбедени се 84 гласови кои се потребни за изгласување на изборната реформа,што е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ,на што пак остро се спротивставуваат од вонпарламентарната опозиција. Во заедничката изјава за медиумите, обединетата опозицијата оценува дека „едностран уставен амандман со кој се забрануваат изборни коалиции е во спротивност со двата политички договори за изборите, од 14-ти јануари и оној на 5 јуни. „Ова е доказ за дијаболичкиот план на Еди Рама, првично да се одобри договорот од 5 јуни, да се исмеваат нашите стратешки партнери, САД и ЕУ и само една недела подоцна да се укине договорот со еднострани уставни измени, кои забрануваат коалиции како изборен субјект, стои меѓу другото во заедничката реакција на обединетата опозиција. Во меѓувреме премиерот Рама преку објава на Твитер ја повика опозицијата да не ја бојкотира денешната попладневна седница на Политичкиот совет задолжен за изборните реформи и да се приклучи„во трипатитниот дијалог“. „Денеска во 17:00 часот ќе се состане Политичкиот совет. Го повторувам апелот за вонпарламентарна опозиција да не го бојкотира Политичкиот совет и да го продолжи трипартитниот дијалог заедно со парламентарната опозиција, за уставните новини, напиша Рама на Твитер. За возрат на уставните измени парламентарната опозиција се избори за отворени кандидатски листи на изборите. Малцинствата и овој пат извисија со барањето со новиот изборен законик да се гарантираат пратенички места за нив. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/povtorno-nesoglasuvanja-megju-rama-i-basha-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Албанија: Парламентарната опозиција на средба со спикерот Ручи за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-parlamentarnata-opozicija-na-sredba-so-spikerot-ruchi-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-parlamentarnata-opozicija-na-sredba-so-spikerot-ruchi-za-izbornata-reforma/#respond Wed, 17 Jun 2020 16:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=359169

Групата пратеници од албанската парламнетарна опозиција, во која е и Васил Стерјовски, од Македонска алијанса за еворпска интеграција, попладнево оствари средба со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи. Средбата е реализирана по барање на пратениците а со цел да му бидат доставени нивните барања околу новиот изборен законик. -Парламентарниот спикер Ручи го запознавме со нашите седум барања. Прво тоа е моето барање за загарантирани места во албанскиот законодавен дом за малцинствата,за кое добив целосна подршка од оваа група пратеници. И пред него го изнесов мојот став дека доколку се гарантираат пратенички места за малцинствата, што го има во многу поразвиени земји, Албанија ќе се вброи во најдемократските земји, изјави Стерјовски за МИА. Останатите барање според него се :Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на гласовите и да нема финансирање на партиите од буџетот на државата. Ручи од своја страна им гарантирал дека предлозите ќе бидат доставени до законоданва и другите парламентарни комисии, како и на пленарна седница на парламентот. -Парламентарната процедура, која ќе се следи, нема да го загрози никого, туку целосно ќе го почитува правото на секој пратеник да предлага, дискутира, разлегува, да гласа или да се спротивстави на законската иницијатива која ќе биде прзентирана во Парламентот,-додал Ручи. Барањата веќе се доставени и до сите странски амбасади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-parlamentarnata-opozicija-na-sredba-so-spikerot-ruchi-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Во Албанија повторно „заглави“ изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-povtorno-zaglavi-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-povtorno-zaglavi-izbornata-reforma/#respond Wed, 17 Jun 2020 12:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=359085

Изборната реформа, што е една од 15-те услови што Албанија треба да ги исполни за почеток на преговорите со Европска Унија повторно „заглави“ поради несогласувањата на членовите на Политичкиот совет за тендерот за биометриска идентификација и изборот на членовите на Централната изборна комисија (ЦИК). Поради тоа Политичкиот совет не може да го финализира конечниот текст на нацрт изборниот законик, во кој се очекува да бидат наведени сите тендерски модалитети во реализацијата на електронската идентификација. По ова прашање Советот одлучи да добие мислење од Агенцијата за јавни набавки. Пратеничката Рудина Хајдари, која во Советот ја претставува парламентарната опозиција, ја напушти средбата велејќи дека „не може да остане со часови на разговори за тендерот за електронска идентификација“. Недоразбирања има и за начинот на избор на членовите на ЦИК, за кои беше договорено да се лица кои веќе поминале преку процесот на ветинг. Политичкиот совет по повеќе средби и разговори со странските дипломати, посебно американската амбасадорка Јури Ким, на шести овој месец постигна договор за изборната реформа. Партиите се договорија за 100 отсто електронска идентификација на гласачите на изборите, членови на ЦИК да бидат само лица кои веќе поминале преку процесот на ветинг, а Владата гарантира навремено финансирање онолку колку што е технички можно. Постигнатиот договор го позравија странските дипломати во Албанија, високи евопски претставници како и државниот секретар на САД, Мајк Помпео. Но како што минуваа деновите почнаа да се јавуваат несогласувања за деталите во договорот. Деновиве група опозициски пратеници доставија повеќе барања до Парламентот, Владата и Политичкиот совет, како и до сите странски дипломатски претставништва во Тирана и се заканија дека нема да гласаат доколку не се исполнат нивните барања. Меѓу нив е и пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски. – Покрај моето барање, ние уште бараме Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на гласовите и да нема финансирање на партиите од буџетот на државата, изјави Стерјовски. За изгласување на новиот изборен законик потребни се 84 пратеници, а пред некој ден премиерот Еди Рама призна дека за тоа му недостигаат четири гласа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-povtorno-zaglavi-izbornata-reforma/feed/ 0
Помпео го поздрави договорот за изборните реформи во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pompeo-go-pozdravi-dogovorot-za-izbornite-reformi-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pompeo-go-pozdravi-dogovorot-za-izbornite-reformi-vo-albanija/#respond Thu, 11 Jun 2020 08:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=356517

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави постигнатиот договор меѓу политичките партии во Албанија околу изборната реформа. Според шефот на американската дипломатија, овој договор ќе ја зајакне демократијата во Албанија и европската иднина на земјата. -Го поздравувам меѓупартискиот договор во врска со изборните реформи во Албанија, кој ќе ја консолидира нејзината демократија и дополнително ќе ја зајакне европската иднина на Албанија. Ги охрабруваме сите засегнати страни да го официјализираат овој политички договор, изјавил Помпео,пренесува државната агенција АТА. По многу средби, Политичкиот совет, што го сочинуваат претставници на партиите од власта и опозицијата,под притисок на странските дипломати постигна договор околу изборните реформи, што е еден од 15 услови за почеток на преговорите со Европската унија. Изборните реформи треба да ги изгласа Парламентот,каде, како што призна и премиерот Еди Рама,на власта и недотигаат четири гласа,откако парламентарната опозиција, јавно кажа дека нема да ги гласа доколку не се воведат отворени листи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pompeo-go-pozdravi-dogovorot-za-izbornite-reformi-vo-albanija/feed/ 0
Партиите во Албанија не се договорија за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partiite-vo-albanija-ne-se-dogovorija-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partiite-vo-albanija-ne-se-dogovorija-za-izbornata-reforma/#respond Mon, 01 Jun 2020 08:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=352157

Политичките партии во Албанија не успеаа да постигнат консензус за изборната реформа,за што краен рок беше 31 мај, што самите си го зададоа. По повеќечасовна расправа, на која и претходеа одвоени средби со странските дипломати и ветувања дека договорот за изборната реформа ќе ја заокружат до синоќа до 24 часот, тоа не се случи. Најавено е, сепак, дека ќе продолжат средбите на Политичкиот совет, во кој членуваат претставнци од владеачкото мнозинство, парламентарната и вонпарламентарната опозиција. -Опозицијата понуди консензус. Но Социјалистичката партија не е подготвена за него, зашто што сака да спроведе избори како оние од 30 јуни.  Опозицијата не се откажува од гаранцијата за слободно даден глас. Подготвени сме да продолжиме со работата на Советот и очекуваме СП да го направи првиот чекор,изјави Оерд Булукбаши, претставник на вонпарламентарната опозициска Демократска партија. Тој обвини дека сите напори на Социјалистичката партија е да ги задржи привилегиите и да не се откажува од комисиите и контролата врз Централната изборна комисија. За претставникот на опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Петрит Васили, изборната реформа не е прашање на политички пазарење, туку процес на гарантирање на слободни и демократски избори. Засега нема коментар од владеачката СП за непостигнување консензуз околу ова прашање кое е еден од 15 услови за почеток на преговорите со ЕУ. Според албанските медиуми една од главните точки за која партиите не можеле да се согласат е предлогот на опозицијата да се избира техничка влада 100 дена пред избори. Шефот на државата Илир Мета вчера ги повика партиите да го исполнат ветувањето за консензус и да ја усогласат изборната реформа и побара народот да го избира и претседателот на државата на непосредни избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partiite-vo-albanija-ne-se-dogovorija-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Мета побара од обединетата опозиција да даде придонес во подготовката на изборната реформа во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-pobara-od-obedinetata-opozicija-da-dade-pridones-vo-podgotovkata-na-izbornata-reforma-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-pobara-od-obedinetata-opozicija-da-dade-pridones-vo-podgotovkata-na-izbornata-reforma-vo-albanija/#respond Thu, 21 May 2020 11:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=348700

Албанскиот претседател Илир Мета денеска го нагласи значењето што треба да го даде обединетата опозиција со својот придонес во Политичкиот совет за подготовка на изборната реформа, и да покаже определба за враќање на легитимноста на сите институции преку слободни и фер избори. Како што информираат од неговиот кабинет, ова Мета го нагласил на претпладневната средба со лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат обединетата опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша. Опозицијата го замрзна учеството во донесувањето на изборната реформа, која е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ, откако беше урнат објектот на Националниот тетар. „Претседателот Мета, исто така, изрази длабока загриженост за последниот настан на нелегалното уривање на Националниот театар, оценувајќи го како провокација за демократијата, владеењето на правото, но и за обединетата опозиција и секако за европските вредности“, стои во соопштението од претседателскиот кабинет. Се додава дека претседателот Мета ги информирал и околу за неговите напори и предлогот за сеопфатна конкретна платформа за европска интеграција а и се заблагодарил на опзицијата за посветеноста и предлозите за надминување на тешката состојба со пандемијата со Ковид-19. По средбата преку Твитер се огласи и лидерот на демократите, Љуљзим Баша. „За време на средбата на опозициската коалиција со претседателот Мета, разговаравме за кризата и за излез од неа“, напиша Баша, додавајќи дека „Албанците ќе се спасат, кога обединети против злото-Рамавирус, ќе одат до гласачките кутии со сите гаранции за слободни и фер избори“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-pobara-od-obedinetata-opozicija-da-dade-pridones-vo-podgotovkata-na-izbornata-reforma-vo-albanija/feed/ 0