изборни реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Jun 2020 13:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изборни реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реакции на Мета, Рама и Баша по постигнатиот договор за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/#respond Sat, 06 Jun 2020 13:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=354489

По постигнатиот договор за изборната реформа на политичките партии во Албанија, реагираа шефот на државата Илир Мета, премиерот и лидер на владејачките социјалисти, Еди Рама и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша. Претседателот Мета му честита на Политичкиот совет за постигнатиот договор сметајќи го за позитивна вест, но не и доволен за да гарантира слободни и фер избори. Тој, исто така, им се заблагодари на европските партнери за трпеливоста. „Ова е позитивна вест, но не е доволно за да се гарантираат слободни и фер избори. Консензус културата мора да продолжи и за други услови за да се забрза започнувањето на преговорите. Благодарност и до нашите европски партнери за нивната трпеливост! Посебна благодарност и до САД и Велика Британија кои ја поддржуваат европската иднина на Албанија, стои во реакцијата на Мета. Премиерот Еди Рама во својата реакција не ја поштеди иронијата потенцирајќи дека опозицијата конечно го прифатила Изборниот законик каков што бил, но според него, важно е тоа да се направи како што тие сакале. „По три години марширање и три непроспиени ноќи , тие ни го донесоа последниот збор: „добар беше, каков што беше“. Но, добро, јас мислев и се уште мислам дека има уште подобро, но ако опозицијата е задоволна со толку за идните избори бујрум, како што сакаат тие. Важно е дека опозицијата ќе влезе на избори со Изборниот законик каков што сака. ОДХИР се согласува дека ова не ја нарушува слободата на избори, ЕУ е задоволна, Албанија веќе нема прашања во пресрет на одлуката за официјалниот датум на започнување на преговори. Ах, да, заврши и револуцијата, напиша Рама на Твитер. Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го поздрави договорот и оценува дека тоа е „значаен чекор кој дава многу гаранции за слободни и демократски избори“. „Направивме еден чекор напред, за да обезбедиме повеќе гаранции за слободни и фер избори во Албанија. Обединетата опозиција е подготвена и работи секој ден да им го врати владеењето на Албанците. Во име на обединетата опозиција, изразуваме благодарност до нашите евроатлантски сојузници и партнери за нивната помош и придонесот за изнаоѓање договор за изборна администрација, стои во реакцијата на Баша. Договорот за изборната реформа го позрдавија и амбасадорите на САД, ЕУ, Велика Британија и ОБСЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reakcii-na-meta-rama-i-basha-po-postignatiot-dogovor-za-izbornata-reforma/feed/ 0
Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/albanija-politichkiot-sovet-postigna-dogovor-za-izbornata-reforma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/albanija-politichkiot-sovet-postigna-dogovor-za-izbornata-reforma/#respond Sat, 06 Jun 2020 08:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=354334

Албанскиот Политички совет, кого го сочинуваат претставници на политичките партии од власта и опозицијата, постигнаа договор околу изборните реформи, што е еден од 15-те услови за почнување преговори на Албанија со ЕУ. -По повеќе средби, синоќа по полноќ во Конгресната палата Политичкиот совет постигна консензус за спроведување на изборите, прифаќајќи ја 100 отсто електронската идентификација на гласачите на изборите. Во нацрт-договорот се вели дека Владата на Албанија гарантира навремено финансирање онолку колку што е технички можно,-пренесува државната агенција АТА. Надминато беше и недоразбирањето околу составот на изборните комисии и одбори. Договорено е Централната изборна комисија да се реформира, член да биде само оној кој го поминал ветингот и да има двајца странски експерти кои ќе помагаат во подготовката,обуката и спроведувањето на процесот на биометриска идентификација. Претседателот да се избира со консензус а потпретседателот го предлага опозицијата. На овој договор претходеа повеќе средби на Политичкиот совет, како и неколку средби и разговори со странските дипломати, посебно синоќешните средби на американската амбасадорка Јури Ким, со опозицискиот лидер, Љуљзим Баша и со шефот на државата,Илир Мета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/albanija-politichkiot-sovet-postigna-dogovor-za-izbornata-reforma/feed/ 0
ЕУ и ОБСЕ ги повикаа албанските политички партии да ги завршат изборните реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-obse-gi-povikaa-albanskite-politichki-partii-da-gi-zavrshat-izbornite-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-obse-gi-povikaa-albanskite-politichki-partii-da-gi-zavrshat-izbornite-reformi/#respond Thu, 28 May 2020 13:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=351077

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска им порача на албанските политички партии да ја завршат изборната реформа, што е еден од условите за почеток на преговори со ЕУ. По телефонскиот разговор со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, преку објава на Твитер, Вархеји ја поздрави одлуката на Баша за вклучување на опозицијата во Политичкиот совет за изборни реформи. Исто така, тој оценува дека е од суштинско значење Албанија на патот кон ЕУ да ги заврши реформите без дополнително одложување. – Разговарав денеска со Љуљзим Баша, поздравувајќи го продолжувањето на меѓупартиската работа за изборната реформа во Политичкиот совет. За Албанија и нејзиниот пат кон ЕУ е од суштинско значење оваа важна реформа да се заврши без натамошно одложување, согласно препораките на Советот на Европа од март, напиша Вархеји. И шефот на мисијата на ОБСЕ во Албанија, Бернд Борхард, им честиташе на политичките партии за продолжување на дијалогот за изборните реформи и за договорите постигнати досега во Политичкиот совет. Преку соопштение, тој ги повика сите партии во Политичкиот совет за изборни реформи да продолжат на патот на изнаоѓање конструктивни компромиси и да ги финализираат изборните реформи за доброто на Албанија и нејзините аспирации за интеграција. Исто така Борхард додава дека ОДХИР ќе понуди поддршка со цел заокружување на реформите до 31 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-obse-gi-povikaa-albanskite-politichki-partii-da-gi-zavrshat-izbornite-reformi/feed/ 0