изборни кампањи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Nov 2022 13:15:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборни кампањи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДКСК ќе достави препораки до Собранието за редефинирање на финансирањето на изборните кампањи за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-dostavi-preporaki-do-sobranieto-za-redefiniranje-na-finansiranjeto-na-izbornite-kampanji-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-dostavi-preporaki-do-sobranieto-za-redefiniranje-na-finansiranjeto-na-izbornite-kampanji-za-lokalnite-izbori/#respond Thu, 24 Nov 2022 13:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=765890

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 76. седница го усвои предлог извештајот за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за Локални избор за избор на градоначалник на општина Маврово и Ростуше, Градоначалник на Центар Жупа и Совет на општина Тетово, одржани на ден 20.08.2022 година. Согласно извештајот креирани се препораки на ДКСК кои ќе бидат доставени до Собранието. Заклучоците од извештајот посочуваат дека потребно е одредбите кои се однесуваат на радиодифузерите, електронски медиуми, интернет портали, плакати, билборди, да се редефинираат со цел да се направи поволна процентуална распределба на рекламен простор и помалите партии кандидати во зависност од распределба на средствата за платено политичко рекламирање од Буџетот на РСМ во корист на помалите партии и кандидати. Понатаму секој начин на реформирање да се уреди со донесување на подзаконски акти со кои појасно ќе се прецизираат правилата на игра помеѓу партиите, органите на управата и правните лица кои стопанисуваат. Да се уреди начинот на рекламирање преку интернет портали. Да се дефинира институцијата која ќе ги носи подзаконските акти. Извештајот посочува дека исто така, потребно е и редефинирање на износите на донациите што донаторите можат да ги уплатат на сметка на редовното работење на партиите и изборните сметки за да се спречи финансирање на тн. црни пари или купување гласови во замена за идни вработувања или доделување на договори за јавни набавки. Утврдена е потреба од забрани за правните лица кои со договори за јавните набавки користат буџетски средства да бидат донатори во изборна кампања, а донацијата како услуга на учесникот во изборната кампања кои ги плаќа трето лице да се укине. Потребно е да се поедностават обрасците, да се намали бројот на извештаи што учесниците во изборните кампањи треба да ги изготват и да се оцени во кои институции треба да се достават во зависност од нивните надлежности на контролата на извештаите. На седницата беше истакнато дека масовното непочитување на обврските на транспарентноста од страна на политичките партии необјавување на извештаи се должи на фактот што во ниту еден закон не е дефинирана институцијата со надлежност за контрола во реално време. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-dostavi-preporaki-do-sobranieto-za-redefiniranje-na-finansiranjeto-na-izbornite-kampanji-za-lokalnite-izbori/feed/ 0