изјум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Sep 2022 19:14:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png изјум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавени се сателитски снимки од масовната гробница во Изјум (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-se-satelitski-snimki-od-masovnata-grobnica-vo-izjum-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-se-satelitski-snimki-od-masovnata-grobnica-vo-izjum-foto/#respond Sat, 17 Sep 2022 19:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=734211

Maxar Technologies објави сателитски снимки на кои се гледа масовната гробница во источниот украински град Изјум, кој што неодамна беше напуштен од руските сили бегајќи од украинската контраофанзива. Украина, да потсетиме, тврди дека во масовната гробница во Изјум биле пронајдени 440 тела, меѓу кои и тела на украински војници и цивили. Некои тела биле пронајдени со јажиња околу вратот, додека на други им биле врзани рацете, што сугерира дека тие не биле убиени при гранатирање, туку егзекутирани. Првата сателитска фотографија (насловната) покажува руска артилерија која се наоѓа во близина на влезот на гробиштата во Изјум. Создадена е на 8 април годинава, кога градот бил под руска окупација. Втората фотографија (подолу) направена е на 24 март ја прикажува оштетената болница и околните згради во Изјум. Следната фотографија (подолу) направена на 20 јуни и го прикажува влезот на гробиштата. А следната фотографија (подолу) направена на 24 март и го покажува истиот влез на гробиштата. Следната фотографија направена на 29 август го покажува истото место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-se-satelitski-snimki-od-masovnata-grobnica-vo-izjum-foto/feed/ 0
Украинскиот гувернер: Повеќето од ексхумираните тела во Изјум имаат знаци на насилна смрт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-guverner-povekjeto-od-ekshumiranite-tela-vo-izjum-imaat-znaci-na-nasilna-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-guverner-povekjeto-od-ekshumiranite-tela-vo-izjum-imaat-znaci-na-nasilna-smrt/#respond Sat, 17 Sep 2022 07:56:29 +0000 https://kurir.mk/?p=733993

Знаци на насилна смрт имаат 99 отсто од телата ексхумирани во Изјум, град на истокот на Украина, кој неодамна беше повторно заземен од украинската армија, изјави синоќа регионалниот украински гувернер Олег Синегубов. „Во Изјум има неколку тела со врзани раце зад грб, а едно лице е закопано со јамка околу вратот. Изгледа тие луѓе биле мачени и егзекутирани“, рече Синегубов преку Телеграм, а со изјавата објави и фотографии од стотина гробови пронајдени во близина на Изјум. Шефот на украинското тело за човекови права, Дмитро Лубинец, рече дека веројатно има повеќе од 1.000 украински граѓани убиени и мачени на ослободените територии во регионот Харков. Украина вчера соопшти дека пронашла 450 гробници во Изјум, град североисточно од Харков, кој неодамна беше ослободен од руските сили. Синегубов рече дека телата на 450 цивили со знаци на насилна смрт и тортура биле закопани на местото што го откриле украинските власти. Тој додаде дека меѓу ексхумираните тела има и деца и дека на таа локација работат 200 експерти. „Телата ќе бидат испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Секоја смрт ќе биде предмет на истрага и ќе стане доказ за воените злосторства на Русија пред меѓународните судови“, рече Синегубов. Тој истакна дека обемот на злосторствата извршени од Русија во Изјум е огромен и го осуди „крвавиот и брутален терор“. Во контраофанзивата започната на почетокот на септември во тој регион, украинската армија ги врати териториите кои дотогаш беа под окупација на руските војници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-guverner-povekjeto-od-ekshumiranite-tela-vo-izjum-imaat-znaci-na-nasilna-smrt/feed/ 0
Во украинскиот град Изјум пронајдена масовна гробница со над 440 тела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukrainskiot-grad-izjum-pronajdena-masovna-grobnica-so-nad-440-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukrainskiot-grad-izjum-pronajdena-masovna-grobnica-so-nad-440-tela/#respond Fri, 16 Sep 2022 06:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=733520

Во североисточниот украински град Изјум, што пред неколку дена беше повторно ослободен, украинските власти пронајдоа масовна гробница со повеќе од 440 тела, изјави синоќа полициски претставник, додавајќи дека дел од луѓето биле убиени од гранатирање и воздушни напади. Во текот на изминатиот викенд под налетот на украинската војска Изјум го напуштија илјадници руски војници, откако претходно го имаа окупирано и го претворија во логистички центар за регионот Харков. Тие зад себе оставија големо количество муниција и опрема. Главниот полициски истражител за регионот Харков, Серхи Болвинов, изјави за Скај њуз дека ќе биде спроведена форензичка истрага за секое тело. -Можам да кажам дека тоа е еден од најголемите гробници во голем град во ослободените подрачја… На едно место беа закопани 440 тела, рече Болвинов. Некои биле убиени од артилериски оган, а некои од воздушните напади, додаде тој. Британските медиуми не можат веднаш да ги потврди украинските наводи, а засега нема ниту коментар од Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пред два дена дојде во ненајавена посета на Изјум за да ги поздрави украинските војници, ја обвини Русија и го спореди откривањето на гробот со она што се случи во Буча, предградието на Киев, на почетокот на инвазијата на руските сили на крајот на февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukrainskiot-grad-izjum-pronajdena-masovna-grobnica-so-nad-440-tela/feed/ 0