изјави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 13:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изјави – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФИА им забрани на Ф1-возачите да даваат политички изјави https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-im-zabrani-na-f1-vozachite-da-davaat-politichki-izjavi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-im-zabrani-na-f1-vozachite-da-davaat-politichki-izjavi/#respond Thu, 12 Jan 2023 13:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=786512

Почнувајќи од следната сезона, возачите на Формула 1 нема да смеат да даваат политички, верски и приватни изјави без претходна согласност на Меѓународната автомобилска федерација, најави претседателот на ова тело, Мохамед Бен Сулејем. „Оние кои даваат политички, верски и приватни изјави без одобрение на првиот човек на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ќе бидат санкционирани“, изјави Бен Сулајем по измените на Меѓународниот спортски кодекс. На возачите ќе им треба писмена дозвола од раководното тело за да даваат политички, верски и приватни изјави. „Загрижени сме. Можете да го користите спортот за мирни цели, но не сакаме ФИА да служи како платформа за приватни агенди. Ќе се оддалечиме од спортот. Што прават возачите најдобро? Тие знаат да возат. Тие се толку добри во тоа, создаваат спектакл, тие се ѕвезди“, изјави Бен Сулајем. „Ако имам свое приватно мислење, тоа не значи дека ќе ја искористам ФИА за да го изразам. Верувам дека ФИА треба да биде неутрална. Ни требаат суперѕвезди за да го играме овој спорт. Ако има нешто, побарајте дозвола. Ако направите некоја грешка, тоа е исто како да брзате низ боксот. Ако го направите тоа, многу е јасно што следува“. Шампионите Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, кој се пензионира минатата година, беа меѓу возачите кои даваа политички изјави во претходните сезони. Хамилтон се залагаше за човекови права и расна еднаквост, а исто така се занимаваше и со правата на ЛГБТ заедницата во конзервативните тркачки земји како Саудиска Арабија и Катар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-im-zabrani-na-f1-vozachite-da-davaat-politichki-izjavi/feed/ 0
Пендаровски нема да ги коментира изјавите на Вуќиќ и Вулин, смета дека таквиот став не заслужува коментар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-da-gi-komentira-izjavite-na-vukjikj-i-vulin-smeta-deka-takviot-stav-ne-zasluzuva-komentar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-da-gi-komentira-izjavite-na-vukjikj-i-vulin-smeta-deka-takviot-stav-ne-zasluzuva-komentar/#respond Sat, 16 May 2020 12:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=346680

По острата реторика и навредливите изјави од Србија, конкретно од министерот за одбрана, Александар Вулин и од српскиот претседател, Александар Вучиќ, од Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски за „Фокус“, велат дека нема да ги коментираат. – Во однос на ставот на Вулин, претседателот смета дека тој став не заслужува коментар. Во однос на изјавата на претседателот Вучиќ, претседателот Пендаровски не сака да ја коментира изјавата на претседателот на Србија, велат за „Фокус“ од Кабиентот на претседателот. Утрово на РТС беше објавена изјава на Вулин кој вели дека претседателот Пендаровски никој не го прашува не треба да коментира дали треба корекција на гранците меѓу Косово и Србија. – Претседателот на Северна Македонија, може слободно да молчи на јазикот којшто никој, освен Србија не го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи бидејќи ниту некој бара, ниту му го прифаќа мислењето, порача Вулин. Потоа следуваше изјава од претседателот Вучиќ кој за истата изјава на Пендаровски, рече дека Скопје прави се за да им се додвори на Германците, како најмоќна нација во ЕУ. Пендаровски оваа изјава ја дал на прашање на приштинскиот весник „Газети експрес“. Од неговиот Кабинет за весникот рекле дека таквото решение би имало штетни последици за регионот и би го загрозило цел напредок во последните 20 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nema-da-gi-komentira-izjavite-na-vukjikj-i-vulin-smeta-deka-takviot-stav-ne-zasluzuva-komentar/feed/ 0
Фаучи: Трамп ме слуша, но не можам да ги спречам изјавите за Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-tramp-me-slusha-no-ne-mozam-da-gi-sprecham-izjavite-za-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-tramp-me-slusha-no-ne-mozam-da-gi-sprecham-izjavite-za-kina/#respond Mon, 23 Mar 2020 15:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=320864

Врвниот експерт за инфективни болести во САД, д-р Ентони Фаучи, изјави дека „не може да скокне пред микрофонот“ за да го спречи американскиот претседател Доналд Трамп да повтори дека Кина требала порано да го предупреди светот за новиот коронавирус. Фаучи во телефонското интервју за списанието „Сајенс“ рече дека Трамп „го слуша, иако околу некои работи не се согласуваат“. – Тој оди по свој пат. Тој има свој стил. Но, за важни работи, слуша што му кажувам, рече Фаучи, долгогодишен директор на Националниот институт за алергија и заразни болести. На неодамнешниот брифинг, Трамп се пожали дека Кина требало многу порано да му каже на светот за вирусот, но Фаучи рече дека им појаснил на соработниците на Трамп дека тоа било невозможно затоа што „два-три месеци порано би значело – септември“. Фаучи вели дека тие може да го предупредат да не ја повтори изјавата, но дека доколку претседателот одлучи повторно да го каже тоа, тој „не може да скокне пред микрофонот и да го спречи“. Минатата недела Трамп и Фаучи учтиво, но јавно дебатираа дали лекот од маларија ќе дејствува во лекувањето на луѓето заболени од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-tramp-me-slusha-no-ne-mozam-da-gi-sprecham-izjavite-za-kina/feed/ 0