изет меџити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 18:40:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изет меџити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меџити: ДУИ е длабоко навлезен во криминал, во казино бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-dui-e-dlaboko-navlezen-vo-kriminal-vo-kazino-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-dui-e-dlaboko-navlezen-vo-kriminal-vo-kazino-biznisot/#respond Tue, 12 Sep 2023 18:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=877402

Во принцип можам да подвлечам дека за албанската опозиција е многу битна политичката ориентација на македонските партии односно во новата Влада нема да влеземе по секоја цена, туку ќе бараме прво да се ориентираат кон интегративниот процес, уставните промени, затоа што цениме дека тоа е единствена алтернатива за граѓаните во Македонија. Ова го изјави Изет Меџити, лидер на Демократското движење во гостувањето во дневникот на Сител телевизија. Додаде дека е рано за тоа да зборуваме и нагласи дека прво претендираат да се консолидираат,  да победат во албанскиот блок, па потоа, како што рече, да бидеме дел од новата влада. Прашан дали освен трите партии, што се дел од опозицискиот блок, имаат разговори со други политички партии и дали е можна соработка со дел од опозицијата што се дел од македонските партии, Меџити нагласи дека треба да се забележи оти првпат после 20 години во албанскиот блок на политичката сцена има опозициски блок што го претставуваат Демократското движење, Движењето Беса и Алтернатива.  Опозицијата да беше обединета, неколку пати ДУИ ќе беше опозиција, а тоа беше 2016 година и во 2020 година. -ДУИ веќе е длабоко навлезен во криминал, во казино бизнисот, секој ден се отвораат во нашите маала брзи кредити, рече меѓу другото Меџити. На прашањето што е поверојатно дали да се случат предвемени парламентани избори, како што е и барањето на БЕСА или да се случат уставни измени,  Меџити, во дневникот на Сител, потенцира дека тие зборуваат за европски интеграции и за европски вредности, но, како што рече, секојдневно се соочуваме со злоупотреба на европското знаме за амнестија на корупција и на криминал. Правната држава, истакна тој, не функционира и секојдневно се руши угледот и довербата во правниот систем. - И покрај тоа ние како Демократско движење и албанска опозиција, велиме дека приоритет се уставните промени, но секој ден се уверуваме дека оваа власт не работи на тој план, туку сака по секоја цена да си купат ден повеќе за владеење, корупција и за урување на правниот поредок, рече Изет Меџити, лидер на Демократското движење. Во однос на подготовката на Законот за амнестија, за кој власта тврди дека целта била да се испразнат полните затвори, лидерот на Демократското движење смета дека е лоша порака до актуелните и идните функционери бидејќи, потенцира, ова ги поттикнува на корупција и на криминал. -Ова е втора фаза после измените на Кривичниот законик. Се најавува и амнестија, тоа што не е затворено со првото, да се затвори со амнестија. Ова не оди во прилог ниту на интегративните процести, ниту на правна држава, ниту на просперитетна држава, рече Меџити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-dui-e-dlaboko-navlezen-vo-kriminal-vo-kazino-biznisot/feed/ 0
Таравари: Не го гледам како ризик формирањето на новиот политички субјект на Меџити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-go-gledam-kako-rizik-formiraneto-na-noviot-politichki-subjekt-na-medhiti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-go-gledam-kako-rizik-formiraneto-na-noviot-politichki-subjekt-na-medhiti/#respond Mon, 07 Aug 2023 12:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=864252

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари денеска, коментирајќи ги најавите на Изет Меџити за формирање на нов политички субјект, рече дека ова политичко движење не го гледа како опасност за неговата партија. - Воопшто не го гледам тоа како ризик. Ние имаме свои структури. Ја покриваме целата територија на државата каде живеат Албанци, така што засега не гледам никаква опасност, секој има своја траекторија во политиката, рече Таравари во изјава за медиумите по настанот на кој беа доделени дипломи на лица со посебни потреби и невработени лица. На Меџити му посака успех и изрази надеж дека ќе го реализира она што го планира. Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде промовирано на 13 август. Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат подготвени за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат подготвени за секаков вид на предизвици што можат да се појават во меѓувреме. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/taravari-ne-go-gledam-kako-rizik-formiraneto-na-noviot-politichki-subjekt-na-medhiti/feed/ 0
Демократското движење на Изет Меџити ги собрала потребните потписи за регистрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratskoto-dvizhene-na-izet-medhiti-gi-sobrala-potrebnite-potpisi-za-registratsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratskoto-dvizhene-na-izet-medhiti-gi-sobrala-potrebnite-potpisi-za-registratsija/#respond Fri, 04 Aug 2023 15:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=863473

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект. -Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Северна Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во текот на целиот ден, но се завршила за неполни три часа, при што беше објавено дека собирањето потписи е успешно затворено, се вели во соопштението од Демократското движење. Со собирањето на потребните потписи, Демократското движење продолжува регистрацијата на партијата, а на 13 август е најавена и нејзина промоција. Изет Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде формирана на 13 август. Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат спремни за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат спремни за секаков вид на предизвици коишто можат да се појават во меѓувреме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratskoto-dvizhene-na-izet-medhiti-gi-sobrala-potrebnite-potpisi-za-registratsija/feed/ 0
Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија што ја најави Меџити https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratsko-dvizhene-ke-bide-imeto-na-novata-politichka-partija-shto-ja-najavi-medhiti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratsko-dvizhene-ke-bide-imeto-na-novata-politichka-partija-shto-ja-najavi-medhiti/#respond Tue, 01 Aug 2023 18:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=862463

Новата политичка партија што пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити ќе се вика Демократско движење. -Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk, соопштија од движењето. Партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август. Меџити беше еден од предводниците на т.н. „огнена група“ во ДУИ. Пратениците од редовите на „огнената група“ во ДУИ, Меџити и Мерита Коџаџику, од пред неколку дена официјално дејствуваат како независни во законодавниот дом. Заедно со нив ќе дејствува и пратеникот Кастриот Реџепи, кој по разидувањето со Движењето Беса дејствуваше независно во парламентот, а потоа се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demokratsko-dvizhene-ke-bide-imeto-na-novata-politichka-partija-shto-ja-najavi-medhiti/feed/ 0
Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе дејствуваат како независни пратеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izet-medhiti-merita-kodhadhiku-i-kastriot-redhepi-ke-dejstvuvaat-kako-nezavisni-pratenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izet-medhiti-merita-kodhadhiku-i-kastriot-redhepi-ke-dejstvuvaat-kako-nezavisni-pratenitsi/#respond Thu, 27 Jul 2023 13:58:34 +0000 https://kurir.mk/?p=860773

Доскорешните пратеници на ДУИ, Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику и пратеникот Кастриот Реџепи, кои најавија формирање на ново политичко движење, преку видео на социјалните мрежи сооппштија дека од денеска ќе дејствуваат како независни пратеници. -Денеска, официјално писмено го информиравме и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија дека ќе делуваме како независни пратеници. Ве повикуваме сите без исклучок, да станете дел од новото движење што доаѓа за да станете дел од големата промена, дел од новиот почеток, напиша Меџити на својот Фејсбук профил, каде има објавено и видео од Коџаџику. Во видеото, Коџаџику информира дека координатор на оваа група ќе биде Кастриот Реџепи, а таа негов заменик. -Јас, Мерита Коџаџику, Изет Меџити и Кастриот Реџепи ќе делуваме како независни пратеници. Координатор на оваа група ќе биде Кастриот Реџепи, додека јас ќе бидам негова заменичка. Воедно, би сакала да ве повикам сите без исклучок да станете дел од новото движење, вели пратеничката Коџаџику. Изет Меџити, пратеник од ДУИ и дел од т.н. Огнена група на 17 јули најави дека заедно со Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење. Меџити кажа дека официјалното формирање на новиот политички субјект ќе биде на 13 август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izet-medhiti-merita-kodhadhiku-i-kastriot-redhepi-ke-dejstvuvaat-kako-nezavisni-pratenitsi/feed/ 0
Касами подготвен да соработува со Меџити – Адеми: Има многу политички актери, но фактор е само Али Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-podgotven-da-sorabotuva-so-medhiti-ademi-ima-mnogu-politichki-akteri-no-faktor-e-samo-ali-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-podgotven-da-sorabotuva-so-medhiti-ademi-ima-mnogu-politichki-akteri-no-faktor-e-samo-ali-ahmeti/#respond Fri, 21 Jul 2023 17:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=858808

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами очекува Изет Меџити да го формира новото политичко движење со кое Беса е подготвена да соработува. Касами вели дека конечно треба да се направи промена на албанската политичка сцена. „Не само што сме отворени, туку продолжуваме интензивно да работиме со сите опозициски сили. Имаме добра комуникација со Изет Меџити и сметам дека во моментот кога ќе го формализира неговото движење ние ќе ја формализираме и соработката. Дозволете ми да упатам повик и до сите други структури, другите партии и поединци кои не се задоволни од другите партии, да се придружат на ова движење бидејќи дојде време кај Албанците да има ротација во власта и конечно Албанците да направат промена и да бидат достоинствено застапени во државните институции. Тоа што беше направено кај Македонците во 2016 година, мислам дека дојде време тоа да се случи и кај Албанците“, вели Биљал Касами. Зборувајќи за обединувањето на албанската опозиција, потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми во Summer Click рече дека во Македонија има политички актери но единствен фактор е Али Ахмети. „Кога сме кај постоечките опозициски партии, Беса и Алтернатива, јас би рекол дека има многу политички актери на политичката сцена во РСМ но Али Ахмети е еден и единствен фактор. Ова се процеси низ кои помина ДУИ. Станува збор за не така краток период туку период од 22 години“, посочи Арбр Адеми. Изет Меџити најави дека на 13 август ќе формира нова партија. Во овој субјект нема да учествуваат и други членови од огнената група, како Муса Џафери, Блерим Беџети и Невзат Бејта кои одлучија да останат во ДУИ, со стремеж дека се уште има простор за внатрепартиска дебата за нивните незадоволства. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-podgotven-da-sorabotuva-so-medhiti-ademi-ima-mnogu-politichki-akteri-no-faktor-e-samo-ali-ahmeti/feed/ 0
„Војната“ продолжува: Артан Груби со стихови од песна го провоцира Меџити… Меџити го возврати ударот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-prodolzhuva-artan-grubi-so-stihovi-od-pesna-go-provotsira-medhiti-medhiti-go-vozvrati-udarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-prodolzhuva-artan-grubi-so-stihovi-od-pesna-go-provotsira-medhiti-medhiti-go-vozvrati-udarot/#respond Wed, 19 Jul 2023 09:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=858050

Изет Меџити најави дека на 13 август, на годишнината од Охридскиот рамковен договор, ќе формира новото политичко движење. Тој во оваа прилика рече дека наместо да си одат дома, решиле да направат демократски сојуз во служба на граѓаните и дека ќе функционираат како опозиција, поднесувајќи оставки од сите функции во ДУИ. „Решивме да не си одиме дома, туку да направиме новото политичко движење, новото демократско движење. Апелирам до сите интелектуалци, сите оние кои сакаат да придонесат, сите оние кои го бараат гласот и сакаат да бидат слуга на граѓаните, во интерес на граѓаните, ќе имаат отворена врата во новото демократско движење“, вели Изет Меџити. Малку подоцна на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби објави неколку стихови од песна, што во јавноста беше сфатено како „провокација„ за Меџити. „Тие имаат потреба за мене како кислород Знам, пријателе, ја разбирам и твојата позицијата О, колку е убаво да се види топ листата Оди дома, сега земи го куферот“ Ова се стихови на реперот Ноизи, кои Груби ги избра за да ги објави на социјалните мрежи. Инаку, Меџити ја напушти ДУИ како резултат на незадоволство од работата на извршната власт. Тој најави силна опозиција проитв ДУИ. Меџити денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 ја искоментира токму оваа објава на Груби. „Тоа ја покажува неговата состојба и нивото, а тоа се ниски провокации“, рече Меџити. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vojnata-prodolzhuva-artan-grubi-so-stihovi-od-pesna-go-provotsira-medhiti-medhiti-go-vozvrati-udarot/feed/ 0
„Огнените“ даваат оставки во ДУИ и ќе формираат партија – најава за нов политички субјект во албанскиот блок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ognenite-davaat-ostavki-vo-dui-i-ke-formiraat-partija-najava-za-nov-politichki-subjekt-vo-albanskiot-blok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ognenite-davaat-ostavki-vo-dui-i-ke-formiraat-partija-najava-za-nov-politichki-subjekt-vo-albanskiot-blok/#respond Mon, 17 Jul 2023 13:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=857413

Заврши фракционерската борба на пратениците Изет Меџити, Мерита Колчи Коџаџику, Кастриот Реџепи, на екс-заменик министерот Башким Асани, на градоначаникот Висар Ганиу и на други истакнати членови и функционери во ДУИ. Од денеска не се членови на оваа партија. Констатираат дека ДУИ целосно ги исклучила, дека залудно се обиделе да делуваат како фракција и дека треба да формираат нова партија која ќе стане опозициска. Во новата партија нема да бидат „огнените“ Муса Џафери, Блерим Беџети, Невзат Бејта и други. Тие одлучија да останат фракција во ДУИ и да ги решаваат сите проблеми со „демократска дебата и легитимни одлуки“. Овој чекор на Меџити следи по бојкотот на внатрепартиските избори во општинските ограноци и исфрлањето на приврзаниците на „огнените“ од јавните функции. Портпаролот Бујар Османи им порача: „Кој се запишал, тој е во ДУИ“. Новата партија, која сè уште нема име, ќе значи и намалување на парламентарното мнозинство. Тројца пратеници од власта сега ќе делуваат опозициски. ДУИ не успеа да ја задржи компактноста на пратеничката група и да ги дисциплинира „огнените“, кои цела година упатуваат остри забелешки за министрите од оваа партија и обвинувања за самоволие и властољубие од вицепремиерот Артан Груби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ognenite-davaat-ostavki-vo-dui-i-ke-formiraat-partija-najava-za-nov-politichki-subjekt-vo-albanskiot-blok/feed/ 0
Меџити: Не контактираме со Ахмети 7-8 месеци, него не му е грижа за нас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ne-kontaktirame-so-ahmeti-7-8-mesetsi-nego-ne-mu-e-grizha-za-nas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ne-kontaktirame-so-ahmeti-7-8-mesetsi-nego-ne-mu-e-grizha-za-nas/#respond Wed, 28 Jun 2023 08:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=850379

Изет Меџити во интервју за „Лајм“ вели дека на лидерот на ДУИ, Али Ахмети не му е грижа за никој од нив, ниту кога станува збор за градоначалник од редовите на интегративците. Меџити ова го изјави по пријавата на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој рече дека бил мета на закани од Муарем Хасани, заменик директор на Царината. Меџити во интервјуто вели дека со Ахмети немаат комуникација повеќе месеци. „Не контактиравме со господинот Ахмети повеќе од 7 можеби 8 месеци. Комуницираме само преку медиумите. Но тој и овојпат како да не забележува кога е нападната институцијата градоначалник и не презема ништо за да се надмине таквата ситуација. Се виде дека се нефункционални обвинителството и судството, нели за тоа е доказ што градоначалникот беше пред дилемата дали да поднесе приватна или службена тужба. Кога е загрозен функционер, во која било држава каде што функционира правната држава, обвинителството, полицијата, мора да постапат по поднесена пријава. Во оваа ситуација господинот Ахмети и извршната власт се обидоа да ги замолчат институциите и тоа покажува дека институциите, судството и обвинителството се заробени и дека правната држава не функционира“ – изјави Меџити. Инаку, Ганиу, пред неколку дена во полиција пријавил дека Хасани преку телефонски повик му упатил закани по животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ne-kontaktirame-so-ahmeti-7-8-mesetsi-nego-ne-mu-e-grizha-za-nas/feed/ 0
Меџити: Фракциите се европска вредност, Ахмети најмалку десет пати во минатото ме молеше да формираме фракција во ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-fraktsiite-se-evropska-vrednost-ahmeti-najmalku-deset-pati-vo-minatoto-me-moleshe-da-formirame-fraktsija-vo-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-fraktsiite-se-evropska-vrednost-ahmeti-najmalku-deset-pati-vo-minatoto-me-moleshe-da-formirame-fraktsija-vo-dui/#respond Thu, 06 Apr 2023 13:27:17 +0000 https://kurir.mk/?p=821073

Токму претседателот Ахмети најмалку десет пати во минатото ме молеше да формираме фракција внатре во ДУИ, но сега се појави потребата да има фракција во Демократската унија за интеграција и не знам од кои причини тој баш сега се изјасни дека нема да дозволи формирање на фракција, имајќи предвид дека секој ден промовираат европски фронт, фракциите се европска вредност на европски партии, а ако сакаат и понатаму да промовираат европски фронт, тогаш немаат право да бидат против европските вредности или против фракциите во ДУИ, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ДУИ, Изет Меџити, на прашањето околу оспорувањето на фракцијата од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На новинарските прашања дали може да станува збор за поделба од партијата и одење со посебни листи на следните избори, Меџити децидно одговори дека нивната цел е да ја добијат битката внатре во ДУИ. На прашањето дали постои страв од исклучување од партијата поради непочитување на статутот одговори градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, кој рече дека изворот на проблемот е во тоа што почнаа сомнежи дека узурпирани се органите на партијата од страна на министрите на ДУИ. Ние не сметаме дека ние сме прекршители на статутот, напротив, до тоа е дојдено од страна на узурпаторите на органите на партијата и непочитување на статутот. Од правна гледна точка мислам дека некои други треба да носат одговорност за непочитување на статутот, а не ние, истакна Беџети. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу претходно на прес-конференцијата рече дека се обврзуваат да бидат гласот на сите Албанци. - За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на ДУИ, што најдобро го докажува неформирањето на партиски тела за овие години. Денеска стоиме пред вас како фракција и се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи. За нас гласот на народот е сè, затоа што ова е гласот на разумот и ќе го покажеме на дело правилното, принципиелното и сеопфатното функционирање, изјави Ганиу. Според него има двојни стандарди за време на дебатите и носењето на одлуките. Напомена дека нивниот предлог за гласање недоверба на министрите бил одбиен. Според Ганиу, органите на ДУИ не функционираат според Статутот, а политичките одлуки се носат исклучиво од министрите на ДУИ. Градоначалникот на Чаир посочи дека меѓу нив и ДУИ има разлики во ставовите околу спроведувањето на албанскиот јазик во пракса и изнесе неколку предлози за власта, меѓу кои и отстранување на 20 проценти од Уставот, регулирање на статусот на семејствата на борците на ОНА, обезбедување на услови за гласање на дијаспората по електронски пат, казината да бидат надвор од населени места, зголемување на минималната и просечната плата, како и зајакнување на општините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-fraktsiite-se-evropska-vrednost-ahmeti-najmalku-deset-pati-vo-minatoto-me-moleshe-da-formirame-fraktsija-vo-dui/feed/ 0