изборни коалиции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Jul 2020 13:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборни коалиции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанскиот Парламент ги усвои уставните измени со кои се укинуват изборните коалиции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-gi-usvoi-ustavnite-izmeni-so-koi-se-ukinuvat-izbornite-koalicii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-gi-usvoi-ustavnite-izmeni-so-koi-se-ukinuvat-izbornite-koalicii/#respond Thu, 30 Jul 2020 13:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=383847

Со мнозинство гласови, албанскиот Парламентот го усвои постигнатиот договор меѓу мнозинството и парламентарната, но не и вонпарламентарната опозиција за измена на членовите 64 и 68 од Уставот на Републиката, со што се укинуваат изборни коалиции. Како што и се очекуваше, немаше изненадување во гласањето. За измените гласаа 106 пратеници, против беа 10 додека шест пратеници не присутвуваа на седницата. Вонпарламентарната опозиција,предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, се спротивстави на овие измени, сметајќи дека се еднострани и штети за неа. Дебатата следуваше по серија средби на Политичкиот совет,вп кого маше претставници од сите страни, но без никаква полза, бидејќи партиите одбија да се откажат од своите позиции. Гласањето следуваше по четиричасовна жолчна расправа,во која учествуваше и премиерот Еди Рама, кој убедлво изјави дека „денеска изборните коалиции се бришат“. Тој рече дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат. Додаде дека кој и да се спротивстави на ова, е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ. Каква ќе биде реакцијата на странците, кои апелираа да нема еднострано изгласување на уставните измени останува да се види. Во меѓувреме познавачите на политичките состојби во Албанија оценуваат дека поради изгласувањето на измените, без согласност на вонпарламентарната опозиција, ќе ја влоши политичка состојба во земјата, што ќе влијае на парламентарните избори, кои треба да се одржат во јуни до година. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanskiot-parlament-gi-usvoi-ustavnite-izmeni-so-koi-se-ukinuvat-izbornite-koalicii/feed/ 0
Рама не се откажува: Денеска ќе ги избришеме изборните коалиции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-se-otkazuva-deneska-kje-gi-izbrisheme-izbornite-koalicii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-se-otkazuva-deneska-kje-gi-izbrisheme-izbornite-koalicii/#respond Thu, 30 Jul 2020 12:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=383749

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница порача дека денеска заеднички дадениот глас во Собранието ќе биде на потребната страна на историјата овозможувајќи отворени изборни листи и укинување на коалиции преку измени во Уставот. Тој додаде дека со измените албанските гласачи ќе можат да гласаат не само за партија, туку и за пратеникот што го сакаат. – Кој и да се спротивстави на ова, е на погрешна страна и против својот народ бидејќи нема доверба во неговиот народ. На петти јуни имаше само формален договор а Собранието успеа да го направи изборна реформа. Изборните коалиции денеска се бришат, нив ги нема во ниту една земја членка на ОБСЕ, од Ванкувер до Владивосток, рече меѓу другото Рама. Албанскиот Парламент денеска треба да ги изгласа уставните измени, без постигнат консензус со вонпарламентарната опозиција, која денеска побара од пратениците да не поддржат еднострани измени бидејќи тоа е во спротивност со постигнатиот консензус на петти јуни околу изборната реформа. Синоќа и покрај тоа што претставниците на партиите во Политичкиот совет расправа пет часа, не беше постигнат договор. Вонпарламентарната опозиција прифаќа отворени листи, но не и укинување на изборните коалиции со аргумент дека доколку партиите бидат во единствена листа, ќе биде казнета вонпарламентарната опозиција. Дел од пратениците од парламентарната опозиција во своите дискусии оценија дека доколку се изгласаат уставните измени во земјата се враќа диктатурата. Апел до Рама да не се усвојуваат уставни измени без постигнат консензус со вонпарламентарната опозиција упатија претседателот Илир Мета, како и највисоките претставници на ЕУ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-ne-se-otkazuva-deneska-kje-gi-izbrisheme-izbornite-koalicii/feed/ 0