изговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 10:51:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изговори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Токсични фрази кои несвесно ги изговараме, а ни ја уништуваат врската: Дали ги користите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/#respond Mon, 13 Mar 2023 10:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=811278

Велат дека делата зборуваат погласно од зборовите, што е најчесто случај, но велат и дека изговорениот збор „не се враќа“. За жал, во партнерските односи, повеќето не се грижат за она што го кажуваат, особено во екот на гневот. Одредени зборови можат да ни го повредат духот и да остават долгорочни последици за нашата ментална состојба, а понекогаш можат да болат повеќе од физичка повреда. Ајде да ги погледнеме најчесто користените фрази кои долгорочно може да го влошат нашето партнерство: 1. „Ако така се чувствуваш – подобро да раскинеме“ Оваа реченица обично ја кажуваме среде кавга, кога не можеме да се справиме со обвинувањата и незадоволството од партнерот. Во тие моменти треба да се потсетиме дека бракот е спој на две личности кои заедно треба да бараат решение и компромис. Наместо често да се закануваме дека ќе раскинеме, можеме да го пробаме следново: – Во моментов се чувствувам лут, разочаран или погрешно разбран и тешко ми е да бидам покрај тебе. Те сакам ама ми треба простор, ќе разговараме кога ќе се „оладам“. 2. „Зборуваш глупости“ Чести се моментите кога мислиме дека нешто што ни го кажува другата половина е ирационално или бесмислено, но наместо да ги користиме токму тие фрази, посегнуваме по грдиот збор „глупав“. Ова е особено погрешно бидејќи го прави нашиот партнер да се чувствува токму така – „глупав“ и може да го спречи да споделува идеи, соништа или стравови со нас во иднина. Поинаква перспектива на гледање на нештата е нормална, дури и пожелна. 3. „Не сакам да зборувам за тоа“ Понекогаш ни треба пауза за време на дискусијата за да ја процениме ситуацијата, да ги оладиме главите и да размислиме за идните чекори. Но, ако целосно го игнорираме „слонот во собата“, односно проблемот во нашиот брак или врска, тој може да стане почетна капсула за катастрофа. Недоразбирањето е една од најчестите причини за прекинување на меѓучовечките односи, па затоа е многу важно да се разговара, без разлика колку е непријатна или болна одредена тема. Нагласете дека сè уште не сте подготвени да започнете разговор, но не го отфрлајте целосно. 4. „Ти си ист/а како татко ти/мајка ти“ Ова е големо, големо НЕ затоа што навистина може да повреди човек. Ако нашиот партнер ни верува доволно за да го сподели со нас своето детство или работи кои го мачат за неговите родители, никогаш не смееме да го злоупотребуваме тоа против него, без разлика колку сме лути. 5. „Само опушти се“ Во превод – престанете да размислувате за тоа. Реченица која всушност создава сосема спротивно чувство, доколку некоја личност ви ги искаже своите негативни чувства, а вие на овој начин ја предизвикате, генерално ќе предизвикате зголемен гнев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/toksichni-frazi-koi-nesvesno-gi-izgovarame-a-ni-ja-unishtuvaat-vrskata-dali-gi-koristite/feed/ 0
Нашата генерација ја уништи љубовта со овие изговори! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nashata-generacija-ja-unishti-ljubovta-so-ovie-izgovori/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nashata-generacija-ja-unishti-ljubovta-so-ovie-izgovori/#respond Mon, 28 Jan 2019 17:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=157550

И после 50 години брак, мојот дедо ја третира баба ми како вчера да се заљубиле. Гледајќи ги денешните врски, сите се плашат од врзување. Секој сака неговиот партнер да го сака со цело срце, но се плаши да сака со цело срце. Никој не сака  да го стави другиот на прво место. Светот се претвори во мноштво од секс за една вечер, лабави мувања и врски кои траат 4 месеци.  Сите правиме нешто со некого, но никој не сака да го именува тоа што го имаме. Љубовта е во сржта на нашата човечка природа, а сепак се плашиме да сакаме, па затоа си велиме самите на себеси дека имаме право да се плашиме. Па затоа наоѓаме изговои за да избегнеме да бидеме повредени, да избегнеме да се врземе и да избегнеме целосно да се предадеме некому. „Сакам да се фокусирам на мојата кариера и да бидам успешен/а.“ Денешниот свет е ориентиран само кон материјалното. Наместо да бидеме задоволни со тоа што го имаме, ние сакаме многу повеќе отколку што ни е потребно. Постојано работиме за другите околу нас кажат: „Ау, браво тој/таа е навистина успешен/а.“ А што е дефиницијата за успех? Автомобилите што ги возите, облеката којашто ја носите, местата на коишто излегувате? Каде отидоа времиња кога успехот се мереше според среќата на семејството? Кога дедо ми имал 30 години, тој имал скромна работа и пристојна куќа – ништо големо, ниту луксузно, но имал овошки во градината, едноставен автомобил, среќна жена и 4 прекрасни деца. Неговата жена ги поминала нејзините денови дружејќи се со пријателките на пазар додека децата биле во училиште. Кога тој ќе се врател од работа, тие сите уживале во прекрасниот ручек на баба и тогаш тој им помагал на децата да ги напишат домашните задачи. Дедо ми немал многу, но бил успешен. Прекрасно е да се има цели и да се работи напорно за да се остварат тие цели. Но, повеќето од нас го користат тоа како изговор за да не ги сфаќаат сериозно врските, затоа што не сакаме да создадеме семејство и да ги преземеме одговорностите кои доаѓаат со тоа. Кога ова се случува, тоа веќе не е причина, туку изговор. „Не може да се поправат работите. Треба да раскинеме.“ Нашата генерација доби се на готово. Се ни беше дадено. Не мора да бараме низ книгата за да ги добиеме одговорите, затоа што го имаме Гугл за тоа. Не мора да вртиме за да се јавиме, имаме телефони на допир. Не мора ни да излеземе од дома, сега има достава до дома. Ова влијаеше на тоа да станеме премногу фрустрирани  кога нема да го добиеме тоа што го сакаме, па затоа се откажуваме и продолжуваме на следното без да вложиме доволно напор за да се обидеме да го поправиме тоа што може да се поправи. Ова е причината поради која разводите се се почести. Кога дедо ми бил помлад, разводот било последното прибрежиште, се случувал кога ситуацијата била навистина неиздржлива. Денес, разводот е нешто кон кое се вртиме секогаш кога сфаќаме дека не ги сакаме партнерите толку колку што сме мислеле дека ги сакаме и воопшто не се ни трудиме да ги поправиме работите. Работењето и вложувањето во врските очигледно е преголем товар за нашата генерација. Не ги цениме доволно нашите врски за да направиме жртви за да ги задржиме. „Бракот и семејство е преголема обврска.“ Кога излегуваме со некој и немаме намера да размислуваме во посериозна насока, значи дека не ги сакаме. Ние само сакаме сега да бидеме со нив, додека бараме подобра алтернатива. Кога планираме засекогаш да бидеме со некого, престануваме да ги споредуваме со други личности и престануваме да бараме други. Нешто подобро можеби ќе се појави, но она што е важно е дека не сме ги барале додека сме биле со некој друг. Кога ќе почнеме да гледаме по други, тоа значи дека немаме искрени и правилни намери во врската и тоа е многу себично. И тоа ја уништува љубовта. Кога семејството стана товар наместо благослов? Сериозно, кога споделувањето на животот со некого стана товар? Не зборувам за споделување храна на одмор, зборувам за споделување на задоволството кога прв пат ќе го видите лицето на вашето прво бебе. Ако престанеме да ги гледаме овие работи како товар и почнеме да ги гледаме како чест и како нешто на коешто треба да се радуваме, можеби ќе љубиме подобро. „Ми треба слобода и простор.“ Личниот простор е една од најважните работи за среќна и долга врска. Но, дали навистина ви беше потребен простор кога разменувавте пораки со други луѓе надвор од вашата врска?  Често ги користиме термините слобода и простор како изговор да флертуваме и да истражуваме нови опции. Правиме нешто со некого само за да не бидеме осамени. Заедно сме со некого иако добро знаеме дека нема да трае. Стана сосема прифатливо да се биде во врска „ради реда“. И кога ќе најдеме некоја подобра личност, тогаш ја користиме слободата или недостатокот на слобода како изговор за да избегаме од врската. Ако не можете да сфатите дека слободата и просторот мора да дојдат со граници кога сте во врска, не ни треба да бидете во врска. Овие прифатливи причини почнаа толку слободно да се користат што нашата генерација ги претвори во неприфатливи изговори. Вистинските врски се тешки за наоѓање, а љубовта ја губи својата вредност. Погледнете внатре во себе пред да скокнете во нешто коешто треба да биде повеќе од „лабаво“. Не ја уништувајте љубовта за другата личност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nashata-generacija-ja-unishti-ljubovta-so-ovie-izgovori/feed/ 0
Што треба да кажеш наместо „Те сакам“? https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/shto-treba-da-kazesh-namesto-te-sakam/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/shto-treba-da-kazesh-namesto-te-sakam/#respond Tue, 01 Jan 2019 13:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=147214

„Те сакам“ е една од најубавите фрази на секој јазик. Нема личност која не сака да ги слушне овие две зборчиња. Но, дали може да се каже поинаку? Може. Може да кажуваме нешто уште поубаво. Може да се каже следново: „Ќе те штитам. Ќе те штитам од оние кои не ни посакуваат добро. Ќе бидам некој во кого ќе можеш да веруваш. Ќе бидам твое засолниште, твоја сигурна лулка. Секогаш ќе ти го чувам грбот. Секогаш можеш да се потпреш на мене. Кога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш и секогаш ќе се грижам да имаш сѐ што ти е потребно. И ќе те почитувам. Твоето мислење, твојата личност, твоите соништа и желби. Ќе те почитувам поради сѐ она што си. Ќе ти ги простувам сите мали и големи работи, несмасно изговорени зборови по напорен ден. Ќе ти ги простам и оние ситуации во кои не сме биле свесни колку сме се повредиле еден со друг. Го жртвувам своето време за нешто што сакаш да го правиш. Секогаш ќе бидам среќен што сум со тебе.“ Во идеалниот свет, сите овие изјави би требале да дојдат во пакет со љубовта. Сме имале многу кои сме ги сакале, но токму поради недостатокот на почит, прошка и уважување, на крајот сепак не сме останале. Повеќето од нас остануваат со луѓето кои ни простуваат, кои нѐ поддржуваат, кои не креваат кога ќе паднеме, кои се многу повеќе од само обично „те сакам“. Бидете внимателни кога ги изговарате овие зборови. Прво обидете се да сфатите што значат. Во спротивно ќе остане само убаво кажана фраза и ништо повеќе...]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/shto-treba-da-kazesh-namesto-te-sakam/feed/ 0