Изиџет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Nov 2021 06:38:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Изиџет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прв лет на „Изиџет“ на релацијата Скопје – Женева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-let-na-izidzet-na-relacijata-skopje-zeneva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-let-na-izidzet-na-relacijata-skopje-zeneva/#respond Mon, 01 Nov 2021 06:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=589025

Британската нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ попладне ќе го реализира првиот лет од директната авиолинија Скопје-Женева, со што и официјално влегува на македонскиот воздухопловен пазар. Слетувањето на првиот лет од Женева на Меѓународниот аеродром Скопје е предвидено за 15:05 часот. Првите патници ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, по што се предвидени изјави за медиумите. „Изиџет“ ќе ја опслужува линијата Скопје – Женева трипати неделно. Со зимскиот распоред на летање, што стапи во сила на крајот на минатиот месец, покрај линијата Скопје Женева на „Изиџет“, се предвидени летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната Визер, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен. Податоците на ТАВ Македонија покажуваат дека во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај. На двата аеродрома во првите девет месеци од годинава се реализирани 11.203 лета, што претставува 61 процент зголемување споредено со истиот период од 2020 година, но е за 34 проценти помалку споредено со истиот период во 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-let-na-izidzet-na-relacijata-skopje-zeneva/feed/ 0
Авиокомпанијата ИзиЏет очекува загуба од над една милијарда фунти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompanijata-izidzet-ochekuva-zaguba-od-nad-edna-milijarda-funti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompanijata-izidzet-ochekuva-zaguba-od-nad-edna-milijarda-funti/#respond Tue, 12 Oct 2021 11:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=577647

Британската нискобуџетна авиокомпанија ИзиЏет денеска соопшти дека очекува загуба од најмалку 1,135 милијарди фунти (1,54 милијарди американски долари) во фискалната 2021 година, поради ограничувањата за време на пандемијата на Ковид-19. За фискалната 2021 година, која заврши на 30 септември и беше обележана со пандемија и ограничувања за патување, компанијата предвидува загуби од 1,135 милијарди фунти (1,54 милијарди долари) до 1,175 милијарди фунти. Конечните деловни резултати, како што е најавено, ќе бидат објавени на 30 ноември. Истовремено, тие ја зголемија процената на капацитетот за периодот од октомври до декември на 70 проценти од нивото пред пандемијата. Во септември беше предвидено дека тие ќе достигне 60 проценти. Како позитивен пресврт се посочува закрепнувањето на побарувачката за одмор на топли дестинации во текот на зимата, како што се Египет и Турција, најавувајќи дека ќе имаат повеќе летови до Канарските Острови во октомври отколку во претпандемијата 2019 година. Тие, исто така, укажуваат на поголема побарувачка за службени патувања. – Очигледно, закрепнувањето е во тек, истакна извршниот директор Јохан Лундгрен. Велика Британија неодамна ги ублажи правилата, укинувајќи некои тестови, што помага во обновувањето на резервациите, нагласува ИзиЏет. Тие додаваат дека се уште не можат да дадат насоки за фискалната 2022 година, бидејќи им е тешко да прогнозираат на долг рок, бидејќи, како што велат, клиентите резервираат летови поблиску до датумот на патување. Компанијата, исто така, објавија дека нема да препорачаат исплата на дивиденда за фискалната 2021 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompanijata-izidzet-ochekuva-zaguba-od-nad-edna-milijarda-funti/feed/ 0
„ЕasyJet“ влегува на македонскиот пазар, авиолинија Женева-Скопје три пати неделно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/easyjet-vleguva-na-makedonskiot-pazar-aviolinija-zeneva-skopje-tri-pati-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/easyjet-vleguva-na-makedonskiot-pazar-aviolinija-zeneva-skopje-tri-pati-nedelno/#respond Fri, 03 Sep 2021 10:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=558789

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок. Од ТАВ Македонија денеска информираа дека станува збор за сезонска авиолинија од 1 ноември до 25 март следната година. – Авиобилетите се пуштени во продажба преку веб-страницата на Изиџет (easyJet) https://www.easyjet.com/en, со цени што почнуваат од 1 476 денари за авиобилет во една насока, информираат од ТАВ Македонија. Новата сезонска авионска линија, како што велат од Изиџет, ќе им овозможи на граѓаните да ги посетат своите семејства и пријателите или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети. Од ТАВ Македонија се задоволни што авиокомпанијата Изиџет влегува на македонскиот авијациски пазар и покрај тековната глобална криза во авијацијата предизвикана од КОВИД-19, како и фактот дека многу земји сè уште имаат рестрикции за авионските патувања. Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/easyjet-vleguva-na-makedonskiot-pazar-aviolinija-zeneva-skopje-tri-pati-nedelno/feed/ 0