излечени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Apr 2020 06:48:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png излечени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови 30 заразени и деветмина излекувани од Ковид-19 во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-30-zarazeni-i-devetmina-izlekuvani-od-kovid-19-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-30-zarazeni-i-devetmina-izlekuvani-od-kovid-19-vo-kosovo/#respond Sun, 19 Apr 2020 06:48:31 +0000 https://kurir.mk/?p=334212

Нови 30 случаи на заболени од Ковид-19 и деветмина излекувани од болеста се регистрирани вчера во Косово, со што официјалната бројка на лица кај кои е потврдено дека се носители на новиот коронавирус се искачи на 510, додека како излекувани се водат вкупно 93 лица, јави дописникот на МИА од Приштина. Според синоќешното соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 242 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 4.363. Најмногу од новозаразените, вкупно 11, се од општина Сува Река, деветмина се од Штимле, по двајца од Косово Поле, Ѓаковица и Гњилание и по еден од општините Глоговац, Клина, Витина и Каменица. Во Урошевац, каде што последниве денови се регистрираа најмногу новозаразени и каде што нивната бројка достигна до 81, вчера, како и во главниот град Приштина, не е регистриран ниеден нов заболен од Ковид-19. Осуммина од вчерашните девет излекувани се од Малишево, општината која на почетокот беше жариште на епидемијата и каде што досега се потврдени 70 носители на новиот коронавирус, од кои 31 лице ја пребродило болеста. Во таа општина досега е забележан и еден смртен случај како последица на заразата. ИШПК објави дека во саботата во земјата не е регистриран ниеден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово останува 12.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-30-zarazeni-i-devetmina-izlekuvani-od-kovid-19-vo-kosovo/feed/ 0
Сите заразени фудбалери на Сампдорија се излечија од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/site-zarazeni-fudbaleri-na-sampdorija-se-izlechija-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/site-zarazeni-fudbaleri-na-sampdorija-se-izlechija-od-koronavirusot/#respond Tue, 14 Apr 2020 14:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=332139

Излечени се сите фудбалери на Сампдорија, кои биле заразени со коронавирус, според тренерот на тимот од Џенова, Клаудио Раниери. – Сите наши играчи се излекувани. Јас бев многу тажен кога дознав дека има заразени фудбалери на тимот, но фала му на Бога, сè е во ред, прокоментира Раниери. Првиот позитивен тест за КОВИД-19 на играч на тимот беше напаѓачот Маноло Габиадини минатиот месец, а после тоа стана јасно дека се заразени и Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина, Мортен Торсби, Фабио Депаоли и Бартош Берешински.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/site-zarazeni-fudbaleri-na-sampdorija-se-izlechija-od-koronavirusot/feed/ 0
Во Албанија 361 лице заразено со Ковид-19, излекувани 104, починати 20 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-361-lice-zarazeno-so-kovid-19-izlekuvani-104-pochinati-20-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-361-lice-zarazeno-so-kovid-19-izlekuvani-104-pochinati-20-lica/#respond Sun, 05 Apr 2020 12:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=327615

Во Албанија дијагностицирани се нови 28 случаи со Ковид-19, меѓу нив и едно дете, со што официјалната бројка на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 361 лице. -Во последните 24 часа се тестирани примероците на 149 лица за кои постоеше сомневање дека се можни носители на вирусот, при што позитивни резултат се добиени кај 28 од нив, со што вкупната бројка се зголеми на 361 лице. До сега 104 се излекувани,информираше Албана Фицо директорка на Институтот за јавно здравје. Според неа, регистрирани се две нови жртви, 84-годишна жена од Тирана која пред четири дена била хоспитализирана во Инфективната клиника и 80-годишна жена од Скадар која починала во болницата во овој град, со што вкупната бројка на почнати се зголеми на 20 лица. -Во Инфективната клиника во Тирана хоспитализирани се 64 пациенти од кои пет се на интензивна нега, додека еден е интубиран. Во болницата „Шефќет Ндроќи“ се седум пациенти, од нив шестмина на интензивна терапија од кои двајца се интубирани, рече Фицо. И понатаму најголем број од заразените се од Тирана, односно 174. Според оценката на Фицо, зголемениот број заразени од Ковид 19 се должи на непочитување на мерките и препораките, пред се да не се излегува од дома и неодржување социјална дистанца. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-361-lice-zarazeno-so-kovid-19-izlekuvani-104-pochinati-20-lica/feed/ 0