изборни нерегуларности – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиSun, 31 Oct 2021 15:10:45 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngизборни нерегуларности – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Регистрирани неколку изборни нерегуларности: Заразен излегол на гласање, агресивно однесување на гласач и вршење на притисок за кого да се гласа
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/registrirani-nekolku-izborni-neregularnosti-zarazen-izlegol-na-glasanje-agresivno-odnesuvanje-na-glasach-i-vrshenje-na-pritisok-za-kogo-da-se-glasa/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/registrirani-nekolku-izborni-neregularnosti-zarazen-izlegol-na-glasanje-agresivno-odnesuvanje-na-glasach-i-vrshenje-na-pritisok-za-kogo-da-se-glasa/#respondSun, 31 Oct 2021 15:08:15 +0000https://kurir.mk/?p=588677Регистрирани настани поврзани со локалните избори по прес конференцијата во 12.30 часот:
- На 31.10.2021 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека Г.К. од радовишко село излегла на гласање и покрај тоа што имала решение за самоизолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Во Кочани двајца полициски службеници пријавиле дека при вршење на редовна служба на Избирачко место 858 во Кочани преземале мерки и активности против едно лице кое се однесувало агресивно кон нив и одбило усна наредба да се оддалечи од местото и да не го попречува изборниот процес. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
- Во ОВР Кочани, претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 во Кочани пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче. За настанот изготвен е записник од страна на избирачкиот одбор, запознаен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на тајноста на гласањето“.
]]>Регистрирани настани поврзани со локалните избори по прес конференцијата во 12.30 часот:

]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/registrirani-nekolku-izborni-neregularnosti-zarazen-izlegol-na-glasanje-agresivno-odnesuvanje-na-glasach-i-vrshenje-na-pritisok-za-kogo-da-se-glasa/feed/0Изборни прекршоци до 19 часот: Кинење и фотографирање на гласачко ливче како и превоз на гласачи и притисок врз нив
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izborni-prekrshoci-do-19-chasot-kinenje-i-fotografiranje-na-glasachko-livche-kako-i-prevoz-na-glasachi-i-pritisok-vrz-niv/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izborni-prekrshoci-do-19-chasot-kinenje-i-fotografiranje-na-glasachko-livche-kako-i-prevoz-na-glasachi-i-pritisok-vrz-niv/#respondSun, 17 Oct 2021 17:37:37 +0000https://kurir.mk/?p=580972До 19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности.
Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување.
Во гостиварското обвинителство пристигната е информација за лице кое го сликало гласачкото ливче. Полицијата постапува во насока на расчистување на настанот.
Во Основното јавно обвинитeлство Кочани примено е едно известување и две кривични пријави. Поднесено е известување од политичка партија, во врска со лице кое вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место.
По поднесена пријава за лице кое вршело агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет и дадени се насоки за натамошно постапување.
Пријавено е и лице кое со возило вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место и вршело влијание врз гласачи за тоа како да го вршат нивното гласачко право. По пристигнување на кривичната пријава, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“.
Основното јавно обвинителство Кавадарци постапува за настан од избирачко место во Демир Капија. Пријавено е дека лице искинало гласачко ливче, поради што оформен е предмет за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ . Обвинителството издаде насоки за прибирање докази и комплетирање на документацијата.
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Јавното обвинителство со цел превенирање и спречување на евентуални изборни нерегуларности, денеска ги координираше постапувањата на основните јавни обвинителства по пријави за настани поврзани со изборниот процес. По дадена насока, покрај редовните дежурства, во основните јавни обвинителства беа организирани и дополнителни дежурства на јавни обвинители, кои во текот на денот остваруваа интензивна соработка со службените лица од МВР со цел проверка на наводите од доставените пријави и информации.
Вкупно во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, во Комисијата, во основните јавни обвинителства и на објавената електронска адреса за пријавување сомненија за изборни нерегуларности, пристигнаа поголем број поднесоци и пријави. По извршените проверки, засега, само во мал дел од пријавените настани се пронајдени елементи на сторени кривични дела поврзани со изборите и гласањето. Постапувањето на обвинителствата ќе продолжи до целосно расчистување на настаните и донесување на соодветни јавно обвинителски одлуки.]]>До 19:00 часот денеска пристигнаа уште неколку пријави за евентуално сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето, по кои постапуваше Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности.
Основното јавно обвинителство Струга е известено дека на избирачко место едно лице го искинало гласачкото ливче и го напуштило гласачкото место. По дадени насоки од јавен обвинител, полицијата постапува за негово пронаоѓање и приведување.
Во гостиварското обвинителство пристигната е информација за лице кое го сликало гласачкото ливче. Полицијата постапува во насока на расчистување на настанот.
Во Основното јавно обвинитeлство Кочани примено е едно известување и две кривични пријави. Поднесено е известување од политичка партија, во врска со лице кое вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место.
По поднесена пријава за лице кое вршело агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет и дадени се насоки за натамошно постапување.
Пријавено е и лице кое со возило вршело организиран превоз на гласачи на избирачко место и вршело влијание врз гласачи за тоа како да го вршат нивното гласачко право. По пристигнување на кривичната пријава, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“.
Основното јавно обвинителство Кавадарци постапува за настан од избирачко место во Демир Капија. Пријавено е дека лице искинало гласачко ливче, поради што оформен е предмет за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ . Обвинителството издаде насоки за прибирање докази и комплетирање на документацијата.
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Јавното обвинителство со цел превенирање и спречување на евентуални изборни нерегуларности, денеска ги координираше постапувањата на основните јавни обвинителства по пријави за настани поврзани со изборниот процес. По дадена насока, покрај редовните дежурства, во основните јавни обвинителства беа организирани и дополнителни дежурства на јавни обвинители, кои во текот на денот остваруваа интензивна соработка со службените лица од МВР со цел проверка на наводите од доставените пријави и информации.
Вкупно во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори, во Комисијата, во основните јавни обвинителства и на објавената електронска адреса за пријавување сомненија за изборни нерегуларности, пристигнаа поголем број поднесоци и пријави. По извршените проверки, засега, само во мал дел од пријавените настани се пронајдени елементи на сторени кривични дела поврзани со изборите и гласањето. Постапувањето на обвинителствата ќе продолжи до целосно расчистување на настаните и донесување на соодветни јавно обвинителски одлуки.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izborni-prekrshoci-do-19-chasot-kinenje-i-fotografiranje-na-glasachko-livche-kako-i-prevoz-na-glasachi-i-pritisok-vrz-niv/feed/0Регистрирани неколку изборни нерегуларности во струшкиот, битолскиот и тетовскиот регион
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-nekolku-izborni-neregularnosti-vo-strushkiot-bitolskiot-i-tetovskiot-region/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-nekolku-izborni-neregularnosti-vo-strushkiot-bitolskiot-i-tetovskiot-region/#respondSun, 17 Oct 2021 17:01:17 +0000https://kurir.mk/?p=580935Претседател на избирачкиот одбор од с.Октинси, струшко во СВР Охрид околу 14.10 часот пријавил дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче, соопштија од МВР и додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Воедно, денеска во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во с.Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Исто и за овој предмет од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
– На 17.10.2021 во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528. Се расчистува случајот, соопштија од МВР.
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се осомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.]]>Претседател на избирачкиот одбор од с.Октинси, струшко во СВР Охрид околу 14.10 часот пријавил дека на избирачко место бр.1884 во с.Октиси, струшко К.С.(67) од с.Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче, соопштија од МВР и додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Воедно, денеска во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во с.Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Исто и за овој предмет од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
– На 17.10.2021 во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62) од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528. Се расчистува случајот, соопштија од МВР.
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се осомничи дека на избирачкото место број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/registrirani-nekolku-izborni-neregularnosti-vo-strushkiot-bitolskiot-i-tetovskiot-region/feed/0Регистрани повеќе изборни нерегуларности во Кочани
https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/registrani-povekje-izborni-neregularnosti-vo-kochani/
https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/registrani-povekje-izborni-neregularnosti-vo-kochani/#respondWed, 15 Jul 2020 13:16:01 +0000https://kurir.mk/?p=376326Писмена пријава дека од страна на А.Т во населба Оризари (Кочани) се врши поткуп на гласачи. Писмена пријава дека исто така во нас.Оризари, Л.М за политичката партија организирано носи гласачи и врши притисок.
Писмена пријава дека од страна на непознато лице со патничко возило „рено“ на гласачи места 860 и 860/1 носи организирано гласачи.
Писмена пријава дека од страна на непознато лице со патничко возило ,,рено“ на гласачко место 847 делел пари на гласачи за гласање.
Писмена пријава дека од страна на А.Ј околу 10,30 часот во семејна куќа во м.в,,Полатски пат“ заедно со други активисти на политичка партија делеле пари на гласачи од ИМ 845.
Писмена пријава дека К.Г со патничко вазило „опел,, врши поткуп на гласачи.
Поолицијата ги расчистува пријавените настани.]]>Писмена пријава дека од страна на А.Т во населба Оризари (Кочани) се врши поткуп на гласачи. Писмена пријава дека исто така во нас.Оризари, Л.М за политичката партија организирано носи гласачи и врши притисок.
Писмена пријава дека од страна на непознато лице со патничко возило „рено“ на гласачи места 860 и 860/1 носи организирано гласачи.
Писмена пријава дека од страна на непознато лице со патничко возило ,,рено“ на гласачко место 847 делел пари на гласачи за гласање.
Писмена пријава дека од страна на А.Ј околу 10,30 часот во семејна куќа во м.в,,Полатски пат“ заедно со други активисти на политичка партија делеле пари на гласачи од ИМ 845.
Писмена пријава дека К.Г со патничко вазило „опел,, врши поткуп на гласачи.
Поолицијата ги расчистува пријавените настани.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/registrani-povekje-izborni-neregularnosti-vo-kochani/feed/0Во основните јавни обвинителства пристигнати неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-osnovnite-javni-obvinitelstva-pristignati-nekolku-izvestuvanja-za-eventualni-izborni-neregularnosti/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-osnovnite-javni-obvinitelstva-pristignati-nekolku-izvestuvanja-za-eventualni-izborni-neregularnosti/#respondWed, 15 Jul 2020 12:01:13 +0000https://kurir.mk/?p=376248До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected]пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.
Од Јавното обвинителство на Северна Македонија информираат дека по сите добиени известувања се постапува итно и со приоритет.
Во Основното јавно обвинителство Струмица денеска е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издало наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.
Во Струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14 јули. Едниот во село Добрадинци каде околу 21 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија, а вториот настан се случил во село Дражево, каде околу 21:50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.
Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов каде на лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно пријавени шест настани кои се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места.
На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска пристигнати се вкупно пет известувања. Претставници на една политичка партија испратиле четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува.
Основач на граѓанска организација испратил известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи.]]>До 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса [email protected]пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.
Од Јавното обвинителство на Северна Македонија информираат дека по сите добиени известувања се постапува итно и со приоритет.
Во Основното јавно обвинителство Струмица денеска е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издало наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.
Во Струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14 јули. Едниот во село Добрадинци каде околу 21 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија, а вториот настан се случил во село Дражево, каде околу 21:50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.
Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов каде на лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор.
Во Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно пријавени шест настани кои се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места.
На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска пристигнати се вкупно пет известувања. Претставници на една политичка партија испратиле четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува.
Основач на граѓанска организација испратил известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-osnovnite-javni-obvinitelstva-pristignati-nekolku-izvestuvanja-za-eventualni-izborni-neregularnosti/feed/0Јавно обвинителство: Нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/#respondWed, 15 Jul 2020 08:34:42 +0000https://kurir.mk/?p=375960До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот.
– Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија.
За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, се подвлекува во соопштението, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните. ]]>До овој момент, од почетокот на гласањето во oсновните јавни обвинителства, како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] нема пристигнати пријави за изборни нерегуларности поврзани со настани од процесот на гласање, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Во текот на ноќта и предизборните денови, стои во соопштението, пристигнати се неколку известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должности и кои се предвидени во Глава 16 од Кривичниот законик. За останатите известувања, се подвлекува, јавните обвинители преземаат дејствија во предистражна постапка за да се утврди постоењето на кривичното дело и сторителот.
– Рано утринава е пријавен настан кој се случил во 03,20 часот во ПО Галате каде дошол претседателот на месната заедница од село Дебреше и пријавил кршење на предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал-флаери на една од коалициите. При што биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди едно од лицата кои делеле пропаганден материјал е пренесен во Ургентен центар -Гостивар. Сите иволвирани во моментот се во ПО Галате. Се работи на расчистување и документирање на случајот, се наведува во соопштението од ЈО на Република Северна Македонија.
За овие настани, како и за сите останати информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, се подвлекува во соопштението, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејствија за расчистување на настаните. ]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javno-obvinitelstvo-nema-pristignati-prijavi-za-izborni-neregularnosti/feed/0Казни до 10 години затвор за изборни нерегуларности
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-do-10-godini-zatvor-za-izborni-neregularnosti/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-do-10-godini-zatvor-za-izborni-neregularnosti/#respondMon, 13 Jul 2020 15:55:40 +0000https://kurir.mk/?p=375277Казните за кршење на гласачките права се затворски, од 6 месеци до 10 години, и се содржани во Кривичниот законик, во глава 16 под назив „Кривични дела против изборите и гласањето“.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ И ГЛАСАЊЕТО:
Спречување на избори и гласање
Член 158:
(1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 со употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, со примена на насилство спрема две или повеќе лица или во организирана група, или на подрачјето на две или повеќе избирачки места, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Повреда на избирачкото право
Член 159:
(1) Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, со намера да му оневозможи на друг вршење на избирачко право, противзаконито не ќе го запише во избирачки список или во листа на кандидати или ќе го избрише од избирачки список или од листа на кандидати или на друг начин ќе го лиши избирачот од правото да избира, да биде избран или да гласа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и член на избирачки одбор, изборна комисија или одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, на противзаконит начин ќе му овозможи на друг да користи избирачко право, иако знае дека тоа лице нема такво право.
(3) Обидот е казнив.
Повреда на слободата на определување на избирачите
Член 160:
(1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе присили или ќе спречи друг да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Ако делото од став 1 го стори член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување на референдуми или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од три месеци до три години
(3) Обидот е казнив.
Злоупотреба на избирачкото право
Член 161:
(1) Тој што на избори или гласање ќе гласа наместо друг или ќе гласа повеќе од еднаш, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе земе учество на изборите или гласањето, иако знае дека нема избирачко право.
(3) Обидот е казнив.
Поткуп при избори и гласање
Член 162:
(1) Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга лична корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга корист, за да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла.
(3) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Повреда на тајноста на гласањето
Член 163:
(1) Тој што при избори или при гласање ќе ја повреди тајноста, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(2) Ако делото од став 1 го стори член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што со употреба на сила, сериозна закана, искористување на службена, работна или економска зависност и на друг начин, ќе издејствува од друг да каже дали гласал или како гласал.
Покрај овие казни, кои може да бидат и до 10 години затвор, до 3 години затвор е предвидено во Кривичниот законик и за случи на уништување на изборни исправи, т.е. уништување на гласачки ливчиља, списоци на гласање и други документи кои би станале неупотребливи.
Висока е казната и за Изборна измама (член 165 од КЗ), а кој се однесува на тие што ќе ги фалсификуваат или погрешно избројат гласовите од изборите или од референдумот: „Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор на спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повеќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“.]]>Казните за кршење на гласачките права се затворски, од 6 месеци до 10 години, и се содржани во Кривичниот законик, во глава 16 под назив „Кривични дела против изборите и гласањето“.
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ИЗБОРИТЕ И ГЛАСАЊЕТО:
Спречување на избори и гласање
Член 158:
(1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 со употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, со примена на насилство спрема две или повеќе лица или во организирана група, или на подрачјето на две или повеќе избирачки места, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Повреда на избирачкото право
Член 159:
(1) Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, со намера да му оневозможи на друг вршење на избирачко право, противзаконито не ќе го запише во избирачки список или во листа на кандидати или ќе го избрише од избирачки список или од листа на кандидати или на друг начин ќе го лиши избирачот од правото да избира, да биде избран или да гласа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и член на избирачки одбор, изборна комисија или одбор за спроведување референдум или друго службено лице кое во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, на противзаконит начин ќе му овозможи на друг да користи избирачко право, иако знае дека тоа лице нема такво право.
(3) Обидот е казнив.
Повреда на слободата на определување на избирачите
Член 160:
(1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе присили или ќе спречи друг да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Ако делото од став 1 го стори член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување на референдуми или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од три месеци до три години
(3) Обидот е казнив.
Злоупотреба на избирачкото право
Член 161:
(1) Тој што на избори или гласање ќе гласа наместо друг или ќе гласа повеќе од еднаш, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе земе учество на изборите или гласањето, иако знае дека нема избирачко право.
(3) Обидот е казнив.
Поткуп при избори и гласање
Член 162:
(1) Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга лична корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга корист, за да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла.
(3) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Повреда на тајноста на гласањето
Член 163:
(1) Тој што при избори или при гласање ќе ја повреди тајноста, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(2) Ако делото од став 1 го стори член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор за спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што со употреба на сила, сериозна закана, искористување на службена, работна или економска зависност и на друг начин, ќе издејствува од друг да каже дали гласал или како гласал.
Покрај овие казни, кои може да бидат и до 10 години затвор, до 3 години затвор е предвидено во Кривичниот законик и за случи на уништување на изборни исправи, т.е. уништување на гласачки ливчиља, списоци на гласање и други документи кои би станале неупотребливи.
Висока е казната и за Изборна измама (член 165 од КЗ), а кој се однесува на тие што ќе ги фалсификуваат или погрешно избројат гласовите од изборите или од референдумот: „Член на избирачки одбор, изборна комисија, одбор на спроведување референдум или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето што при изборите или гласањето, ќе го измени бројот на дадените гласови со додавање или одземање на едно или повеќе гласачки ливчиња или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатите од изборите или гласањето со додавање или одземање на еден или повеќе гласови, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години“.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-do-10-godini-zatvor-za-izborni-neregularnosti/feed/0ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Фотографирање гласачко ливче и избирачки одбор, агитирање, неовластено задржување граѓани…
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborni-neregularnosti-fotografiranje-glasachko-livche-i-izbirachki-odbor-agitiranje-neovlasteno-zadrzuvanje-gragjani/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborni-neregularnosti-fotografiranje-glasachko-livche-i-izbirachki-odbor-agitiranje-neovlasteno-zadrzuvanje-gragjani/#respondSun, 05 May 2019 15:37:10 +0000https://kurir.mk/?p=194456МВР во билтенот информираше за повеќе изборни нерегуларности кои се случиле во текот на денешниот ден.
На 05.05.2019 во Скопје, позади основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, надвор од гласачкото место, пронајдени се околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори. Исто така, на улица „Коста Новаковиќ“ во две згради, од страна на граѓани е пријавено дека има расфрлени летоци со содржина во врска со претседателските избори.
Во 12,30 часот, од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево пријавено е дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и известен е јавен обвинител.
Во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во Основното училиште „Златан Сремац“, на подрачје на ПС ОН Кисела Вода, пријавено е дека В. Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето е задржано и во ПС за понатамошна постапка.
Во ПС ОН Кочани, С. С. телефонски пријавил дека во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.
Од страна на општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево во писмена форма пријавено е дека две лица од село Облешево со патничко возило вршеле агитација во село Облешево. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.]]>МВР во билтенот информираше за повеќе изборни нерегуларности кои се случиле во текот на денешниот ден.
На 05.05.2019 во Скопје, позади основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“, надвор од гласачкото место, пронајдени се околу 10 летоци со содржина во врска со претседателските избори. Исто така, на улица „Коста Новаковиќ“ во две згради, од страна на граѓани е пријавено дека има расфрлени летоци со содржина во врска со претседателските избори.
Во 12,30 часот, од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево пријавено е дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и известен е јавен обвинител.
Во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во Основното училиште „Златан Сремац“, на подрачје на ПС ОН Кисела Вода, пријавено е дека В. Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето е задржано и во ПС за понатамошна постапка.
Во ПС ОН Кочани, С. С. телефонски пријавил дека во близина на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.
Од страна на општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево во писмена форма пријавено е дека две лица од село Облешево со патничко возило вршеле агитација во село Облешево. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izborni-neregularnosti-fotografiranje-glasachko-livche-i-izbirachki-odbor-agitiranje-neovlasteno-zadrzuvanje-gragjani/feed/0Бајрами: Обвинителство на референдумот регистрира четириесетина нарушувања на правото на глас
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajrami-obvinitelstvo-na-referendumot-registrira-chetiriesetina-narushuvanja-na-pravoto-na-glas/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajrami-obvinitelstvo-na-referendumot-registrira-chetiriesetina-narushuvanja-na-pravoto-na-glas/#respondFri, 05 Oct 2018 11:27:30 +0000https://kurir.mk/?p=111139Четириесет нарушувања во врска со остварувањето на правото на глас на референдумот се регистрирани во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот, информира денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, презентирајќи го извештајот за текот и спроведувањето на референдумот.
На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, еден предмет е оформен во текот на кампањата, а останатите се на ден на референдумското изјаснување.
Станува збор за предмет оформен со спојувањето на три кривични пријави поднесени од две политички партии и едно граѓанско здружение, а се однесува на ист настан за наводно изречен јавен повик за поткуп при избори и гласање и повреда на слобода на определување на избирачите.
- Се однесува за кривична пријава од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Глас за Македонија и Граѓанското здружение Светски македонски конгрес за настан во тек на кампањата за говор од премиерот. Кривичната пријава е поднесена до Скопското обвинителство од каде е препратена до ОЈО во Куманово. Предметот е оформен, распределен е кај надлежен јавен обвинител и натаму се постапува на проверка на наводите содржани во кривичната пријава, појасни Барјами.
Според него, на денот на гласањето не се регистрирани нерегуларности на подрачјата на Основните јавни обвинителства Куманово, Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Во Скопје, додаде тој, се регистрирани 29 настани за кои било известено Јавното обвинителство.
- Најголем дел од пријавите се однесуваат на незначајни инциденти од кои 27 се разјаснети уште во текот на истиот ден, истакна Бајрами.
Тој додаде дека индиции за кривично дело се утврдуваат за настан во Аеродром каде лице дошло во двор на училиште каде се гласа, почнало да вика и да ги омаловажува присутните. По реакцијата на тројца полициски службеници лицето се туркало и удирало и против него ќе биде поднесена кривична пријава за напад на службено лице во врска со извршување службени работи од областа на безбедност.
Јавниот обвинител информира и дека се констатирани и нарушувања на јавниот ред и мир, обиди да се фотографираат гласачки ливчиња, но и пријави за неовластено снимање лица, при што било констатирано дека се работи за новинарски екипи кои не биле видливо обележани.
Бајрами, одговарајќи на новинарски прашања рече доколку има индиции за сторени кривични дела во Сарај или било кои други места ќе има кривични пријави.
Тој рече дека засега иако најавија од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се уште не се поднесени кривични пријави за нерегуларности во текот на денот на спроведувањето на референдумот. Штом ќе ги добиеме, рече Бајрами, Обвинителството ќе постапува. (МИА)]]>Четириесет нарушувања во врска со остварувањето на правото на глас на референдумот се регистрирани во текот на организирањето и спроведувањето на референдумот, информира денеска јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, презентирајќи го извештајот за текот и спроведувањето на референдумот.
На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, еден предмет е оформен во текот на кампањата, а останатите се на ден на референдумското изјаснување.
Станува збор за предмет оформен со спојувањето на три кривични пријави поднесени од две политички партии и едно граѓанско здружение, а се однесува на ист настан за наводно изречен јавен повик за поткуп при избори и гласање и повреда на слобода на определување на избирачите.
- Се однесува за кривична пријава од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Глас за Македонија и Граѓанското здружение Светски македонски конгрес за настан во тек на кампањата за говор од премиерот. Кривичната пријава е поднесена до Скопското обвинителство од каде е препратена до ОЈО во Куманово. Предметот е оформен, распределен е кај надлежен јавен обвинител и натаму се постапува на проверка на наводите содржани во кривичната пријава, појасни Барјами.
Според него, на денот на гласањето не се регистрирани нерегуларности на подрачјата на Основните јавни обвинителства Куманово, Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Гевгелија.
Во Скопје, додаде тој, се регистрирани 29 настани за кои било известено Јавното обвинителство.
- Најголем дел од пријавите се однесуваат на незначајни инциденти од кои 27 се разјаснети уште во текот на истиот ден, истакна Бајрами.
Тој додаде дека индиции за кривично дело се утврдуваат за настан во Аеродром каде лице дошло во двор на училиште каде се гласа, почнало да вика и да ги омаловажува присутните. По реакцијата на тројца полициски службеници лицето се туркало и удирало и против него ќе биде поднесена кривична пријава за напад на службено лице во врска со извршување службени работи од областа на безбедност.
Јавниот обвинител информира и дека се констатирани и нарушувања на јавниот ред и мир, обиди да се фотографираат гласачки ливчиња, но и пријави за неовластено снимање лица, при што било констатирано дека се работи за новинарски екипи кои не биле видливо обележани.
Бајрами, одговарајќи на новинарски прашања рече доколку има индиции за сторени кривични дела во Сарај или било кои други места ќе има кривични пријави.
Тој рече дека засега иако најавија од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се уште не се поднесени кривични пријави за нерегуларности во текот на денот на спроведувањето на референдумот. Штом ќе ги добиеме, рече Бајрами, Обвинителството ќе постапува. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bajrami-obvinitelstvo-na-referendumot-registrira-chetiriesetina-narushuvanja-na-pravoto-na-glas/feed/0Комисија на ЈОРМ ќе следи евентуални нерегуларности на референдумот
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-jorm-kje-sledi-eventualni-neregularnosti-na-referendumot/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-jorm-kje-sledi-eventualni-neregularnosti-na-referendumot/#respondSun, 30 Sep 2018 05:05:12 +0000https://kurir.mk/?p=108062Привремена комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот.
Во Комисијата членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и еден обвинител на ОЈО Скопје.
- Дадени се задолженија на денот на гласањето покрај редовните да има и дополнителни дежурства, со цел навремено делување ако има евентуални кривични дела, изјави за медиумите јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, додавајќи дека со тоа се покрива целата територија на државата
Тој посочи дека е воспоставена комуникација со сите обвинителства и со припадниците на МВР, кои ќе бидат на терен и ако има некое кривично дело да ги известат за да можат да делуваат навремено да собираат докази.
Целта на ЈОРМ е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирање.
Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организизирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса: [email protected].
МИА]]>Привремена комисија формирана од Јавното обвинителство на РМ ќе ги следи евентуалните противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот.
Во Комисијата членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и еден обвинител на ОЈО Скопје.
- Дадени се задолженија на денот на гласањето покрај редовните да има и дополнителни дежурства, со цел навремено делување ако има евентуални кривични дела, изјави за медиумите јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, додавајќи дека со тоа се покрива целата територија на државата
Тој посочи дека е воспоставена комуникација со сите обвинителства и со припадниците на МВР, кои ќе бидат на терен и ако има некое кривично дело да ги известат за да можат да делуваат навремено да собираат докази.
Целта на ЈОРМ е на овој начин да се потенцира борбата против кривичните дела поврзани со изборниот процес и гласањето и да се даде поголем придонес кон нивно сузбивање и превенирање.
Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организизирањето и спроведувањето на референдумот, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса: [email protected].
МИА]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-jorm-kje-sledi-eventualni-neregularnosti-na-referendumot/feed/0