излекувани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Dec 2020 12:19:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png излекувани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Истражување: Излекуваните од Ковид-19 имаат долгорочен имунитет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-izlekuvanite-od-kovid-19-imaat-dolgorochen-imunitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-izlekuvanite-od-kovid-19-imaat-dolgorochen-imunitet/#respond Tue, 08 Dec 2020 12:19:37 +0000 https://kurir.mk/?p=440420

Истражувањето на Универзитетската клиника во Инсбрук покажува дека излекуваните луѓе од новиот коронавирус имаат стабилен, долгорочен имунитет и не треба да стравуваат од нова инфекција или мутација. – Во студијата учествуваа 29 лица на просечна возраст од 44 години и сите во март беа заболени од Ковид-19, изјави раководителот на истражувањето Флориан Дајзенхамер. Тој наведе дека кај учесниците се откриени антитела и по шест месеци, што укажува на константен, стабилен, долгорочен имунитет. – Постојат сите елементи на заштитниот имунитет. Резултатите од студијата на Инсбрук се идентични со меѓународните сознанија, посочи Дајзенхамер при тоа потсетувајќи оти на Исланд и во Њујорк дошле до ист заклучок. Тој посочи дека излекуваните лица не мора да се плашат од повторна зараза, но оти постојат исклучоци, кои не се правило. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-izlekuvanite-od-kovid-19-imaat-dolgorochen-imunitet/feed/ 0
Излекуваните од ковид имаат симптоми и седум недели отпосле, еве што им се случува https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izlekuvanite-od-kovid-imaat-simptomi-i-sedum-nedeli-otposle-eve-shto-im-se-sluchuva/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izlekuvanite-od-kovid-imaat-simptomi-i-sedum-nedeli-otposle-eve-shto-im-se-sluchuva/#respond Mon, 16 Nov 2020 08:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=430027

Повеќе од две третини од излечените пациенти кои биле хоспитализирани поради инфекцијата, имаат долготрајни симптоми и седум недели подоцна, покажува новото истражување. Извештаите за таканаречениот „долготраен ковид“ зачестија низ целиот свет и сугерираат дека, дури и вакцините да го забават ширењето на пандемијата, милиони можеби ќе живеат со трајни последици од овој вирус, пренесува „Телеграф“. Истражувачите од Универзитет во Лондон откриле дека 69 проценти од луѓето излекувани од коронавирусот кои биле хоспитализирани за време на болеста, се чувствуваат уморно дури и 54 дена откако биле излекувани. Многумина пријавиле дека и понатаму тешко дишат и продолжуваат да кашлаат. Ова е доказ, велат авторите на студијата, дека „долготрајниот ковид“ е реален феномен кој може да ги оптовари луѓето и здравствениот систем со месеци. На светско ниво, речиси 52,4 милиони луѓе имале или во моментов имаат коронавирус. Генерално, стапката на преживување е висока, но сè повеќе луѓе тврдат дека се чувствуваат лошо откако се излечиле од вирусот, пишува „Дејли меил“. Во новата студија, истражувачите следеле 384 пациенти кои биле отпуштени од болница по третманот од овој вирус. Во просек, пациентите биле во болница шест дена, но 14 % морале да бидат префрлени на одделот за интензивна нега. На повеќето пациенти им е направен рентген на градите по приемот во болницата. Повеќе од половина од испитаниците (56 проценти) имале рендгенски снимки „типични“ за пациенти со ковид 19, односно била присутна пневмонија. Дури 30 проценти од нив покажале знаци на сериозна инфекција. До отпуштањето, 62 проценти од пациентите имале нормална рендгенска снимка, а 27 проценти покажале значително подобрување. Сепак, девет проценти од пациентите имале полоши резултати дури и неколку недели по отпуштањето од болницата. Вкупно 69 проценти од пациентите чувствувале умор и два месеци по болеста, 34 проценти продолжиле да кашлаат, а 15 проценти од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат депресивно. „Пациентите кај кои болеста била доволно сериозна за да биде потребна болничка нега, честопати трпат значителни симптоми дури и по отпуштањето од болница“, рече д-р Свапна Мандал, професор на Универзитетскиот лондонски колеџ (UCL) и главен автор на студијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izlekuvanite-od-kovid-imaat-simptomi-i-sedum-nedeli-otposle-eve-shto-im-se-sluchuva/feed/ 0
Бројот на излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-izlekuvani-od-kovid-19-vo-svetot-nadmina-32-milioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-izlekuvani-od-kovid-19-vo-svetot-nadmina-32-milioni/#respond Mon, 26 Oct 2020 19:05:33 +0000 https://kurir.mk/?p=420931

Бројот на лица излекувани од Ковид-19 во светот надмина 32 милиони, според податоците на веб-страницата „Ворлдметер“ („Worldometers”). Досега, 32001.313 пациенти биле излекувани од коронавирус во светот, односно 96 проценти од 43.520.941 од сите евидентирани случаи. Од последиците на Ковид-19 досега починале 1.161.360 лица, што е четири проценти од вкупниот број пациенти. Во моментов има 10.358.268 активни случаи. Лесни симптоми на болеста покажуваат 99 проценти од заразените или 10.280.049 лица, додека 78.219 пациенти се во критична состојба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-izlekuvani-od-kovid-19-vo-svetot-nadmina-32-milioni/feed/ 0
91 процент од излекуваните од Ковид-19 имаат компликации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/91-procent-od-izlekuvanite-od-kovid-19-imaat-komplikacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/91-procent-od-izlekuvanite-od-kovid-19-imaat-komplikacii/#respond Thu, 08 Oct 2020 14:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=414027

Според најновите откритија на научниците, Ковид-19 кај некои пациенти може долгорочно значително да ја оштети работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот. Неодамнешно истражување покажа дека дури 91 процент од пациентите кои „закрепнале“ имаат најмалку една долгорочна компликација од оваа болест, пишува „Бест Лајф“. Новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се излекувале од Ковид-19 во Јужна Кореја, а дури 91 процент од нив рекле дека имаат еден долгорочен симптом. Заморот бил најчест симптом, пријавен кај 26 проценти од пациентите, а тешкотии со концентрацијата биле пријавени кај 25 проценти од пациентите, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА). Многу пациенти рекле дека имаат и психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, кај некои од нив оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкото лекување. Треба да се спомене и извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) од јули, кој покажа дека 35 проценти од испитаните пациенти не закрепнале во целост дури ни две до три недели по позитивниот тест за вирусот, а многумина рекле дека се чувствуваат уморни. Некои експерти веруваат дека болеста може да предизвика синдром на хроничен замор познат како мијалгичен енцефаломиелитис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/91-procent-od-izlekuvanite-od-kovid-19-imaat-komplikacii/feed/ 0
Повеќе од 20 милиони луѓе во светот се излекувале од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-20-milioni-lugje-vo-svetot-se-izlekuvale-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-20-milioni-lugje-vo-svetot-se-izlekuvale-od-kovid-19/#respond Fri, 11 Sep 2020 17:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=402188

Досега над 20 милиони луѓе во светот се излекувале од коронавирусот, односно 20.431.925. Во исто време, во светот имало вкупно 28.427.160 случаи на Ковид-19, од кои 7.079.946 случаи се активни, според податоците на страницата Ворлдомерс. Од коронавирусот досега починале 915.288 лица. Најмногу заразени луѓе има во САД, Индија и Бразил, каде има и најмногу смртни случаи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-20-milioni-lugje-vo-svetot-se-izlekuvale-od-kovid-19/feed/ 0
Филипче: Излекуваните од коронавирус да се пријават за дарување конвалесцентна плазма за да им помогнат на заболените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-izlekuvanite-od-koronavirus-da-se-prijavat-za-daruvanje-konvalescentna-plazma-za-da-im-pomognat-na-zabolenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-izlekuvanite-od-koronavirus-da-se-prijavat-za-daruvanje-konvalescentna-plazma-za-da-im-pomognat-na-zabolenite/#respond Thu, 11 Jun 2020 13:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=356655

Сите лица кои се излекувани од Ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, апелира министерот за здравство Венко Филипче во објава на својот ФБ профил. За пријавување, како што посочува, треба да се пополни електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4 -Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излекувана пациентка од Ковид-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста. Да бидеме хумани и да им помогнеме на заболените од Ковид-19 побрзо да оздрават, напиша Филипче.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-izlekuvanite-od-koronavirus-da-se-prijavat-za-daruvanje-konvalescentna-plazma-za-da-im-pomognat-na-zabolenite/feed/ 0
Нови четворица заболени и 43 излекувани од Ковид-19 во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-chetvorica-zaboleni-i-43-izlekuvani-od-kovid-19-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-chetvorica-zaboleni-i-43-izlekuvani-od-kovid-19-vo-kosovo/#respond Wed, 06 May 2020 20:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=342699

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави вечерва дека во текот на денешниот ден во земјата се извршени тестирања на 324 лица кои биле во контакт со заболени од Ковид-19, при што четворица од нив резултирале позитивни на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина. Вкупната бројка на заразени од појавата на пандемијата во Косово, вклучително денешните случаи, достигна до 860. Денеска, според соопштението на ИШПК, се забележани и нови 43 случаи на лица кои се излекувани од заразата. Во целата држава, согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, вклучително денешните случаи, официјално како излекувани се водат 533 лица. Бројката на починати од заразата, останува и натаму 26, при што последниот случај е евидентиран во неделата во Зубин Поток во Северно Косово. Косовките здравствени власти нагласуваат дека сите жртви на заразата страдале и од други хронични болести. Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 301 активен случај на заразени од новиот вирус. Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително денешните 324, изнесува 9.085.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-chetvorica-zaboleni-i-43-izlekuvani-od-kovid-19-vo-kosovo/feed/ 0
Ковид-19 може да остане скриен во белите дробови на излекуваните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-moze-da-ostane-skrien-vo-belite-drobovi-na-izlekuvanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-moze-da-ostane-skrien-vo-belite-drobovi-na-izlekuvanite/#respond Thu, 30 Apr 2020 09:28:41 +0000 https://kurir.mk/?p=339803

Пациентите кои се излекувале од вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели дробови. Според истражување на кинески специјалисти во Хонгконг, во таков случај не може да се открие инфекцијата со вообичаените тестови. Ова може да даде одговор на прашањето зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат, објави хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“, во кој се цитираат резултатите од истражувањето. „Нашата работа е првиот доказ во областа на патологијата за остатоци од вирусот во белите дробови на пациент кој трипати бил тестиран негативно“, велат научниците од тимот предводен од доктор Бјан Сиу од Универзитетот за воена медицина Чунцин. Тие анализирале 78-годишна пациентка која била хоспитализирана со Ковид-19 и била подложена на третман, по што три последователни тестови откриле дека таа не е носител на коронавирус. Компјутерската томографија покажала значително подобрување на нејзината состојба, но неочекувано следниот ден жената починала од срцев удар. Потоа, под електронски микроскоп биле откриени честички на коронавирусот во длабоките ткива на нејзините бели дробови. Во црниот дроб, срцето, бубрезите и коскената срцевина не се пронајдени такво ткива. Кинеските научници, кои ги објавиле резултатите од нивното истражување, откриле дека скриените видови на вирусот во белите дробови не предизвикуваат никакви симптоми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-19-moze-da-ostane-skrien-vo-belite-drobovi-na-izlekuvanite/feed/ 0
Зголемен бројот на пациенти излекувани од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-pacienti-izlekuvani-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-pacienti-izlekuvani-od-koronavirusot/#respond Tue, 04 Feb 2020 11:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=299108

Зголемен е бројот на пациени кои се излечиле од новиот коронавирус и ги напуштиле болниците во Кина, јави кинеската агенција Ксинхуа. Вкупно 475 пациенти се отпуштени од болниците, соопштија кинеските здравствени власти. Пациентите се излекувани откако е констатирано дека симптомите се ублажени, телесната температура е на нормално ниво најмалку три дена и кога тестот двапати покажува негативен резултат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zgolemen-brojot-na-pacienti-izlekuvani-od-koronavirusot/feed/ 0