излегување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Oct 2020 14:40:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png излегување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наградна игра со цел децата почесто да излегуваат на улица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nagradna-igra-so-cel-decata-pochesto-da-izleguvaat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nagradna-igra-so-cel-decata-pochesto-da-izleguvaat-na-ulica/#respond Tue, 13 Oct 2020 14:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=415815

Оваа есен, 7.000 ученици од 27 училишта во Виена, Австрија, имаат можност да соберат поени, да се натпреваруваат и да освојат вредни награди преку – прошетка. Целта на играта „Точки на улицата“ е поголема физичка активност кај децата, но и заштита на климата. Пандемијата на коронавирус уште повеќе го ограничи движењето на најмладите. Игрите со топка со другарчињата, спорт, ластик, трчање, велосипеди – сѐ тоа сега е уште понепопуларно. А сепак, сѐ ова ги прави децата поздрави, среќни, радосни и ги развива нивните моторни, социјални и умствени способности. Преку „Точки на улицата“, децата во Виена собираат поени пешачејќи до училиште, продавница или пак, при посета на пријатели. Наградната игра трае од 2 октомври до 13 ноември. Поставени се 35 кутии за игри на неколку улици, а децата собираат поени со притискање копче на кутиите, па напредувајќи во играта, си го развиваат натпреварувачкиот, но и колективниот дух за успех. Овиие забавно-образовни дејности имаат за цел, меѓу другото, и придонес за зачувување на климата на планетата Земја. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nagradna-igra-so-cel-decata-pochesto-da-izleguvaat-na-ulica/feed/ 0
Мицкоски: СДСМ ќе беше најсреќна да излезевме од Собранието за да им поминат лесно сите штетни закони https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sdsm-kje-beshe-najsrekjna-da-izlezevme-od-sobranieto-za-da-im-pominat-lesno-site-shtetni-zakoni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sdsm-kje-beshe-najsrekjna-da-izlezevme-od-sobranieto-za-da-im-pominat-lesno-site-shtetni-zakoni/#respond Thu, 13 Feb 2020 20:43:59 +0000 https://kurir.mk/?p=303699

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во телевизија „Алфа“ детално елаборираше зошто најголемата опозициска партија не го напушти Собранието на Република Македонија. Тој истакна дека доколку денес ВМРО-ДПМНЕ го напуштеше Собранието, не само законот за обвинителство туку и сите оние останати штетни закони кои носат пари за фамилијата Заев ќе биле експресно изгласани. Како пример Мицкоски го напомена Законот за марихуана. -Вчера имавме состанок на ИК на партијата кој што беше најавен еве да речеме од една моја изјава после состанокот со комората „Масит“ и разговаравме за тековните проблеми. На прес конференција на прашање на еден од присутните новинари кои се чекорите на ВМРО-ДПМНЕ, јас реков дека не ја гледам суштината не ја гледам навистина потребата од активно учество во рамките на парламентот од денес натаму бидејќи денес беше денот кога тоа требаше да се распушти. Во тој момент медиумите кои што важат за блиски до СДСМ имаа насловна која што велеше, ВМРО-ДПМНЕ го напушта парламентот. Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата, вели Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-sdsm-kje-beshe-najsrekjna-da-izlezevme-od-sobranieto-za-da-im-pominat-lesno-site-shtetni-zakoni/feed/ 0
Огномет, шампањ и лудило до зори: Вака беа пречекани двајца мафијаши кога излегоа од затвор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ognomet-shampanj-i-ludilo-do-zori-vaka-bea-prechekani-dvajca-mafijashi-koga-izlegoa-od-zatvor-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ognomet-shampanj-i-ludilo-do-zori-vaka-bea-prechekani-dvajca-mafijashi-koga-izlegoa-od-zatvor-video/#respond Sun, 03 Nov 2019 13:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=259565

Двајца италијански мафијаши, Џовани Илијано (48) и Силвио Де Лука (41) по излегувањето од затвор се дочекани со огномет во близина за Неапол. Илијано и Де Лука одлежале осумгодишна, односно десетгодишна затворска казна за рекетирање. Во Монтерушел, западно од Непаол, стотици роднини и пријатели го дочекаа со шампањ, огномент и други светлосни ефекти. Во чест на нивното враќање во родното место, познато по препродажба на дрога, изнајмен е изведувач на традиционални наполитански песни, Антоно Илардо, кој многу од своите композиции им ги посвети на мафијашите кои се се уште зад решетки. Една од најпопуларните песни говори за бегство од затвор, а останатите се посветени на оние кои и натаму се во затвор. И самиот пејач и е познат на полицијата зошто се поврзан со босот на кланот „Ванела Граси“, Карло Авалоне, за кого велат дека е автор на една од неговите песни. Авалоне е уапсен пред две години и осуден на 16 години робија поради бројни кривични дела. Сето тоа е организирано без општинско одобрение, и со кршење на наредбата за забрана на огномет која ја издал локалниот градоначалник. Двајцата мафијаши се поврзани со кланот Бенедуче - Лонгобарди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ognomet-shampanj-i-ludilo-do-zori-vaka-bea-prechekani-dvajca-mafijashi-koga-izlegoa-od-zatvor-video/feed/ 0