изчезнато момче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 09:27:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изчезнато момче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откако другарите и го кажале овој детаљ на девојката на Матеј таа останала избезумена – до каде ќе доведе оваа нова информација? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkako-drugarite-i-go-kazale-ovoj-detalj-na-devojkata-na-matej-taa-ostanala-izbezumena-do-kade-kje-dovede-ovaa-nova-informacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkako-drugarite-i-go-kazale-ovoj-detalj-na-devojkata-na-matej-taa-ostanala-izbezumena-do-kade-kje-dovede-ovaa-nova-informacija/#respond Thu, 03 Feb 2022 09:27:29 +0000 https://kurir.mk/?p=626318

Исчезнувањето на Сплиќанецот го крена регионот на нозе, а јавноста во Хрватска и Србија се уште ја чека веста дека Матеј е пронајден. Како што одминува времето, се помали се шансите Периш да е таму, но српската полиција не се откажува од потрагата. Таткото на Матеј, Ненад Периш, во секое свое интервју истакнува дека се надева дека неговиот син е жив и дека ќе го најдат и ќе го однесе дома во Сплит. Заедно со семејството и пријателите на младиот Хрват, вестите и шпекулациите за потрагата и исчезнувањето со болка ги следи и девојката на Матеј, Сања, која исто така е од Сплит. Сања ги откри деталите од разговорот меѓу неа и нејзиниот пријател со кој Матеј бил на новогодишната ноќ во Белград ноќта на неговото исчезнување. Таа на самиот почеток на потрагата рече дека со Матеј немала никакви проблеми, кога последен пат се слушнала со него. Немаше никакви проблеми меѓу нас – рече таа тогаш и објасни дека последен пат се слушнала со Матеј на 30 декември, кога тој и испратил видео порака околу 21.30 часот. Тоа што беше невообичаено е тоа што таа не добила порака од Метеј наредното утро. Како што откри Сања, пријателите биле шокирани и избезумени кога дознале дека нивниот пријател исчезнал. Мобилниот телефон ми беше исклучен, а јас бев на работа. Кога дојдов дома околу полноќ, одговорив на таа порака и отидов да спијам. Се разбудив во седум наутро и гледам дека не ми пратил порака за добра ноќ кога дошол од градот, што секогаш го прави. Гледам нема ништо. Тогаш му испратив порака: „Дали е се во ред?“, немаше одговор . Околу два часот попладнето повторно му испратив порака, и повторно ништо. Мислам дека не може да спие толку долго, никако. Подоцна тоа попладне разговарав со неговите пријатели, кои ми кажаа дека исчезнал, дека јакната му била таму, дека не ни знаеле што се случило. Беа без памет – изјави тогаш Сања, нагласувајќи дека ја погодила информацијата за тоа дека Матеј конзумирал дрога со пријателите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otkako-drugarite-i-go-kazale-ovoj-detalj-na-devojkata-na-matej-taa-ostanala-izbezumena-do-kade-kje-dovede-ovaa-nova-informacija/feed/ 0